fbpx
Таг: евроинтеграции

таг: евроинтеграции

ВМРО-ДПМНЕ против уставните измени, од СДСМ бараат одговорност на петочната седница

Пред почетокот на собраниската седница в петок, на чиј дневен ред треба да се најдат уставните измени, најголемите политички партии остануваат на веќе познатите позиции. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека ќе гласаат против уставните измени, додека од СДСМ бараат одговорност од опозицијата за европската иднина на земјава. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ денеска имала редовна координација...

Ќе користиме европски фонд за дигитализација на општеството

Со потпишување на договорот со ЕУ за програмата „Дигитална Европа 2021-2027“  минатата недела, на Македонија ѝ се достапни 7,5 милијарди евра преку кои се отвораат можности за граѓаните, јавните институции или различни организации кои учествуваат во проекти, информираше денеска министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу на брифинг со новинарите. Во Брисел минатата недела беше потпишан договорот со нашата...

Повеќе заедничка одбрана за повеќе стратешка автономија на ЕУ

Европскиот совет (29-30 јуни 2023 година) очекувано започна со поддршката на Украина, изразена како во повторената воена и политичка поддршка, така и во сѐ појасните сигнали за натамошниот пат кон членство во ЕУ. Оттаму, веројатно не е изненадување што втората усогласена точка на овој Европски самит беше одбраната и безбедноста. Концептот на стратешка автономија на ЕУ, силно промовиран со минатогодишната Версајска...

Земјава го потпиша Договорот за партнерство во програмата „Дигитална Европа (2012-2027)“ со ЕУ

Во Брисел денеска беше потпишан Договорот за партнерство меѓу Северна Македонија и Европската Унија во програмата „Дигитална Европа (2012- 2027)“, информираат од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). Договорот го потпишаа министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и претставници на Европската комисија. За време на церемонијата на потпишување на договорот, министерот Алиу им се заблагодари на ЕУ...

Ковачевски: С.Македонија и регионот припаѓаат во ЕУ, историската шанса да не ја пропуштиме

Премиерот Димитар Ковачевски во денешното обраќање на Преспа форумот за дијалог порача дека Северна Макаедонија и регионот припаѓаат во Европската Унија, а историската шанса што ја имаме за членство во ЕУ во моментов не треба да ја пропуштиме. Ковачевски се обрати на сесијата „Искрената регионална соработка го одржува регионот стабилен“, информираат од владината прес-служба. Ковачевски истакна дека никогаш појасни не...

Пендаровски на Преспа форумот: Не би сакал војната во Украина да биде поттик за проширувањето на ЕУ

Ако војната во Украина е поводот Европската Унија да го врати интересот за проширувањето кон регионот на Западен Балкан, тогаш многу природно се наметнува прашањето - што ќе се случи кога војната во Украина ќе заврши, запраша претседателот Стево Пендаровски во денешниот говор на сесијата „Мир и демократија наспроти војна и автократија“ на Преспа форумот за дијалог 2023, што...

Бундестагот ја усвои Резолуцијата за поддршка на Македонија, германската десница гласаше против

Со мнозинството гласови на социјалдемократите, Зелените и либералите, германскиот парламент синоќа ја усвои Резолуцијата за поддршка на Македонија на патот кон членство во ЕУ, во која е наведено и дека Бундестагот ги признава македонскиот јазик, култура и идентитет. Германските десничарски партии, вклучувајќи ја и ЦДУ/ЦСУ на поранешната премиерка Ангела Меркел гласаа против резолуцијата и изнесоа остри критики, пренесува Дојче...

Бундестагот денеска ќе гласа резолуција за признавање на македонската култура, јазик и идентитет

Резолуција за пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ вечерва ќе се најде на дневен ред пред пратениците во германскиот парламент - Бундестагот. Оваа резолуција е предложена од пратеничките групи на социјалдемократите, зелените и либералите, а самиот документ е текст од три страници и со 13 препораки до германската влада за тоа што треба да направи за да го овозможи...

Пендаровски: Надвор од реалноста е барањето уставните измени да важат по приемот на Македонија во ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски денеска го оцени како нереално барањето на ВМРО-ДПМНЕ уставните измени да се донесат, но да бидат со одложено дејство откако Македонија ќе стане земја-членка на ЕУ. Пендаровски вели дека лично би сакал да може тоа да се направи, но е апсолутно надвор од реалноста. Пендаровски вели дека заклучоците на Европскиот совет се кристално јасни, во кои е...

Џес Бејли оптимист дека земјава ќе влезе во ЕУ: Уставните измени се решение за бугарското вето

Поранешниот амбасадор на САД во Скопје Џес Бејли вели дека уставните измени се јасно решение за бугарското вето, но оти ќе биде разочарување ако има ново вето понатаму што ќе го закочи патот кон Европската Унија. Бејли, во интервју за Гласот на Америка на македонски, вели дека е оптимист оти земјата ќе влезе во ЕУ, но дека не може да...

Граѓанско општество: поттикнувач на реформи или државен непријател?

Деновиве повторно се актуелизира улогата на граѓанското општество во Македонија, по повикот од највисоко државно ниво до европските донатори да ги „секнат“ парите за невладини организации и медиуми кои „работеле против Европа“, односно „против европските интеграции на земјата“.  Ова барање се актуелизира по околу една година, кога се вжештува дискусијата околу уставните амандмани. Па да погледнеме што вели ЕУ за...

Контраспин: Дилемата за изолација или интеграција не е лажна – опасноста е голема

Застојот во реформскиот пат на државата по 2008 година, по одбивањето на Грција да бидеме примени во НАТО на самитот во Букурешт и изолацијата која настана по тогаш закочените евро-атлантски интеграции, придонесе со стеснување на демократските права и слободи на граѓаните и до состојба опишана како „заробена држава“. Ништо не укажува дека би било поинаку доколку не го исполниме...

Нови собири – старо-нови пораки кон Балканот

Почетокот на јуни го одбележаа два собири релевантни за проширувањето – првиот беше Глобсек вo Словачка, а вториот - Самитот на Европската политичка заедница во Молдавија. Се осврнуваме на конференцијата Глобсек 2023 во Братислава, на која можеа да се слушнат интересни погледи за проширувањето, иако тоа не беше централна точка на интерес – главниот аспект беше безбедносниот. Од Братислава можат...

ЕУ бара македонските власти итно да ги имплементираат проектите за управување со отпад на терен

Шефот за соработка на Делегацијата на ЕУ во земјава, Стефен Худолини го повтори ставот на Европската Унија до македонските институции под најитно да отпочнат со практична имплементација на проектите за управување со отпад на терен. Худолини денеска порача оти ЕУ за земјава издвојува значајни средства за животната средина, особено во делот за управување со отпад. „Но, заостануваме со имплементацијата. Ургентно...

Ковачевски се сретна со Макрон, доби уверување дека Франција ја сака земјава во ЕУ

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска во Братислава се сретна со претседателот на Франција, Емануел Макрон. На средбата присуствувал и министерот за надворешни работи Бујар Османи, информираат од владината прес-служба. Премиерот Ковачевски му се заблагодарил на францускиот претседател за неговиот личен ангажман во процесот на проширување на ЕУ и интеграцијата на Северна Македонија во Унијата. Соговорниците се согласиле дека не смее да...

Ковачевски на средба со Пленковиќ: Македонски, а не хрватски модел за уставните измени

Северна Македонија треба да избере свој модел за уставните измени. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по денешната средба со премиерот Димитар Ковачевски не сакаше да дава сугестии за барањето на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ за менување на македонскиот устав по хрватски модел. Пленковиќ рече дека за уставните измени треба да одлучат партиите и институциите во земјава. „Без разлика што се споменува хрватскиот...

Подготовки за уставните измени: Министерство за правда бара членови за работната група

Почнаа подготовките за уставните измени. До 10 април е рокот за номинирање на претставник во работната група за измени на Уставот на Република Северна Македонија, информираа денеска од Министерството за правда. „Дописи се испратени до Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски, Министерството за надворешни работи, Секретаријатот за европски прашања, парламентарните политички партии, експерти кои имаат познавања на уставната материја“,...

Платформа за борба против корупцијата: Владата да го напушти коалициското преговарање за професионални позиции во јавниот сектор

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата преку отворено писмо ја потсетува Владата дека при именувањето на професионалното раководно ниво во јавниот сектор, има должност да обезбеди конкурентна процедура низ јавен оглас. Од Платформата велат дека Владата мора да го напушти коалициското преговарање на професионалните позиции во јавниот сектор. „Во врска со најавеното именување на раководители и заменици на повеќе...

Радев: Во ЕУ не треба да се гради идентитет врз историски фалсификати

Властите во Северна Македонија треба да бидат поттикнати да преземат активни чекори за вистинска демократизација и да докажат дека анти-бугарската идеологија што вирее таму, припаѓа на минатото и нема да ја загрози иднината, порача бугарскиот претседател Румен Радев, кој е во официјална посета на Атина, во интервју за грчкиот весник „Катимерини“. „Во Европската Унија не треба да се гради сопствениот...

Ќучук од Софија и Османи од Скопје предупредуваат: Надворешни фактори не сакаат добри односи меѓу С.Македонија и Бугарија

Бугарскиот пратеник во Европскиот парламент од партијата ДПС, Илхан Ќучук изјави дека надворешни фактори не дозволуваат Северна Македонија и Бугарија да имаат добри односи. Станува збор за структури кои не сакаат Северна Македонија да влезе во Европската Унија (ЕУ), како и оние кои не сакаат Бугарија да го европеизира Балканот, изјави Ќучук за БТВ. „Сите кои не сакаат нашата земја...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...