fbpx
Таг: ЕУ интеграција

таг: ЕУ интеграција

Пендаровски на Минхенската безбедносна конференција: ЕУ во Западен Балкан со години не е „прашање на денот“

Претседателот на Северна Македониија, Стево Пендаровски, во рамки на 60. Минхенска безбедносна конференција вчера говореше на панел-дискусијата „Фокус на Балканот“, на која учествуваа и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, премиерот на Република Албанија, Еди Рама и американската сенаторка Џејн Шахин, член на Комитетот за меѓународни односи на Сенатот на САД. На настанот се дискутирало за перспективите за интеграција на...

Контраспин: Спорот помеѓу Словенија и Хрватска нема врска со проблемите меѓу Бугарија и С. Македонија

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски ја извртува вистината т.е. спинува кога вели дека неговата партија може да понуди европски модел за решение на проблемите помеѓу Скопје и Софија по примерот на спорот помеѓу Словенија и Хрватска, кој бил разрешен со помош на Брисел. Едниот тип проблеми, оние помеѓу Скопје и Софија воопшто немаат допирни точки со другиот тип проблеми...

Маричиќ: Моќта на трансформирањето на општествата е главната мека моќ на ЕУ

Проширувањето е една од најмоќните политички алатки на Европската унија за постигнување мир и просперитет, слобода и демократија. Затоа ЕУ е токму тоа – заедница на суверени држави поврзани за просперитет и во слобода и демократија, кажа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во обраќањето на Меѓународната конференција „Водици-Охрид 2024“. Зборувајќи на темата, „Промоција на мерките на „мека моќ“ (soft...

Ковачевски со новогодишна честитка: Заедно ќе работиме на исполнување на европската агенда

Премиерот Димитар Ковачевски на сите граѓани им ја честита Новата 2024 година, посакувајќи им многу здравје, среќа и успех во новата година. „Во новата година влегуваме со нови можности и нови планови за уште поголеми достигнувања. Граѓаните се пред сè и над сè! И во новата година ќе продолжиме да работиме напорно... Нема да дозволиме никој да биде оставен сам...

ЕУ не ги негира македонскиот народ, историја и државност

Фактите говорат дека ЕУ на ниеден начин не ги спори, македонскиот јазик, идентитет, државност. Причината поради која Украина и Молдавија ги почнаа преговорите за членство во ЕУ пред Северна Македонија, не се поврзани со тоа што ЕУ ја спори македонската нација, јазик, историја или државност, туку затоа што никој не стави вето на почетокот на преговорите. За разлика од...

Дебата на ИДУЕП: Младите се веќе во ЕУ, властите да најдат начини да ги вклучат во ЕУ интеграцијата

Потребна е вистинска и поголема вклученост на младите во процесите на одлучување на сите нивоа на власта, како и во креирање на јавни политики, особено како дел од процесот на пристапување кон ЕУ. Ова беа заклучоците од втората дебата на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) насловена „Младите се во ЕУ“ како дел од иницијативата „Македонскиот евроинтеграциски...

Шарл Мишел: Украина би можела да стане членка на ЕУ до 2030 година

Украина би можела да стане членка на ЕУ во 2030 година, ако сите услови за тоа бидат исполнети, порача претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел во интервју за германски „Шпигел“. „Украина може да стане членка на ЕУ во 2030 година, ако двете страни си ја сработат домашната задача“, вели Мишел, одговарајќи на прашањето дали мислел и на Украина кога повика...

Контраспин: Премиерот извртува првични оценки на EУ за измените на КЗ

ЕУ бара „сеопфатна“, а не „некаква“ комуникација и „конзистентна примена“ на европското знаменце. Тоа беше поентата на првичната реакција на ЕУ преку портпаролката на ЕК, Ана Писонеро, а не она што го тврди премиерот Димитар Ковачевски со што практично спинува делови од ставот на ЕУ, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Претседателот на Владата на РСМ...

Адеми: Регионалната соработка не може да ја замени интеграцијата во ЕУ

Иако инклузивната регионална соработка е важна на нашиот пат кон членство во ЕУ и е во насока на градење на меѓусебни односи, базирани на толку посакуваните европски вредности, таа не може да го замени нашето зачленување во европското семејство, порача претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Арбер Адеми на регионалниот настан „Унапредување на Берлинскиот процес преку парламентарна дипломатија“. На...

Тренчевска: Интегрирањето на родовата перспектива е обврска за пристапување во ЕУ

Интегрирањето на родовата перспектива е наша обврска во процесот на пристапување во ЕУ и во сродните реформски процеси затоа посветуваме особено внимание од сите аспекти. Ова се рефлектира и во Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027 која ја усвои Собранието, како и во Националниот акциски план за родова еднаквост 2022-2024 година, истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска...

Mанипулaција со изјавата на Рама – Бугарија нема да ја нападне Северна Македонија

Објавата со неодредениот текстуален дел и со фотографиите намерно манипулира со изјавата на албанскиот премиер Еди Рама, со цел да се претстави некаква воена закана од Бугарија кон Северна Македонија. Рама не предвидел дека такво нешто ќе се случи, туку употребил иронична шега со цел да ја спореди интеграцијата кон ЕУ на Западен Балкан и на Украина која е...

Контраспин: Ковачевски не може да знае дали ќе влеземе во ЕУ до 2030 г., па уште и први од Балканот

Недостасуваат повеќе елементи во равенката членство во ЕУ до 2030 година за да може некој да тврди дека ќе влеземе во ЕУ во 2030 година и тоа први на Балканот, само ако го смениме Уставот. Освен тоа, нема докази дека во моментов сме најдобри на Западен Балкан во однос на евроинтегративните процеси, без оглед што некои наши соседи во...

Ковачевски-Жоли: Силна поддршка од Канада за евроинтеграцискиот процес

Во рамките на првата посета на канадски министер за надворешни работи на земјава, Мелани Жоли се сретнала со премиерот Димитар Ковачевски и со министерката за одбрана, Славјанка Петровска, соопшти владината служба. На средбата, премиерот Ковачевски се заблагодарил за континуираната цврста поддршка од Канада за реформските процеси, со цел да се обезбеди напредок на нашата држава на планот на евроинтеграциите. Ковачевски...

Словенечката претседателка: Треба да имате политичка мудрост и да го промените Уставот

Претседателката на Словенија, Наташа Пирц-Мусар, на заедничката прес-конференција со својот домаќин, македонскиот претседател Стево Пендаровски, порача дека треба да се има политичка мудрост и да се направи измена на Уставот. Таа нагласи оти ѝ е јасно дека тоа не е лесно, оти и во Словенија се случувало нешто слично. „Верувајте ми дека како човек кој го познава обемот на приближувањето...

Ковaчевски се сретна со новиот дирeктор на ЕК за соседство и преговори за проширување

Европската Унија очекува брз развој на регионот и силно ја поддржува Република Северна Македонија во следниот чекор на евроинтеграциите. Таква порака, како што соопшти македонската влада, упатиле Герт Јан Купман, новиот генерален директор за соседство и преговори за проширување од Европската комисија (ЕК) и со Микела Матуела, вршителка на должност директорка за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и...

Ковачевски со германскиот владин претставник разговарал за уставните измени

Премиерот Димитар Ковачевски денеска се сретнал со специјалниот претставник на Сојузната Влада на Германија за земјите од Западен Балкан, Мануел Сарацин, кој е во работна посета на земјава, како и со германската амбасадорка, Петра Дрекслер. На средбата се разговарало за актуелните политички случувања во земјава и за евроинтеграциските процеси и предизвици. Тема на средбата бил и претстојниот процес на носење...

Контраспин: Николоски нуди граѓаните да оладат од ЕУ додека ВМРО-ДПМНЕ не ја среди државата

Николоски и ВМРО-ДПМНЕ се за евроинтеграции, преговарачкиот процес ќе продолжел и без уставни измени, само најпрво новата власт за 6 месеци до една година да ја среди земјата. После тоа Бугарија ќе имала сериозен притисок да се откаже од мегаломанските барања од страна на ЕУ, која покрај притисокот врз Софија би изразила волја за нови преговори/разговори за измена на...

Пендаровски: Членството во ЕУ до 2030 година е можно

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на амбасадорска тркалезна маса насловена „Западниот Балкан помеѓу Западот и Истокот: Северна Македонија – членка на ЕУ до 2030 година?“ во организација на Советот на амбасадори. Осврнувајќи се на главната тема на тркалезната маса, претседателот Пендаровски истакна дека членството во ЕУ до 2030 година е можно, но за тоа, според него е потребно одржување...

Косово денеска официјално ќе поднесе апликација за членство во ЕУ, на северот веќе шести ден стојат барикадите

Се очекува денеска премиерот на Косово, Албин Курти, официјално да ја поднесе апликацијата на Косово за членство во Европската Унија (ЕУ). Апликацијата ќе биде поднесена до Чешкото претседателство со Советот на ЕУ во Прага, пренесе приштинскиот медиум Коха. Косовскиот премиер во Владата на Чешката Република ќе биде примен од министерот за европски прашања Микулас Бек, а по средбите ќе има...

Германија ѝ порача на Србија: Треба да изберете меѓу ЕУ и Русија

Србија мора да се реши дали сака да влезе во ЕУ или сака да влезе во партнерство со Русија, порача Германија вчера, на само два дена пред шесте земји од Западен Балкан да се соберат на самит во Берлин за договарање поблиска соработка, јави Ројтерс. „Потребата од донесување одлука излегува на површина, во светлината на геополитичките случувања. Спогодбата меѓу Србија...

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...