fbpx
Таг: Ерусалим

таг: Ерусалим

Тројца убиени при пукање во Ерусалим утрово

Три лица утрово биле убиени во Ерусалим при вооружен напад, пренесува Би-би-си. Израелските власти велат дека двајцата напаѓачи биле убиени од полицијата и еден вооружен цивил. Напаѓачите, наводно, пукале на автобуска станица за време на утринските гужви. Службата за брза помош соопштува дека најмалку шест лица се повредени, а некои од нив се во критична состојба.

Македонска црковна и државна делегација презеде Благодатен оган во Ерусалим

Државна делегација на Република Северна Македонија и црковна делегација на Македонската православна црква – Охридска Архипеископија присуствуваа на појавувањето на Благодатниот оган во базиликата Светиот Гроб во Ерусалим, а потоа и лично презедоа оган од Ерусалимскиот патријарх, како благослов за верниците во нашата држава и нашата православна црква, МПЦ-ОА., соопшти Владата. Ова е првпат претставник на МПЦ-ОА да го преземе...

Убиени 59 Палестинци – масакр на протест против амбасадата на САД во Ерусалим

Во вчерашните крвави судири во Појасот Газа загинаа 59 Палестинци, а повредени се 2.771, од кои половината имаат прострелни рани. Меѓу загинатите е и едно осуммесечно бебе, кое се задушило од солзавец. Протестите во Газа беа насочени против преместувањето на амбасадата на САД во Ерусалим, како и против десетгодишната блокада на Газа од страна на Израел и Египет. Многу земји...

Папата и Ердоган сметаат дека не треба да се менува статусот на Ерусалим

Тероризмот не може да се доведува во врска со религиите, а борбата против ксенофобијата и исламофобијата треба да продолжи со заеднички сили, оцениле папата Франциск и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на нивната денешна средба во Ватикан, јави турската новинска агенција „Анадолија“. Неименуван извор од канцеларијата на Ердоган за агенцијата изјавил дека папата и турскиот претседател разговарале за повеќе важни...

Трамп ги доведе во прашање мировните преговори меѓу Израел и Палестина

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја доведе во прашање можноста за продолжување на мировните преговори меѓу Израел и Палестина, префрлајќи ја одговорноста за тоа на палестинската страна, пренесува „Би-би-си“. Како што изјавил Трамп во Давос, Палестинците „покажале непочитување“ кон САД, по неговата одлука да го признае Ерусалим за главен град на Израел. - Кон САД мора да биде искажана...

Нетанјаху: Прашањето со Ерусалим е веќе решено

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху изјави дека нема намера да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп за Ерусалим на Светскиот економски форум во Давос. Нетанјаху вели дека тоа прашање „веќе е решено“. Белата куќа соопшти дека Трамп ќе настојува да ја повтори американската силна посветеност на Израел и напорите да се намали влијанието на Иран врз Блискиот исток како начин да се...

САД поддржуваат решение за две држави на Израелците и Палестинците

САД ќе го поддржат решението за две држави за Израелците и Палестинците, ако двете страни се согласат околу ова прашање, му пренел американскиот потпретседател Мајк Пенс на египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси. По средбата со египетскиот претседател за време на посетата на Египет, Пенс на новинарите им изјави дека САД се длабоко посветени да го рестартираат мировниот процес на Блискиот...

Трамп се закани дека ќе ја прекине помошта за Палестинците

Соединетите Американски Држави би можеле да ја прекинат помошта за Палестинците, кои, „повеќе не сакаат да разговараат за мир“ порача американскиот претседател, Доналд Трамп, пренесува „Би-би-си“. Трамп на „Твитер“ напиша дека, „САД не добиле ниту признание, ниту почит за помошта од стотици милиони долари што годишно им ја даваат на Палестинците.“ https://twitter.com/realDonaldTrump/status/948322497602220032 Заканите на Трамп следуваат по острите реакции на Палестинците на...

Палестинците го отповикаа својот дипломатски претставник во САД

Палестинците денеска соопштија дека го отпoвикале својот дипломатски претставник во Соединетите Американски Држави за „консултации“, неколку недели откако американскиот претседател Доналд Трамп го призна Ерусалим како главен град на Израел, јавува „Би-би-си“. Палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави дека нема да прифати никаков мировен план од САД по одлуката на Трамп, која предизвика протести и судири во појасот Газа. На 21 декември...

Уапсени тројца турски туристи во Ерусалим

Израелската полиција соопшти дека уапсила тројца туристи од Турција после молитвата вчера попладне во Стариот град во Ерусалим. Полицијата соопшти дека тројцата Турци се уапсени поради вмешаност во инцидент со полицијата на Харам ал-Шариф. Турската новинска агенција „Анадолија“ јави дека двајца од тројцата уапсени имаат двојно турско и белгиско државјанство и дека се уапсени поради напад и пружање отпор на полицијата,...

Генералното собрание на ОН гласаше против одлуката на САД за Ерусалим

Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) ја усвои резолуцијата со која се бара од САД да ја повлечат одлуката за признавање на Ерусалим за главен град на Израел. Резолуцијата ја поддржаа 128 членки на ОН, меѓу кои и Македонија, девет гласаа „против“, 35 беа „воздржани, а 21 членка воопшто не гласаа. Портпаролот на палестинскиот претседател Махмуд Абас по гласањето...

Анкара: САД ја изгубија својата објективност

Официјална Анкара денеска изрази жалење поради ветото на САД на вчерашната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) на резолуцијата со која се бара повлекување на одлуката на САД за признавање на Ерусалим за главен град на Израел. „Тоа што Соединетите Американски Држави останаа сами во ова гласање е конкретен показател за незаконитоста на нивната одлука за Ерусалим“,...

Ердоган ќе бара поништување на одлуката на Трамп за Ерусалим во ОН

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека ќе покрене иницијатива во ОН да се поништи одлуката на Доналд Трамп да го признае Ерусалим како израелска престолнина. Ердоган рече дека Турција најпрво ќе побара поништување на одлуката на Советот за безбедност на ОН и оти ако тој обид не успее прашањето ќе го покрене пред Генералното собрание на ОН. Лидерите на муслиманските...

Хамас повика на нови протести против одлуката на Трамп за Ерусалим

Лидерот на радикалното палестинско движење - Хамас, Исмаил Ханија денеска повика на нови протести ширум светот против одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел, јавуваат светските агенции. Ханија рекол дека Хамас бара секој петок да биде ден на револт и револуција во сите престолнини и другите градови во муслиманските земји,...

Светот да го признае Ерусалим за престолнина на Палестина, порача Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска на вонредниот самит на Организацијата за исламска соработка (ОИС) во Истанбул ги повика сите земји во светот да го признаат Ерусалим за престолнина на Палестина. - Ерусалим е нашата црвена линија. Израел е окупаторска и терористичка држава - изјави Ердоган на почетокот на самитот посветен на прашањето за Ерусалим. Ердоган, покажувајќи фотографија од палестинско момче...

Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН поради одлуката на Трамп за Ерусалим

Советот за безбедност на Обединетите нации утре ќе одржи вонредна седница поради одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, да го признае Ерусалим за главен град на Израел. Како што пренесува „Си-би-ес њуз“, итна седница побарале осум од 15 членки на Советот за безбедност, односно Боливија, Египет, Франција, Италија, Сенегал, Шведска, Велика Британија и Уругвај. Арапскиот свет ја осуди одлуката на Трамп...

Арапите бесни на Трамп, а Палестинците палат негови слики и американски знамиња

Телевизиската мрежа „Си-ен-ен“ на својот профил на „Твитер“ објави дека илјадници Палестинци во Појасот Газа од синоќа палат американски знамиња и слики од претседателот Доналд Трамп. Арапскиот свет негодува. Сите светски агенции ја пренесоа веста дека одлуката на Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел предизвика осуда и жестоки реакции во муслиманските земји на Блискиот Исток. Претседателот на Индонезија,...

И Чешка го призна Ерусалим за главен град на Израел

Чешка синоќа соопшти дека го прознава западен Ерусалим за главен град на Израел, но оти нема да ја премести својата амбасада од Тел Авив. Соопштението следеше откако претседателот на САД, Доналнд Трамп, соопшти дека неговата администрација го признава Ерусалим за израелски главен град и дека Стејт департментот добил инструкции да ја пресели американската амбасада од Тел Авив. Трамп не направи разлика...

Трамп го призна Ерусалим за главен град на Израел

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека дошол моментот кога Ерусалим треба официјално да биде признат како претстолнина на Израел. „Одлучен сум дека дојде време официјално да се признае Ерусалим како претстолнина на Израел. Тоа е најдобро и е во интерес на САД во процесот на решавање на ситуацијата на Блискиот Исток“, изјави Трамп. Тој рече дека САД се решителни во определбата...

Отстранети сите дополнителни безбедносни мерки во Ерусалим

Израелската полиција соопшти дека се отстранети сите неодамна воведени безбедносни мерки на влезот на светото место во Стариот град во Ерусалим. - Полицијата ги врати безбедносните мерки на нивото на кое беа пред нападите на Харам ел-шариф, извршен на 14 јули – соопшти портпаролката на израелската полиција, Луба Самри. Израелската влада пред три дена одлучи да ги отстрани детекторите за метал...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...