fbpx
Таг: ескалација

таг: ескалација

Ќе има ли последици за Србија по прославата на денот на Република Српска?

Прославата на денот на Република Српска и учеството на Србија во одбележувањето на овој неуставен празник за Босна и Херцеговина претставува сериозна провокација не само кон регионот, туку и кон меѓународната заедница која силно се залага за зачувување на босанскиот суверенитет и интегритет, пишува српскиот весник Данас. Весникот ги пренесува реакциите на меѓународната заедница по одбележувањето на денот на Република...

Путин го отповика указот за поддршка на суверенитетот на Молдавија во спорот со Транснистрија

Рускиот претседател Владимир Путин го отповика указот од 2012 година, со кој Русија делумно го поддржа суверенитетот на Молдавија во решавањето на иднината на отцепениот проруски регион Транснистрија (Придњестровје), пишува Јуроактив. Рускиот указ беше донесен во период кога официјална Москва презеде чекори за да ги затопли односите со САД и ЕУ. Одлуката на Путин за отповикување на указот од 2012...

Бајден: Нуклеарниот ризик денес е најголем по кубанската криза од 1962 година

Ризикот од нуклеарен „Армагедон“ е на највисоко ниво по кубанската криза од 1962 година, предупреди американскиот претседател Џо Бајден, пренесува Би-би-си. Бајден вели дека рускиот претседател Владимир Путин не се "шегува" кога говори за употреба на тактичко нуклеарно оружје во Украина по загубите на фронтот од неговата војска. Претседателот на САД предупредува од глобална ескалација на војната во Украина. „За првпат...

Путин можеби в петок ќе објави анексија на окупираните украински региони по квази-референдумите

Британското Министерство за одбрана објави дека рускиот претседател Владимир Путин веќе во петок би можел да објави анексија на окупираните територии на Украина, објави Гардијан. Ваквите информации доаѓаат на последниот ден од одржувањето на квази-референдумите во окупираните региони Херсон, Запорожје, Донецк и Луганск. Путин во петок ќе се обрати пред двата дома на рускиот парламент, и тоа по објавувањето на...

Орбан ќе оди во Москва по руски гас, унгарската опозиција бара да не се разгорува ситуацијата во Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан за 1 февруари ја закажа официјалната посета на Москва, каде што планира да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, јавува Радио Слободна Европа на македонски јазик. Причина за посетата на Русија е барањето на Унгарија за дополнителни количества на природен гас. Орбан во денешното интервју за унгарските медиуми рече дека на самитот меѓу Унгарија и...

Радев: Бугарија е загрижена од ескалацијата во Македонија за договорот со името

Бугарија е многу загрижена од ескалацијата во Македонија во врска со договорот за новото име на државата, рече бугарскиот претседател Румен Радев на денешната прес-конференција во Софија, по средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Радев го повика Иванов да не биде само учесник, туку и водач во дијалогот меѓу институциите во Република Македонија, бидејќи, како што истакна, тоа е важен...

Курц и Заниер најостро ги осудија упадот во Собранието и нападот на пратениците

Претседавачот на ОБСЕ и австриски министер за надворешни работи, Себастијан Курц, и генералниот секретар на ОБСЕ, Лaмберто Заниер, најостро го осудуваат вчерашниот упад во Собранието на Македонија во Скопје. Тие сметаат дека насилството не може да биде замена за политичките решенија и дека таквите решенија треба да се бараат во рамките на демократските процеси на одговорен начин. „Нападите на неколку членови на...

Најмалку 30 загинати војници во Нагорно-Карабах – ситуацијата и натаму тензична

Нови борби меѓу вооружените сили на Ерменија и Азербејџан се одвивале ноќеска во регионот на Нагорно-Карабах, долж линија за контакт, јавува „Би-би-си“. Извештаите од теренот, на кои се повикува британскиот национален сервис, велат дека од двете страни било користено тешко вооружување, минофрлачи и артилерија. Во вчерашните борби, според информациите, загинале најмалку 30 војници, а има информации и за цивилни...

Путин ги повика Ерменија и Азербејџан да ги запрат борбите во Нагорно-Карабах

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги повика властите на Ерменија и на Азербејџан да ги запрат воените дејствија во регионот на Нагорно-Карабах кој избувнаа ноќеска, јавува „Би-би-си“. Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, како што пренесуваат агенциите, во текот на денов имал телефонски разговори со своите колеги, министрите за одбрана на Ерменија и на Азербејџан, Сејран Оханјан и Закир...

Ескалација на судирот меѓу Ерменија и Азербејџан околу Нагорно-Карабах

Ноќеска дошло до ескалација на судирот меѓу Ерменија и Азербејџан во Нагорно-Карабах, а медиумите јавуваат за употреба на тешки митралези и минофрлачи долж граничната линија. Министерствата за одбрана на двете земји си ја префрлаат вината, обвинувајќи се меѓусебе за ескалацијата на судирот. Министерството за одбрана на Азербејџан денеска соопшти дека вооружените сили на Ерменија го прекршиле примирјето долж линијата за...

Мигрантската криза може да ескалира пред 8 март, предупреди Попоски во Женева

Има основа за загриженост дека мигрантската криза може да ескалира или, во најмала рака, да се компликува порано од 8 март, изјавил меѓу другото министерот за надворешни работи, Никола Попоски, во своето обраќање на 31. сесија на Советот за човекови права на Обединетите нации, што се одржа денеска во Женева. „Сите очекуваме справување со мигрантската криза од хуман и од...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...