fbpx
Таг: ЕНЕР

таг: ЕНЕР

С.Македонија единствена земја во регионот со Стратегија за транспарентност: Конкретни активности за отворање на институции

Северна Македонија е единствената земја во регионот на Западен Балкан која има Стратегија за транспарентност, документ создаден за да ги идентификува слабите точки во областа на транспарентноста и отвореноста на институциите на извршната власт. Досега Владата на РСМ има усвоено две стратегии, со помош на Фондацијата Метаморфозис и Фондацијата Отворено општество – Македонија, со поддршка на Европската Унија преку...

Без вклученост на граѓанскиот сектор, не може да се зборува за плурализам и за отвореност

Учеството на јавноста во креирањето на јавните политики е нешто што во поширока смисла би значело „од граѓаните за граѓаните“. Правилниците, стратегиите, акциските планови, законите, законските измени - сите овие документи се носат во име на сите граѓани и за нивниот бенефит, па оттаму сосема и очекувано е да се чуе и нивното мислење, ставови и сугестии во однос...

Се подготвува законот за прогласување на Матка за споменик на природата

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) подготвува предлог закон за прогласување на кањонот Матка за споменик на природата. Најавата за почеток на процесот за подготовка на нацрт -законот е објавен во Единствениот национален електронски регистар (ЕНЕР), но детали уште не се споделени, пишува Порталб.мк. Кањонот Матка ќе биде прогласен за споменик на природата, со цел да се заштитат...

Ќе се менуваат критериумите за избор на членови во раководните органи на јавните претпријатија

Министерство за економија подготвува измени на Законот за јавните претпријатија, со коишто се предвидува промена во начинот на избор на членови во управните органи. „Јавните претпријатија се основаат заради вршење на дејности од јавен интерес. Јавни претпријатија во име на Република Северна Македонија основа Владата на Република Северна Македонија, во име на општината советот на општината и во име на...

МОН подготвува нов закон за учебници и наставни материјали

Министерство за образование и наука подготвува нов закон за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование со кој се уредува одобрувањето и употребата на учебниците, наставните и другите дидактички материјали во основното и средното образование. „Подобрувањето на квалитетот на учебниците согласно Стратегијата за образование 2018-2025 година е една од приоритетните задачи за да се обезбеди...

Со нов закон ќе се основа Академија за јавни финансии

Министерството за финансии подготвува предлог-закон за основање на Академија за јавни финансии, која што би функционирала како организациона единица во состав на Министерството, а би служела за спроведување обуки од областа на јавните финансии и обуки и испити во рамки на програмите за издавање лиценци за овластени службеници и професии од областа на јавните финансии. „Цел на основање на Академијата...

Со Закон за стратешки инвестиции ќе се забрзуваат големите проекти во енергетиката

Министерство за економија подготвува Закон за стратешки инвестиции во Република Северна Македонија, согласно обврските превземени со Договорот за основање на Енергетска заедница, како и обврските превземени со Договорот за стабилизација и асоцијација. Во најавата за подготовка на законот објавена на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) се вели дека со новата регулатива треба да се уредат правилата за стратешки...

МИОА подготвува нови закони за вработените во јавниот сектор и за административните службеници

Министерството за информатичко општество и администрација подготвува нови закони за вработените во јавниот сектор и за административни службеници за да се надминат проблемите кои се јавиле при имплементацијата на постоечките законски решенија кои беа донесени пред пет години. „Постојниот Закон за вработените во јавниот сектор како прв закон со ваков опфат со кој се регулираа прашања од областа на работните...

Владата ќе ја олеснува регулативата за бизнис ангелите

Министерство за економија подготвува измени на Законот за трговските друштва за да се олеснат инвестициските активности на таканаречените бизнис ангели. Во објавата за подготовката на законските измени на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) се вели дека активностите на бизнис ангелите се забележуваат во последните години во нашата земја, како во однос на тоа што постојат на хартија (првата...

Со нов закон ќе се либерализираат платежните услуги

Министерство за финансии подготвува предлог-закон за платежни услуги и платни системи со образложение дека е застарен Законот за платниот промет со кој во моментов се уредени платежните услуги и платните системи, а кој е донесен во 2007 година. Оттаму велат дека тој не е во согласност со новите трендови и технологии како и со релевантните директиви и регулативи на Европската унија....

Граѓаните и невладините предничат во користењето на ЕНЕР, пред стопанските комори и научната фела

Од вкупниот број корисници кои најчесто го користат Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) во изминативе десет години, најбројни се граѓаните (44 отсто), потоа следуваат невладините организации (26 отсто), а на третото место се трговските друштва (22 отсто). Карактеристично е што стопанските комори и научно истражувачките институции кои би требало да имаат водечка улога во креирањето на законските решенија...

Дипломатите тајно ќе добиваат описни оценки – од „се истакнува“ до „не задоволува“

Македонските дипломати ќе бидат предмет на тајно оценување и во зависност од резултатите во работењето ќе добиваат оценки: се истакнува, задоволува, делумно задоволува и не задоволува, предвидува нацрт предлог-законот за надворешни работи објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР). Се планира оценувањето да се врши еднаш годишно, најдоцна до крајот на првото тромесечие од секоја календарска година и...

Државата ќе обесштетува жртви на тешки кривични дела ако осуденикот нема пари

Министерство за правда подготвува предлог-закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела. Оттаму преку Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР) објаснуваат дека причината за донесување на законот произлегува од потребата за усогласување со меѓународните стандарди и на одредби од Законот за кривичната постапка, каде што е пропишано дека жртвата на кривично дело за кое е пропишана казна...

Работодавачите ќе добиваат државни субвенции и за покачување на плата од 600 денари

Министерството за труд и социјална политика го објави нацртот на предлог-законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата во кој може да види кои работодавачи ќе имаат право на субвенции, како и дека минималниот праг за субвенционирање е зголемување на платата од 600 денари. „Субвенционирање на придонеси може да користи работодавач кој: има статус на активен...

Владата планира да ги субвенционира придонесите за зголемените плати

Министерство за труд и социјална политика подготвува предлог-закон за  субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата. „Со предлог-законот се уредува висината, условите и начинот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување по основ на зголемување на плата. Целта е да се стимулира зголемување на платите на вработените во приватниот сектор преку финансиска поддршка за работодавачите...

Се подготвува нов закон за обесштетување на стечајците

Со нов закон ќе се обесштетуваат стечајците кои не биле опфатени со досегашните закони. Министерството за труд и социјална политика денеска на Единствениот национален електорнски регистар на прописи објави известување за почеток на процесот за подготовка на Предлог на Закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата. „Со новиот закон се овозможува материјално...

Во третата година од мандатот Владата се’ уште почнува со реформи во администрацијата

Бавно оди процесот на реформи што треба да доведат до професионализација на администрацијата, а најдобар показател за тоа е што Владата во третата година од мандатот се уште ги менува законите за вработените во јавниот сектор и законот за административни службеници. Министерство за информатичко општество и администрација (МИОА) преку Единствениот национален елетронски регистар на прописи (ЕНЕР) објави дека подготвува Закон...

Ќе се разграничуваат политичките од професионалните шефови во администрацијата

Министерството за информатичко општество и администрација подготвува закон за висока раководна служба. Во образложението објавено на Единствениот национален електронски регистар на прописи се вели дека во законодавството не постои јасно разграничување меѓу политичкото и професионалното ниво, односно не е јасно дефиниран и утврден опфатот за висока раководна служба. „Со новиот закон за висока раководна служба (ВРС), ќе се воспостави воедначена...

Владата подготвува нов закон за градење

Министерство за транспорт и врски преку Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) објави дека подготвува нов предлог на закон за градење со образложение дека во постојниот закон постојат одредени недостатоци во областа на градењето. Како главни цели на предлог-законот се наведени подобрување на решенијата во областа на градењето, правата и обврските на учесниците во изградбата, употребата и одржувањето на...

Се укинува електронското полагање на правосудниот испит

Министерство за правда подготвува предлог-закон за изменување на законот за правосудниот испит за да го усогласи со насоките содржани во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор во однос на укинување на електронското полагање на стручните испити. „Основна цел на законот е воведување на усмено и писмено полагање на правосудниот испит пред стручна комисија, врз основа на мерливи и објективни критериуми...

Студентот Филип Алчевски победи на хакатонот за зелено инженерство

Филип Алчевски со темата „Иновативни употреби на летечката пепел за одржлив развој“, е победник на хакатонот за зелено инженерство, кој се одржа на Технолошки-металуршкиот факултет (ТМФ). Второто место го освои...