fbpx
Таг: еврообврзница

таг: еврообврзница

Наумов: Останува опасноста за финансиско злосторство врз граѓаните

„Процесот на издавање на еврообврзницата од 650 милиони евра е одложен, но не и прекинат. Опасноста за финансиско злосторство врз граѓаните останува“, предупреди претседателот на комисијата за финансии на СДСМ, Кире Наумов. - Најавено е издавање на мислење за правна важност на целата постапка од страна на Министерството за правда иако согласно Законот за јавен долг, член 18, став 6, ова...

ДС: Странските банки нема да кредитираат систем каде се кршат правата на граѓаните

Блокадата на реализацијата на еврообврзницата во износ од 650 милиони евра, која владата ја издаде, е сигнал од потенцијалните кредитори дека независно од добивката, тие сепак се одлучија да го послушаат гласот на народот и реакциите на медиумите, граѓанскиот сектор и на партиите, реагираат од Демократски сојуз. „Ваквата одлука е опомена до владата на ВМРO-ДПМНЕ и на ДУИ дека странските банки немаат...

Министерство за финансии: Процесот на издавање на еврообврзницата е кристално чист

Издавањето на еврообврзницата е кристално чисто од законски аспект, велат од Министерството за финансии, по одложувањето на постапката и додаваат дека македонската опозиција повторно се обидела да ѝ нанесе штета на државата, со оспорување на процесот. „Македонската опозиција во својот познат стил на деструкција, се обиде повторно да нанесе штета на Република Македонија преку обид неосновано и целосноно нерационално и...

СДСМ: Со одложувањето се потврдува незаконитоста на еврообврзницата

Денеска агентите го одложија издавањето на еврообврзницата во вредност до 650 милиони евра, но истата не е целосно откажана, се вели во соопштението на СДСМ по информацијата за одложувањето на издавањето на еврообврзницата. Во него се додава дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија предупредуваше дека доколку се случи издавањето на еврообврзницата на овој начин, истото ќе прекршува неколку закони на Република...

Владата го одложи издавањето на еврообврзницата

Македонија го одложи издавањето на седумгодишната еврообврзница откако член на опозицискиот СДСМ денеска преку писмо до банките гаранти ја оспорил легалноста на постапката, јавува „Ројтерс“. Во писмото, било наведено дека земјава нема соодветен правен механизам за издавање на еврообврзницата и доколку се издаде, можно е да прекрши одредени закони и правила во Македонија. СДСМ и во соопштение до јавноста предупреди дека одлуката за...

Еврообврзницата понудена на светските берзи, каматата ќе биде 5 отсто

Македонија ја понуди еврообврзницата на светските берзи, а каматата за неа ќе изнесува 5 проценти, објави „Ројтерс“. Еврообврзницата е со рок на доспевање од седум години, а како главни банки кои управуваат со продажбата на емисијата се „Сити груп“, „Дојче банка“, „Ерсте група“ и „Сосиете женерал“. Моменталниот рејтинг кој Македонија го има како држава е ББ- според „Стандард и Пурс“ и рејтинг ББ+ според „Фич“. Голем...

ДС бара вонредна седница на која ќе се расправа за еврообврзницата

Демократскиот сојуз (ДС) ги повика граѓаните, граѓанските асоцијации, експертите, медиумите и политичките партии, преку демократски средства да ја блокираат реализацијата на еврообврзницата од 650 милиони евра. - Тргнувајќи од фактот дека задолжувањето го прави влада која е техничка и која за десетина дена ќе биде сменета, како и барањето на мнозинството граѓани да не се задолжува повеќе државата, апелираме до...

Сугарески: Пратеничката група на опозицијата е против новото задолжување

Пратеничката група на СДСМ, НСДП, ЛДП и на ПДТ најжестоко се спротиставува на намерата на власта во заминување да ги задолжи граѓаните со издавање нова еврообврзница од 650 милиони евра, рече денеска на прес-конференција Горан Сугарески, координатор на пратеничката група на опозицијата. Тој рече дека новото задолжување е финансиско злосторство врз граѓаните, македонската економија и врз идните генерации. - Криминалната власт во...

СКСМ: Еврообврзницата е за задржување на социјалниот мир, а не за развој на економијата

Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСМ) изрази загриженост по повод намерата на државата да издаде еврообврзница во износ од 650 милиони евра и смета дека тие пари се за купување социјален мир, а не за внесување свеж капитал во стопанството. Според СКСМ, еврообврзницата ќе се искористи за покривање на тековните обврски, односно за исплата на плати и на пензии, а...

Вечерва нов протест на „Шарената револуција“

Вечерва, во 19 часот, пред Специјалното јавно обвинителство, „Шарената револуција“ ќе протестира против издавањето на еврообврзницата. Во најавата за протестот пишува дека нема правда додека јавниот долг вртоглаво се зголемува. „Протест! Нема правда кога јавниот долг вртоглаво расте. Секој граѓанин на Македонија веќе должи по 2.200 евра, а режимот сака да го задолжи за уште 330 евра, во очајнички обид да продолжи...

СДСМ: Миноски покажа непознавање на законската процедура за еврообврзница

  Со денешното соопштение, Министерството за финансии покажува дека новиот министер Кирил Миноски не ја знае процедурата за издавање еврообврзница и бара алиби и соучесници во другите институции за ова финансиско злосторство, пишува во реакцијата на СДСМ, на соопштението на Министерството. „Ставрески го напушти бродот што тоне. Богов срамежливо почна да се оградува од лудилото на задолжување, изјавувајќи дека уште од 2012 година...

Министерство за финансии: Еврообврзницата се издава во согласност со закон

Еврообврзницата се издава во согласност со Законот за јавен долг (член 18, став 5), реагираат од Министерството за финансии на вчерашната прес-конференција на Кире Наумов од СДСМ. Во соопштението на министерството се вели дека во членот од Законот за јавен долг пишува дека државни хартии од вредност во име на Република Македонија на меѓународен пазар издава Министерството за финансии врз основа...

Граѓаните иницираа петиција „Не за еврообврзницата“

Страницата „јавен долг.мк“ објави линк до граѓанска петиција „Не за еврообврзницата“, со која се повикуваат сите одговорни граѓани на Република Македонија да се потпишат дека не ја признаваат еврообврзницата од 650 милиони евра. „Јас, одговорна граѓанка/одговорен граѓанин на Република Македонија, изјавувам дека не ја признавам еврообврзницата од 650 милиони евра која Владата сака да ја издаде и дека не сакам да...

„Шарената револуција“ утре ќе протестира против новото задолжување

„Шарената револуција“ в понеделник, во 19 часот, пред Специјалното јавно обвинителство ќе протестира против издавањето на еврообврзницата. Во најавата за протестот пишува дека нема правда додека јавниот долг вртоглаво се зголемува. „Протест! Нема правда кога јавниот долг вртоглаво расте. Секој граѓанин на Македонија веќе должи по 2.200 евра, а режимот сака да го задолжи за уште 330 евра, во очајнички обид да...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги плаши потенцијалните инвеститори

Финансиско злосторство врз граѓаните е ограбувањето на милиони евра од аболираниот криминалец Зоран Заев и од неговиот злосторнички клан, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Кире Наумов. „Овие пари кои се украдени директно од буџетот на државата не се користат за исплата на пензии или инвестиции во градинки или училишта, туку кланот на аболираниот криминалец Зоран Заев ги користи за...

Наумов: Со издавањето на еврообврзницата, јавниот долг ќе надмине 5 милијарди евра

Одлуката да се издаде еврообврзница на износ од 650 милиони евра е финансиско злосторство врз граѓаните, економијата и врз идните генерации, обвини денеска на прес-конференција Кире Наумов од СДСМ. Тој рече дека со најавеното издавање на еврообврзницата на износ од 650 милиони евра, јавниот долг и официјално ќе го надмине износот од 5 милијарди евра или 54 отсто од БДП. -...

ЛДП: Не може да има фер избори, ако ВМРО-ДПМНЕ има 650 милиони евра на располагање

Либерално-демократската партија е сериозно загрижена од темпото и од нивото на задолженост на земјава, особено по официјализирањето на намерата на власта за издавање на нова еврообврзница од рекордни 650 милиони евра, изјави денеска на прес-конференција Филип Јаневиќ, портпаролот на ЛДП. - Овој чин на власта во заминување е погубен поради фактот што задолжувањето со еврообврзницата не е мотивирано заради продуктивна...

ФРОДЕМ: Издавањето еврообврзница од 650 милиони евра е економско злосторство

Намерата да се издаде еврообврзница од вртоглави 650 милиони евра е финансиско и економско злосторство врз граѓаните на Република Македонија, реагираат од Фронт за демократска Македонија (ФРОДЕМ). „Владата со која раководи технички премиер за спроведување на изборите, а која е под целосна контрола на вождот во заминување, со ова најново задолжување настојува да обезбеди пари за да купи уште едни...

Заев: Апелирам банките да не ја купуваат еврообврзницата

Одлуката за емитување на нова еврообврзница од 650 милиони евра е финансиско злосторство врз младите, смета лидерот на опозицијата, Зоран Заев. Во неговото обраќање на летниот камп на СДММ во Охрид, тој истакна дека „безобразието од страна на власта е толку големо што таа не се обидува транспарентно да го презентира расходниот дел на тие пари“. - Не смееме да го дозволиме бесрамното...

ВМРО-ДПМНЕ: Еврообврзницата e одговор на политичката криза предизвикана од СДСМ

„Еврообврзницата се издава како реакција на политичката криза која СДСМ во етапи ја прави за да се спаси од политички пораз на избори. Оваа еврообврзница е внесување на свеж капитал во земјата, кој ќе го гарантира нормалниот тек на економијата во услови на криза која СДСМ сака да ја продлабочи. Како што може да се заблежи во објавата на „Службен...

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...