fbpx
Таг: Европска комисија

таг: Европска комисија

За правосудството и антикорупцијата – спроведување, спроведување, спроведување!

Поглавјето 23 се состои од четири области: Правосудство; Антикорупциска политика; Темелни права; Права на граѓаните на ЕУ. Поради обемот на извештајот од скринингот за ова поглавје, му посветуваме две статии – првата за областите на правосудството и анти-корупцијата, а  втората за преостанатите области. Acquis за правосудството поинтензивно се гради од Лисабонскиот договор и вградувањето на Повелбата на темелните права на ЕУ...

Европската Унија нема агенда да го уништи земјоделието и сточниот фонд до 2030 година

Стратегијата на ЕУ „Од фарма до виљушка“ има цел да се намали употребата на штетни пестициди. До 2030 година, 25 проценти од вкупното обработливо земјиште треба да биде искористено за органско земјоделство, употребата на хемикалии и пестициди треба да се намали за 50 проценти, а продажбата на антимикробни средства во ЕУ за фармските животни и земјоделството треба да се намали...

Објавен е нацрт-извештајот од Европската комисија за Кластер 1, „Фундаментални вредности“

Европската комисија (ЕК) веќе го објави и достави нацрт скрининг-извештајот за Кластер 1, „Фундаментални вредности“, за Северна Македонија. Оценката на Комисијата во Извештајот се заснова на информациите добиени за време на скринингот како и на дијалогот што се води во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, како и годишните извештаи на ЕК кои се дел од пакетот за...

Европскиот парламент побара носење Закон за забрана на неплатеното стажирање

Неплатената практикантска работа е на чекор да биде забранета во ЕУ, откако Европскиот парламент повика на нови правила за да престане злоупотребувањето на практикантите. Парламентот во средата го изгласа Извештајот за квалитетно стажирање, кој предвидува да се постават минимални стандарди за квалитет, вклучувајќи и правила за времетраење на праксата. Според предлогот, практикантите треба да бидат соодветно компензирани така што во...

Ковачевски – Фон дер Лаjен: Силна поддршка од Европската Комисија за членството на Северна Македонија во ЕУ

Европската Унија (ЕУ) останува да биде пријател и партнер на Северна Македонија и дава силна поддршка на постигнувањето политички консензус за уставните измени, во корист на земјата и регионот. Ова е пораката што ја добил премиерот Димитар Ковачевски на средбата со претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен. Ковачевски и Фон дер Лајен се сретнаа во Братислава, Словачка, каде...

Државниот завод за индустриска сопственост не е запознаен со забелешките на Европската комисија

Државниот завод за индустриска сопственост (ДЗИС) не бил запознаен со забелешките на Европската комисија за несоодветното функционирање на координативното тело за заштита на интелектуалната сопственост. Порталб.мк побара изјава од овој субјект кој е надлежен за ова прашање, но оттаму првично одговорија со барање за попрецизно да се информираат за овие забелешки, додавајќи дека овие критики не биле спомнати ниту...

Законот за климатска акција со нови обврски за институциите, но и давачки за индустријата

Нацрт-законот за климатска акција предвидува нови обврски за државните органи и за локалните самоуправи, кои дополнително ќе го нагласат слабиот капацитет на институциите во земјава. Законот, повеќе се осврнува на намалување на емисиите, а многу помалку на адаптацијата, што е неопходен процес во земја со степен на ранливост како нашата. Освен нови обврски за институциите, со законот се воведува...

Европската комисија предложи воведување на дигитална возачка дозвола и прекугранично спроведување на сообраќајните правила

Европската комисија денеска ги претстави предлозите за модернизација на правилата за издавање возачки дозволи, меѓу кои се предвидува и воведување дигитална возачка дозвола која ќе важи низ целата Европска Унија (ЕУ), како и нови одредби кои би го олесниле спроведувањето на сообраќајните правила надвор од границите на земјите-членки. Комисијата очекува новите правила да ја подобрат безбедноста за сите учесници во...

Европската комисија им забрани на вработените да користат ТикТок

Вработените во Европската комисија добиле наредба да ја отстранат апликацијата ТикТок од своите мобилни телефони и сите службени уреди. Од Комисијата велат дека мерката се спроведува заради „заштита на податоците и зголемување на сајбер безбедноста“, јави Би-би-си. ТикТок, кој е во сопственост на кинеската компанија „БајтДенс“ се соочува со обвинувања дека ги собира податоците на корисниците и ги предава на...

ЕУ ќе додели заеми од 100 милиони евра на Македонија како поддршка за совладување на кризата

Вицепремиерот задолжен за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ објави на својот Фејсбук профил дека Европската комисија денеска дала предлог да се обезбедат до 100 милиони евра макрофинансиска помош за Северна Македонија. Помошта ќе дојде во форма на заеми, а нивното спроведување ќе биде дефинирано заеднички со ЕУ, преку Меморандум за разбирање. Меморандумот за разбирање најверојатно ќе се...

Дваесет отсто од смртните случаи во земјава се последица на аерозагадувањето

Во Македонија речиси 20 отсто од смртните случаи се поврзани со аерозагадувањето. Ова го покажала анализата на Институтот за јавно здравје насловена како „Процена на здравствени ризици од аерозагадување со суспендирани честички“, на која работела доцент д-р Мирјана Димовска од овој Институт. За тоа, што му прават ПМ-2,5 честичките на организмот, кои болести се поврзани со аерозагадувањето, како да...

Пет училишта добија на подарок 1.324 книги за подобрување на јазичните вештини на децата

Издавачката куќа за деца „Вермилион“ и Фондацијата за образовни и културни иницијативи Чекор по Чекор - Македонија преку партнерство со сервисот „Конектирај се“ донираа 1.324 книги интересна детска литература за учениците од пет училишта во земјава, информираат од Здружението на граѓани „Конект“. „Од денес учениците од пет училишта ќе читаат интересна детска литература и ќе ги подобруваат своите јазични вештини...

Скопје и Будва во трка за европска престолнина на културата во 2028 година

На интернет страницата на Европската Унија, односно на Европската комисија во делот за култура и креативност, е објавено дека Будва и Скопје влегле во потесниот избор за да станат европска престолнина на културата во 2028 година. „Будва и Скопје влегоа во потесниот избор на конкурсот за титулата Европска престолнина на културата за 2028 година во земји на ЕФТА/ЕЕА, земја кандидат...

Владата ѝ вратила на Европската комисија 1,75 милиони евра заради нерегуларности

Минатата година, поради утврдени нерегуларности со финансиите од ИПА, Владата извршила поврат на пари кон Европската комисија во износ од 108.229.000 денари или повеќе од 1,75 милиони евра, пишува во ревизорскиот извештај за финансиските извештаи на Министерството за финансии. Како што енаведено, во 2016 година, Европската канцеларија за борба против измама ОЛАФ, спровела истрага за фирма-добавувач која има склучено...

Европската комисија го обнови договорот со Северна Македонија и Албанија за борба против тероризмот

Европската комисија денеска потпиша ревизија на билатералните аранжмани со Албанија и Северна Македонија, со тоа продолжувајќи го Заедничкиот план за акција за борба против тероризмот во Западен Балкан. Аранжманите ги потпишаа Комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон, министерот за внатрешни работи на Албанија, Бледар Чучи и министерот за внатрешни работи на Северна Македонија, Оливер Спасовски. Комесарката за внатрешни работи Илва...

ЕУ со „стапот“ по Орбан, препорачува замрзнување на фондови од 7,5 милијарди евра

Европската Комисија (ЕК) денеска препорача да не ѝ бидат исплатени на Унгарија 7,5 милијарди евра од фондовите на ЕУ поради загриженост за владеење на правото во земјата со која владее Виктор Орбан, пренесува Јуроњуз. Будимпешта имаше рок до 19 ноември да усвои 17 реформи за кои беше преговарано со извршната власт на ЕУ во текот на летото, со цел да...

ЕУ ќе воведе ЕУРО 7 стандарди на моторите за намалување на загадувањето од возилата

Европската Комисија (ЕК) предвидува нови ЕУРО 7 стандарди за моторите на возилата, со кои ќе се намалат емисиите на издувни гасови и ќе се подобри квалитетот на воздухот во земјите-членки на ЕУ, информираат од ЕК. Комисијата денеска го презентираше предлогот за намалување на загадувањето на воздухот од новите моторни возила што ќе се продаваат во ЕУ за да се исполни...

Грција, Унгарија, Кипар, Полска и Шпанија нашироко го користеле софтверот за шпиoнирање Пегасус

Високата европратеничка што ја води истрагата за шпионскиот софтвер Пегасус, Софи Инт Велд ја обвини Европската комисија дека ја игнорирала „сериозната закана за демократијата“ што ја претставува употребата на технологијата, додека за националните влади рече дека не соработувале во истрагата, јавува „Гардијан“. Холандската либерална европратеничка рече дека постоела нелегална употреба на Пегасус во Грција, Унгарија, Полска и Шпанија, како и...

Фон дер Лајен: Ќе се исполни сонот на младите Северна Македонија да биде членка на ЕУ

Кратка посета, но со конкретна агенда и помош од Европската Унија за земјава. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во македонскиот главен град дојде и со конкретна порака до македонските граѓани - заедно ќе ја пребродиме актуелната енергетска криза, со која се соочува целиот европски континент. Одговарајќи на новинарско прашање во однос на барањето за вметнување на Бугарите...

Македонија треба да ги интензивира своите активности во насока на дигитализацијата, оценува Европската Комисија

Кога станува збор за дигиталната трансформација Република Северна Македонија ја чека еден долг пат. Иако земјата направи реформи во оваа насока, сè уште ја чека уште многу работа. Ова беше констатирано во Последниот Извештај за 2022 година за напредокот во евроинтеграциите. Извештајот ги истакнува недостатоците каде земјата треба повеќе да работи, како и точките во кои е постигнат напредок....

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...