fbpx
Таг: евроатлантски интеграции

таг: евроатлантски интеграции

Наративот кој има за цел да создаде анти-НАТО и анти-ЕУ расположение на Косово

Фотографија од филмот „Тврдина на војната“, во која може да се види мало девојче во близина на нејзината убиена мајка, е споделено во неколку објави на Фејсбук и Твитер, и истата се поврзува со бомбардирањето на НАТО во поранешна Југославија. Во објавите лажно се пишува дека фотографијата е направена за време на бомбардирањата на НАТО, пренесува „Вистиномер“.   Мисијата на Русија...

Димитров: Март е тест за геополитичките амбиции на новата Комисија и на самата ЕУ

За да може да се продолжи да се говори за европската перспектива на регионот, неопходно е постигнување на консензус за зелено светло за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија без одлагање, порача министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Солун, соопшти МНР. Тој на покана на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, учествува на конференцијата на...

ИРИ: Мнозинството од граѓаните повеќе се ориентирани кон Западот

Жителите на земјава, но и на Србија и на БиХ не се чуствуваат како да припаѓаат ниту на Истокот ниту на Западот, но сепак во голем дел ги преферираат западните сојузи, покажа новата анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ). Доколку утре се одржи референдум за членство во Европската Унија, мнозинството од граѓаните на Република Северна Македонија (69%) би гласале „за“,...

БЕСА на Африм Гаши: Ние ќе гласаме за уставните измени

Тројцата пратеници од БЕСА кои припаѓаат на делот што за претседател го признава Африм Гаши, а не Биљал Касами, ќе гласаат за уставните измени. Како што соопшти Гаши, тие се цврсто решени за евроинтеграциите и ќе ги поддржат измените на Уставот заради исполнување на обврските од Преспанскиот договор. Тоа е од висок интерес за Албанците, нагласи тој. „БЕСА со своите три...

Иванов: Пратениците не зедоа предвид дека народот не го прифати договорот од Преспа

Претседателот Ѓорге Иванов, денеска го прими заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Словенија, Миро Церар. Во однос на македонските евроатлантски интеграции, Иванов изразил надеж дека долгогодишната отворена и безрезервна поддршка од Словенија ќе продоложи и во иднина, со цел отварање на пристапните преговори со ЕУ и членство на Македонија во НАТО. „Во однос на политичките случувања во нашата...

Димитров – Бјорнстад: Норвешка двојно ќе ја зголеми финансиската помош за Македонија

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска имал средба со амбасадорот на Норвешка во земјава, Арне Санес Бјорнстад, во чиј фокус била норвешката поддршка за евроатлантската интеграција на Македонија, вклучително и проектната помош за подобрување на подготвеноста на Македонија за отпочнување на пристапните преговори со Европската Унија. Амбасадорот Бјорнстад ја повторил поддршката за евроатланската интеграција на Македонија и неопходните...

Орбан му соопштил на Мицкоски дека ги поддржува евроинтеграциите на Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, придружуван од потпретседателот на партијата, Александар Николоски, денеска во Будимпешта се сретна со унгарскиот премиер, Виктор Орбан. На средбата, досегашната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и унгарската владејачка партија ФИДЕЗ била оценета како одлична и од двете страни било констатирано дека истата треба да продолжи да се развива и во иднина. Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека Орбан изразил...

Столтенберг ќе се обрати пред македонските пратеници на 18 јануари

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој месецов доаѓа во посета на Македонија, на 18 јануари на пленарана седница ќе им се обрати на пратениците во македонското Собрание. Седницата, како што е наведено на официјалната веб-страницата на Собранието, е закажан за точно напладне и освен неа за овој ден не се закажани други седници на законодавниот дом. Инаку, посетата на Столтенберг...

Џафери – Баша: Опозицијата да учествува во градење на здраво демократско општество

Претседателот на Собранието, Талат Џафери се сретна со претседателот на најголемата опозициска партија во Албанија, Љуљзим Баша, и пратениците во нејзин состав. Баша нагласил дека Демократската партија на Албанија (ДПА) е силен поддржувач на Македонија во однос на евроатланските интеграции. Џафери истакнал дека „од особена важност е негувањето на добрососедските односи со пријателска Албанија, бидејќи двете земји споделуваат заеднички интереси“. „Што се...

Владата денеска ќе расправа за програмата за членство во НАТО

На денешната седница, Владата ќе расправа за неколку важни прашања, меѓу кои предничат информацијата за реконструкцијата на пругата Куманово – Бељаковце од железничкиот коридор 8, како и за проекти на ЕЛЕМ кои не се во рамките на основната дејност на државниот производител на струја. Од стратешките теми, на маса е и предлог-текстот на годишната Национална програма на Република Македонија за членство...

Мета: Изборот на Албанец за претседател на Собранието ќе го зајакне соживотот

Претседателот на Албанија, Илир Мета, на средбата со претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, истакнал дека го радува фактот што првпат претставник од албанската заедница во Република Македонија е претседател на Собранието и дека извршувањето на оваа висока и важна функција ќе биде само поттик за зајакнување на меѓуетничките односи и за соживотот во Република Македонија, соопштија од...

Османи утре во работна посета на Париз

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, утре ќе отпатува во работна посета на Париз, соопшти денеска неговиот кабинет. Османи утре во Париз ќе има средби со министерката за европски прашања при Министерството за надворешни и европски работи на Франција, Натали Лоазо, потоа со Емануел Ленан, советник во кабинетот на премиерот Едуард Филип, и со Сабине Тилае, претседател на комисијата...

Хан до Заев: Продолжете да работите демократски на започнатите реформи

Продолжете да работите демократски на започнатите реформи, тоа што ќе го постигнете е важно за перспективите на вашата држава и за целиот регион, порачал еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан на средбата со премиерот Зоран Заев, во рамките на 72. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк. Хан ги оценил иницијативите на Владата за добрососедство и регионална...

Џафери – Брглез: Словенија континуирано ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ и НАТО

Словенија континуирано ја поддржува Македонија во процесот на евроатлантските интеграции, бидејќи целосната интеграција на регионот придонесува за зајакнувањето на стабилноста, мирот и на просперитетот. Ова било истакнато на денешната средба меѓу претседателот на Собранието, Талат Џафери, и неговиот колега - претседателот на Државниот збор на Словенија, Милан Брглез, кој е во посета на земјава. Како што соопштија собраниските служби, за време...

Димитров во Лондон ќе се сретне со Данкан и со британските парламентарци

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ќе биде во прва работна посета на Велика Британија на 12 и 13 септември. Домаќин на Димитров во Лондон ќе биде британскиот државен министер за Европа, сер Алан Данкан. За време на посетата, Димитров ќе има билатерални средби со британските парламентарци, а ќе има одделна средба и со Комисијата за надворешни односи во Горниот дом на...

Џафери со европратеничката тројка: Политичкиот дијалог во Собранието мора да се унапредува

Претседателот на Собранието на Република Македонијa, Талат Џафери, денеска во Скопје имал средба со европратениците Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едвард Кукан, на која ги информирал за актуелната политичка состојба во земјава, активностите на Собранието и за реформските активности што ќе се преземат на планот на европската и на евроатлантската интеграција на Македонија. Џафери, како што соопштија од Собранието, укажал...

Заев – Радев: Македонија и Бугарија делат иста визија за регионот

„Република Македонија и Република Бугарија делат иста визија за регионот, интеграција во европските и во евроатлантските структури и среќен сум што постои свесност и одговорност од двете страни за постигнување напредок“, истакнал премиерот на Македонија, Зоран Заев, на средбата со бугарскиот претседател, Румен Радев, во Софија. Заев, како што соопшти неговиот кабинет, на средбата ја нагласил цврстата определба на Македонија, низ...

ЛДП: Честитки за Црна Гора, наредна земја во НАТО да биде Македонија

Либерално-демократската партија (ЛДП) го поздрави приемот на Република Црна Гора во НАТО, што, како што вели, ќе ја подобри стабилноста и безбедноста на регионот. Партијата изрази надеж дека наскоро ќе се случи истото и со Македонија и побара од новата власт сериозна работа на спроведувањето на реформите за евроатлантските вредности. „Претходната влада, на чело со Никола Груевски, не успеа да ги...

Италијанско МНР: Изборот на нова влада е од суштинско значење за Македонија

Италија со загриженост го следи продолжението и развојот на политичката криза во Македонија и ја осудува која било форма на насилство во институциите, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Италија, по повод насилствата во Собранието од 27 април. Од италијанското МНР повикуваат дијалогот помеѓу политичките сили во земјата да се одвива во Собранието и во форми...

Амбасада на САД: Го следиме процесот на формирање и ќе работиме со идната влада

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија го набљудува процесот на формирање на нова влада и очекува, откако ќе биде формирана, да соработува со неа, во контекст на напредокот на земјата во евроатлантските интеграции, велат од Амбасадата. „Очекуваме да работиме со македонската влада, кога ќе се формира, за напредување во евроатланската интеграција преку спроведување на реформите предвидени со Договорот од Пржино,...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...