fbpx
Таг: епидемија

таг: епидемија

Не е точно дека на Олимписките игри во 2012 година била предвидена ковид пандемијата

Наспроти изнесеното во објавата, церемонијата од 2012 година траеше четири часа, а акцент беше ставен на британската историја и култура. Во еден дел од церемонијата ѝ се изразува почит на Националната служба за здравство на Велика Британија (владина програма која обезбедува здравствени услуги по ниски цени), но тоа во ниту еден случај не ја предвидува пандемијата, односно коронавирусот кој...

Вистиномер: Не е лага дека мајмунските сипаници се јавна здравствена опасност

Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести, до 5 август во САД се потврдени 7.510 случаи на заболени со мајмунски сипаници, а единствените две држави во САД каде што не е регистриран ниеден случај се Вајоминг и Монтана. Во сите други американски држави има потврдени случаи, најмногу во Њујорк – 1.862. Со прогласувањето на мајмунските сипаници за...

СЗО апелира да не се напаѓаат и повредуваат мајмуните

Светската здравствена организација (СЗО) упати апел до јавноста да не се напаѓаат и повредуваат мајмуните, откако се дозна за случаи на најмалку седум мајмуни во Бразил што умреле откако биле отруени или повредени среде епидемијата на мајмунски сипаници, пренесе Ен-Би-Си Њуз. „Тоа што луѓето треба да го разберат е дека пренесувањето се случува помеѓу луѓе“, порача портпаролката на СЗО др....

Вистиномер: Пандемијата на ковид-19 е реална и постои, не ја измислуваат медиумите

Од почетокот на појавата на ковид-19 и откако Светската здравствена организација прогласи пандемија, во голем број на објави на социјалните мрежи сензационалистички и се разбира неточно, се пишуваше дека коронавирусот е измислен и дека всушност не постои, туку станува збор за измама. Ковид не е измама и навистина постои. Станува збор за болест, предизвикана од коронавирусот, кој пак, е...

Нови 815 случаи на Ковид 19 во последните 24 часа, пријавени четири починати лица

Нови 815 случаи на Ковид 19 се регистрирани во последните 24 часа од направени 1.814 тестови. Оздравени се 1.252 лица, а во изминатото деноноќие се пријавени две починати лица. Со тоа, бројот на активни случаи во моментов во земјава изнесува 4.535 лица. По градови, најголем број од новозаболените лица се од Скопје – 320, по што следат: Битола – 63,...

Мурал во центарот на Скопје испраќа порака дека децата се заштитени тогаш кога се вакцинирани

Мурал со дете на ролерки, кој оваа недела беше насликан на фасада на зграда во центарот на Скопје симболично ја осликува потребата на родителите и старателите да направат сѐ за да ги заштитат децатa преку нивно вакцинирае. Со муралот, УНИЦЕФ порачува дека за да ги заштитат здравјето и безбедноста на децата, родителите треба да знаат дека редовната вакцинација во детството...

Мехмедовиќ: Го подготвуваме системот за евентуална епидемија со мајмунски сипаници

Да го подготвиме системот што е можно подобро за да одговори на евентуална епидемија со мајмунски сипаници и во нашата земја, е целта на Комисијата за заштита од заразни болести, кажа денеска портпаролот д-р Злате Мехмедовиќ. На денешниот состанок биле дискутирани клиничките патеки за следење, скрининг, дијагностика и третман на пациентите кои ќе бидат евентуално заболени од мајмунски сипаници....

Порталб: Дезинформација е дека Босна и Херцеговина прогласи „победа“ над пандемијата

Написот во “Пулс7Њуз” ја дезинформира јавноста дека Босна и Херцеговина е првата земја што прогласи победа над пандемијата со Ковид-19, што е невистинa. Напротив, во последните денови во Босна и Херцеговина состојбата со пандемијата е доста влошена. Доктор Марио Јованоски вели дека сепак постои оптимизам дека на оваа пандемија ќе ѝ дојде крајот во тек на оваа година, но...

СЗО истражува засега неидентификувана болест во Јужен Судан што убила речиси 100 луѓе досега

Светската здравствена организација (СЗО) вели дека ја истражува смртта на речиси 100 луѓе што подлегнале на досега неидентификувана болест во Фангак, во државата Џонглеи во Јужен Судан, извести Би-Би-Си. Минатата седмица министерството за здравство соопшти дека непозната болест убила десетици луѓе во областа, што е една од најтешко погодените од неодамнешните поплави. Претставник на локалните здравствени власти рекол дека се земени...

Доктор Џавид Фејзули: Порано не се дискутираше дали да се прими вакцина или не

За време на епидемијата со големи сипаници – вариола вера, во поранешна Југославија за месец и половина се вакцинираше 18, 5 милиони народ. Тогаш немаше сакаш – не сакаш, вели во интервјуто за „Вистиномер“, пензионираниот раководител на службата за општа хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје Тетово, доктор Џавид Фејзули. „Ние имаме Закон за заштита на...

Во третиот квартал за над 30 отсто зголемен бројот на починати во споредба со лани

Бројот на починати лица во земјава и во третиот квартал од годинава продолжува загрижувачки да расте. Од јули до септември годинава во Македонија се регистрирани 7.209 починати лица, што претставува зголемување од 30,7 отсто во споредба со истото тримесечје од 2020 година. Во екот на ковид-19 пандемијата, земјава има негативен природен прираст, којшто изнесува  -2 144, што значи дека за...

Се шири стравот од новиот сој на корона вирусот во светот, граничните рампи се спуштаат

По подемот на новиот опасен сој на корона вирусот којшто потекнува од Јужноафриканската Република, во светот полека почнуваат да се ограничуваат можностите за патување, извести британскиот јавен радиодифузер Би-Би-Си. Додека се чека негово „кратко“ именување, новиот сој сега е познат како B.1.1.529 Неговото ширење беше идентификувано оваа седмица и тоа ги натера Обединетото Кралство, Сингапор и Јапонија, но и други држави,...

Првиот пациент со ковид-19 бил на пазарот за животни во Вухан, открива нова американска студија

Според нова студија на научник од САД, првиот пациент, односно „нултиот“ пациент со ковид-19 била продавачка на пазарот за животни во кинескиот град Вухан и таа е регистрирана на 11 декември 2019. Досега во голем дел се сметаше дека првиот пациент е маж, сметководител, регистриран на 8 декември, а кој немал поврзаност со пазарот за животни, посочува „Гардијан“. Студија направена...

Вистиномер: Не е дојден крајот на ковид пандемијата во Србија

Пандемијата со ковид во Србија не е завршена, а такво нешто не се ни предвидува дека ќе се случи наскоро за целиот регион, особено поради зимскиот период кој ни претстои и во чиј пресрет веќе се регистрирани зголемени бројки на инфекции и хоспитализации. Само во последните 24 часа во Србија, според официјалните статистики на Министерството за здравство, регистрирани се...

Вистиномер: Апсурдни тврдења дека вакцинираните го добиваат коронавирусот со вакцината, а потоа го шират

Факт е дека ниту една одобрена вакцина против ковид -19 не содржи вирус. Наспроти тврдењето во постот, ниту вакцинираните добиваат вирус преку вакцината, ниту се поопасни од неимунизираните. Научен факт е дека вакцинираните многу побрзо го елиминираат вирусот, а доколку се разболат, имаат помал ризик да развијат тешка форма на болеста и хоспитализација, пишува „Вистиномер“ во својата нова анализа на...

Во Бугарија нови построги мерки за спречување на ширењето на ковид-19

Од денеска, на целата територија на Бугарија на сила се построги мерки за намалување на ширењето на ковид-19, извести бугарски „Медиапул“. Според податоците од Единствениот информативен портал, бројот на случаи на ковид-19 во Бугарија од почетокот на пандемијата е 562.710, а бројот на починати е 19.149. Во моментов во земјата има 34.507 активни случаи. Хоспитализирани се 4.284 пациенти, а вчера...

Во второто тромесечје годинава починале за 40 отсто повеќе лица споредено со лани (инфографик)

Во периодот април-јуни 2021 година во земјава се регистрирани дури 7.496 починати лица, што е за 40,2 отсто повеќе во споредба со второто тримесечје од 2020 година. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека загрижувачкиот тренд на зголемување на бројот на починати лица во земјава продолжува и во текот на 2021 година. Колку за потсетување, Мета.мк веќе пишуваше дека...

Полициски час во Косово од денеска до 13 септември

Премиерот на Косово, Албин Курти најави нови мерки поради новиот раст на новозаболени од ковид-19. Вчера во Косово имаше дури 36 смртни случаи од ковид. Со новите мерки, ќе се одложи почетокот на учебната година на 13 септември, до кога ќе трае и режимот на полициски час, кој почнува денеска. Ќе биде забрането движењето меѓу 22 и 5 часот. „Секој...

Нов Зеланд поради еден нов случај на ковид-19 спроведе целосен тридневен карантин

Поради само еден нов случај на ковид-19, прв во последните половина година, од полноќ цел Нов Зеланд ќе биде во строг локдаун, односно карантин, јавија новозеландските медиуми. Случајот е откриен во најголемиот новозеландски град, Окленд, кој ќе биде „затворен“ цели седум дена. Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн рече оти случајот е откриен претпладнево, а засега не може да се каже дали станува...

Главниот кризен штаб предлага наставата да се одвива со физичко присуство

На предлог на Министерството за образование и наука, на денешниот состанок на Главниот координативен кризен штаб на Владата на Република Северна Македонија (ГККШ), кој го водеше премиерот Заев беше оценето дека се создадени услови почетокот на новата школска година да биде со физичко присуство на учениците, освен за одделни исклучоци, кои ќе бидат стриктно наведени во Одлука која ќе...

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...