fbpx
Таг: Елизабета Канческа Милевска

таг: Елизабета Канческа Милевска

Новиот Дом на култура во Тетово, започнат во 2014 година, ќе се гради уште три години!

Новиот Дом на културата во Тетово веќе пет години се гради и никако да заврши - според одговорните, се предвидува дека ќе бидат потребни уште три години за да биде готов, пишува „Порталб.мк“. Првата фаза на изградба, според директорот, Артан Арслани се очекува да заврши во декември. Во изјава за Порталб.мк, тој вели дека ќе има пенали ако работата не биде завршена...

Канческа – Милевска: Власта ги прифати нашите предлози за амандманите

Власта ги прифати нашите барања за нацрт-амандманите за измена на уставот. Баравме амандман со кој ќе се гарантира македонскиот идентитет во Уставот, со обврска на републиката да го штити културното и историското наследство на македонскиот народ. Второто наше барање е доколку Грција не го ратификува Договорот и повторно блокира, да има поништување на сите уставни амандмани, рече Координаторката на...

Канческа-Милевска е координатор на новата пратеничка група во Собранието

Осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои гласаа „за“ отпочнување на процесот за уставни промени, во петокот поднеле официјално барање до собранискиот спикер, Талат Џафери да формираат нова пратеничка група. Како што Џафери ги извести координаторите на пратеничките групи на редовната понеделничка координативна средба, координаторот на „Независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија“ е Елизабета Канческа-Милевска. Новата пратеничка група...

„Тендери“ се одложи за 25 септември поради болест на судијата Шабани

Поради болест на судијата Осман Шабани денеска во Кривичниот суд во Скопје не се одржа рочиштето за предметот на СЈО „Тендери“, во кој првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска, во врска со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“. Новото рочиште е закажано за 25 септември,...

Завршни зборови за „Тенк“, продолжуваат судењата за „Тендери“ и „Тотал“

Во Основниот суд Скопје 1 денеска ќе се одржат три судски рочишта за случаите на Специјалното јавно обвинителство, од кои за еден ќе се изнесуваат завршните зборови. Во судењето за случајот „Тенк“, во кој, за набавката на прескапиот блиндиран „мерцедес“ вреден близу 600.000 евра, на поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, треба да бидат...

Канческа-Милевска: Илија ме нервира, не можам органски да го поднесам

Со преслушување на пет телефонски разговори во присуство на јавноста, Кривичниот ја продолжи работата по предметот „Тендери“. Од разговорите, четири се направени во 2011 година и во нив најчесто разговараат поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, а петтиот разговор е од 2013 година меѓу Канческа-Милевска и поранешната министерка за внатрешни работи...

Канческа Милевска не се чувствува виновна во случајот „Тендери“ за Музејот на ВМРО

Поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска рече дека не се чувствува виновна за кривичното дело што и се става на товар во случајот „Тендери“ на СЈО во кој таа е првообвинета. Канческа Мислевска на денешното рочиште кажа дека го разбира обвинението како текст, но не разбира на кој начин постои злоупотреба. - Го разбирам тоа што е напишано, но не...

Адвокатите на Канческа – Милевска ги спорат вештачењата на СЈО, следното рочиште на 13 март

Со приговори на одбраната околу вештачењето на доказите и за надлежноста на Специјалното јавно обвинителство помина првото рочиште од судскиот процес за случајот „Тендери“, во кој првообвинета е поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа - Милевска. Претседателот на судечкиот совет на Кривичниот суд во Скопје, Осман Шабани, го прекина рочиштето и следното го закажа за 13 март, кога ќе треба...

Почнува судењето на Канческа – Милевска за случајот „Тендери“ на СЈО

Денеска во Кривичниот суд во Скопје треба да почне судскиот процес против поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа - Милевска, обвинета во случајот „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство. Канческа-Милевска е обвинета во предметот „Тендери“ за злоупотреби со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на ВМРО, од проектот „Скопје 2014“, со што буџетот, според СЈО, бил оштетен за речиси 54...

Судењето на Канческа – Милевска за „Тендери“ закажано за 21 февруари

Кривичниот суд за 21 февруари го закажа почетокот на судењето на поранешната министерка за култура и актуелна пратеничка во Собранието, Елизабета Канческа - Милевска за случајот „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство. Два порано, односно на 19 февруари на обвинителна клупа во Кривичниот суд треба да седне новинарката и уредничка на „Сител“, Ивона Талеска, која се товари за затајување данок во...

Кривична пријава против Канческа – Милевска и нејзини поранешни соработници

Управата за финансиска полиција поднесе кривични пријави против поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа - Милевска, нејзиниот заменик Драган Недељковиќ и против Ѓ.Т., државен советник за финансиски прашања и раководител на сектор за финансии во Министерството за култура, информираат од таму. Кaнческа-Милевска и нејзините соработници се осомничени за кривично дело несовесно работење во службата и причинување штета на буџетот во износ...

Канческа – Милевска ќе оди на суд за јавните набавки за Музејот на ВМРО

Кривичниот суд во Скопје денеска соопшти дека Советот за оценка на обвинителен акт го одобрил обвинението за случајот „Тендери“, со што ќе има судски процес и овој предмет на Специјалното јавно обвинителство, во кој првообвинета е поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа - Милевска. „Предметот по одобрениот обвинителен акт согласно Автоматизираниот компјутерски систем за управување со судските предмети (АКМИС –...

ВМРО-ДПМНЕ: Упадите на СЈО по домови се „димна завеса“ за дефокус на јавноста

Специјалното јавно обвинителство и правосудните органи се ставија целосно во функција на хунтата на Зоран Заев и наместо да постапуваат согласно закон тие служат само за политичка пресметка со неистомисленици, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ по денешните информации дека СЈО извршило претрес во домовите на поранешната министерка за култура и актуелна пратиничка во Собранието, Елизабета Кенческа - Милевска и поранешниот...

СЈО врши претреси во домовите на Канческа – Милевска и на Божиновски

Специјалното јавно обвинителство утрово врши претреси во домовите на на поранешната министерка за култура и актуелна пратеничка, Елизабета Канческа - Милеска и на поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, јавува „Телевизија 24“ повикувајќи се на свои извори. Од СЈО не ја потврдуваат информацијата. Засега не е познато дали претресите се вршат во рамките на нова предистражна постапка и за што...

„Бомбите“, сепак, ќе се користат како доказ на судењето на Канческа-Милевска за „Тендери“

Апелацискиот суд Скопје ја прифати жалбата на Специјалното јавно обвинителство, со што прислушуваните разговори ќе можат да се користат во судскиот процес за случајот „Тендери“, во кој првообвинета е поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска. Како што потврдиле за „Телевизија 24“ од Апелацискиот суд, ваквата одлука била донесена врз основа и на претходните две одлуки на судот со кои се...

Канческа-Милевска: Заев потпиша договор со Бугарија за да го смени името по грчки терк

Договорот за добрососедство со Република Бугарија што го потпиша владата на Зоран Заев е во спротивност со македонските државни и национални интереси и прави од македонската страна губитник во целиот процес, изјави денеска на прес-конференција поранешната министерка за култура и сегашна пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Елизабета Канческа-Милевска. - Во членот 2, став 2 од Договорот, Бугарија вели дека ќе се согласи со...

Одбиени жалбите во случајот „Тендери“, Канческа-Милевска останува без пасош

Апелацискиот суд ги одби жалбите на поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска, и на уште две лица, како и на Специјалното јавно обвинителство во случајот „Тендери“. Апелацискиот суд ја потврди одлуката на Кривичниот суд за Канческа-Милевска и за другите обвинети да им бидат одземени патните исправи и да се јавуваат во судот еднаш неделно. СЈО во жалбата бараше на Канческа-Милеска и...

Апелација ги разгледува жалбите на СЈО и на Канческа-Милевска

Во Апелациски суд - Скопје денеска се одржува јавна седница на која се разгледуваат жалбите за случајот „Тендери“, во кој првообвинета е поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска. Жалби до Апелацискиот суд имаат поднесено и Специјалното јавно обвинителство, кое бара да се поништи одлуката на првостепениот суд и на Канчевска-Милевска да ѝ се одреди притвор, но и обвинетата, која исто...

Костовски: Случајот „Тендери“ е монтиран процес за да се оцрни ВМРО-ДПМНЕ

Случајот „Тендери“ кој СЈО го отвори, а се однесува на наводна злоупотреба на службено овластување при избор на фирма за градба на објектот на Музејот на македонската револуционерна борба, е целосно монтиран процес, дел од една политичка пропаганда на СДС која има цел да го оцрни ВМРО-ДПМНЕ, изјави на прес-конференција Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека целосната постапка за...

И Канческа-Милевска и Пешевски останаа без пасоши, засега нема притвори

Кривичните совети на Основниот суд Скопје ги одбија како неосновани барањата на Специјалното јавно обвинителство да им биде одредена мерка притвор на поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска и на поранешниот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски. На Канческа-Милевска и на Пешевски, кои се обвинети во случаите „Тендери“ и „Траекторија“ на СЈО, судот наместо притвор им одредил мерки на претпазливост...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...