fbpx
Таг: Емил Димитриев

таг: Емил Димитриев

Новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да ги земе во обѕир сите ставови, вели Димитриев

Поранешниот Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев, во изјава за медиумите рече дека дискусиите на првиот ден од вонредниот конгрес на кој партијата ќе бира нов лидер биле многу коректни. -Дискусиите беа многу коректни, во насока на тоа што треба партијата да преземе во наредниот период, да биде подобро организирана, зајакната со дополнителни ресурси како што доликува на една квалитетна...

ВМРО-ДПМНЕ избра нов извршен комитет, осум високи функционери заминаа од врвот

ВМРО-ДПМНЕ синоќа избра нови 19 членови на извршниот комитет (ИК) на партијата, а меѓу нив повеќе не се осум од досегашните високи функционери, од кои повеќето се споменуваат во „бомбите“ што ги објави СДСМ. Во новиот ИК не се поранешните министри Владимир Пешевски, Емил Димитриев, Зоран Ставрески, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески и Кирил Миновски, како и блиските соработници на Никола Груевски,...

Адвокатот Додевски повикан како сведок во СЈО за случајот „Талир“

Aдвокатот Никола Додевски ќе биде повикан како сведок во Специјалното јавно обвинителство за случајот „Талир“ и тој нема да може да биде адвокат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, за овој случај, кој е првоосомничен пишува порталот „Сакам да кажам“ (www. sdk.mk). Од Специјалното јавното обвинителство ја потврдиле информацијата, но не кажале повеќе детали во врска со...

Јанакиески очекува СЈО да му поднесе обвинение и да оди на суд

Специјалното јавно обвинителство продолжува да работи како експозитура на СДСМ и да води политичка хајка против функционери на ВМРО-ДПМНЕ, рече поранешниот министер за транспорт и врски и функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески по излегувањето од просториите на СЈО, каде се задржа помалку од половина час. „Денеска бев осомничен затоа што сум ставил параф на некој договор,“ рече Јанакиески. Тој го повика СЈО да...

Јанакиески дојде во СЈО да даде исказ за случајот „Талир“

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, попладнево во 14 часот пристигна во Специјалното јавно обвинителство, каде според информациите треба да даде исказ за случајот „Талир“ во кој и тој е еден од осомничените. Јанакиески не даде изјава за медиумите. Инаку во Специјалното јавно обвинителство денеска беше и пратеничката на СДСМ, Фросина Ташевска-Ременски. Таа по излегувањето изјави дека била повикана...

Димитриев не дал исказ во СЈО, побарал увид во доказите

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен технички премиер Емил Димитриев денеска не дал исказ во Специјалното јавно обвинителство, туку како што изјави побарал увид во доказите за случајот „Талир“, каде тој е еден од 11 осомничени. - Побарав увид во доказите и штом ги добијам, ќе се произнесам - рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Димитриев во СЈО се задржа околу еден...

Емил Димитрев дава исказ во СЈО за случајот „Талир“

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен технички премиер Емил Димитриев претпладнево во 11 часот пристигна во Специјалното јавно обвинителство каде според информациите треба да даде исказ во врска со случајот „Талир“. Димитриев во СЈО дојде со адвокатот Никола Додевски кој ги застапува поголемиот дел од осомничените во случаите што ги води СЈО. Како што дознаваме, СЈО доставило покани до сите 11...

Заев: Димитриев ми пренесе дека состојбата во државата не е сјајна, но не е ниту драматична

Новиот премиер, Зоран Заев, денеска изјави дека примопредавањето на премиерскиот кабинет од досегашниот технички премиер, Емил Димитриев, поминало во пријателска атмосфера. - Разговаравме со техничкиот премиер во заминување, господинот Емил Димитриев, и бев запознаен со сите неопходни детали што треба да ги знам уште денеска, во согласност со целиот протокол. Нормално, бев информиран за салите за состаноци, за помошните простории,...

Заев се всели во премиерскиот кабинет

Новиот премиер, Зоран Заев, во 12.30 часот влезе во кабинетот на премиерот во Владата на Република Македонија, каде беше пречекан од техничкиот премиер Емил Димитриев. Димитриев срдечно го пречека Заев и му ја предаде функцијата. Заев во Владата стаса во придружба на неколку членови на новиот владин кабинет.

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО му помага на Заев да реализира нарачани платформи

На прес-конференција денеска дури тројца високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ одговараа на наводите што денеска ги изнесе СЈО отворајќи три нови случаи, од кои два „Талир“ и „Траекторија“ се за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и за високи партиски или државни функционери во владите на ВМРО-ДПМНЕ. Антонијо Милошоски од партиската говорница обвини дека СЈО само „штанца обвиненија против ВМРО-ДПМНЕ“ за да му помогне...

ЛДП бара поништување на „скандалозниот“ договор за изградба на нов клинички центар

Никола Тодоров, Никола Груевски и Емил Димитриев денеска потпишаа и поддржаа скандалозен и бескруполозен договор за изградба на нов клинички центар во Скопје, свесно произведувајќи нови линии на поделба и беззаконие во Рeпублика Македонија, обвинуваат од Либерално-демократската партија (ЛДП). Оттаму велат дека потпишувањето на ваков договор од страна на лице „кое не е ништо друго, освен пратеник во новиот собраниски...

Коцијанчич: Трпение, до 24 мај ќе дознаете кој ќе вечера со Могерини

Европската комисија засега не открива кој ќе патува во Брисел на средба со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и за безбедност, Федерика Могерини, дали тоа ќе биде техничкиот премиер Емил Димитриев или Зоран Заев. - Во овој момент можам да кажам дека поканите се испратени до премиерите, а имињата на учесниците ќе бидат потврдени непосредно пред посетата. Ќе...

Димитриев: Не се согласувам со Нухиу, Чавков ја има мојата доверба и почит

Го осудувам насилството од секој облик, физичкото насилство врз пратениците, насилството кое го доживееја и граѓаните и насилството врз процедурите, деловникот, законот и Уставот, изјави техничкиот премиер Емил Димитриев, кој апелираше на смиреност и на разумност кај сите политички партии и граѓани. - Би сакал повредените што побргу да оздрават и враќање на состојбата во нормала. Го осудувам интонирањето на...

Димитриев го искара Рама на „Фејсбук“

Додека мојот колега од Албанија „од ракав“ вади сценарија за спојувања на Албанија и на Косово, доколку пропадне европската интеграција на државите од регионот, негови дежурни адвокати се трудат да го правдаат со теза дека тоа што Рама бара домашни предизборни поени преку брутално мешање во македонските процеси било од „пријателска природа“, вели техничкиот премиер Емил Димитриев на својот...

Димитриев: Да надвладее разумот, да се запази достоинството на народот

Во моменти кога имаме силна политичка поларизација, треба да надвладее разумот, да се запази достоинството во постапките и во комуникацијата меѓу себе, порача денеска од Штип техничкиот премиер Емил Димитриев, каде присуствуваше на велигденската литургија во централниот храм на Брегалничката епархија „Свети Никола“ во Штип. - Република Македонија во историјата преживеала многу премрежиња, ќе го преживее и ова и ќе...

Синдикатот на „Југохром“ бара итна средба со Димитриев

Синдикатот на „Југохром Алзар - Јагуновце“ бара итна средба со техничкиот премиер, Емил Димитриев, поради ситуацијата со комбинатот, чии печки се исклучени поради пробивањето на рокот за изградба на пречистителна станица. Од синдикатот реагираат на игнорирањето од страна на Владата на нивниот последен допис и бараат средбата со Димитриев да се случи најдоцна в понеделник. Оттаму наведуваат дека за утре, синдикатот...

СДСМ: Кога нема влада, ризични се отсуствата на претседателот и на техничкиот премиер

Aко ВМРО-ДПМНЕ сака унитарна и суверена Македонија и се грижи за потребите на граѓаните, треба веднаш отворено да ја поддржи програмата на новата реформска влада, да прифати дека е опозиција и да овозможи мирен трансфер на власта, се вели во соопштението на СДСМ. Според нив, „и за домашната и за меѓународната јавност е јасно дека ова што го прават Никола Груевски...

Димитриев: Нови избори се единственото решение за излез од кризата

Техничкиот премиер Емил Димитириев, при денешната посета на Делчево, го повтори партискиот став на ВМРО-ДПМНЕ дека предвремени парламентарни избори, кои би биле организирани заедно со локалните, се единствениот излез од политичката криза. Димитриев забележа дека постизборните дискусии, според него, длабоко задираат во уставното уредување, а не биле дел од предизборната кампања или многу малку се зборувало за тоа. - Сметам дека ваквите...

Димитриев до Рама: Многу некоректно потпалувате националистички оган

Постојаното мешање во внатрешните работи на Република Македонија прави голема штета на добрососедските односи и е спротивно на европските вредности, се вели во обраќањето на „Фејсбук“ на техничкиот премиер Емил Димитриев кон албанскиот премиер Еди Рама. „Мешањето не ѝ помага на Албанија, чии граѓани очекуваат од Вас да се зафатите со слабостите во владеењето и со економијата, ниту на Македонија,...

Хан ја почна работната посета со средба со премиерот Димитриев

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, утринава се сретна со премиерот Емил Димитриев, со кој разговараше за ситуацијата во земјата по предвремените парламентарни избори, одржани на 11 декември минатата година. Детали од средбата засега не се откриваат, а Хан од средбата објави фотографија на социјалната мрежа „Твитер“ со краток опис. „Го почнав работниот ден во Скопје со разговор со...

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...