fbpx
Таг: еврогрупа

таг: еврогрупа

Нема договор за намалување на грчкиот долг

Грција и меѓународните кредитори не успеаја да постигнат договор за потенцијално реструктуирање и намалување на грчкиот долг. На понеделничкиот состанок на Еврогрупата, претставниците на грчката влада, министрите на државите од еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) не се договорија за конкретно намалување на грчкиот долг, нешто на кое грчката влада се надеваше по усвојување на нов пакет мерки кои...

Грција побарала заем од Светската банка

Грција побарала заем од Светската банка, пренесува американскиот интернет-магазин „Политико“. Сумата засега не е јавно позната, а како што пишува „Политико“, извор од банката изјавил дека грчката влада побарала финансиска помош за да се справи со проблеми како долгогодишната невработеност и потребата за економски развој и социјална заштита. Според „Политико“ и грчкиот весник „Катимерини“, грчката влада официјално не го потврдува барањето...

Грција прифати нов пакет мерки од меѓународните кредитори

Грција прифати нов пакет мерки кои ќе мора да ги имплементира од јануари 2019 година. Вчерашниот состанок на еврогрупата заврши без конкретен договор меѓу двете страни, но и без катастрофални последици за Грција. Европските министри за финансии ѝ дадоа дополнително време на Грција за завршување на втората фаза од проценката на завршените реформи, што ќе овозможи да се избегнат нови...

Кредиторската тројка си замина од Атина без договор со грчката влада

Претставниците на меѓународните кредитори (Меѓународниот монетарен фонд, Светска банка и Еврпската централна банка) заминаа од Атина без договор со грчката страна. Преговорите меѓу претставниците на тројката и грчката влада завршија рано утринава без успех и без заеднички договор, а ќе продолжат преку телефонска конференција која најверојатно ќе се одржи пред состанокот на Еврогрупата на 28 ноември. Клучните проблеми за кои не можеа да...

Грција чека зелено светло од Брисел за 7,5 милијарди евра

Сите погледи во Грција денеска се завртени кон состанокот на работната група на Еврогрупата, која треба да одлучи дали ќе се исплати првиот дел од новата европска рата за Грција. Работната група треба да пресече дали грчката влада ги има исполнето договорените обврски за да може во текот на јуни да ѝ бидат исплатени 7,5 милијарди евра неопходни за...

Ципрас: До 2017 година Грција ќе се врати на светските берзи

Грчкиот премиер Алексис Ципрас е оптимист дека грчката економија се враќа во живот по шест години меморандуми и штедење. Во интервју за весникот „Риал њуз“, Ципрас вели дека Грција за две години ќе го напушти и меморандумот за штедење. - Ако до 24 мај успееме во тоа кон кое целиме, ќе се вратиме на берзите во 2017 година. Можно е...

Грција во дипломатска офанзива пред состанокот со еврогрупата

Грција е во трка со времето да добие што поголема европска поддршка пред состанокот на еврогрупата на 9 мај. Грчката влада има шест дена за да се обиде да ја засили својата преговарачка позиција и да добие повеќе гласови и европски држави на своја страна и така да успее да избегне наметнување нов пакет мерки од страна на ММФ во висина...

Состанок на еврогрупата за грчките финансиски проблеми на 9 мај

Европските министри за финансии, на 9 мај ќе одлучуваат околу новиот грчки финансиски проблем. Претседателот на еврогрупата, Јерун Дајселблум, доцна ноќеска го извести грчкиот министер за финансии, Евклидис Цакалотос, дека европските министри за финансии ќе имаат состанок за Грција следниот понеделник. На овој состанок, кој првично требаше да се одржи вчера, ќе се разговара за новата затегнатост во преговорите меѓу...

Бриселско „охи“ за барањето на Ципрас за итен ЕУ-самит

Шефот на Европскиот совет, Доналд Туск, го одби барањето на грчкиот премиер Алексис Ципрас да се организира вонреден европски самит за разгледување на грчките проблеми во преговорите со кредиторите. Ципрас во телефонски разговор со Туск изразил незадоволство од сопките во преговорите и од инсистирањето на ММФ да се усвојат нови вонредни мерки од 3,6 милијарди евра, кои би се...

Дајселблум: Еврозоната и банките денеска се подобри отколку пред пет години

Шефот на Еврогрупата, Јерун Дајселблум, денеска изјави дека еврозоната и нејзните банки се во значително подобра состојба од пред пет години, ублажувајќи ја така загриженоста што ги вознемири глобалните пазари. - Верувам дека земјите во еврозоната, структурално гледано, се во далеку подобра состојба отколку пред пет години. Истото важи и за нашите банки - изјави Дајселблум пред почетокот на состанокот на министрите...

Грција очекува зелено светло за преодна помош од 7 милијарди евра

По усвојувањето на новиот пакет мерки, Грција од утре ќе очекува зелено светло за преодна програма од 7 милијарди евра, која ќе помогне за справување со итните финансиски проблеми. Преодната програма ќе дојде од Европскиот механизам за помош и ќе помогне државата да се врати на нозе додека се финализираат работите за новиот договор и пакет мерки. Помошта се очекува официјално да...

Јерун Дајселблум реизбран за претседател на Еврогрупата

Министерот за финансии на Холандија, Јерун Дејселблум, повторно е избран за претседател на Еврогрупата. Тој својот втор мандат го освои откако го победи шпанскиот колега Луис де Гиндос. Дејселблум на својот твитер-профил напиша: „Им се заблагодарувам на моите колеги за нивната поддршка и соработка и со нетрпение го очекувам мојот втор мандат како претседател на Еврогрупата.“ I thank my colleagues for...

Ципрас: Договорот е тежок, но избегнато е најлошото сценарио за Грција

Грчкиот премиер Алексис Ципрас се враќа во Грција со обврска до среда грчкиот парламент да изгласа цела листа услови и приоритетни акции кои се договорени на 17-часовните преговори за нова грчка помош во Брисел. Планот Б за грчко исклучување од еврозоната е избегнат, но за Грција да продолжи кон преговорите и исплаќањето на новата помош, како и враќање на довербата...

Дајселблум: До утре чекаме предлог од Грција

Европските министри за финансии до утре изутрина чекаат нов официјален грчки предлог во пишана форма. Првиот човек на Еврогрупата, Јерун Дајселблум, по завршувањето на денешниот речиси тричасовен состанок на министрите за финансии, најави дека утре ќе има нова телеконференција на Еврогрупата, на која ќе се разгледа грчкиот предлог. Потоа ќе биде потребен уште еден состанок на Еврогрупата за да...

Целосен грчки предлог, утре?

Грција, според неофицијални информации, денеска не поднела нови предлози до кредиторите. Грчките медиуми се повикуваат на владини извори и пренесуваат дека на преговарачката маса на Еврогрупата, Грција ги поднела предлозите на премиерот Алексис Ципрас од минатата недела, кои во тој момент воопшто не беа разгледани бидејќи министрите за финансии се изјаснија дека ќе чекаат исход од референдумот пред да...

Еврогрупата ќе го чека исходот од референдумот во Грција

Вториот критичен состанок на Еврогрупата заврши без конкретен резултат за Грција. Според првичните неофицијални информации, нема да има никаков одговор, ниту договор пред да го слушнат резултатот од референдумот во Грција. За кусо се очекуваат изјави од првиот човек на Еврогрупата, Јерун Дајселблум, а се очекува европските министри за финансии да испратат и писмо до грчката влада со нивните позиции...

Грците ќе може да вадат само 60 евра дневно, мерката нема да се однесува на туристите

Грчкиот финансиски систем од денеска е замрзнат. Во текот на денешниот ден банките и банкоматите ќе бидат целосно затворени. Банките ќе останат под клуч до вторник, а граѓаните ќе може да извлекуваат пари од утре само од банкоматите. Дневниот лимит на пари што може да се повлечат од банкоматите е само 60 евра. Грчката држава извести дека дневниот лимит на средства...

Еврогрупата нема да дозволи продолжување на финансирањето на Грција

Еврогрупата нема да ја продолжи финансиската програма за Грција. Првиот човек на Еврогрупата, Јирген Дајселблум, на прес-конференцијата по состанокот на европските министри за финансии, изрази голема разочараност од одлуката на грчката влада ги прекине ненадејно преговорите и да најави референдум, посочувајќи дека нема да го прифатат грчкото барање за продолжување на финансирањето додека не помине референдумот. Дајселблум посочи дека грчката...

Грција предложила реформи и мерки во висина од осум милијарди евра

Новата листа со грчки предлози детаљно ќе се дискутира утре во Брисел, на новиот итен состанок на Еврогрупата. Изменетата листа на грчката влада предлага мерки во висина од осум милијарди евра, кои во Брисел се сметаат за добра основа за разговор и влеваат надеж дека во следните денови, доколку се постигне компромис и се испеглаат сите прашања, може конечно да се...

Грција негира дека ќе оди на референдум за еврото

Контроверзниот министер за финансии на Грција, Јанис Варуфакис, на денешната прес-конференција по состанокот на Еврогрупата негираше дека рекол оти доколку земјите-членки на еврозоната не го прифатат грчкиот список на реформи, неговата влада ќе свика референдум за еврото. Оваа информација излезе во текот на минатата недела во интервју на Варуфакис за италијанскиот дневен весник „Кориере дела сера“. Варуфакис изјави дека весникот погрешно...

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...