fbpx
Таг: Емил Димитриев

таг: Емил Димитриев

Димитриев на средбата со Коѕиас: Потребни ни се решенија за иднината, не за минатото

Македонија се залага за градење позитивна клима и пријателство со Грција и е подготвена да разговара за надминување на отворените разлики, истакнал премиерот Емил Димитриев на средбата со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, кој денеска престојува во земјава. На средбата, како што соопштуваат од Владата, Димитриев ја истакнал потребата од пронаоѓање сфери и области „што ќе придонесат за зближување...

Со предлог-ребалансот на буџетот дефицитот се зголемува од 3,6 на 4 проценти од БДП

Предлог-ребалансот на буџетот кој го најави премиерот Емил Димитриев е доставен до Собранието. Во него Владата бара дополнителни 36,4 милиони евра кои треба да се искористат за санирање на штетите во поплавените подрачја. Со новиот ребаланс на буџетот, дефицитот ќе се зголеми од 3,6 на 4 проценти од бруто-домашниот производ (БДП) и од 344,4 милиони евра се зголемува на 375,9 милиони...

СДСМ: За исплата на штетите нема потреба од нови задолжувања

Доказ за неспособноста на оваа влада е признанието дека за најавените 33 милиони евра за отштета за поплавените граѓани, дополнително планираат да земат нов кредит од меѓународни институции, се вели во соопштението на СДСМ. - И покрај тоа што пред помалку од еден месец незаконски издадоа еврообврзница од 450 милиони евра, денеска самите признаа дека не се во состојба од...

Димитриев: Владата со 1,5 милиони евра авансно ќе ги обесштети поплавените граѓани

Владата авансно ќе ги обесштети поплавените граѓани во висина од 1,5 милиони евра, одлучи вчера владата на седница, соопшти денеска премиерот Емил Димитриев. - На вчерашната владина седница донесовме одлука да интервенираме авансно со 1,5 милиони евра. Тие средства после ќе бидат вкалкулирани во средствата кои ќе бидат како отштета, но сметаме дека е добро авансно да се реагира бидејќи...

Жителите на загрозените подрачја ќе добијат пет слободни работни дена

Пет слободни работни дена ќе добијат сите жители од загрозените и поплавените подрачја за да се фокусираат кон расчистување на домовите, соопшти денеска премиерот Емил Димитриев, кој заедно со министрите за труд и социјална политика и финансии Диме Спасов и Кирил Миноски се во посета на Стајковци, најпогоденото место од силното невреме. Спасов информираше дека во моментов има доволно количини...

Димитриев од Мечкин камен: Единствен излез од политичката криза се изборите

Премиерот Емил Димитриев во своето обраќање на централното чествување на 2 Август - Илинден на Мечкин камен во Крушево порача дека денешниот голем празник нè потсетува на минатото, но и нè поттикнува да размислуваме за иднината на нашата држава. Тој повика на единство на сите расположливи капацитети во државата во процесите за развој и за просперитет на татковината. - Повикувам...

Димитриев го испрати Орав

Претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев, денеска оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Аиво Орав, по повод завршувањето на мандатот на евроамбасадорот во нашата земја. „Двете страни ги поздравија билатералните односи помеѓу Република Македонија и Европската Унија. Соговорниците изразија задоволство од меѓусебната соработка на секое ниво од заемен интерес“, соопшти владината прес-служба. Премиерот Димитриев, како...

Изградени 700 станови за социјално ранливи групи

Техничкиот премиер Емил Димитриев денеска оствари работна средба со директорот на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов, при што разговарале за динамиката на изградба на станови, катни гаражи и на други објекти. - Во делот на градба на станови за социјално ранливи групи, досега се изградни околу 700 станови и во моментов се градат околу...

УПОЗ во отворено писмо до Димитриев бара оставка од министерот за правда

Синдикатот на УПОЗ денеска преку отворено писмо до премиерот, Емил Димитриев, укажаа на актуелната ситуација со штрајкот на судската администрација и, како што велат од синдикатот, на незаконските постапки што се преземаат против штрајкувачите. „Со овој допис сакаме да Be информираме дека министерот за правда и Судскиот совет на Република Македонија со своето игнорирање на барањето на штрајкувачите дозволија штрајкот...

Димитриев се надева дека партиите ќе најдат „оправданост“ за лидерска средба

Премиерот Емил Димитриев денеска од Штип упати апел до политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино, да покажат максимална конструктивност во наоѓањето решение за излез од политичката криза. Прашан за коментар на денешната заедничка изјава на амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во Македонија, Димитриев рече оти се надева дека ќе дојде до лидерска средба и до епилог на...

Тодоров и Попоски и официјално нови вицепремиери на Владата

Министрите за здравство и за надворешни работи, Никола Тодоров и Никола Попоски, покрај раководењето со двата ресори, ќе ја извршуваат и функцијата вицепремиер на Владата. Тие, како што може да се види на интернет-страницата на Владата, и официјално се назначени за заменици на претседателот на Владата, Емил Димитриев. Ваквата одлука, според информациите на дел од медиумите, била донесена на владината седница што...

Димитриев: Очекувам прашањето за избирачкиот список наскоро да биде затворено

Премиерот Емил Димитриев денеска на седницата за пратенички прашања во Собранието рече оти се надева дека разговорите што ги водат политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, околу прочистувањето на избирачкиот список, наскоро ќе завршат, со услогласување на нивните ставови и ова прашање ќе биде конечно затворено. - Информиран сум дека предмет на разговори помеѓу политичките партии е и новиот обид за...

Николов: Без Ставрески економскиот мотор на владата останува зарибан

Премиерот Емил Димитриев на денешната седница на Собранието, на која се констатираше оставката на министерот за финасии и вицепремиер, Зоран Ставрески, рече дека владата ќе остане посветена на развојот на економската програма и дека е потребен силен и способен кадар кој ќе продолжи да работи за доброто на македонската економија. Тој истакна дека поранешниот министер Ставрески на дело покажа како се...

Димитриев – Хајндл: Евроинтеграциите се клучни за Владата

Клучно за Владата е остварувањето напредок на полето на евроинтеграциите и со силен интензитет се работи на реализација на препораките, истакнал премиерот Емил Димитриев на денешната средба со специјалниот пратеник на германскиот министер за надворешни работи, Јоханес Хајндл. „Премиерот Димитриев истакна дека сега со прецизен акциски план се задолжени сите државни институции, преку јасно дефинирана рамка за спроведување на препораките и...

Димитриев: Оваа влада е политичка, а не техничка

Актуелната влада е политичка, а не техничка, бидејќи нема датум за одржување на изборите, изјави премиерот Емил Димитриев, при денешната посета на Агенцијата за земјоделство и рурален развој. Димитриев рече дека техничка влада за спроведување на изборите, според законот, се формира на 100 дена пред изборите, додека сегашната политичка влада е насочена кон спроведување на програмата за која е избрана. -...

Сугарески: Димитриев повеќе од 100 дена е премиер, а на пратенички прашања сè уште не одговарал

Зошто Трајко Вељаноски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат да свикаат собраниска седница за поставување пратенички прашања, праша денеска на прес-конференција координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески. - Поминаа многу повеќе од 100 дена откако Емил Димитриев застана на премиерската позиција, но собраниска седница за поставување пратенички прашања  сè уште нема закажано. Собранието одреден период не работеше, поради едностраната и неуставна...

Димитриев: Поништувањето на аболицијата за политичарите е можност за смирување на страстите

Со поништувањето на аболицијата за политичарите се отвора простор за смирување на страстите, изјави денеска премиерот, Емил Димитриев по координативниот работен состанок во Владата на тема „Акциски план за реализација на итните реформски приоритети“. Според Димитриев, Иванов имал добри намери кога ја донел одлуката за аболиција, но поради политичкиот контекст, таа морало да биде повлечена. – По носењето на аболицијата целиот...

Автопатот Миладиновци-Штип ќе биде готов за една година

Најголем дел од автопатот Миладиновци-Штип односно 95 проценти се пробиени, 9,5 километри се асфалтирани, а се работи на изградба на мостови, надвозници и подвозници. За ова денеска информираше техничкиот премиер Емил Димитриев кој направи увид во градежните активности. Димитриев информираше дека целосната реализација на автопатот во должина од 47 километри се очекува да заврши за една година, а вредноста на инвестицијата...

Димитриев бара да се констатираат оставките на министрите на СДСМ

Премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев, денеска до Собранието на Република Македонија ги достави оставките на министрите за внатрешни работи и труд и социјална политика Оливер Спасовски и Фросина Ременски, како и на дополнителните заменици - министри од редовите на СДСМ. Тој доставил нови предлози за министри и тоа Митко Чавков за внатрешни работи и Диме Спасов за труд...

Димитриев: Македонија да се надмине себеси и политичката криза

Премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев, од велигденската богослужба во храмот „Свети Никола“ во Штип повика на обединување, духовно смирување и на разум на сите Македонци дома и во дијаспората. - Посакувам овој празник да донесе кај сите семејства повеќе љубов и разбирање и со оние што можеби имале недоразбирање во минато. Да надвладее разумот и позитивната мисла во...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...