fbpx
Таг: Емил Димитриев

таг: Емил Димитриев

Кривични пријави од СДСМ за Димитриев, Попоски, Тодоров и за Канческа-Милевска

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе поднесе кривични пријави против премиерот во оставка, Емил Димитриев, и против министрите во оставка Никола Попоски, Никола Тодоров и Елизабета Канческа-Милевска поради прекршување на Изборниот законик. Кривичните пријави, како што соопшти денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, ги поднесуваат бидејќи премиерот и тројцата министри во моментов истовремено ја извршуваат и функцијата пратеник во Собранието и...

Вработените во „Југохром“ во вторник продолжуваат со блокади и со протести

Вработените во „Југохром“ во вторник од 11 до 13 часот ќе го блокираат автопатот Тетово - Скопје, кај наплатната рампа Желино. Блокадата, како што велат од синдикалната организација на фабриката, е поради неоправданото исклучување на печките во комбинатот. Од синдикатот на „Југохром“ велат дека во последните десет дена, оствариле средби со премиерот Емил Димитриев и со вицепремиерот Владимир Пешевски, кои...

Цела Македонија под привремена управа – в.д. ги водат судовите, владата и собранието

Трите власти во државата - законодавната, судската и извршната - се под привремена управа. Веќе два месеци, и подолго, на чело на најважните судови, Владата, Собранието, МВР се наоѓаат вршители на должност, кои привремено ги извршуваат раководните функции на кои се поставени. Ваквата ситуација го скратува дијапазонот на одлуки и на решенија што можат да ги носат, а и веќе донесените...

Државниот врв и лидерите на партиите упатија честитки по повод Богојавление – Водици

Претседателот на држвата, Ѓорге Иванов, премиерот Емил Димитриев и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, до поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, г.г. Стефан, и до православните верници во земјава испратија честитки по повод празникот Богојавление - Водици. „Во духот на овој голем празник, да го поттикнуваме најдоброто во нас и најдоброто кај...

Вработените од „Југохром“ повторно бараат средба со Димитриев

Синдикалната организација на комбинатот „Југохром“ повторно бара средба со премиерот Емил Димитриев откако по барањето за средба што го испрати на 4 јануари, доби одговор дека со претставниците ќе се сретне советникот на премиерот. „Средбата сме подготвени да се прилагоди во рамки на Вашите слободни термини во кое било време од денот (Ви стоиме на располагање 24 часа). Ургираме средбата да се...

Постизборни апсурди: Премиерот ни е технички, владата политичка, Собранието без претседател…

По тесните резултати од предвремените избори, државава се најде во состојба која е полна со куриозитети, прашања и со дилеми. Премиерот веќе цела година (од 18 јануари 2016!) ни е „за спроведување избори“, за владата не се знае дали ни е техничка, преодна или нешто трето, Собранието е конституирано, ама нема претседател... Македонија од 30 декември номинално има парламент, но нема...

Иванов, Димитриев и г.г. Стефан упатија пораки за мир и за спокој за Божиќ

Поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, г.г. Стефан, со порака за мир и за обединување, на православните верници им го честиташе големиот празник, Раѓањето Христово – Божиќ. „Живееме во време во кое, како никогаш досега, злото го притиска светот! Ова е време преполно со искушенија на сите страни! Но, да не губиме надеж. Господ никогаш не нè оставил...

Димитриев: Новата влада треба да се грижи за интересот на народот и за нивните проблеми

На државен план, годината што изминува ќе остане запаметена по неколку работи од кои треба да извлечеме поуки, истакна во своето новогодишно обраќање техничкиот премиер, Емил Димитриев. Тој во честитката упатена до граѓаните потсети и на предвремените парламентарни избори. - Владата за спроведување на изборите која ја предводев, иако функционираше во специфични и невообичаени околности и се соочуваше со многу проблеми...

Димитриев очекува политичките партии да ги прифатат резултатите од изборите

„По пребројувањето на гласовите, очекувам политичките партии да ги прифатат резултатите од изборите како волја на граѓаните“, рече премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев, по гласањето во Пробиштип. - Со оглед на тоа што предизборната кампања помина во одлична атмосфера, без никакви нарушувања на она што се вика кодекс на однесување во предизборието, очекувам и денешниот ден, денот на...

Димитриев – Чичаковски: Создадени се услови за фер, демократски и веродостојни избори

Tехничкиот премир за организирање на избори, Емил Димитриев, денеска се сретнал со членовите на Државната изборна комисија, на која присуствувале и дел од членовите на Владата. Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, информирал дека сè е подготвено за одржување на изборите и оти сите потребни активности се реализирани во согласност со предвидената динамика. - Информирајќи дека избирачкиот список е потпишан...

Димитриев во Рига се сретна со бугарскиот премиер Борисов

Премиерот на Република Македонија за спроведување на избори, Емил Димитриев, вчера во Рига се сретна со бугарскиот колега, Бојко Борисов. Двете страни се обврзале да придонесат со заедничка заложба за унапредување на економската соработка, трговската размена и за реализација на инфраструктурни проекти што се од значење за двете држави, со акцент на изградба на железничката и патна инфраструктура на коридорот 8. Истакната...

Димитриев: Обвинителствата не смеат да се претворат во портпароли на партиите

Органите на правдата мора да останат надвор од политичката битка на партиите и не смеат да остават впечаток на политичка обоеност, рече меѓу другото премиерот Емил Димитриев во своето обраќање на Свечената академија во Македонската опера и балет по повод празникот 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба. Тој нагласи дека Владата ќе им дава поддршка на сите органи...

Димитриев: За една година ќе имаме преструктуиран безбедносен систем

Министерството за внатрешни работи почнува со реализација на процесот на реформи за консолидација на безбедносниот систем во државата, во согласност со препораките од извештајот на Прибе, кои, меѓу другото, треба да ја засилат контролата на работата на безбедносните служби. Ова денеска на прес-конфереција го соопшти техничкиот премиер Емил Димитриев, по состанокот на кој присуствуваше целото раковдство на МВР, односно министерот,...

Изборите, СЈО и мигрантите во фокусот на средбата на Хан со Димитриев

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, средбата со премиерот Емил Димитриев ја оцени како конструктивна и сеопфатна. На неа, како што напиша Хан на својот твитер-профил, било разговарано за исполнување на условите за веродостојни избори, спроведување на реформските приоритети и за поддршка на работата на Специјалното јавно обвинителство. „Конструктивна и сеопфатна размена на мислења со премиерот Емил Димитриев....

Премиерот Димитриев бара пратениците да изгласаат нов министер без ресор

Само неколку дена пред распуштањето на Собранието, премиерот Емил Димитриев бара од пратениците да изберат нов министер без ресор. Предлогот за разрешување на Фуркан Чако од Демократската партија на Турците и за назначување на Бејџан Иљас на негово место, во Собранието стигнал доцна попладнево. Сè уште никој не објаснил зошто се бара разрешување на Чако. Според биографијата што Димитриев ја доставил до Собранието,...

Борисов: Тие што ги кршат бугарските споменици ќе имаат несакани последици

Македонскиот премиер Емил Димитриев вчера во Виена го уверил бугарскиот колега, Бојко Борисов, дека македонските власти ќе реагираат на сквернавењето на спомен-плочата на бугарските херои на Кајмакчалан, кое го изврши новинарот Миленко Неделковски, тврди бугарската информативна веб-страница „Новините“. - Не сакам да коментирам – изјавил Борисов за новинарите по самитот во Виена. Сепак, Борисов предупредил дека „штом тие ги кршат бугарските споменици со...

Керн: ЕУ мора да се подготви за последиците од акумулацијата на бегалците на Балканот

Земјите од балканската миграциска рута, од Грција до Германија, се согласуваат дека треба да се зајакнат контролите на надворешните граници на ЕУ, изјави денеска австрискиот канцелар, Кристијан Керн, по самитот во Виена. Керн на самиот ги собра колегите од Германија, Словенија, Хрватска, Србија Унгарија, Романија, Бугарија, Македонија, Грција и од Албанија. На состанокот учествуваа и претседателот на Европскиот совет, Доналд...

Собранието без опозицијата го изгласа Оливер Андонов за министер за внатрешни работи

Собранието доцна вечерва со 65 гласа „за“ и ниту еден против, го избра Оливер Андонов за нов министер за внатрешни работи. За време на гласањето, во салата не беа присутни пратениците од опозицијата. На гласањето за нов министер му претходеше жестока расправа меѓу пратениците од власта и од опозицијата. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески, рече дека со предлогот...

ФРОДЕМ: Со предлогот за нов министер на МВР, Груевски го прекрши договорот за избори

Не поминаа ниту 12 часа од постигнувањето на договорот за избори, Никола Груевски го покажа своето вистинско лице и неговото сфаќање за „фер и демократски“ избори, се вели во реакцијата на Фронтот за демократската Македонија (ФРОДЕМ) во врска со денешната одлука на Владата за избор на нов министер за внатрешни работи и за разрешување на директорите на Бирото за...

Почна да се гради гасоводната мрежа Штип – Неготино

Гасоводната мрежа Штип – Неготино во должина од 36 километри почна да се гради денеска. Инвестицијата чини околу 16 милиони евра, а ќе ја гради македонски конзорциум предводен од кумановски „Рапид билд“, заедно со уште четири компании „Ел-Те“, „Сектартермо“, „Чакар партнер“ и „Квалитет пром“. Оваа мрежа се надоврзува на гасоводот Клечовце – Штип, чија изградба во должина од 61 километар заврши минатиот...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...