fbpx
Таг: Европски парламент

таг: Европски парламент

Постои нова динамика во земјата на нејзниот пат кон ЕУ, оценија Вајгл, Кукан и Фленкештајн

Европратениците Кнут Флекештајн, Едвард Кукан и Иво Вајгл, вчера и денеска имаа средби со претседателот на Собранието, Талат Џафери, со лидерите на политичките партии и со координаторите на пратеничките групи, со кои разговараа за актуелните случувања во земјата и за зајакнување на политичкиот дијалог во Собранието. Тројцата европратеници, како што се наведува во заедничката изјава, со македонските политичари и функционери,...

Мекалистер: Брисел беше изненаден од дипломатскиот спор меѓу Србија и Македонија

Брисел бил изненаден од дипломатскиот спор меѓу Србија и Македонија, но е задоволен што раководствата на двете држави овозможиле да се дојде до решение преку дијалог на дипломатско ниво без ескалации, вели известувачот за Србија во Европскиот парламент и шеф надворешнополитичкиот совет на ЕП, Дејвид Мекалистер во интервју за балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. Мекалистер вели дека вчера разговарал...

Поведена истрага против лидерот на француската левица

Обвинителството во Париз поведе уште една истрага против лидерот на левицата Жан-Лик Меланшон, поради наводното вработување асистенти. Постои сомневање дека тој ги вработувал асистентите на фиктивни работни места во Европскиот парламент. Претставничката на обвинителството, Анјес Тибо, рече дека со истрагата, освен Меланшон, се опфатени уште 19 лица и нивни некогашни асистенти во ЕП. Истрагата треба да утврди дали парламентарните асистенти, кои работеле...

Јункер до Тајани: Смешен си!

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска го нарече претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, „смешен“, по малата расправа за присуството на мал број европратеници на пленарната седница на Европскиот парламент. Јункер им се заблагодари на пратениците за присуството и рече дека малиот број е одраз на тоа дека „парламентот е несериозен“. Од повеќе од 700 европратеници, на седницата присуствувале неколку...

Марин ле Пен под истрага за проневерување пет милиони евра од европски фондови

Против ултраконзервативката Марин ле Пен се води официјална истрага во Франција поради проневерување финансиски средства во Европскиот парламент. Според француското законодавство, отворањето ваква истрага е еднакво на поднесување обвинение. Наводната злоупотреба на средствата на парламентот се одвивала од 2012 година, а во неа, покрај Ле Пен, се вплеткани и други претставници на партијата Национален фронт. Станува збор за сума од 5...

Делегација на Собранието ќе учествува на интерпарламентарна конференција во Брисел

Делегација на Собранието на Република Македонија ќе учествува на интерпарламентарна конференција што денеска и утре ќе се одржи во Брисел, на тема „ЕУ законодавен процес - од законодавна иницијатива до имплементација и мониторинг“. Конференцијата, како што соопштуваат од Собранието, е во рамките на програмата за поддршка на парламентите од земјите на Западен Балкан и од Турција, а ја организира Европскиот...

ЕП ја изгласа резолуцијата за Македонија: Прво резултати од реформите, па потоа преговори

Со 503 гласа „за“ и со 113 „против“, Европскиот парламент денеска ја усвои резолуцијата на специјалниот известувач на Европскиот парламент за Македонија, Иво Вајгл, која се однесува на извештајот на Европската комисија за 2016 година. Вкупно 45 европратеници беа воздржани за резолуцијата со која се препорачува Македонија да продолжи по патот на евроинтеграциите. Европратениците го поздравија формирањето на новата влада...

Европскиот парламент денеска ќе гласа за резолуцијата за Македонија

Европскиот парламент (ЕП) денеска во Стразбур ќе гласа за резолуцијата за Република Македонија, која е препорака на парламентот поврзана со извештајот на Европската комисија за 2016 година. За резолуцијата предложена од европратеникот Иво Вајгл од Словенија, инаку специјален известувач на ЕП за Македонија, се дебатираше на 5 април, а денеска се очекува нејзино изгласување во рамките на тридневната пленарна седница. На...

Кукан, Вајгл и Флекенштајн очекуваат Европскиот парламент да го изгласа извештајот за Македонија

Тројцата европратеници Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн го поздравија формирањето на новата влада и порачаа сите партии да дејствуваат во конструктивен дух на помирување. Тие порачуваат дека по три одложувања поради политичката несигурност, очекуваат Европскиот парламент да гласа за извештајот за државата за 2016 година на закажана седница во јуни. „Исто така, се радуваме на соработка на Европскиот...

Извештај на ЕП: Македонија на дното по медиумски слободи на Балканот

Македонија се наоѓа на последното место на Западен Балкан за почитување на медиумските слободи, оценува „Истражувачкиот центар на Eвропскиот парламент“, кој во мај годинава објави извештај за состојбата со слободата на говорот во земјите од Балканот, соопшти денеска Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). „Трендот на ерозија на слободата на медиумите е особено забележлив во Македонија, која бележи најголем пад...

Попоски учествуваше на конференција во Брисел посветена на Холокаустот

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска учествуваше на меѓународна конференција на тема „Незавршена правда: реституција и сеќавање“, посветена на жртвите од Холокаустот, која се одржа во Европскиот парламент во Брисел. „Македонија веројатно е еден од најдобрите примери во регионот и во Европа, што во целост се има погрижено и за делот на враќање на имотите на Евреите, но исто...

ЕП: Ситуацијата во Македонија е многу сериозна, кризата ја оддалечува од ЕУ

На пленарната седница на која се разгледуваше извештајот што известувачот Иво Вајгл го подготви за напредокот на Македонија во 2016 година, Европскиот парламент синоќа изрази загриженост поради политичката состојба во Македонија. Европарламентарците оценија дека ситуацијата во Македонија е многу сериозна и оти со продлабочувањето на политичката криза се загрозува европската перспектива на земјата. Тие побараа да се деблокираат процесите за конституирање...

Вајгл, Кукан и Флекенштајн: Нема оправдување за тактиките на одолговлекување

Не гледаме никакво оправдување за одолговлекувачките тактики што се користат во Собранието за одложување на изборот на нов спикер и за формирање влада, стои во заедничкото изјава на тројцата европратеници, Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, по средбата со шефот на македонската дипломатија во заминување, Никола Попоски, во Стразбур. Попладнево Европскиот парламент на пленарна седница треба да расправа за...

Европратеник суспендиран поради сексизам

Европскиот парламент денеска суспендираше полски пратеник на 10 дена откако за време на дебата изјави дека жените треба помалку да заработуваат од мажите затоа што се „послаби, понежни и помалку интелигентни“. Претседателот на парламентот, Антонио Тајани, рече дека Јануш Корвин Мике е суспендиран од обврските во парламентот на 10 дена, нема да добива дневници 30 дена и ќе му биде забрането...

Тајани: Во некои земји од Западен Балкан нарушени се демократијата и стабилноста

Претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, на почетокот на дводневниот самит на Европската Унија во Брисел, изјави дека во некои од земјите на Западен Балкан нарушени се демократијата и стабилноста. Тајани во својот говор на почетокот на заседанието на шефовите на држави и на влади на земјите членки на ЕУ рече дека „Европската Унија во минатото била светилник за многу...

Попоски: Најпаметно е регионот да се обедини околу интеграциите во ЕУ

Министерот за надворешни работи на Македонија во заминување, Никола Попоски, денеска остварил средби сo членови на Европскиот парламент, во светло на дискусиите околу резолуцијата за Република Македонија. - Регионот минува низ фаза на тензии и на прашалници за иднината. ЕУ е истовремено под влијание на внатрешните проблеми. Во такви околности, за нас е најпаметно да се обединиме околу интеграцијата во...

Пустец ги отфрли амандманите за постоење Бугари во Албанија

Советот на општина Пустец, во Мала Преспа, Република Албанија, на денешната седница едногласно донесе одлука за отфрлање на делот од извештајот напредокот за интеграција на Албанија во Европска Унија. Во извештајот се споменува и се бара признавање на „бугарско“ малцинство и во региони во кои живеат етнички Македонци во Албанија. Меѓу другото, во одлуката од Советот на општина Пустец, се укажува...

Европскиот парламент го повика Косово на засилена борба со корупцијата

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) денеска ја усвои предлог-резолуцијата за Косово со 40 гласови „за“, 12 „против“ и со пет „воздржани“. - Денешното гласање повторно праќа силен сигнал дека иднината на независно Косово е во Европската Унија. Со само неколку чекори до либерализација на визниот режим, извештајот ги охрабрува сите политички страни на Косово да продолжат со својата...

Европскиот парламент бара транспарентна транзиција на власта и попис

Со 54 гласoви „за“ и со осум „против“, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) денеска ја усвои предлог-резолуцијата за напредокот на Република Македонија во европските интеграции во 2016 година, јавува МИА. Европратениците претходно усогласија 28 компромисни амандмани и денеска сите ги усвоија, а во нив се содржани и термини „Македонија“, „македонски“, но, исто така, и предвидување дека македонската...

НДМ бара Џамбаски и Ковачев да се прогласат за непожелни во Македонија

Народно движење за Македонија на прес-конференција побара бугарските европратеници Анѓел Џамбаски и Андреј Ковачев да се прогласат за непожелни личности во Република Македонија. Злате Војноски член на Извршниот комитет на НДМ рече дека бугарските европратеници по кој знае кој пат продолжуваат со своите груби, во основа антимакедонски провокации за негација на македонската државност, нација и јазик. -Европратениците Џамбаски и Ковачев, со...

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...