fbpx
Таг: евроинтеграции

таг: евроинтеграции

Судот на правдата на ЕУ – децидно за независноста на судството

Пред повеќе од две години во т.н. објаснувачки скрининг Европската комисија на Македонија ѝ презентираше кои се барањата на правото на ЕУ за независноста на судството. Во тој преглед имаше малку од она што се нарекува „тврдо“, па и „меко“ право на Унијата. Тоа беа главно нови одредби воведени во примарното право по Лисабонскиот договор (2007, во сила од...

Евротинк: 65,9 проценти од граѓаните во земјава би гласале позитивно на референдум за влез во ЕУ

Во споредба со лани, годинава е зголемен процентот на граѓани кои сметаат дека членството во ЕУ е „добра работа” (67,3 отсто) и „корисна работа” (70 отсто), покажуваат податоците од анкетното истражување Еврометар на Евротинк - Центар за европски стратегии, кое е поврзано со евроинтеграциите и довербата на граѓаните во државните институции. „Дополнително се зголемени и очекувањата за брз влез во...

Јавното мислење за проширувањето од двете страни на медалот

Кога се донесуваше новата стратегија за проширувањето минататa година, еден од попатните аргументи беше дека јавното мислење во ЕУ не е подготвено за проширувањето. Поддршката, односно отсуството на поддршка од граѓаните, секако е значаен фактор во донесувањето на политичките одлуки, зашто политичарите водат сметка за мислењето на нивните гласачи. Меѓутоа, големо прашање е колку темата на проширување е на...

Чешка и Словачка се спротивставија на одредницата „погрешно толкување на историјата“ – заклучоците за проширувањето на ЕУ повторно блокирани

Усвојувањето на заклучоците на Советот на ЕУ за проширувањето и Западен Балкан се повторно блокирани, јавуваат МИА и Танјуг. Чешка и Словачка го блокираа усвојувањето на заклучоците за процесот на проширување кои вчера ги усвои Европската унија на ниво на амбасадори. Двете земји-членки не ставија министерски потпис со што заклучоците не ја поминаа процедурата за писмена потврда од секоја...

Рикер: ЕУ не треба да дозволи билатерални прашања да го запрат напредокот на Северна Македонија

Помошникот-државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер повторно даде изјава дека Европската Унија не треба да дозволи билатералните несогласувања да го запрат заслужениот напредок на Северна Македонија во интеграциите. Во рамките на своето учество на интернет-форумот „Да се биде безбеден“ (2БС)“ што го организираше Атлантскиот сојуз на Црна Гора, Рикер говореше и за последниот развој на...

Заев: Да почекаме да поминат изборите во Бугарија, дури потоа да очекуваме напредок

Премиерот Зоран Заев во денешното гостување во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77 рече дека е извесно дека до крајот на годината Македонија нема да ги почне преговорите со ЕУ. „Имаме уште малку време и простор, меѓутоа извесно е дека Бугарија месецов пак ќе стави вето. Мислам дека треба да почекаме да им поминат изборите во март, да размислуваат со...

Амбасада на Холандија: Целосно неосновани и лажни се тврдењата дека Холандија го поддржа бугарското вето

Известувањата во некои медиуми дека Холандија ѝ дала поддршка на Бугарија во блокирањето на преговарачката рамка за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ се целосно неосновани и лажни вести, реагираше Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје. „На 30 октомври 2020 година, владата на Холандија го информира холандскиот парламент за својата одлука дека првата меѓувладина конференција за Северна...

За интеграцискиот капацитет на Европската Унија

Непосредно по големото проширување од 2004 и 2007 година, Европската унија во тогашната своја стратегија на проширувањето го воведе концептот на нејзиниот „апсорпциски капацитет“. Овој концепт се однесуваше на способноста на Унијата за одржување на текот на европската интеграција напоредно со проширувањето. Беа дефинирани три нејзини главни компоненти: институции, заеднички политики и буџет. Со други зборови, Европската унија ќе...

„Политико“ ги критикува еврокомесарот Вархеи и Европската народна партија дека се „меки“ кон Борисов и Софија

Во анализата на работата на Европската комисија за годинава, „Политико“ се осврнува и на работењето на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и бугарската блокада на почетокот на преговорите за влез во ЕУ на Северна Македонија. Според угледниот онлајн медиум, Вархеји, како и евопската групација на десничарски партии наречена „Европска народна партија“ (ЕПП) не се спротивставиле доволно силно на ваквата...

Вистиномер: Заев не го подготви народот за бугарско вето, туку му влеа оптимизам за старт на преговори со ЕУ

Заев најмногу од сите во Владата ја поткреваше надежта кај граѓаните дека Република Северна Македонија, под водство на оваа власт, ќе ги отпочне преговорите со ЕУ. Премиерот изминативе години говореше дека Бугарија е стратешки партнер, наш искрен и голем пријател и дека верува оти не само што ќе добиеме поддршка за старт на преговорите, туку Бугарија ќе продолжи да...

Заев-Рот: Продолжува одличната соработка со Германија и поддршката за интеграциските и реформските процеси

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи Бујар Османи, попладнево во Берлин оствари работна средба со Михаел Рот, државен министер за Европа во МНР на Германија. „На средбата премиерот Заев се заблагодари за целокупниот ангажман на СР Германија кон евроинтеграциите на Северна Македонија и Западен Балкан, посебно во рамките на нивното претседателство со ЕУ но и во рамките...

Заев: Извесно дека ќе има вето од Бугарија, но сепак очекувам крик на пријателство

Вето од Бугарија е повеќе од извесно, но очекувам крик на пријателство, вели премиерот Зоран Заев. Тој нагласува дека до крајот на декември има можност за одржување на прва меѓувладина конференција и дека очекува одговорност и позитивна одлука од бугарската страна - Јас сум подготвен и го подготвив македонскиот народ за евентуална блокада. И тоа е поприлично извесно. Ако кажете...

Колку е можен слободен проток на патници и стоки во Западен Балкан без заеднички гранични премини?

Меѓу Скопје и Приштина се патувало за околу еден и пол час не само денес по новиот автопат „Арбен Џафери“, туку и во 80-тите години на минатиот век со воз. Тогашниот експресен воз „Акрополис“ во 1987 година ја минувал оваа дестинација меѓу Косово Поле и Скопје за 1 час и 29 минути, а со сите други возови меѓу главните...

Земјите од Западен Балкан во Софија потпишаа декларации за Заеднички регионален пазар и Зелена агенда

Лидерите од земјите на Западен Балкан на Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес денеска ги потпишаа двете декларации за Заеднички регионален пазар и за Зелената агенда. Двата документа се голем успех од заедничкото ко-претседателство на Северна Македонија и Бугарија со Берлинскиот процес, бидејќи ги обединуваат напорите на Западен Балкан за уште поблиско интегрирање кон нормите и...

Анкета на МЦМС и Телма: Мнозинството граѓани веруваат дека Владата нема да попушти пред притисокот од Бугарија

Мнозинство од граѓаните веруваат дека нашата влада нема да попушти пред притисокот од соседна Бугарија. Вкупно 54,7 отсто воопшто или до некаде не се согласуваат со изјавата дека Владата на РСМ ќе се согласи со сè што ќе побара Бугарија, а малку повеќе од третина (37,4 отсто) рекле дека целосно или до некаде се согласуваат со таа изјава. Ова...

Нема „план Б“ на патот за членство во ЕУ, изјави Заев

Не сакам да разговарам за „план Б“, мора да успееме, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање, дали државата има „план Б“, ако во декември не започнат преговорите за членство со ЕУ. Тој додаде дека како премиер никогаш во Владата не разработувале „план Б“, бидејќи во тој случај би се откажале од „план А“. Во однос на недоразбирањата со Бугарија и...

Економскиот и инвестициски план за Западниот Балкан: нова надеж или ново пакување?

Оваа година Економскиот и инвестицискиот план на Европската комисија за Западниот Балкан го засени нејзиниот пакет докумeнти за проширувањето. Европската комисија сака да испрати политичка порака дека е посветена на регионот на Западниот Балкан и да го поврати веќе разнишаниот кредибилитет. Меѓу главните причини за донесувањето на Планот е опстојувањето на јазот во економскиот развој меѓу регионот и ЕУ,...

Порталб: Опасноста од вето од Бугарија постои веќе една година, ЕУ треба да интервенира за да се реши спорот

Опасноста од блокада на членството на Северна Македонија во ЕУ од Бугарија постои веќе една година, а Европската Унија треба да интервенира во решавањето на оваа проблематика. Двете соседни земји немаат потреба за недоразбирања и ова прашање може да се реши само со посредство на европските претставници, велат експерти за европски и политички прашања за „Порталб.мк“. Малинка Ристевска Јорданова од...

Китеска: Реформата на јавната администрација е од суштинско значење за напредокот на земјава кон ЕУ

Овој Извештај треба да го сфатиме како обид за освестување и на централната и на локалната власт, за преземање на чекори за подобрување на личната одговорност на раководството и за делегирање на одговорноста на различни нивоа на управување, иако според Извештајот делегирањето на овластувањата за донесување одлуки на средното ниво на управување останува ограничено. Колку ќе сработиме и со...

Борисов: Историјата да биде мост на пријателство, а не скршен мост по кој Македонија не може да премине

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Софија оствари средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов и со бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева. Борисов порача дека од Бугарија сме имале и ќе имаме најголема поддршка и треба да направиме така, историјата да биде мост на пријателство и блискост, а не скршен мост по кој Северна Македонија не...