!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Горивата поевтинуваат ноќеска на полноќ


Скопје, 15 мај, 2017 - 12:40 (META) 

Цената на бензинот се намалаува за три денари, а дизел-горивото поевтинува за два денари, одлучи Регулаторна комисија за енергетика.

Цената на „еуросупер БС-95“ и на „еуросупер БС-98“ се намалува за три денари, и еден литар од овие горива ќе чини 63, односно 65 денари.

Цената на горивото „еуродизел“ се намалува за два денари и еден литар ќе чини 49 денари.


Горивата поевтинуваат ноќеска на полноќ


Скопје, 2 мај, 2017 - 13:45 (META) 

Бензините и дизел-горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден и пол денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата малопродажна цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 66 денари, на „еуросупер БС-98“ е 68 денари, а на „еуродизел“ – 51 денар.

Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 4,86 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,035 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.


Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ


Скопје, 18 април, 2017 - 12:45 (META) 

Бензинот од ноќеска на полноќ поскапува за 2,5 денари, а дизел-горивото за два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 67,5 денари за еден литар, литар „еурoсупер БС 98“ ќе се продава за 69,5 денари, а литар „еуродизел“ за 52,5 денари.

РКЕ ја утврди новата цена на горивата врз основа на движењето на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и курсот на доларот во однос на денарот.


Минимално намалување на цената на „еуросупер БС-98“


Скопје, 19 септември, 2016 - 12:43 (META) 

Малопродажните цени на „еуросупер БС-95“ и на „еуродизел“ ќе останат на исто ниво, одлучи Регулаторна комисија за енергетика.

„Еуросупер БС-95“ ќе продолжува да се продава по цена од 62 денари за еден литар, додека малопродажната цена на „еуродизел“ изнесува 48 денари за литар.

Малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ се намалува за 0,5 денари за еден литар и од вечерва тој ќе чини 63,5 денари.

 

 


Бензинот поевтинува за половина денар


Скопје, 27 јуни, 2016 - 14:13 (META) 

Бензинот и дизел-горивата поевтинуваат за половина денар по литар, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Од полноќ, малопродажната цена на „еуросуперот БС-95“ ќе изнесува 63 денари за еден литар, на „еуросуперот БС-98“ 64,50 денари за литар, а еден литар „еуродизелот“ ќе чини 49,50 денари.