fbpx
Таг: Епл

таг: Епл

„Епл“, „Гугл“ и „Мета“ ќе бидат предмет на првата истрага според Законот за дигитални пазари на ЕУ

„Епл“, „Гугл“ и „Мета“ ќе бидат под истрага за потенцијални прекршувања на новиот Закон за дигитални пазари на ЕУ, најавија европските антимонополски регулатори вчера, што може да доведе до големи казни за компаниите, објави Ројтерс. Новиот закон кој стапи на сила на 7 март, има за цел да ја оспори моќта на технолошките гиганти со тоа што ќе го олесни...

ЕУ ја казни „Епл“ со 1,8 милијарда евра поради прекршување на правилата за стриминг на музика

Европската Унија ја казни технолошката компанија „Епл“ со 1,8 милијарда евра поради кршење на законите за конкуренција, јавија светските новински агенции. Казната, како што пренесува Би-би-си, е поради спречување на „Спотифај“ и другите музички стриминг платформи да ги информираат корисниците за опциите за плаќање надвор од продавницата за апликации на „Епл“. Одлуката ја донесе Европската комисија, а следуваше по жалбата на...

„Мета“ со план да им овозможи на корисниците во ЕУ да симнуваат апликации директно преку Фејсбук

Технолошката компанија „Мета“, во чија сопственост е социјалната мрежа Фејсбук, планира да им дозволи на корисниците во Европската Унија (ЕУ) да преземаат апликации директно преку рекламите на оваа платформа. Доколку ова биде овозможено, „Мета“ ќе им стане конкурент на продавниците за апликации на „Гугл“ и „Епл“, јавува „Врџ“. Како што објави медиумот, новиот вид реклами на Фејсбук треба да започне...

Најбогатиот човек против највредната компанија: Илон Маск започна вербална војна со „Епл“

Во серија твитови, сопственикот на Твитер, Илон Маск, ја обвини компанијата „Епл“ дека се заканува оти ќе го отстрани Твитер од својата продавница за апликации, што би ги ограничило новите корисници да ја преземат апликацијата од „Еп Стор“. Ваквата акција би била еднаква на цензура, напиша Маск, без објаснување зошто Твитер би бил блокиран. Маск додаде и дека „Епл“ ги...

Со нов закон, Европската Унија се подготвува да ги смени правилата на Интернетот

Европската Унија подготви нови правила кои треба да ја „зауздаат“ доминацијата на големите технолошки компании како „Гугл“, „Епл“ и „Мета“, кои ќе бидат приморани да ги отворат своите услуги и платформи и за помалите компании и програмери, пренесува Би-Би-Си. Новиот закон ќе ги промени правилата за најголемите и највлијателни компании, наречени „вратари“ (gatekeepers). Со стапувањето на сила на Законот за...

„Епл“ и „Мета“ влегуваат во ера на длабока филозофска конкуренција, вели Закерберг

Технолошките компании „Мета“ (поранешен „Фејсбук“) и „Епл“ влегуваат во период на многу длабока, филозофска конкуренција, која ќе ја дефинира иднината на Интернетот. Ова го вели извршниот директор на „Мета“, Марк Закерберг, во разговор кој го објави „Д Врџ“, а го пренесе „Арс Техника“. И „Епл“ и „Мета“ во следната деценија планираат да инвестираат многу во „измешаната“ реалност, но имаат дијаметрално...

По 21 година престанува производството на „Ајпод“ уредите

Компанијата „Епл“ (Apple) објави дека го прекинува производството на својот музички плеер „Ајпод“ (iPod Touch), ставајќи крај на уредот кој е познат по извршената револуција во начинот на кој луѓето слушаат музика. Последното ажурирање на „Ајпод“ беше во 2019 година, а неговото пропаѓање, со појавата на паметните телефони, се предвидуваше долго време, пишува „Би-би-си“. Овој уред понуди неколку различни модели изминативе...

Во делови од САД ќе се прифаќаат возачки дозволи преку Ајфон

Осум американски сојузни држави ќе прифаќаат возачки дозволи и други државни лични документи зачувани на Ајфон, соопшти „Епл“ (Apple). Функцијата за Ајфон која за првпат беше презентирана во јуни годинава им овозможува на корисниците да складираат лични карти и други документи за идентификација во апликацијата „Wallet“. Системот за прифаќање на документи од телефоните на „Епл“ најпрво ќе го воведат Аризона и...

„Епл“ ќе ги скенира „ајфоните“ на американските корисници за слики од сексуална злоупотреба на деца

Компанијата „Епл“ ги претстави своите планови за скенирање на своите „ајфони“ кои се продадени на корисниците во САД за пронаоѓање на слики од сексуална злоупотреба на деца, јавува Гардијан. Ваквата најава е поздравена од здруженијата за заштита на сексуалната злоупотреба на деца, бидејќи со алатката neutralMatch ќе може да се пронајде ваквиот компромитирачки фото-материјал. Сепак, оваа мерка за безбедност на...

Фејсбук и Епл во судир за приватноста на корисниците

Гигантите Фејсбук и Епл повторно влегоа во судир. Двете компании долго време се расправаат за прашања поврзани со приватноста, но ова особено се истакна откако Епл им овозможи, со новото ажурирање на софтверот, на корисниците на iOS да одберат дали и во колкава мера ќе дозволат нивните податоци да се споделуваат за разни маркетинг потреби. Фејсбук смета дека ова...

Технолошките гиганти се соочуваат со нови правила во ЕУ

Eвропската Унија ги претстави двата нацрт-закони кои подразбираат специфични регулативи што ќе имаат за цел да ја ограничат моќта на глобалните технолошки компании на европскиот пазар. Од двата предложени закони, еден се однесува на нелегалните содржини, а вториот на антиконкурентското однесување на компаниите и сето ова е предвидено да биде поддржано од закани за казни и до неколку милијарди долари. Во...

„Фејсбук“ без согласност споделувал податоци со производители на смартфони

Социјалната мрежа „Фејсбук“ имала договор за споделување податоци на корисниците со компании производители на смартфони и други уреди, како „Амазон“, „Епл“, „Блекбери“, „ХТЦ“, „Мајкрософт“, „Самсунг“ и десетици други, пишува американскиот весник „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на извори во социјалната мрежа. Како што е наведено, „Фејсбук“ има потпишано договори со најмалку 60 производители на паметни телефони и други уреди. Соработката траела...

Најмногу очекуваните паметни телефони годинава

Познавачите на пазарот на паметни телефони типуваат кои ќе бидат моделите што ќе предизвикаат најголемо внимание во светот годинава. Откако ќе се појави на пазарот, осмата генерација ќе биде јаготката на шлагот за прославата на десеттиот роденден на „ајфон“. „Ајфон 8“ ќе биде комплетно редизајниран во однос на претходниците. „Мек ворлд“ најавува можно враќање на дизајнот со нерѓосувачки челик со...

Министрите за финансии на ЕУ ја поддржаа одлуката на ЕК за данокот на „Епл“

Министрите за финансии на земјите-членки на Европската Унија (ЕУ) денеска на состанокот во Братислава, ја поддржаа одлуката на Европската комисија (ЕК) дека компанијата „Епл“ треба да плати неколку милијарди евра поради неплатениот данок во Ирска, пренесуваат светските агенции. Холандскиот министер за финансии, Јерун Дајселблум, и неколкумина негови колеги го повикаа „Епл“ да го плати износот, кој, според аналитичарите, со каматата...

Претреси и апсења во фабрика за лажни „ајфони“ во Кина

Кинеските власти извршиле претреси и уапсиле девет лица во фабрика во која, според сомневањата, биле направени 41.000 лажни „ајфони“ на „Епл“, јавуваат светските медиуми. Според информациите, во фалсификувањето биле ангажирани стотици работници кои од деловите на стари, односно половни паметни телефони склопувале „ајфони“, означувајќи ги како нови и ги подготвувале за извоз. Заработката од продажбата на лажните телефони направени во фабриката...

Леброн Џејмс на своите тимски колеги им подарил часовници „епл“

Ѕвездата на Кливленд кавалирс, Леброн Џејмс, минатата недела на своите тимски колеги им подарил нови часовници „епл“, како своевиден мотивациски гест пред почетокот на финалната серија во НБА-лигата, објави вчера „Кливленд.ком“. Џемјс подароците на колегите им ги поделил во хотелот во Сан Франциско, каде престојувал тимот во пресрет на првите два меча што Кливленд ги играше со Голден Стејт вориорс, на гостински...

Часовникот на „Епл“ постави нов рекорд

Гигантот „Епл“ успеа да продаде повеќе паметни часовници во еден ден отколку што „Гугл“ успеал да продаде паметни часовници „андроид веар“ за цела година, пишува „Бизнис инсајдер“. Сите продавачи што го користат оперативниот систем на паметните часовници на „Гугл“ минатата година продале 720.000 примероци, додека „Епл“ во првиот ден продал 957.000 часовници.

„Епл“ откри детали за „паметниот“ часовник

Компанијата „Епл“ за три недели треба да го лансира новиот „паметен“ часовник, а сега го објави и упатството за негово користење. Засега се објавени само четири детали од упатството, а до лансирањето ќе бидат објавени уште седум за корисниците подобро да се запознаат со „паметниот“ часовник. Повеќе детали на официјалната страница.

„Епл“ годинава ќе лансира три различни модели „ајфон“

Компанијата „Епл“ во втората половина на годинава ќе објави три различни модели „ајфон“, пишува „Дигитајмс дејли“. Според индустриски извори, тоа ќе бидат iPhone 6S, iPhone 6S Plus, како и четириинчен уред кој во моментов се нарекува iPhone 6C. Сите телефони ќе доаѓаат со панели LTPS, а исто така се препорачува и да бидат опремени со заштитен екран Corning Gorilla Glass. Во извештајот...

Одобрен е патентот на „Епл“ за виртуелна реалност

Американскиот информатички гигант „Епл“ доби дозвола во САД да го комерцијализира патентот за очила наменети за виртуелна реалност. Системот е многу сличен на тој на „Самсунг“, паметниот телефон има функција на екран, а посебните очила овозможуваат тродимензионален ефект. Благодарение на сензорите на паметниот телефон, движењата на главата се пренесуваат во реално време во виртуелниот свет, што доведува до залажување на мозокот,...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...