fbpx
Таг: ЕЛЕМ

таг: ЕЛЕМ

ЕЛЕМ: Трошењето струја е зголемено за 30 проценти во однос на последните пет години

Поради екстремно ниската температура, регистрирана е 30 проценти поголема потрошувачка на електрична енергија во однос на истиот период за последните пет години, се вели во соопштение на АД ЕЛЕМ. -  Сите расположливи капацитети за производство на електрична енергија на АД ЕЛЕМ се ставени во погон. Дел од количествата се обезбедуваат на слободниот пазар во согласност со постојните правила и процедури усвоени од...

ЕЛЕМ: СДСМ манипулира со податоците за производство и за увоз на електрична енергија

СДСМ се обидува да ја манипулира јавноста со тези и со податоци за производството на електрична енергија, конзумот и увозот кои немаат врска со реалноста, заради ситни дневно-политички поени и ги извртува информациите искажани на денешната прес-конференција на АД ЕЛЕМ за електро-енергетските состојби во Македонија, стои во реакцијата на ЕЛЕМ на соопштението на СДСМ. Според компанијата, неосновани се обвинувањата од...

СДСМ: Нема доволно струја, ЕЛЕМ интервентно увезува 36 проценти поскапа струја

СДСМ денеска соопшти дека струја се увезува веќе три дена, а не само четири часа во текот на вчерашниот ден. „Лага е дека има струја. Лага е дека нема интервентен увоз на струја. Лага е дека е набавена струја за само четири часа од вчерашниот ден. Лага е дека набавената струја чини 40 евра за мегават-час, како што изјавија на прес-конференција...

ЕЛЕМ: Електроенергетската состојба е стабилна, се задоволуваат сите потреби на потрошувачите

Електроенергетската состојба е стабилна и граѓаните и целата индустрија што е на регулираниот пазар ги добиваат сите потребни количества енергија, соопшти денеска директорот на АД ЕЛЕМ, Христијан Мицкоски. - Во првите седум денови од годинава АД ЕЛЕМ своето производство го има надминато за 10,9 проценти и во целост одговори на потребите на граѓаните и на индустријата – рече Мицкоски и додаде...

ЕЛЕМ го поништи тендерот за „Рајска градина“ во општина Аеродром

Државната компанија „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) го поништи тендерот за избор на фирма за изградба на проектот „Рајска градина“ во општината Аеродром. Денеска на интернет-страницата на електронскиот систем за јавни набавки беше објавено известување дека јавната набавка е поништена, а во образложението како прачина за нејзиното поништување е наведено дека „се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат...

ЕЛЕМ планира да гради конгресен центар во Охрид

Електрани на Република Македонија (ЕЛЕМ) планира во Охрид да гради конгресен центар, кој треба да го поттикне развојот на конгресниот туризам. Компанијата веќе го објави конкурсот за избор на идејно решение за изградба на центарот. За вреднување на пристигнатите трудови е формирана жири-комисија, во состав: Звонко Кушоски, Миле Славковски и Снежана Галовска. ЕЛЕМ планира да го изгради конгресниот центар со сопствени...

ЕЛЕМ ќе инвестира во автокампот „Ливадиште“ во Струга

ЕЛЕМ планира да инвестира 2,7 милиони денари во обнова на автокампот „Ливадиште“ во Струга. Со проектот е планирано да се санира електричната инсталација, водоводот, соларниот систем за топла вода, а ќе се обнови и плажата. Освен веќе постоечките приколки, ќе има и кошаркарско и фудбалско игралиште, мини-голф и нови бунгалови.  

Струјата од август поскапа за 10 проценти?

Нова цена на струјата, повисока и за 10 проценти, ќе плаќаат граѓаните од август годинава, велат извори од енергетските компании. Стручните служби на Регулаторната комисија за енергетика веќе ги разгледуваат поднесените материјални трошоци од државните ЕЛЕМ и МЕПСО и од приватната ЕВН, по што ќе следи одлука. Неофицијално, државната ЕЛЕМ поднела материјални трошоци до Регулаторна, со кои се бара зголемување на...

СДСМ: Адвокатот на Груевски за 46.000 евра ангажиран во ЕЛЕМ

„Дали откако се излечи душевната болка на Никола Груевски со 50.000 евра, сега е успокоен и неговиот адвокат? Адвокатот Никола Додевски ќе биде ангажиран од државната компанија ЕЛЕМ, а за тоа, според договорот објавен на страницата на Бирото за јавни набавки, за едногодишната услуга, ЕЛЕМ ќе му плати повеќе од 46.000 евра“, се вели во соопштението на СДСМ. „Случајно или не,...

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...