fbpx
Таг: Европска унија

таг: Европска унија

ЕУ донесе нова регулатива за отпад од пакување, што ја чека Македонија?

Анализа за Порталб.мк на Малинка Ристевска Јорданова, Институт за европска политика Овој месец е постигната согласност во ЕУ за ревизија на не толку одамна ревидираната Директива за пакување на отпадот (во 2018 година). Зошто беше потребна оваа ревизија? Европската комисија признава дека Директивата која е дел од пакетот за циркуларна економија не успеала да ги постигне основните цели – да се...

ЕУ отвора канцеларија во Гренланд во потрага по критични суровини

Во обид да се зајакне партнерството со Гренланд, остров богат со ретки суровини од стратешко значење за зелената транзиција во Европа, Европската комисија (ЕК) ќе ја отвори својата канцеларија на автономната данска територија во петок, на 15 март. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, заедно со данската премиерка, Мете Фредериксен ќе ја отворат канцеларијата на ЕК во главниот...

Фон дер Лајен: ЕК ќе препорача отворање на пристапните преговори со Босна и Херцеговина

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, потврди дека комисијата денеска ќе препорача отворање на пристапните преговори меѓу Европската Унија и Босна и Херцеговина. Таа оцени дека Босна и Херцеговина постигнала поголем напредок откако добила кандидатски статус отколку за повеќе од една деценија. „Денеска, ќе му препорачаме на Советот да ги отвори пристапните преговори со Босна и Херцеговина“, рече Фон...

Забрана за тргување на сè што е производено со принудна работа, одлучи ЕУ

Без разлика дали станува збор за шраф, зрно какао, метла или автомобил - во иднина ништо што е произведено со принудна работа нема да може да се тргува во Европската Унија. Забраната беше договорена од преговарачите на Европскиот парламент и земјите-членки на ЕУ, пренесе германската новинска агенција ДПА. Производите за кои ќе се утврди дека се направени со принудна работа,...

Османи: Балканот очекува јасни чекори кон проширување на Европската Унија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на Анталија дипломатскиот форум, во Република Турција, каде имаше обраќање на панелот насловен „Предизвици и можности на Балканот“, посветен на последните геополитички случувања на Балканот, специфичните предизвици и можните решенија за гарантирана стабилност и мир во регионот. Османи осврнувајќи се на состојбите во регионот подвлече дека Балканот продолжува да е ранлив со сложени...

Крајната десница на европските национални терени – кон и во власта

Анализа за Порталб.мк на Малинка Ристевска Јорданова, Институт за европска политика   Предизборните прогнози за Европскиот парламент не се изненадување ако се земат предвид трендовите од националните избори во европските земји. Трендот на зајакнување на крајната десница е очигледен, секако со исклучоци во некои земји. Меѓутоа, не е забележлив само овој тренд, туку и сé почестото практикување на власта или учество во...

Лидерите од Западен Балкан усвоија заедничка изјава во Тирана

Лидерите на земјите од Западен Балкан и претставници од ЕУ беа присутни на самитот во Тирана, кој е продолжение на самитот кој се одржа во Скопје претходниот месец. Во фокусот беше планот за раст за земјите од Западен Балкан и како тој може да придонесе до подобрување на економските услови во регионот, како и да доведе до забрзување на...

ЕУ: Нова директива за SLAPP тужбите, воведени две заштитни мерки

Пратениците на Европскиот парламент усвоија нова директива со која се заштитуваат новинарите, активистите и нивните организации од судски процеси насочени кон намалување на слободата на говорот, таканаречени SLAPP тужби, соопшти ЕУ Инфо центарот во Србија, пренесе Н1. Европскиот парламент, со 546 гласа „за“, 47 „против“ и 31 воздржан, усвои нова директива за да се осигура дека поединците и организациите кои...

Повеќе од милион луѓе во 2023 година барале азил во Европа

Минатата година повеќе од еден милион луѓе побарале азил во 27. земји на Европската Унија, Норвешка и Швајцарија, објави Агенцијата за азил на Европската комисија, а пренесе германската новинска агенција ДПА. Околу 1,14 милиони барања се за 18 отсто повеќе од претходната година, наведува агенцијата во својот годишен извештај. Најчести баратели биле бегалците од Сирија, а потоа од Авганистан. На крајот...

Телото на Навални ќе биде задржано две недели на хемиска анализа, ЕУ бара меѓународна истрага

Телото на Алексеј Навални, критичарот на Путин кој почина во руски затвор, нема да биде вратено на фамилијата во наредните 2 недели, пренесе Би-Би-Си. Наводно, телото ќе биде задржано за хемиска анализа, а од руските власти нема потврда за тоа каде се наоѓа телото. Во видео од понеделникот, Јулија Навалнаја, сопругата на Алексеј, директно го обвини Владимир Путин за убиство на...

Анти-ЕУ објава без аргументи ја сатанизира Европската Унија

Европската Унија наспроти изнесеното, е стратешки партнер на С. Македонија која дава континуирана поддршка на нашата земја. Огромен е бројот на проекти, финансиска и структурна помош во сите клучни области за унапредување на демократијата и системот во С. Македонија од страна на ЕУ. Вложувањето е во здравството, полицијата, владеењето на правото, невладиниот сектор, економијата, трговијата, јавната администрација итн., пишува...

Орбан попушти – ќе има помош од 50 милијарди евра за Украина

Сите 27 лидери на ЕУ се согласија за пакет помош од 50 милијарди евра за Украина на денешниот самит, откако Унгарија претходно го блокираше договорот, соопшти Би-би-си. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го поздрави финансирањето, велејќи дека тоа ќе ја зајакне економската и финансиската стабилност на земјата. Украинското Министерство за економија соопшти дека ја очекува првата транша од парите во март. Пакетот...

Туск: ЕУ ќе најде решение за поддршка на Украина без разлика на ставовите на Орбан

Европските лидери ќе се состанат денес во Брисел со надеж дека ќе стават крај на застојот во финансирањето на Украина откако украинскиот премиер, Виктор Орбан стави вето на финансиката помош од 50 милијарди евра, пишува Би-би-си.  Од неодамна се појавија гласини за потенцијално казнени дејствија од ЕУ, а лидерите стануваат нетрпеливи кон ставот на Унгарија, која спречува финансиите да стигнат...

Содржината кон Запад, коментарите кон Исток: Што се објавува на Фејсбук за НАТО и ЕУ

Прашањата околу интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија и НАТО се меѓу најдоминантните политички теми во објавите на социјалните мрежи. Во своите Фејсбук постови, политичарите на власт постојано повторуваат дека ЕУ и НАТО се стратешки цели на државата од највисока важност, а од друга страна, се чини дека граѓаните сè повеќе се скептични во нивните зборови. Опозициските партии,...

Македонските политичари не го отворија ниту Уставот, ниту вратата на евроинтеграциите во 2023 година

Изминатата 2023 година не може да се смета за една многу успешна година, затоа што уставните измени требаше да завршат до крајот на годината и со ова Северна Македонија официјално да започне со отворање на поглавјата и да се одржи првата меѓувладина конференција. Но, тоа не се случи. Сепак, еден успешен чекор беше завршувањето на процесот на скрининг, кој...

Повеќе од милион барања за азил во ЕУ годинава

До крајот на годинава ќе има повеќе од еден милион луѓе кои бараат азил во Европската Унија, покажуваат податоците на Агенцијата за азил на ЕУ. Најпосакувана дестинација е Германија, а веднаш потоа следуваат Франција и Италија, соопшти германската новинска агенција ДПА. „Ќе има повеќе од милион барања,” изјави шефицата на агенцијата Нина Грегори, за медиумската група „Функе“. Во октомври имало околу...

Хакери украле лични податоци преку апликации за плаќање паркинг низ Европа

Хакери украле лични податоци на клиенти преку апликации за плаќање паркинг низ Европа и Велика Британија. Најголемиот европски оператор на апликации за паркирање ја пријавил ситуацијата кај регулаторите за информации во ЕУ и во Велика Британија, соопшти Гардијан.  Земени се имиња на клиенти, телефонски броеви, адреси и делови од броеви на кредитни картички, но податоците за паркирањето не биле компромитирани...

Бундесратот за проширувањето на ЕУ: Не заборавајте на Западен Балкан

Бундесратот, државниот совет на германскиот парламент, го поддржа почетокот на преговорите за пристапување на Украина и Молдавија кон Европската Унија, како и европскиот пат на земјите од Западен Балкан, пренесува германската новинска агенција ДПА. „Проширувањето се должи на развојот на настаните во светот во геополитички интерес на самата Европска Унија“, се вели во заедничката изјава што пратениците ја изгласаа вчера. „Историјата...

Новиот контроверзен аргентински претседател стапи на власт, на инаугурацијата се расправаа Зеленски и Орбан

Хавиер Милеи вчера официјално го зазема претседателското место на Аргентина. За време на процесијата до претседателската палата, тој им мавташе на своите фанови, седнат до неговата сестра Карина, за која се смета дека ќе има значајна улога зад кулисите во аргентинскиот парламент, известува Би-би-си. За време на својот прв говор како претседател, Милеи најави оти аргентинскиот народ може да очекува...

Маричиќ: Граѓаните ќе почувствуваат како е да се биде дел од Европската Унија многу порано од предвиденото

Заменик претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ учествуваше на денешната конференција организирана од Калеви Сорса Фондацијата на тема „Гледање напред кон Земјите на Западен Балкан во ЕУ, искористување на моментумот за проширување“. Вицепремиерот во своето обраќање порача дека овој моментум е посебна шанса за земјите од Западен Балкан и истата треба да се искористи. „Пораката од Шарл Мишел не...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...