fbpx
Таг: евн

таг: евн

Евтина струја од 1 декември и преку ден, периодов ќе се средуваат броилата

Евтината дневна струја ќе биде достапна од 1 декември годинава за околу 200.000 домаќинства што имаат смарт броила. За останатите потрошувачи, оваа поволност ќе се вклучува постапно во текот на декември, заедно со читањето на струјомерите, информираа денеска од Електродиструбиција, фирма-ќерка на ЕВН. Воедно, тие апелираат да им се овозможи пристап до броилата од страна на потрошувачите, за да се...

Не е вистина дека на жителите на Слупчане им се простени долговите за струја

Оваа објава на Фејсбук шири невистини дека на жителите на Слупчане им се простени долговите за електрична енергија и дека 10 години нема да плаќаат струја. Напротив, тие треба да си ги платат сите долгови и ќе плаќаат за електрична енергија онолку колку што ќе потрошат. Како што изјави за медиумите претседателот на Советот на Општина Липково, со ЕВН...

Бектеши: Проблемот со струјата во Слупчане ќе биде решен, сите граѓани мора да плаќаат

Проблемот со снабдување со електрична енергија во селото Слупчане денеска ќе биде решен, изјави министерот за економија Крешник Бектеши, откако поради неовластено користење на струјата од мештаните, настана дефект на преносната мрежа на струја во неколку села во липковско. „Сите граѓани мора да плаќаат за потрошената струја, а Министерството за економија ќе помогне во секоја ситуација каде што има потреба,...

По Грчец, и дел од Сарај остана без струја – ЕВН е на терен со полициска придружба

Противзаконските манипулации во мрежата направени од засега непознати лица од селото Грчец, предизвикаа хаварија во дистрибутивниот систем поради што без снабдување со електрична енергија денес останаа и корисниците на дел на територија на Сарај, информираа денеска од ЕВН. „По сериозниот дефект кој настана четвртокот наутро како последица на нелегално и неконтролирано контуинирано користење на електрична енергија од жителите на Грчец,...

Повторно вклучена струјата во МЖ Транспорт, Владата ќе го спаси и Клинички од исклучување

По неколку часа откако ЕВН ја исклучи струјата во „Железници Транспорт“ поради долг од 6,5 милиони евра, премиерот Димитар Ковачевски кажа дека струјата во оваа институција е повторно вклучена. Тој најави дека ќе се реши проблемот и со другите државни институции коишто со години натрупувале големи долгови за потрошената електрична енергија, како што е Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, чиј долг...

„Железници – транспорт“ остана без струја поради неплатен долг од 6,5 милиони евра

Поради неплатен долг од 6,5 милиони евра, ЕВН утринава ја исклучи струјата во „Железници – транспорт“. Од МЖ Транспорт најавуваат дека ќе има и прекин на сообраќајот откако ќе биде потрошена нафтата во возовите, а појаснуваат и дека без објектите каде е исклучена струјата претпријатието не може да функционира, бидејќи тука се снабдуваат возовите со нафта, а пумпата работи на...

Не е вистина дека за струја се плаќа двапати за ,,преклопени датуми” на сметките

Од ЕВН објаснуваат дека датумите на предната страна на фактурата се датуми на отчитувачката недела на корисникот, односно покажуваат во која група на отчитувачки период припаѓа корисникот. Датумите за реалното фактурирање на потрошувачката се наоѓаат на задната страница на фактурата. Оттаму велат дека  реално отчитаните датуми никогаш не се поклопуваат со отчитаните во претходниот месец и нема двојна наплата...

Неточно е дека жител на Кочани за струја треба да плати над 450 илјади денари

Вистиномер за овој случај се обрати до ЕВН, од каде појаснија дека корисникот реагирал по добиената нелогична сметка, по што му била пратена коригирана сметка откако било прочитано броилото. Новата сметка која што беше доставена до Вистиномер од страна на ЕВН, изнесува 2,036 денари, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензизраме пост објавен на социјалната мрежа...

Скопје денес: Откорнати покриви, поплавени објекти, оштетени автомобили – УХМР предупреди за ново невреме

Две лица се повредени, повеќе покриви на згради и куќи се откорнати и оштетени, голем број објекти, улици подвозници беа поплавени, стотици дрвја се откорнати и скршени. Ова е билансот од вчерашното невреме кое го зафати главниот град Скопје во попладневните часови со силен ветер, обилен дожд, град и грмотевици. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) објавија метеоаларм со...

Порталб: „Изложба“ со сметки за струја во Тетово, демонстрантите: Ова се криминалите и кражбите на ЕВН

Вчера во Тетово иницијативата „Доста“ реализираше изложба на фотографии со сметки за електрична енергија. Откако иницијативата организираше различен тип протести, според организаторот Кренар Османи, настанот е уметнички начин да ѝ се каже „Доста“ на ЕВН. Во меѓувреме, оваа иницијатива е прикрај со нацрт-законот во кој се предвидени сите нивни барања, додека за Порталб.мк, пратениците на албанските партии рекоа дека...

Булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“ со исклучени семафори и еден месец по отворањето

На една од раскрсниците на новиот булевар „Христијан Тодоровски - Карпош“ во скопската населба Бутел, и еден месец по пуштањето во сообраќај, семафорите воопшто не функционираат. Ова претставува опасност и за возачите, и за пешаците, кои го користат овој пат во северниот дел од Скопје, пишува „Порталб.мк“. Иако булеварот „Христијан Тодоровски - Карпош“ беше пуштен во употреба пред 1 месец,...

ЕВН: Од 15 aприл броилата се отчитуваат и корисниците добиваат порамнети и коригирани сметки

ЕВН Македонија ги почитуваше препораките на Регулаторната комисија за енергетика и здравствените власти, за да се спречи ширењето на корона вирусот, според кои, во периодот од 15 март до 15 април годинава отчитувањата не се реализираа, информираат од компанијата. „Околу 200.000 броила се наоѓаат во домовите на корисниците и во време на пандемија отчитувањето не е препорачливо. Затоа за сите...

Компанијата ЕВН Македонија избрана за Универзален снабдувач со електрична енергија

Конзорциумот составен од ЕВН Македонија и ЕВН електроснабдување е избран за најдобар понудувач на електронската аукција за јавно поддавање за избор за универзален снабдувач со електрична енергија што се одржа утрово. На аукцијата учествуваше и ЕЛЕМ трејд ДООЕЛ Скопје. Претседателот на Комисијата за спроведување на постапката за избор на универзален снабдувач, академик Глигор Каневче, информираше дека ЕВН понудиле најниска маржа, односно...

Заев: Постои волја да избришеме долгови за струја од 110 милиони евра на 200.000 граѓани

Премиерот Зоран Заев на трибината „Силна економија - шанса за сите“ во Охрид соопшти дека, Владата има прогрес во преговорите со компаниите ЕВН и ЕЛЕМ за бришење на долгови за струја настанати до 2006 година, за 200.000 граѓани и семејства кои се заглавени во лавиринт со проблеми од извршители и блокирани сметки. „Кога правно формално ќе го потпишеме договорот, јавно...

За универзален снабдувач со струја конкурираа ЕВН и ЕЛЕМ

Австриската ЕВН, преку две свои компании - ЕВН Македонија АД Скопје и ЕВН Електро снабдување - како и ЕЛЕМ, преку компанијата ЕЛЕМ Трејд ДООЕЛ, се двата правни субјекта кои конкурираат за Универзален снабдувач со електрична енергија, стана јасно на денешното отворање на понудите во Владата. Комисијата со која претседава академик, проф д-р Глигор Каневче, констатираше дека двете понуди се...

Десет студенти ќе имаат можност да учат од директорите на пет големи компании

Десет студенти ќе имаат можност да учат од извршните директори на пет компании членки на Советот на странски инвеститори, во периодот од април до август оваа година, информираше денеска претседателот на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, Штефан Петер. Тој рече дека ова е доста уникатна и привелигирана програма за студентите. - Студентите, постдипломците ќе можат да видат...

Екипите на „ЕВН Македонија“ ги санираат дефектите во дистрибутивната мрежа

Големо невреме проследено со обилни врнежи од дожд и снег предизвика прекини во снабдувањето со електрична енергија во Југозападниот дел на Македонија. Без струја се дел од населените места во планинските региони околу Охрид, Струга, Гостивар, Кичево, Тетово, Маврово и Реканскиот крај. „Екипите на ЕВН Македонија во текот на вчерашниот ден ги санираа дефектите во повеќе населени места, освен онаму каде...

Утре делови од Ѓорче Петров, Карпош и Центар ќе бидат без струја

Дел од жителите на Ѓорче Петров, Карпош и Центар утре по неколку часа ќе бидат без електрична енергија поради поради закажани технички зафати на ЕВН Македонија во дистрибутивната електро мрежа. Од 09:00 до 10:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Црногорска“, „Кузман Шапкарев“, „Гостиварска“ и „Беаз Куле“ во Ѓорче Петров. Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците...

ЕВН заврши со имплементација на дневната евтина тарифа за сите достапни броила

ЕВН го спроведе планот за прилагодување на броилата, односно заврши со имплементација на дневната евтина тарифа за сите достапни броила. „Согласно планот, прилагодувањето на броилата се спроведуваше во период од четири отчитувачки недели, почнувајќи од 25 септември до 24 октомври. На екранот на секое прилагодено броило се покажува Т2-индикатор во периодот од 14 до 16 часот секој работен ден и...

ЕЛЕМ ќе купува струја за грејната сезона

ЕЛЕМ денеска ќе распише повик, а на 10 октомври ќе биде одржана аукција за купување на 29,7 гигават-часови електрична енергија. „Електричната енергија што е планирана да се купи во октомври е наменета за ноември, кога ќе биде зголемена побарувачката поради грејната сезона. Производството на ЕЛЕМ во тој период ќе биде недоволно поради тоа што еден блок на РЕК Битола сè уште ќе биде...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...