fbpx
Таг: европа

таг: европа

Преспа форум: 65 години по Договорот од Рим – Дали Европа е целосно економски обновена и интегрирана?

Во рамки на Преспа форумот за дијалог, денска се одржа сесијата насловена како “65 години по Договорот од Рим: Дали Европа е целосно економски обновена и интегрирана?“ на која панелистите говореа за потребата од сеопфатни економски, инфраструктурни и финансиски мерки со цел постигнување на целите на Римскиот договор. Во воведното обраќање премиерот Димитар Ковачевски, ги истакна трите главни аспекти...

Енергетската криза во Западниот Балкан – слично на ЕУ, или сепак различно?

Очекувано, глобалната енергетската криза не го заобиколи Западниот Балкан. Меѓутоа, регионот покажува некои специфики споредено со ЕУ. Западниот Балкан е поврзан со Европската унија преку Договорот за енергетската заедница, во кој, покрај државите од нашиот регион, членуваат и Украина, Молдавија и Грузија. Со овој договор практично внатрешниот пазар на енергија на ЕУ се проширува на овие држави, што за нив...

Фејсбук ќе ангажира 10.000 лица во Европа за изградба на својот „метаверзум“

Фејсбук планира да ангажира 10.000 луѓе во Европската Унија кои треба да работат на развивање на таканаречениот „метаверзум“, јави „Би-би-си“. Метаверзумот на Фејсбук е онлајн простор каде луѓето ќе можат да работат, комуницираат и играат игри во виртуелна средина, со користење на слушалки за виртуелна реалност. Неговата изградба е еден од најголемите приоритети на технолошката компанија. „Метаверзумот има потенцијал да помогне...

Младите согласни дека недостасува енергијата на дружбите во живо преку Еразмус+ размените

Пандемијата ги затвори границите, а со тоа се одложија и патувањата на младите коишто со Еразмус+ размените имаа можност да патуваат во странство. Младинските организации беа принудени работата да ја извршуваат од дома, а голем дел од активностите, особено интернационалните ги одложија на неодреден временски период. Иако работните задачи добија нов облик, младите се согласни дека недостига блискоста на...

Короната ќе остави без работа 7 милиони туристички работници во Европа

Туристичката сезона во Европа ќе претпри голем удар од корона вирусот, а околу 7 милиони вработени ќе останат без работа. Станува се поизвесно дека поради пандемијата од Ковид-19, претстојната туристичка сезона за граѓаните на Европската унија ќе биде многу, многу поразлична од претходните години, затоа што повеќето и не планираат да одат на летен одмор, пишува американскиот портал „Политико“. Тоа...

СЗО: Следните неколку недели се клучни за Европа

Европа се наоѓа во центарот на корона кризата. Бројот на случаи достигна близу еден милион, а над 84.000 луѓе го загубија животот поради вирусот. Според Светската здравствена организација, околу половина од глобалните случаи на Ковид-19 се регистрирани во Европа. „Остануваме во центарот на невремето. Сега, повеќе од кога и да било, повикувам на солидарност меѓу земјите. Време е да се...

„Стандард и Пурс“: Корона кризата ќе го турне БДП на европската економија од 2 до 10 отсто

Целата светска економија, освен кинеската, поради пандемијата на корона вирусот ќе потоне во рецесија, а европскиот бруто домашен производ, БДП, ќе падне меѓу 2 и 10 отсто, зависно од тоа колку ќе трае кризата, предвидува „Стандард и Пурс“, американската компанија за финансиски услуги. Иако до неодамна аналитичарите предвидуваа стабилен раст на економијата, состојбата се промени на полошо за кратко...

Околу 113 милиони Европејци страдаат поради преголема бучава

Секој петти Европеец е „загаден“ од бучава, нешто што би требало во наредните години да стане уште поголем проблем поради растечкиот сообраќаен метеж и урбанизацијата, објави денеска Европската агенција за околина, ЕЕА. Во соопштението на Агенцијата стои дека моментално долгорочно на повисоки степени на бучава од сообраќајот, во Европа се изложени околу 113 милиони граѓани. Забрзаната стапка на урбан пораст значи...

Европската комисија го презентираше „Зелениот договор“

Европската комисија денеска го презентираше Европскиот зелен договор (European Green Deal) кој е патоказ за претворање на економијата на Европската Унија во одржлива преку претворање на климатските и еколошките предизвици во можности, низ сите сфера. „Тој е повторно потврдување на посветеноста на Европската комисија на справувањето со предизвиците поврзани со климата, кои се клучната задача на оваа генерација. Атмосферата се...

„Ербас“ се закани дека ќе го напушти производството во Велика Британија

Европскиот произведувач на авиони „Ербас“ се закани дека ќе ја напушти Велика Британија доколку таа се одвои од Европска унија без постигнат договор за идните трговски односи. Компанијата која вработува 14.000 луѓе на 25 локации во Велика Британија соопшти дека ќе ги преиспита своите инвестиции во Велика Британија, како и својот иден престој во земјата доколку не биде постигнат трговски...

Тилерсон: Рускиот гасовод „Северен тек 2“ е закана за енергетската безбедност на Европа

Американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон денеска, по разговорите со полскиот премиер и со шефот на полската дипломатија во Варшава, изјави дека САД се против новиот руски гасовод „Северен тек 2“ на дното на Балтичкото море, бидејќи ја загрозува енергетската безбедност на Европа и преставува уште едно политичко оружје на Русија, јавуваат светските агенции. - Ја делиме (со Полска) оваа...

Новата година пристигна во Самоа, Тонга и Кирибати

Жителите на јужнопацифичките острови Самоа, Тонга и Кирибати во 11 часот според средноевропско време зачекорија во 2018 година, а наскоро по нив Новата година ќе пристигне и во Нов Зеланд, каде ќе биде дочекана со огномет над Оукленд од облакодерот „Скај“ висок 200 метри. Во 13 часот, според средноевропско време, во 2018 година ќе влезат и некои подрачја на...

ИД не е скршена, планира напади во Европа, тврди уапсен џихадист

Борец на Исламска држава, уапсен на границата со Турција, изјавил дека ИД не е се распаднала туку дека нејзините борци се префрлени во Европа за да извршат напади. Британскиот весник „Дејли мејл“ наведува дека турските безбедносни служби минатиот месеци го уапсиле дваесет и шестгодишниот Садам ал-Хамади на турско-сириската граница. Тој тврди дека ИД не се распаднала, туку дека нејзините борци...

Севернокорејските ракети можат да ја погодат и Европа

Француската министерка за одбрана, Флоренс Парли, изјави дека и Европа, како и САД, може да биде мета на балистички ракети на Северна Кореја. Во изјава за француската телевизија БФМ, министерката рече дека Пјонгјанг, испукувајќи балистички ракети, ја покажал својата растечка сила. - Европа, исто како и САД, сигурно е на дофатот на ракетите – рече Парли и додаде дека главните градови на...

Европа да ги отфрли сепаратизмот и национализмот, порача Јункер од Шпанија

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер денеска ја повика Европа да се спротивстави на сепаратизмот во време кога иницијативата за незaвисноста на Каталанија длабоко ја подели Шпанија, јавуваат светските агенции. - Национализмот е отров кој ја спречува Европа да функционира обединето - рекол Јункер во својот говор на универзитетот во шпанскиот град Саламанка, каде денеска му била врачена...

Најмалку четири лица загинаа во невремето што ја погоди Централна Европа

Најмалку четири лица загинаа во невремето што денеска ги погоди централните делови на Европа. Невремето предизвика прекин на електричната енергија и на сообраќајот, соопштија припадниците на спасувачките служби. Силниот ветер предизвикал застој на железничкиот и на патниот сообраќај на неколку патни правци во Чешка. Неколку реки на северот на земјата достигнале алармантно ниво на водата, а стотина илјади домаќинства останале без...

Ураганот Офелија се движи кон Европа, издадено црвено предупредување

Ураганот Офелија преку Атлантскиот Oкеан се движи кон Европа, а прва на удар би можела да биде Ирска на почетокот на следната недела, соопштија метеоролозите. Ветрови со јачина од 130 километри на час би можеле да ја погодат Ирска поради што е издадено црвено предупредување, соопшти Националната метеоролошка служба. Силни и потенцијално разорни ветрови може да предизвикаат поплави, зголемено ниво на...

Димитров во Талин на неформален состанок за безбедносните предизвици на Европа

На покана на високaта претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, и на министерот за надворешни работи на Република Естонија, Свен Миксер, шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, денеска во Талин учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија и на земјите кандидати за членство во ЕУ: Македонија,...

Мора да се затворат сите рути за да се спречи миграцијата, смета Курц

Илегалната миграција кон Европа ќе постои сè додека не се затворат сите, оцени шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц. - Наша задача е да ја затвориме медитеранската рута. Мораме да осигураме дека сите рути ќе бидат затворени. Сè додека медитеранската рута е отворена, додека има рута кон Европа, луѓето ќе се движат кон нашите земји – рече Курц. Тој, исто така, рече...

Пронајден список со 173 припадници на ИД, шестмина се од Европа

Досие со имиња на 173 припадници на Исламска држава е пронајдено во засолниште на терористичката организација во Мосул, пишува германскиот весник „Велт“. Како што се наведува, станува збор за список на потенцијални бомбаши самоубици кои се спремни да ја нападнат Европа во знак на одмазда за поразите на ИД во Ирак и во Сирија. Досието пред неколку месеци го пронашле ирачките...

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, изјави дека Израел ќе одговори на иранскиот воздушен напад, но дека сè уште размислуваат кога и како ќе го направат тоа. Иранскиот...