fbpx
Таг: епидемија

таг: епидемија

Забраната за невакцинирани деца во градинките нема никаква врска со Клаус Шваб

Забраната за прием на невакцинирани деца во градинките нема никаква врска со основачот на Светскиот економски форум, ниту, пак, тој има агенда за депопулација. Ваквите тврдења се дел од поголема антиваксерска кампања чијашто цел е да се убедат родителите да не си ги вакцинираат децата. Вакцините се проверени и безбедни, а децата треба да се вакцинираат за да се...

Не е точно дека ковид пандемијата била планирана со децении

Тврдењето во објавата дека „таканаречената пандемија била планирана и координирана со децении наназад“, не се темели на факти. Она што беше координирано беше одговорот на пандемијата, односно во повеќе држави беа слични преземените мерки за заштита на населението кои вклучуваа и карантини и носење маски – затоа што тоа е епидемиолошки оправдано и издржано односно станува збор за научно...

Задолжителната вакцинација и инспекциските контроли во градинките се поради епидемијата на голема кашлица

Програмата за задолжителна имунизација не е поврзана со Клаус Шваб, ниту пак, со Светскиот економски форум. Парите за вакцините за задолжителната имунизација се обезбедуваат од буџетот на државата. Вакцинацијата е задолжителна затоа тоа што спречува ширење на епидемии ако вакциналниот опфат е над 95 проценти. Станува збор за одлука на национално ниво, донесена по претходна анализа на здравствените власти,...

Забраната за прием на невакцинирани деца во градинките не е фашизам, туку заштита на населението

Постапките на надлежните институции се во согласност со законите и Уставот на државата и тие во никој случај не можат да се наречат фашистички. Забраната за носење невакцинирани или нецелосно вакцинирани деца во градинки не е фашизам, туку мерка којашто се носи за заштита на населението. Вакцинацијата помага да се стават под контрола над 20 болести како туберкулоза, дифтерија,...

Стари вакцинални теории на заговор во ново пакување

Не постојат никакви задни намери или заткулисни игри со вакцинацијата против пертусис. Ниту ковид вакцините, ниту вакцината против голема кашлица имаат за цел геноцид на луѓето. Ова е теорија на заговор која ја шират антиваксерите и која нема никаква медицинска поткрепа. Големата кашлица е акутна заразна болест која лесно се пренесува и може да биде фатална особено за малите...

Примањето само на вакцинирани деца во градинките не е дискриминација, туку заштита на здравјето

Објавата што е предмет на оваа рецензија тврди дека забраната за носење на невакцинирани или нецелосно вакцинирани деца во градинки, всушност е дискриминација, угнетување и понижување на децата и родителите. Но ова не е точно. Вакви мерки се носат за заштита на индивидуалното здравје како на невакцинираните деца така и на останатите деца кои се згрижуваат во детските градинки....

Родителите ги носат децата на вакцина, засилена е кампањата за вакцинирање против пертусис

Фото: Pixabay/qimono
Болеста пертусис (голема кашлица) е вакцино-превентабилна и токму поради тоа изминативе денови во тек е кампања со која се пребаруваат вакциналните пунктови и се повикуваат родителите на деца кои не ги примиле сите дози вакцина, тоа да го сторат што поскоро. Во меѓувреме, Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) информира дека има четири нови случаи на голема кашлица, со што...

Здравствените експерти не хистеризираат за големата кашлица во Скопје, туку состојбата е алармантна

Антивакцинална објава обвинува за хистерија околу состојбата со голема кашлица, заразно заболување кое може да биде фатално за невакцинираните доенчиња. Во земјава опфатот со вакцини кои штитат против оваа болест е незадоволителен, а Комисијата за заразни болести препорачува прогласување епидемија во Скопје и да не се примаат невакцинирани деца во градинките со надеж дека така нема да се прошири...

Антиваксерска објава шири дезинформации против ДиТеПер вакцината

Фото: Pixabay/qimono
Во објавата што ја рецензираме се изнесуваат невистини дека нивоата на алуминиум во ДиТеПер вакцините биле толку високи што предизвикувале низа болести, што не е вистина зашто алуминиумот е присутен како адјувант во вакцините со децении наназад во многу ниски дози кои не предизвикуваат никакви болести. Во земјава со прогласувањето на епидемијата, градинките имаат право да не примаат невакцинирани...

Освен вакцина, нема друго чаре за заштита од голема кашлица

Децата не смеат да одат невакцинирани во градинка, ако сакаме да не се соочуваме со епидемии на болести кои се опасни по здравјето и животот и за најмалите и за возрасните. Ова е ставот на епидемиолозите, кои инсистираат на вакцинирање на населението, по предлогот на Комисијата за заразни болести да се прогласи епидемија на голема кашлица во главниот град....

Вакцините против ковид не се „геноцид“, туку спасуваат животи

Фото: Pixabay/qimono
Само во 2021 година, вакцините против ковид-19 спасија 14.4 милиони животи насекаде во светот. Вакцинацијата, според СЗО, исто така, ја намалува можноста да се појават нови варијанти. Тоа е показател дека вакцините делуваат. Ниту прекумерната смртност, ниту карциномот, ниту смртта на лица на помлада возраст не се асоцирани со ковид вакцинацијата. Теориите на заговор дека вакцините се пуштени во...

Комисијата за заразни болести наредна недела ќе одлучува дали ќе има мерки и препораки за големата кашлица

Расте бројот на случаи заразени со бордетела пертусис (голема кашлица) во регионот. Со повеќе од 4.000 случаи во Хрватска, повеќе од 1.000 случаи во Србија и 290 случаи во Црна Гора, се појавува загриженост кај граѓаните во врска со болеста. Кај нас, пак, од почетокот на оваа календарска година регистрирани се два случаи, но и покрај тоа, членовите на Комисијата за...

Смртните случаи од сипаници зголемени за 43 проценти во споредба со 2021 година

Заедничката публикација на Светската здравствена организација (СЗО) и Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) на Соединетите Американски Држави, објавена вчера, лоцира алармантен пораст на случаите на сипаници, епидемии и смртни случаи во 2022 година. Случаите на сипаници се зголемиле за 18 проценти и изнесуваат 9 милиони случаи, додека смртните случаи се зголемиле за 43 проценти (136.200) во споредба...

Украина не ја замолчи короната, ниту пак, настаните во Израел ја замолчија Украина

Коронавирусот сè уште го има и покрај војната со Украина, иако ситуацијата не е загрижувачка како на почетокот и првата година од пандемијата со ковид-19. Нормално е дека конфликтот што се случува помеѓу Израел и Палестина зазема централно место во медиумскиот простор во моментов. Ама тоа не значи дека случувањата таму се помалку или повеќе важни од руската инвазија...

Не постојат полициски командири фатени зашто наредувале казни за неносење маска, освен во фантазиите на Кју анон

Постот што го рецензираме  шири дезинформации и има конспиративен призвук што произлегува од употребата на буквата „Q“ (кју) на крајот од објавата – препознатлив симбол на Кју анон теоријата на заговор. Нафрленото тврдење во постот дека присилното носење маска е кривично дело,  не е точно. Носењето маска во одредени периоди на пандемијата беше задолжително, дури и на отворен простор....

Нема пандемија на вакцинирани, не е точно дека тие се изложени на поголем ризик

Во постот  е злоупотребен написот на Вашингтон пост којшто наменски и селективно се прикажува. Наспроти тврдењето во објавата, статистиките кои покажуваат дека голем дел од смртните случаи од ковид-19 се меѓу вакцинираните луѓе го одразуваат фактот дека повеќето луѓе се вакцинирани, а не дека вакцините се неефикасни. Во написот на Вашингтон пост јасно стои дека токму невакцинираните се изложени...

Болниците во Кина преплавени со нови случаи на ковид-19

Во повеќе од три децении што ги минал на болнички оддели за итни интервенции, досега не забележал толку голема навалица, вели Хауард Бернстајн, лекар во една приватна болница во Пекинг. Во болницата каде што работи постојано доаѓаат сѐ повеќе и пациенти, најголемиот дел од нив постари, а многумина се со влошена состојба, со симптоми на ковид-19 и пневмонија, известува Ројтерс. Новинската...

Забрана за влез во објекти на невакцинираните е опција само ако се влоши епидемиолошката состојба

Во постот што го рецензираме, не се наведува контекстот, дека со законските измени предложено е додавање на уште една времена мерка која што не е на сила постојано, не се знае дали воопшто ќе стапи на сила и кога, но дадена е како опција во случај на епидемија. Ако се исполнат претходни услови, мерката треба да ја одобри Владата...

Сифилисот постои со години, не „никнал“ после „ковид тиранијата“

Изнесеното во објавата што се споделува на Фејсбук е надвор од контекстот на прилогот на којшто се повикува самиот пост. Во оригиналната вест воопшто не се говори за никакво воскреснување на сифилисот, туку станува збор за едукативен, информативен напис за сексуално пренослива болест која отсекогаш постоела, и пред ковид пандемијата и по неа. Извештаи на Министерството за труд и...

Законски измени за ковид-19 во Западна Австралија се извадени од контекст

Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот, бидејќи не се наведува дека ставките како влез во приватни имоти без судски налог, присвојување и користење подвижен и недвижен имот, наметнување медицински третман, карантин платен со парите на граѓаните, не е предвидено да се применуваат без претходно да се исполнат одредени услови. Всушност, на 31 октомври 2022 година, Владата на...

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...