fbpx
Таг: ЕвропскиПарламент

таг: ЕвропскиПарламент

Европратениците бараат укинување на субвенциите за одгледување бикови

Пратениците на ЕУ побараа денеска на фармерите во Шпанија и на југот на Фрнција, кои одгледуваат бикови за борби во арени, да им се одземе правото на средства од европските фондови поради „крвавиот спорт кој е суров и застарен“. „Извојување од Заедничка земјоделска политика или други издвојувања од буџетот не треба да се користат за финансирање смртоносни кориди“, рекоа пратениците...

ЕП: По итна постапка е усвоен планот за прераспределба на бегалците

Европскиот парламент денеска по итна постапка изгласа план за распоредување 120.000 бегалци по земјите-членки, за што министрите за внатрешни работи ќе расправаат следниот вторник. Европската комисија веднаш го поздрави гласањето во парламентот, иако одлуката на ова тело не е обврзувачка. „Денеска Европскиот парламент направи важен чекор, гласајќи за предлогот на Комисијата за прераспределување на 120.000 лица од Италија, Грција и од...

Европскиот парламент го поддржа планот на Јункер

Пратениците од Европскиот парламент денеска со големо мнозинство гласови го поддржаа планот за задолжително прифаќање бегалци, кој вчера го претстави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер. За револуционерната поддршка на планот на Јункер гласале 432 пратеници, 142 беа против, а 57 воздржани. Пратениците бараат високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, што побргу да свика меѓународна...

Јункер: Квотите за распоредување бегалци мора да се обврзувачки

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска во својот говор за состојбата во Европската унија повика на одлучно дејствување и на соочување со бегалската криза, повикувајќи ги земјите-членки бргу да се договорат за расподелување на 160.000 бегалци, кои сега се наоѓаат во Италија, Грција и во Унгарија. - Денеска предлагаме друг механизам за преселување 160.00 луѓе. Ние, Европејците, мораме да...

ЕП бара супермаркетите да не ја фрлаат храната што нема да се продаде

Европскиот парламент ги повика земјите од ЕУ што побргу да донесат закони кои ќе им овозможат на супермаркетите сета непродадена храна да ја даваат за хуманитарни цели, наместо да ја фрлаат. Во светот секоја година се фрла 1,3 милијарди тони храна, а на годишно ниво се создава економска загуба од 750 милиони долари, со негативи последици за околината. Францускиот парламент на почетокот...

Грција нема да го пропушти рокот на ЕУ

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, по вчерашниот самит во Брисел, се упати кон Стразбур, каде се обрати пред Европскиот парламент и го образложи ставот на неговата земја. Ципрас порача дека неговата држава станала „лабораторија за мерките за штедење“. - Планот за спас е на сила пет години. Во ниту една друга земја програмата за штедење не траела толку долго - потсети тој. Ципрас побара...

Европарламентот без посебна резолуција за Сребреница

Европскиот парламент следната недела ќе ја одбележи 20-годишнината од геноцидот во Сребреница, но нема да донесе посебна резолуција за тоа. Европратеничката Тања Фајон, за „Радио Слободна Европа“ изјави дека претседателот на Европскиот парламент одлучил в понеделник да се донесе декларација, во пресрет на седницата на која ќе се одржи комеморација за жртвите. За време на расправата, претставниците на политичките групи ќе...

Европратениците бараат одговорност од лидерите, но и од ЕУ за кризата во Македонија

Доцна попладнево во Стразбур се одржа пленарната сесија на Европскиот парламент на која европратениците расправаа за актуелната политичка криза во Македонија и за неодамнешните случувања во Куманово. Општата оцена на европратениците беше дека земјата се наоѓа во тешка политичка ситуација, повикаа на одговорност од лидерите на политичките партии во земјата, но и на одговорност од Европската унија кон предизвиците со...

За европските либерал-демократи, кризата и масовните протести во Македонија се алармантни

Лидерот на европските либерал-демократи во Европскиот парламент и поранешен белгиски премиер, Ги Верхофстад, изрази загриженост утрово за сè поголемите тензии во Македонија. Тој смета дека „продлабочувањето на политичката криза и масовните демонстрации се алармантни“. Верхофстад им изрази поддршка на тројцата европратеници кои посредуваат помеѓу власта и опозицијата во Европскиот парламент. - Сега времето е најбитно. Политичките лидери во земјата треба да почнат конструктивен...

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и во Брисел остануваат на своите ставови

Радмила Шекеринска денеска од Европскиот парламент (ЕП), каде учествува на семинар за политичкиот дијалог во балканските парламенти, изјави дека е „тешко да се зборува за политичка култура и во Брисел кога знаеме дека нема одговор на нашето насилно отстранување од парламентот“. - За каква култура се зборува ако тоа се случува и кога секој ден во Македонија е јасно дека една...

Шекеринска и Милошоски на дебата во Брисел

Радмила Шекеринска и Лидија Димова од СДСМ и Антонио Милошоски од владејачкото мнозинство, денеска попладне во Европскиот парламент во Брисел ќе учествуваат на дводневниот интерпарламентарен семинар, посветен на подобрувањето на политичкиот дијалог и на зацврстувањето на демократијата во земјите-кандидатки и потенцијални кандидати за членство во Европската унија. На семинарот ќе учествуваат и Талат Џафери од ДУИ, Имер Селмани од ДПА...

Хан: Политичките лидери си играат со иднината на земјата

Комесарот за проширување на Европска унија, Јоханес Хан, на синоќешната седница на Европскиот парламент во Стразбур, рекол дека без разлика на изворите, материјалите што ги објавува лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев, мора сериозно да се истражат од институциите, пренесува „Дојче веле“. - Без разлика на изворите на прислушувањето кои треба да се истражат, секоја потенцијална злоупотреба што се открива во нивната...

ЕП побара итно почнување преговори со Македонија

Европскиот парламент денеска по деветти пат побараа од Советот на Европа без одложување да одреди датум за почеток на пристапните преговори со Македонија. Во спротивно, како што се наведува во резолуцијата, се поткопува кредибилитетот на политиката на ЕУ кон проширувањето. Европарламентарците побараа од претставничката за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, да најде нова иницијатива за излез од ќор-сокакот во...

Европратениците денеска ќе гласаат за резолуцијата за Македонија

Проблемот за името треба да се реши пред крајот на преговорите за влез на Македонија во ЕУ, оценија синоќа пратениците од Европскиот парламент во Стразбур и побараа од шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, да изнајде нова иницијатива со која ќе се излезе од сегашниот ќор-сокак. Нотис Мариас, од партијата Независни Грци, која е дел од новата коалициоска влада предводена од...

Европратениците вечерва ќе расправаат за резолуцијата за Македонија

Претставниците на Европскиот парламент вечерва ќе ја разгледаат резолуцијата за напредокот на Македонија, која утре треба да се најде на гласање. Во резолуцијата, поднесена од известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Иво Вајгл, се препорачува неодложно да се почнат преговорите со Македонија. Во документот се наведува дека проблемот со името не треба да биде пречка за почнување на преговорите, бидејќи...

Едвард Кукан до ВМРО-ДПМНЕ: Почитувајте ги основните демократски начела

Членот на групата на Европската народна партија(ЕНП) во Европскиот парламент, Едвард Кукан, денеска преку соопштение изрази загриженост за политичката криза во Македонија, по случајот „Пуч“, и ја повика својата сестринска партија, ВМРО-ДПМНЕ, да ги почитува основните демократски начела. Во кусото соопштение, Кукан пишува дека „тензичните односи помеѓу владејачката партија и опозицијата дополнително се влошија“ откако Зоран Заев беше обвинет за...

Европските социјалисти на „кризна средба“ со Шекеринска во Брисел

Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска во Брисел се сретна со претставници на сестринската партија во Европскиот парламент (ЕП), групата на социјалдемократите, и со нивниот координатор за надворешни работи, Ричард Ховит. Европските социјалисти денеска одржаа „кризна средба“ за случајот „Пуч“ во присуство на Шекеринска. - Тешко да се има доверба во тоа дека на случајот се работи непристрасно кога најавата дојде...

Европскиот парламент изгласа резолуција за Русија

Европскиот парламент денеска со мнозинство гласови ја усвои резолуцијата во која најостро се осудува задушувањето на човековите права и кривичниот прогон на опозиционерот Алексеј Навални. Во резолуцијата се изразува длабока загриженост поради неодамнешната одлука на руските власти невладините организации кои примаат финансиска помош од странство да се обележат како „странски агенти“ и да се ограничи нивното дејствување. Европскиот парламент посебно ја...

Европарламентот „во принцип“ ја призна Палестина за држава

Европскиот парламент денеска усвои резолуција со која „во принцип“ ја признава државноста на Палестина. Вкупно 498 пратеници гласале „за“ резолуцијата, додека 88 биле „против“. „Европскиот парламент во принцип ја признава државноста на Палестина и решението на двете држави и верува дека тоа би требало да оди рака под рака со развојот на мировните преговори, кои би требало да напредуваат“, се...

Ховит и Вајгел во Македонија

Досегашниот известувач за Македонија во европскиот парламент, Ричард Ховит, и неговиот наследник на оваа позиција, Иво Вајгел, денеска во Скопје ќе одржат прес-конференција, а, како што беше најавено, Ховит треба да одржи и предавање. Тој вчера имаше средба со премиерот Никола Груевски, на која позитивно била оценета досегашната соработка во напредокот на Македонија кон ЕУ, пренесува „Радио Слободна Европа“. Според најавите,...