fbpx
Таг: евра

таг: евра

Народна банка: Штедењето во денари на долг рок е најисплатливо

Штедењето во денари на долг рок е најисплатливо, затоа што овие депозити нудат највисока каматна стапка, пишува на страницата на „Фејсбук“ на Народна банка. - Така, според последните расположливи податоци со март 2016 година просечната каматна стапка на долгорочните денарски депозити на населението (над 2 години без валутна клаузула) изнесува 3,7 проценти, додека каматната стапка на краткорочните депозити во евра...

Одржување на ниска и стабилна инфлација една од целите на Народна банка

Oдржување ниска и стабилна инфлација преку одржување на стабилен курс на денарот во однос на еврото, одржувањето на финансиската стабилност како составен елемент на макроекономската стабилност и предуслов за остварување економски раст и просперитет, ќе бидат главните активностите на Народната банка, информираат од таму. - Стратегискиот план за 2017 - 2019 година претставува продолжение на претходно утврдените стратегиски цели во спроведувањето...

Граѓаните изгубиле 4 милиони евра поради повлекување на денарските заштеди

Граѓаните изгубиле околу 4 милиони евра поради тоа што предвреме ги повлекле орочените денарски заштеди во април, проценуваат од Народна банка. -Повеќе од 217 милиони денари достигнуваат губитоците на економските субјекти врз основа на неостварени камати заради предвремено повлекување на орочените денарски заштеди во април годинава. Граѓаните ќе бележат и трошок врз основа на курсни разлики, кога повторно ќе ги...

Груевски: СДСМ лаже, едиствениот приход ми е од платата

Со сета морална и материјална одговорност тврдам дека единствениот приход кој го имам изминативе години е приходот од платата која што ја добивам. Единствениот начин на кој што заработувам е преку платата која што ја добивав. Не постојат никакви екстра приходи, сомнителни трансакции или приливи какви што сака да измисли СДСМ, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ испратено во име...

Шилегов: Груевски со плата од 1.400 евра за една година „заштедил“ 120.000 евра

Аболицираниот Никола Груевски тргал на страна секој месец по 10.000 евра или за една година официјално станал побогат за 118.629 евра, соопшти денеска на прес-конференција портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Тој ги покажа анкетните листови на Груевски за 2014 и 2015 година, кои доскорешниот директор на Државната комисија за спречување на корупција не сакаше да им ги покаже на новинарите,...

„Мериот“ ги отвори вратите за првите гости

Хотелот „Мериот“, на скопскиот плоштад, денеска ги отвори вратите за првите гости. Објектот се градеше шест години, а инвестицијата чини околу 30 милиони евра. - Во хотелот вложивме многу труд, љубов и финансии. Овој објект го градеа компании од Македонија, а техничка поддршка имавме од брендот „Мериот“. Преку него влеговме во хотелската мапа на светот - изјави инвеститорот Александар Ивановски, сопственик на...

Брисел: Граничните контроли би чинеле 18 милијарди евра

Европската комисија денеска процени дека повторното воведување на гранични контроли во регионот на Европа во кој се патува без пасош, годишно би ја чинело Унијата околу 18 милијарди евра. Некои членки на Унијата, вклучувајќи ја и Германија, привремено ги зајакнаа граничните контроли поради бранот бегалци. Брисел денеска објави дека директниот трошок за трајна контрола на границите би чинел меѓу 5 милијарди и...

Зголемена побарувачката на евра во менувачниците

Поголема побарувачка на евра има во скопските менувачници, дознава „Мeта“ од разговорите со вработените во неколку поголеми менувачници. Оттаму велат дека интересот за купување на еврото е поголем, отколку за негова продажба. - Последните десет дена има зголемена побарувачка на евра. Јас продавам најмногу до 1.000 евра бидејќи над таа сума ќе останам без евра – ни рече вработена во менувачница. И во...

Украдени 9.900 евра од куќа во Челопек

Непознат сторител, во периодот од 21 јануари до 26 март годинава ограбил куќа во тетовското село Челопек, соопшти денеска полицијата. Крадецот насилно го отворил прозорецот од куќата, која е во сопственост на Е.Б.(49) и извршил тешка кражба при што одзел сума на пари од околу 9.900 евра. МВР презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Стружанка плаќала со фалсификувани евра

Шеесет и тригодишна жена од Струга заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнеж за сторено кривично дело фалсификување пари. На 11 јануари оваа година, во струшката филијала на „Прокредит банка“ – АД Скопје, пријавената, при уплата на парични средства на штедната сметка, пуштила во оптек фалсификувана банкнота во апоен од 200 евра.

Европската комисија сака да ја повлече од оптек банкнотата од 500 евра

Европската комисија работи на тоа од употреба да се исфрли банкнотата од 500 евра, а со тоа би можела да се согласи и Европската централна банка (ЕЦБ), пишува „Фајненшал тајмс“. Станува збор за банкнота за која многу од жителите на еврозната велат дека не постои затоа што никогаш не ја виделе. Таа се појави по примерот на банкнота со слична вредност...

Најголем број фалсификувани евро-банкноти имало лани

Стопанствениците и полицијата никогаш не повлекле толку лажни банкноти евра од промет како минатата година. Фалсификаторите на пари, минатата година ги собориле сите рекорди. Уште од воведувањето на европската валтуа во 2002 година, не се повлечени толку лажни валути од промет како минатата година. Европската централна банка изброила дури 899.000 лажни банкноти, од кои 11 проценти, односно 95.357 парчиња, биле откриени...

Петмина мигранти од Мароко ограбени кај Демир Капија

Петмина илегални мигранти завчера, во два одделни случаи, биле ограбени од вооружени разбојници во близина на Демир Капија, информира МВР. Според полицијата, во средата, околу 13.30, три непознати лица, со закана со пиштол, извршиле разбојништво над двајца државјани од Мароко и им одзеле 1.750 евра и мобилен телефон. Неколку часа подоцна, односно околу 20 часот, исто така во близина на Демир...

Сопственичка на фирма од Виница осомничена за фалсификување пари

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднела кривична пријава против З.А. (36), која се товари за фалсификување пари, соопшти полицијата. Осомничената, според полицијата, откако набавила една фалсификувана банкнота од 100 евра, на 30 октомври оваа година ја пуштила во оптек, односно при набавка на цигари за нејзината фирма во Виница на дистрибутерот му платила со лажната банкнота.

Пуштена во оптек нова банкнота од 20 евра

Европската централна банка ја пушти во промет новата банкнота од 20 евра со унапредени безбедносни карактеристики за спречување фалсификување. Новите книжни пари се испечатени во износ од 4,3 милијради евра и постепено ќе ги заменуваат банкнотите од 20 евра од првата серија, кои, исто така, ќе останат во употреба. По банкнотите од пет евра во мај 2013 година и тие од 10 евра во...

Во Куманово пронајдени фалсификувани евра и денари

Кумановската полиција, по добиени информации, во средата оваа недела, во два одделни случаи пронашла фалсификувани евра и денари, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Како што информираат оттаму, во првиот случај, по издадена наредба од Основниот суд Куманово, полициски екипи извршиле претрес во домот на Б.Џ.(29) во селото Опае, Липковско, каде пронашле и одзеле 10 банкноти во апоени од 50...

ЕК: Потребни се уште 330 милиони евра за справување со бегалската криза

Европските земји треба да обезбедат дополнителни 330,7 милиони евра во буџетот на ЕУ за да се исполни ветеното од договорот за бегалската криза, соопшти денеска Европската комисија. Комисија денеска предложи измени и дополнувања на буџетот за финансирање на овие мерки, но националните придонеси во европската каса се чест извор на несогласувања меѓу Брисел и членки на Унија. - Ќе продолжиме да...

Вооружени напаѓачи од тетовец украле чанта со 23.000 евра

Четириесет и двегодишен жител на тетовското село Добарце вчеравечер во полиција пријавил дека двајца вооружени напаѓачи му украле чанта во која имало 23.000 евра, информира полицијата. Разбојништвото се случило околу 21 часот, пред угостителски објект во селото Непроштено. Според пријавата, Ш.И. (42) и неговиот пријател О.М. (23) од Џепчиште, во тоа време со автомобил, марка „фолксваген пасат“, со германски регистарски...

На Ќафасан спречен шверц на 105.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Ќафасан спречија обид за нелегално изнесување голема сума девизи од земјава. Пронајдени се кај 38-годишен македонски државјанин, при негов излез од државата. На прашање на царинскиот службеник, лицето изјавило дека нема ништо да пријави за царинска контрола, но дека со себе носи околу 2.000 евра. Поради сомневање во изјавата, било пристапено кон детален преглед на возилото и...

Грција бара милијарда евра од ЕК за бегалската криза

Грција ќе поднесе итно барање за повеќе средства од Европската комисија за справување со бегалската криза на источните егејски острови, пишува денеска „Кaтимерини“, наведувајќи дека владата побарала само мал дел од неопходните средства за справување со ситуацијата, кои, според процените, би требало да изнесуваат околу една милијарда евра. Според извори на весникот, грчката полиција денеска ќе побара шест милиони евра од...

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...