fbpx
Таг: европратеници

таг: европратеници

Ковачевски: Членството во ЕУ во 2030 е амбициозна, но остварлива цел

Заменикот претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ заедно со Претседателот на Владата Димитар Ковачевски учествуваа на денешната работна средба со европратениците на групата на Социјалистите и Демократите во Европскиот парламент. На средбата, европратениците се сложиле дека движечката определба на групата на социјалистите и демократите во Европскиот Парламент е клучна за реализација на планот за проширување на Европското...

ЕУобсервер: Германија се извини на Скопје за бугарското фијаско

Под насловот „Германија се извини на Скопје за бугарското фијаско“ влијателниот ЕУобсервер, објави текст во кој го претставува македонско-бугарскиот спор и блокадата од страна на Бугарија на македонските евро-интеграциски процеси. Текстот на ЕУобсервер ги изнесува реакциите на Германија и на ЕУ по потегот на Бугарија да не ја прифати преговарачката рамка за Северна Македонија. „Станува збор за една земја, само една...

Пендаровски очекува отворање на преговорите во текот на хрватското претседателство со ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ги прими пратениците во Европскиот парламент, Дачиан Чолош, претседател на парламентарната група „Renew Europe“ и Илхан Кјучук, известувач за Македонија и член на парламентарната група „Renew Europe“. „Претседателот го реафирмираше очекувањето на државата дека новата методологија за водење на пристапните преговори ќе биде усвоена во текот на март, со што би се отворила можноста за отворање на пристапните преговори...

ЕП: Руската пропаганда во ЕУ од јануари досега двојно поголема отколку во 2018

Странското мешање во изборите се заканува на демократските општества во Европа, а ги потпомага анти ЕУ силите, десничарските екстремисти и популистите. Русија, која е најголем извор на дезинформации, годинава двојно ги удвоила своите напори, па од почетокот на годинава досега се забележани 998 случаи на дезинформации поврзани со Русија, наспроти вкупно 434 случаи во 2018 година, предупреди денеска Европскиот...

Номинацијата на Заев и Ципрас за Нобелова награда поддржана од 33 европратеници

Фото: Борче Поповски
По прв пат на Балканот со покажано лидерство се постигнува ваков иновативен договор, пишуваат 33 европратеници од 16 земји и шест политички групи од Европскиот Парламент, во писмото до Норвешкиот комитет за Нобел со кое ја поддржaa иницијативата на Видед Бушамауи од Тунис, премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас да бидат добитници на Нобеловата награда за мир за 2019. Писмото...

Александрова: Европратениците го поддржаа процесот за помирување

Процесот за помирување доби силна поддршка од претседателот на Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер и европратеникот Кнут Флекенштајн, информираше Емилија Александрова од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и додаде дека добиле охрабрување и насоки за продолжвање во правецот во кој се движат. – За нас како осум независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ тоа има големо...

Процесот „Жан Моне“ одложен за мај поради организациски причини

Процесот „Жан Моне“, инициран од тројцата европратеници Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан е одложен за мај, потврдиле за МИА од канцеларијата на Вајгл. Средбите меѓу претставници на пратеничките групи од македонското Собрание и претставници на Европскиот парламент и функционери на ЕУ требаше треба да се одржат од 15 до 17 март во Охрид каде се очекуваше присуство и...

Џафери се сретна со европратениците Вајгл и Кукан

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска се сретна со пратениците на Европскиот парламент, Иво Вајгл и Едуард Кукан, кои се наоѓаат во посета на Република Македонија во рамките на Конференцијата на парламентарните Комисии за европски прашања и интеграции на државите опфатени во процесот за стабилизација и асоцијација од Југоисточна Европа – КОСАП, што се одржува во Собранието на Република...

Ахмети: Евентуален референдум за името може да го комплицира процесот

Евентуалниот референдум во Македонија за ново име на државата што би го договориле Македонија и Грција може да го комплицира процесот, рекол лидерот на ДУИ, Али Ахмети на средбата со европратениците од групата на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите, Виктор Боштинару, Тања Фајон и Тонино Пицула. Ахмети на средбата истакнал дека компромис за решавање на спорот за името треба...

Груби – Фленкенштајн: Потребна ни е поддршка и од институциите на ЕУ и од земјите членки

Претседателот на собраниската комисија за европски прашања и пратеник од ДУИ, Артан Груби, во Брисел се сретнал со европратеникот Кнут Фленкештајн, со кој разговарал за ситуацијата во Македонија и за европската перспектива на земјата и на регионот. Груби го запознал Фленкенштајн со реализацијата на обврските на земјата, како што се законот за заштитени сведоци, законот за судскиот совет, како и изборот...

Груевски им се пожалил на европратениците дека Владата прекршува закони

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, заедно со партискиот генерален секретар Христијан Мицковски, со Антонио Милошоски, Александар Николоски и со Влатко Ѓорчев, денеска во седиштето на партијата се сретна со европратениците Иво Вајгл и Едвард Кукан. Од партијата соопштуваат дека на средбата се разговарало за актуелните политички теми и за стратешките приоритети на државата. „Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше истакната загриженоста поради...

Кукан, Вајгл и Флекенштајн очекуваат Европскиот парламент да го изгласа извештајот за Македонија

Тројцата европратеници Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн го поздравија формирањето на новата влада и порачаа сите партии да дејствуваат во конструктивен дух на помирување. Тие порачуваат дека по три одложувања поради политичката несигурност, очекуваат Европскиот парламент да гласа за извештајот за државата за 2016 година на закажана седница во јуни. „Исто така, се радуваме на соработка на Европскиот...

Манчевски во Брисел: Ќе продолжат демократските процеси во Македонија

Потпретседателот на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Македонија, Дамјан Манчевски, при вчерашната посета на Европскиот парламент, присуствувал на заедничкиот состанок на пратеници од Европскиот парламент, на кој биле и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, и амбасадорот на Македонија во ЕУ, Андреј Лепавцов. „На состанокот, еврокомесарот Хан ги оцени случувањата во Собранието на Република Македонија минатиот четврток, како незамислив...

Вајгл, Кукан и Флекенштајн: Очекуваме влада за две недели, одложувањето ќе има последици

Европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, кои беа посредници во постигнувањето на Договорот од Пржино во јули 2015 година, денеска во заедничка изјава повторно го повикаа претседателот Ѓорге Иванов да ја почитува волјата на парламентарното мнозинство и побараа тие што имаат политичка и криминална одговорност за насилствата да сносат соодветни последици. „Официјалната истрага треба ефикасно да ги идентификува и...

Попоски учествуваше на конференција во Брисел посветена на Холокаустот

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска учествуваше на меѓународна конференција на тема „Незавршена правда: реституција и сеќавање“, посветена на жртвите од Холокаустот, која се одржа во Европскиот парламент во Брисел. „Македонија веројатно е еден од најдобрите примери во регионот и во Европа, што во целост се има погрижено и за делот на враќање на имотите на Евреите, но исто...

Вајгл, Кукан и Флекенштајн: Нема оправдување за тактиките на одолговлекување

Не гледаме никакво оправдување за одолговлекувачките тактики што се користат во Собранието за одложување на изборот на нов спикер и за формирање влада, стои во заедничкото изјава на тројцата европратеници, Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, по средбата со шефот на македонската дипломатија во заминување, Никола Попоски, во Стразбур. Попладнево Европскиот парламент на пленарна седница треба да расправа за...

ЛП: Иванов со скандалот со Хан се покажа како крајно неспособен за функцијата што ја врши

Либералната партија го осудува скандалот што го направи Ѓорге Иванов, поврзан со посетата на еврокомесарот Јоханес Хан и на тројцата европратенции, со што, како што велат од партијата, се покажал како крајно неспособен за функцијата што ја врши и за тоа треба да поднесе одговорност. Претседателот Иванов вчера ја откажа средбата со еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Хан,...

Хан: Нема време за губење, Иванов итно да ја преиспита својата одлука

Уште во наредните неколку дена бараме да видиме сериозно и одговорно државништво од страна на релевантните институции што треба да овозможат брзо формирање на нова и цврста коалиција, бидејќи тоа е единствениот пат за враќање на земјата на патот кон Европската Унија, што граѓаните на земјата го сакаат и го заслужуваат. Ова стои во заклучокот на заедничката изјава на еврокомесарот...

Заев: Пораките на Хан се јасни – процесите мора да се забрзаат

Пораките на еврокомесарот и на европратениците се јасни како бел ден, процесите мора да се забрзаат, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по средбата со еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, и со европратениците, Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн. Заев истакна дека остануваат на барањето претседателот на државата, Ѓорге Иванов, да му го додели мандатот...

Иванов денеска во работна посета на Унгарија

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска ќе престојува во работна посета на Унгарија, соопштија утринава од неговиот кабинет. „Претседателот Иванов во Будимпешта ќе се сретне со претседателот на Унгарија, Јанош Адер, со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, и со претседателот на парламентот на Унгарија, Ласло Ковер“, стои во соопштението. Иванов минатата недела беше во дводневна посета на Азербејџан, каде учествуваше на Форумот...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...