fbpx
Таг: Еурокомпозит

таг: Еурокомпозит

Вработените во „Еурокомпозит“ бараат помош од Владата за да преживеат

Половина од шеесетмината вработени во прилепскиот загубар „Еурокомпозит“ вчера повторно се собраа пред фабриката да побараат одговор од директорот Милан Тоцев, зошто не биле дел од владините мерки за помош на граѓаните кои трпат големи штети во време на пандемија. „Бараме оставка од директорот Тоцев. Тој денеска повторно изјави дека ќе прател писмо до Владата за да ни биде исплатена...

Над 60 вработени од „Еурокомпозит“ на принуден одмор, фабриката без струја

Над 60 вработени во прилепската фабрика за наменско производство „Еурокомпозит“ се упатени на принуден одмор со плата од 70 отсто, а фабриката речиси 3 недели е без струја, поради неплатени сметки. Вработените се револтирани, зашто немаат здравствено осигурување, платите не им се исплатени за цела 2019 и дел од 2018 година. Тие бараат средба со вицепремиерката Мила Царовска, со...

Поранешни вработени на „Еурокомпозит“ го блокираа центарот на Прилеп

Дваесетина поранешни вработени во прилепскиот загубар „Еурокомпозит“, кои што од неодамна се прогласени за технолошки вишок, денеска на пладне протестираа на главната крстосница во центарот на Прилеп, во знак на револт, поради неисплатената отпремнина, заостанати плати и придонеси. „Упатуваме уште едно барање до Владата, да се одважи и да донесе Закон за претворање на побарувањата по основ на јавни давачки...

Прилепскиот загубар „Еуроинвест“ ќе прогласи технолошки вишок

Прилепскиот загубар „Еурокомпозит“ до крјаот на овој месец ќе ја објави листата на вработени кои што ќе бидат прогласени за технолошки вишок. Според вицепремиерот за економија, Кочо Анѓушев ова е една од мерките за консолидација на овој прилепски загубар со околу 260 вработени, кои што со децении живеат во агонија за својата работна судбина. „Оваа компанијата се соочува со сериозни...

Бошњаковски: Сите вработени во „Еурокомпозит“ в понеделник ќе добијат плата

Доцна синоќа владата постигна договор со вработените од Еурокомпозит, при што е договорено во понеделник линеарно на сите вработени да им се исплати платата, информира денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски. - Вработените презедоа обврска да ја завршат работата, а постигнат е и договор да се смени менаџерскиот тим. Вработените на „Еурокомпозит“, кои вчера протестираа пред владата и во Прилеп -...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Анѓушев ги лажат 1.700-те вработени во „Фени“, „Колска“ и „Еурокомпозит“

СДСМ си поигрува со судбините на над 1.700 вработени од фабриките „Фени Индустри“, „Колска“ и „Еурокомпозит“ и од доаѓањето  на власт па се до денес ги лаже вработените во овие три фирми, обвини Дарко Костовски на прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Според Костовски, премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев во два наврати од септември досега ги уверувале вработените во...

Владата ќе го решава статусот на „Еурокомпозит“

Премиерот Зоран Заев денеска се сретнал со синдикални претставници на фирмата „Еурокомпозит“, со кои разговарал за решавање на проблемите на 240 вработени. На средбата, Заев ги информирал синдикалните претставници дека следната недела на владина седница ќе се донесе одлука за обезбедување средства за една плата на вработените во „Еурокомпозит“. - Се разгледува можноста за решавање на егзистенцијалното прашање на вработените, кои...

Протест на вработените од „Еурокомпозит“

Пред зградата на Општина Прилеп, денеска протестираа вработените во прилепскиот загубар „11.Октомври-Еурокомпозит“, барајќи ги своите плати и придонеси. Најголемиот дел од вработените имаат повеќе од 30 години работен стаж и тврдат дека решението на проблемот лежи кај Владата. Вработените велат дека утрово не им било дозволено да влезат во фабриката.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...