fbpx
Таг: Евробаскет2015

таг: Евробаскет2015

Македонија загуби од Словенија и ги заврши настапите на „Евробаскет 2015“

Македонската кошаркарска репрезентација попладнево загуби од селекцијата на Словенија со резултат 62 - 51, во мечот од последното коло од групната фаза на Европското првенство, кое се игра во Хрватска, Германија, Летонија и во Франција. Со денешниот пораз, македонските кошаркари не ја искористија последната шанса за пласман во втората фаза и ги завршија своите настапи на 39. Европско првенство. Кошаркарите на...

„Евробаскет 2015“: Македонија загуби од Грузија со 15 поени разлика

Македонската кошаркарска репрезентација денеска загуби од тимот на Грузија со резултат 90 - 75, во мечот од претпоследното коло во групата Ц, на Европското првенство, кое се одржува во Хрватска, Германија, Летонија и во Франција. Ова е трет пораз за македонските кошаркари во групната фаза од првенството, со што во голема мера се намалија шансите за пласман на нашиот тим...

„Евробаскет 2015“: Македонија ја победи Холандија со 78 – 71

Во второто коло од натпреварите по групи, македонската кошаркарска репрезентација денеска ја совлада селекцијата на Холандија со резултат 78 - 71, со што ја забележа првата победа на Европското првенство, кое се игра во Хрватска, Германија, Летонија и во Франција. Македонските кошаркари имаа одлична реализација на шутевите за три поени, што, всушност, беше нашето главно оружје на натпреварот за кое...

„Евробаскет 2015“: Македонија загуби од Грција со 65 – 85

Кошаркарската репрезентација на Македонија загуби од селекцијата на Грција со резултат 65 - 85, во првиот натпревар од групната фаза на Европското првенство, кое се игра во Хрватска, Германија, Летонија и во Франција. Македонските кошаркари во поголемиот дел од натпреварот беа резултатски близу со противникот. Грците клучната разлика ја направија во последната четвртина, која ја добија со 15 - 26. Најефикасен...

Почнува „Евробаскет 2015“: Македонија денеска игра против Грција

Со почетокот на натпреварите во групната фаза, денеска почнува 39. Европско кошаркарско првенство „Евробаскет 2015“, на кое, првпат во неговата историја, домаќини се четири земји, односно Германија, Хрватска, Летонија и Франција. Репрезентацијата на Македонија, која игра во групата „Ц“, денеска од 18 часот го игра првиот натпревар против тимот на Грција. Покрај Македонија и Грција, во оваа група се уште и репрезентациите...

МКФ му даде отказ на селекторот Џикиќ

Четириесетина дена пред почетокот на Европското првенство во кошарка, Македонската кошаркарска федерација (МКФ) му врачи отказ на селекторот на репрезентацијата, Александар Џикиќ. „Македонската кошаркарска федерација со консензуална одлука на Комисијата за итност и со одобрување од телефонски консултираните членови на управниот одбор, го разреши од должност селекторот на сениорската репрезентација, Александар Џикиќ, поради нарушена соработка и недоверба во органите на Федерацијата,...

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...