fbpx
Таг: Европски совет

таг: Европски совет

Бугарија и Романија влегуваат во Шенген зоната по воздушен и морски пат

Европскиот совет одлучи да ја прошири безграничната Шенген зона и да ги вклучи Бугарија и Романија, соопшти вчера шпанското претседателство на Советот. Контролите на воздушните и поморските граници ќе бидат укинати од март 2024 година, а дискусиите за укинување на контролите на копнените граници ќе продолжат и во новата година, се вели во соопштението на Европската комисија. „Проширената Шенген зона ќе...

Орбан попушти, ЕУ ќе ги започне пристапните преговори со Украина и Молдавија

Европскиот совет вечерва одлучи да ги отвори пристапните преговори на ЕУ со Украина и Молдавија, пренесува весникот Гардијан. Наместо да стави вето, унгарскиот премиер Виктор Орбан се одлучи да го напушти моментот на донесување на одлуката во Брисел и на тој начин овозможи да отпочне преговарачкиот процес со двете земји, и покрај претходните закани дека нема да дозволи Украина...

Мишел на самитот во Тирана: Иднината на ЕУ е со Западен Балкан

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, пред почетокот на самитот ЕУ-Западен Балкан изјави дека станува збор за историски ден не само за Тирана, туку и за односот на ЕУ со Западен Балкан. Тој порача дека иднината на Европската унија е со Западен Балкан, како и дека денеска на самитот ќе бидат потпишани конкретни договори за побезбедна иднина. „Ова ќе биде...

Од 1 јануари 2023 година Хрватска ќе ја замени куната со еврото

На денешниот состанок на Европскиот Совет, Хрватска го помина последниот чекор до влез во еврозоната, односно од 1 јануари 2023 година, таа ќе се придружи на 19 други земји што за своја валута ќе го има еврото. По препораката од Европската Комисија претходно месецов, Европскиот Совет потврди дека Хрватска ги исполнила сите услови да ја замени својата сегашна валута, куната,...

Драги: Италија поддржува одвојување на Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ

Италија е за одвојување на преговорите на Северна Македонија и Албанија за членство во ЕУ, соопшти денеска во Брисел италијанскиот премиер Марио Драги по состанокот на Европскиот Совет во Брисел, пренесе „Јуроњуз“. Северна Македонија и Албанија официјално сѐ уште се ставени во иста рамка за преговорите за членство во ЕУ, а со кревањето на бугарското вето за земјава што се...

Петков од Брисел: Европските лидери оценија дека Бугарија го направи својот чекор

Европските лидери оценија дека Бугарија го направи својот чекор, порача бугарскиот премиер пред оставка Кирил Петков од Брисел, каде учествува во состанокот на Европскиот Совет, пренесе бугарската телевизија бТВ. Тој ја повика македонската влада „да ја поведе својата нација“. Петков изјавата ја даде откако бугарскиот парламент денеска усвои резолуција за кревање на ветото. Резолуцијата го прифаќа францускиот предлог, но наметна...

Вистиномер: Mажот во сукња и потпетици не е Шарл Мишел

Фотографијата што се споделува на Фејсбук е направена на 1 јули 2021 година, за време на модната недела Пити Уомо во Фиренца и прикажува еден од учесниците на настанот. Ова е една од  фотографиите споделени на Фејсбук страницата на Пити Уомо со наслов: „Во живо од Pitti Uomo 100“, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: На...

Ковачевски-Мишел: Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е прашање од највисок приоритет

Северна Македонија целосно ги исполни условите за почеток на преговорите, врз основа на што е донесена и препораката за безусловен почеток за отворање на поглавјата во март 2020 година, нагласил премиерот Димитар Ковачевски на денешната средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во рамките на Преспа форумот за дијалог. На средбата присуствувале вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и...

Димитров смета дека е време да почнат преговорите, Гир вели дека уште не е време за меѓувладина конференција

Нашата битка денес е всушност битка и на Европа самата со себе, да си го одржи зборот. Крајно време е да ги почнеме заслужените преговори за членство и така ќе бидеме заеднички победници, порача вицепремиерот за европски прашање Никола Димитров во неговото обраќање на прес конференцијата со евроамбасадорот Дејвид Гир по повод Денот на Европа, 9 Мај. Според него...

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за буџетот и фондот за закрепнување

Лидерите на 27 земји-членки на Европската Унија рано утрово го постигнаа договорот за повеќегодишниот заеднички буџет и за фондот за закрепнување. После неколкудневните маратонски преговори, договорен е заедничкиот буџет на ЕУ во висина од 1.824 милијарди евра за периодот од 2021 до 2027 година, како и фондот за закрепнување на ЕУ во износ од 750 милијарди евра. На еден од...

Европскиот Совет го потврди почетокот на преговорите со Македонија

„Го поддржуваме заклучокот на Советот од 25 март 2020 за процесот на проширување и стабилизација и асоцијација“. Со оваа реченица во заедничката изјава на членовите на Европскиот Совет, шефовите на држави и влади на Европската унија доцна синоќа и формално и го отворија патот на Македонија кон полноправно членство во ЕУ. Европскиот совет вчера одржа телеконференциски состанок и ја...

Одложена седницата на Европскиот Совет на која требаше да се одлучува за преговорите со Македонија

Членовите на Европскиот Совет одржаа видео-конференција и одлучија да го одложат одржувањето на состанокот на Европскиот Совет, којшто беше закажан за 26 и 27 март, јавуваат светските медиуми. Причина за одложувањето е актуелната состојба со корона вирусот. На овој решавачки состанок на Европскиот совет требаше да се донесе одлука за почеток на претпристапните преговори на Македонија со ЕУ. Освен...

Заев, Димитров и Спасовски со Аврамопулос: Не се откажуваме од реформите

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Оливер Спасовски и министерот за надворешни работи Никола Димитров, на европскиот комесар за миграции, внатрешни работи и државјанство, Димитрис Аврамопулос, на вчерашните средби му порачале дека владата не се откажува од реформите на земјата и покрај тоа што во октомври не додели датум за почеток на евроинтеграциските преговори, соопштија Владата и МНР. На средбата на Заев...

Медиумско-преведувачка конфузија: Мешање на Советот на Европа со Европскиот Совет

При известувањето за неодамнешните случувања поврзани со не/добивањето датум за почеток на преговори за приклучување на Северна Македонија и Албанија во Европската Унија, низа медиуми погрешно ги пренесоа имињата на клучните европски институции.  Анализата објавена од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност - Критинк“ документира конфузна и погрешна употреба на имињата на институциите во вестите за средбата на Советот на министри на...

Француското „не“ ги стопи надежите на македонските граѓани

Француското категорично „НЕ“за проширувањето на ЕУ и недавањето датум за почеток на преговорите за Македонија и Албанија на Самитот на Европската Унија, ја одбележа оваа долга недела на неизвесност. Франција остана докрај доследна на ставот „Прво продлабочување на реформите во Унијата, а потоа проширување“, па и покрај тоа што мнозинството земји-членки го поддржаа отворањето пристапни преговори, нашата држава и...

Јункер и Туск: Ова е историска грешка!

Недавањето датум за почеток на преговорите на Северна Македонија и Албанија е грешка, порачаа и Доналд Туск, претседателот на Европскиот Совет и Жан Клод Јункер, претседател на Европската Комисија (во заминување), на попладневната прес-конференција во Брисел, на која соопштија дека Европскиот Совет не донел одлука да се дадат датуми за почеток на преговорите на Македонија и Албанија. - Лично мислам...

Пендаровски: Сега не е време за разочарување, туку за обединување и сериозни реформи

Претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на нацијата порача дека сега не е време за разочарување и за ситни политички поени поради тоа што земјава не доби датум за преговори, туку е време за обединување за постигнување на целите. Тој порача дека ги повикал лидерите на најголемите политички партии од власта и опозицијата на лидерска средба и дека сите прифатиле....

Хан предупреди на ризик од дестабилизација на регионот, со импакт и врз ЕУ

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан се огласи на „Твитер“ по неуспехот на лидерите на ЕУ да донесат јасна и суштинска одлука, како што ветија во јуни, за стартот на преговори со Македонија и Албанија. „ЕУ лидерите не успеаја да ги исполнат своите заложби за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија на Европскиот Совет. Ова претставува екстремно разочарување....

Заев: Франција не е против нас, очекувам одлука за преговори

Премиерот Зоран Заев e оптимист дека земјава ќе добие позитивна одлука од Европскиот совет на 17 и 18 октомври и ќе биде определен датум за преговори, јави МИА. – Останувам оптимист заради тоа што ги имаме сите аргументи на светот да добиеме позитивна одлука од Европскиот совет. Не сакам ни да размислувам дали ќе добиеме датум. Петнаесет години чекавме, донесовме...

Заедничка поддршка од членките на ЕУ од Балканот, Македонија посебно потенцирана

Во заедничка декларација објавена утрово, министрите за надворешни работи на Бугарија, Грција, Хрватска и Романија - сите членки на ЕУ - ја потврдија својата силна поддршка за прилкучувањето на земјите од Западен Балкан кон Унијата, соопшти Министерството за надворешни работи на Бугарија. „Ја потврдуваме нашата силна поиддршка за перспективата за присоединување на земјите од Западен Балкан и за нивната иднина...

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...