fbpx
Таг: Емануел Макрон

таг: Емануел Макрон

Немири во Франција: властите ја истражуваат смртта на 27-годишен маж за време на протестите

Француските обвинители започнуваат истрага во врска со смртта на 27-годишен маж кој бил погоден од муниција за растерување протести за време на немирите во саботата, потврди обвинителството во Марсеј. Како што пренесува Гардијан, човекот починал во саботата вечер, додека Марсеј бил преплавен од насилните протести, но обвинителството вели дека не било возможно да се утврди дали починатиот бил само...

Се смируваат тензиите на француските улици

Помалку од 160 лица се уапсени во текот на ноќта во немирите низ градовите во Франција по убиството на тинејџер од северноафриканско потекло од страна на полицаец, соопшти француското Министерство за внатрешни работи, а пренесе Ројтерс. Релативната смиреност по петте тешки ноќи на немири и илјадници уапсени претставува олеснување за владата на претседателот Емануел Макрон во борбата да ја врати...

САД, Франција и Германија ја следат ситуацијата во Русија, Украина вели ова е само почеток

САД, Франција и Германија ја следат ситуацијата во Русија откако утрово силите на платеничката војска Вагнер започнаа бунт против руското воено раководство. Францускиот претседател Емануел Макрон „внимателно“ ги следи настаните во Русија, соопштија од неговиот кабинет, пренесува Јуроњуз. И во Берлин, германската влада соопшти дека „внимателно ги следи настаните во Русија“, не соопштувајќи дополнителни информации. Си-ен-ен го пренесува ставот на американското...

Видео со висок контраст лажно го прикажува Макрон со „силиконска маска на лицето“

Во постот е споделено кратко видео во кое Емануел Макрон, Џо Бајден, Ангела Меркел и Хилари Клинтон се прикажани на снимки со висок контраст, кои прават оптичка илузија. Па во духот на теоријата на заговор Кју Анон, според која овие политичари не се вистински туку се „заменувани од двојници“, неточно се тврди дека францускиот претседател носи маска на лицето....

Ковачевски се сретна со Макрон, доби уверување дека Франција ја сака земјава во ЕУ

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска во Братислава се сретна со претседателот на Франција, Емануел Макрон. На средбата присуствувал и министерот за надворешни работи Бујар Османи, информираат од владината прес-служба. Премиерот Ковачевски му се заблагодарил на францускиот претседател за неговиот личен ангажман во процесот на проширување на ЕУ и интеграцијата на Северна Македонија во Унијата. Соговорниците се согласиле дека не смее да...

Макрон и Хил повикаа на одговорност од косовските власти за новите тензии

Приштина ќе сноси последици затоа што не го послуша Вашингтон и актуелните настани ќе влијаат на нашите односи, изјави амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил, а пренесе „Нова.рс“. Во обраќањето пред новинарите во Белград, Хил рече дека ова се многу тешки денови за Косово и потсети дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен рекол оти САД се противат на потезите...

Протести во Франција поради пензиската реформа, запалено e градското собрание во Бордо

Историското градско собрание на Бордо во Франција е запалено на денот на најголемиот протест досега против обидот на францускиот претседател Емануел Макрон да ги спроведе реформите за зголемување на старосната граница за пензионирање, пренесе Индепендент. Демонстрантите собрани пред Палатата Рохан навиваа додека дел од зградата се запали, што е еден од бројните инциденти на вандализам и насилство кои вчера се...

Емануел Макрон: Со задоволство наскоро ќе дојдам во Северна Македонија

Со задоволство наскоро ќе дојдам во Северна Македонија, штом ми дозволи агендата, на датум што заеднички ќе го утврдиме како соодветен во поглед на политичката агенда. Oва, во писмо испратено до претседателот Стево Пендаровски, го напишал неговиот колега од Франција, Емануел Макрон. Тој вели дека нашата земја може да смета на неговата целосна и континуирана поддршка во текот на...

Европската политичка заедница во зародиш, во Прага денеска се одржува првиот состанок

Идејата за создавање на Европска политичка заедница, која што беше за првпат соопштена во мај годинава од страна на францускиот претседател Емануел Макрон, добива своја практична реализација со одржувањето на првиот состанок денеска во Прага. Лидерите на 44 земји од европскиот континент, со исклучок на Русија и Белорусија, ќе се соберат на состанок за да разговараат за прашања од заеднички...

Вистиномер: Не е вистина дека на Макрон му е наредено да поднесе оставка, никој нема такви овластувања во Франција

Според Уставот на Франција, никој не може да му „нареди“ на Претседателот да поднесе оставка. Може да му биде изгласана недоверба, може тој сам да си поднесе оставка или функцијата да му заврши во случај на смрт. Нема таков орган, институција или функција во Француската Република што има уставни моќи да му нареди такво нешто на Претседателот, како што...

Макрон: Македонски народe, вашето достоинство никогаш нема да биде доведено во прашање

Повторно Северна Македонија се наоѓа пред клучен момент од својата историја. Седумнаесет години по добивањето кандидатски статус, штотуку се отвора историска можност: влегување во активна фаза на процесот за пристапување кон Европската Унија. Изборот е ваш, порача во директно обраќање до нас францускиот претседател Емануел Макрон. „Вие, македонски народe, уште од стекнувањето на независноста покажавте голема политичка храброст и мудрост....

Макрон: Најден е компромис за преговарачката рамка на Северна Македонија

Францускиот претседател Емануел Макрон од Мадрид, на НАТО самитот соопшти оти смета дека е најдено компромисно решение за преговарачката рамка на Северна Македонија, која ја вклучува и Бугарија, јави Ројтерс. „Мислам дека најдовме компромисно решение“, порача тој на прес-конференција во Мадрид. Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел по прес-конференцијата на францускиот претседател Макрон преку својот Твитер-профил го поздрави решението постигнато од...

Емануел Макрон направил ненамерна грешка со придавката „Северномакедонци“

Претседателот на Франција, Емануел Макрон направил ненамерна грешка која ја употребил придавката „Северномакедонци“ алудирајќи на граѓаните на Република Северна Македонија. Како што соопшти македонското Министерство за надворешни работи, министерот Бујар Османи денеска имал вонреден телефонски разговор со Кабинетот на претседателот на Франција Емануел Макрон. Притоа, Османи добил уверување дека при употребата на придавката за граѓаните на Северна Македонија, направена е...

Макрон и Мишел по самитот на ЕУ: Преговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија продолжуваат деновиве

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел и францускиот претседател Емануел Макрон по денешниот самит на европските лидери изјавија дека преговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија ќе продолжат и наредните денови, а во функција на деблокада на почетокот на преговорите со ЕУ на Северна Македонија и Албанија. Во својот говор, Мишел се заблагодари на француското претседателство со Европската Унија и за...

Избори во Франција: Макрон го загуби мнозинството во парламентот, ќе мора да преговара за клучните закони

Центристичката коалиција предводена од францускиот претседател Емануел Макрон го загуби апсолутното мнозинство на пратеници во францускиот парламент по вториот круг од парламентарните избори што се одржаа вчера, јавува Јуроњуз. Кандидатите на Макрон освоија 245 места во парламентот, што е помалку од неопходните 289 пратеници. Левичарската коалиција предводена од Жан Лук Меленшон освои 133 пратенички места, додека радикално десничарската партија Национален...

Шолц, Макрон и Драги стигнаа во Кијив, по бројните критики за „млакост“

Лидерите на најмоќните членки на Европската Унија пристигнаа во главниот град на Украина, Кијив, утрово, со „порака за европската обединетост“, како што рече претседателот на Франција, Емануел Макрон. Макрон допатува заедно со германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Марио Драги, на разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да ја покажат поддршката за Украина, по бројните критики, посебно за...

Франција: По изборите со рекордно низок одѕив, алијансата на Макрон сериозно загрозена од левицата

По вчерашниот прв круг на парламентарни избори во Франција, што го одбележа рекорно нискиот одѕив на граѓаните, центристичката алијанса на францускиот претседател Емануел Макрон е сериозно загрозена од левичарската коалиција предводена од Жан-Лик Меленшон, извести Би-Би-Си. Лево-зелената алијанса на Меленшон речиси се изедначи со владејачката партија, и Макрон би требало да стравува дали во вториот круг на парламентарните избори што...

Прв круг од парламентарните избори во Франција

Франција денеска гласа во првиот круг од парламентарните избори. Избирачките места во континенталниот дел од земјата беа отворени во 8 часот утрово, откако гласачите во прекуокеанските територии гласаа претходно викендов, додека гласањето се затвора вечерва во 20 часот. Овие избори се клучни за вториот мандат на Емануел Макрон и ќе го одредат неговиот капацитет да испорача внатрешна политика како што...

БГНЕС: Радев и Петков одат во Париз да го кренат ветото за почеток на преговорите на РС Македонија

Според бугарската приватна новинска агенција „БГНЕС“, во најкраток можен рок ќе се организира посета на претседателот и премиерот на Бугарија, Румен Радев и Кирил Петков, на Париз, односно на францускиот претседател Емануел Макрон, на која Бугарија и официјално ќе го крене ветото за почеток на преговорите на Северна Македонија за влез во ЕУ. Со тоа Бугарија ќе го прифати...

Франција ќе ја зголеми помошта за Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска телефонски разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски и ветил зголемување на француската помош за Украина. Макрон му рекол на Зеленски дека воената поддршка за Украина ќе продолжи да расте, како и хуманитарната помош обезбедена од Франција, која од почетокот на војната па досега изнесува повеќе од 615 тони опрема, вклучувајќи медицински материјали, генератори за...

Поради изборите, Владата ги прогласи 24 април и 8 мај за неработни денови за сите граѓани

Владата на денешната седница заклучи дека 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија, заради...