fbpx
Таг: ЕЛЕМ

таг: ЕЛЕМ

Дејан Бошковски разрешен од Регулаторна комисија за енергетика

Собранието, со 62 гласа „за“, го разреши поранешниот генерален директор на АД ЕЛЕМ, Дејан Бошковски, од Регулаторната комисија за енергетика. Според Владата, при именувањето, Бошковски не го исполнил условот најмалку една година пред назначувањето за член на регулаторното тело да не бил член на надзорен или на управен одбор или на одбор на директори во друштво кое врши регулирана енергетска...

ЕЛЕМ и МЕПСО ќе дадат заем за исплата на заостанатите плати во Македонски железници

На својата 44 седница вечерва, Владата меѓу другите точки направила подготовки за проект за транспортно и трговско поврзување на Западен Балкан, како и прифатила одлуки на двете државни енергетски претпријатија, ЕЛЕМ и МЕПСО, со кои му позајмуваат пари на АД Македонски железници - Транспорт, соопшти секторот за информирање на Владата. Со тие позајмици, се обезбедени пари за неисплатените плати за...

Бошњаковски: Јавноста со право реагира, но Владата не може да се меша во буџетот на ДИК

„Државната изборна комисија (ДИК) е независна институција и Владата не може да се меша во тоа како комисијата си го распределува буџетот. Свесни сме дека и медиумите и јавноста бурно реагираа на одлуките на членовите на ДИК да си доделат бонуси, но што се однесува до Владата, таа нема ингеренции да интервенира. За тоа треба да ги прашате во...

Судењето за случајот „Тарифа“ на СЈО закажано за 19 декември

Почетокот на судскиот процес за случајот „Тарифа“ на Специјалното јавно обвинителство, Кривичниот суд во Скопје го закажа за 19 декември, соопштија од судот. Предметот ќе го суди судијката Верка Петковска, која го судеше случајот за настаните од кумановско Диво Насеље, од 9 и 10 мај 2015 година. „Предметот со КОК бр. 51/17 оформен по одобрување на обвинителниот акт на Јавното обвинителство...

Балканските земји бараат СБ и ЕИБ повеќе да финансираат во новите хидроелектрани

Државните електростопанства на земјите од Балканот бараат од меѓународните финансиски институции, како Светската банка (СБ) и Европската инвестициска банка (ЕИБ) повеќе да ги финансираат новите проекти за изградба на хидроелектрани на Балканот. Ова било истакнато на дебатата на конференцијата „Хидроенергија Балкан 2017“ (Hydro Power Balkans 2017) која се одржа во Подгорица, Црна Гора, на која се дискутирало за проблемите во...

Кочан не се чувстува виновен за „Труст“, СЈО најави дека ќе го докаже спротивното

Не се чувстувам виновен, изјави бизнисменот Сеад Кочан на главната расправа од судењето за случајот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство, кое почна денеска во Кривичниот суд во Скопје. Кочан, Василие Авировиќ и Сафет Ватиќ, како и фирмите „Трансмет“, „Силекс Неметали“ и „Вато“, СЈО ги товари дека со невистинити и фалсификувани документи добиле тендер на „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) вреден 17...

МРТ: Ние должиме многу, ама и УЈП ни должи 34 милиони евра

„Македонската радио-телевизија“ (МРТ) попладнево испрати соопштение во кое ги наведе своите долгови кон различни доверители, кои изнесуваат 19,5 милиони евра, но порача и дека враќањето на долговите и нормалното работење на куќата се попречени од долгот на Управата за јавни приходи (УЈП) кон МРТ кој изнесува 34 милиони евра. Во соопштението се вели дека од назначувањето на сегашниот менаџмент во...

Поранешниот директор на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски, доби кривична за злоупотреба

Дејан Бошкоски, поранешниот директор на државното претпријатие АД ЕЛЕМ, како и С.П., внатрешна ревизорка во ЕЛЕМ, добија кривични пријави од Министерството за внатрешни работи (МВР), за злоупотреби на службената положба, поради погрешно евидентирање и исплаќање на прекувремена работа. Како што е наведено во полицискиот билтен, Д.Б. (44) од Скопје и С.П. (45) од Битола ги сториле злоупотребите во периодот од...

„ЕЛЕМ – Енергетика“ од утре ќе вклучи парно греење

ЕЛЕМ утре ќе почне со испорака на топлинска енергија за потрошувачите приклучени на мрежата на „ЕЛЕМ - Енергетика“. „Парно греење ќе добијат 3.546 домаќинства, 17 основни и средни училишта и детски градинки и 75 деловни субјекти во скопските населбите Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром“, се вели во соопштението на ЕЛЕМ. Од компанијата додаваат дека испораката почнува осум дена пред официјалниот почеток на грејната...

ЕЛЕМ ќе купува струја за грејната сезона

ЕЛЕМ денеска ќе распише повик, а на 10 октомври ќе биде одржана аукција за купување на 29,7 гигават-часови електрична енергија. „Електричната енергија што е планирана да се купи во октомври е наменета за ноември, кога ќе биде зголемена побарувачката поради грејната сезона. Производството на ЕЛЕМ во тој период ќе биде недоволно поради тоа што еден блок на РЕК Битола сè уште ќе биде...

ЕЛЕМ секојдневно на интернет ќе објавува податоци за нивото на Охридско Езеро

ЕЛЕМ на својата официјална веб-страница почна да ги објавува податоците за нивото на Охридско Езеро, информираат од компанијата. „На линкот http://www.elem.com.mk/?p=6755 посетителите ќе можат секојдневно да го следат нивото на езерото, а покрај моменталната состојба, се поставени и податоци за минималната и за максималната кота. Објавените податоци се според сопствените мерења на компанијата, што АД ЕЛЕМ, подружница ХЕС „Црн Дрим“ ги...

ЕЛЕМ го поништи тендерот за РЕК Битола, „Фероинвест“ пак понудил повисока цена

Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) повторно го поништи тендерот за набавка на гумени ленти за РЕК Битола, откако и на последната, трета аукција, понудените цени биле повисоки од планираниот буџет на компанијата. Од ЕЛЕМ велат доколку нема жалби од компаниите на одлуката, компанијата веднаш ќе распише нов тендер за набавка на гумени ленти. „Доколку на оваа одлука нема жалби од учесниците на...

212 милиони евра завршиле во пет фирми за ископ на јаглен во РЕК Битола и во РЕК Осломеј

ЕЛЕМ платиле 161 милион евра на „Трансмет“, „Силекс неметали“, „Пелистер“, „Гранит“ и на „Марковски компани“ за ископ на јаглен и на јаловина во РЕК Битола, од 2012 до август 2017 година, информираше денеска на прес-конференција директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски. Тој додаде дека во истиот период, поради недостиг и неисправност на сопствената механизација, во РЕК Битола и во РЕК Осломеј била ангажирана и...

Годината беше сушна, затоа водостојот на Охридско Езеро е намален, велат од ЕЛЕМ

„Годината беше сушна, дотеците се многу мали. Затекнавме загрижувачка состојба на сите акумулации во земјата, но ќе се потрудиме нивоата на водата да ги задржиме во некаква оптимална состојба и да искористиме максимум од потенцијалот“, изјави денеска во Охрид директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски. Тој додаде дека производството на електрична енергија од акумулациите „Глобочица“ и „Шпилје“ не смее да влијае негативно...

„Фероинвест“ на Анѓушев не го доби тендерот на ЕЛЕМ

ЕЛЕМ информира дека денешната аукција за тендерот за гумени ленти за транспорт на материјалот во РЕК Битола завршил делумно успешно. За ЕЛЕМ била прифатлива понудата само за еден дел, а за другите четири Комисијата за јавни набавки на ЕЛЕМ следната недела ќе одлучува што понатаму. „Цените што учесниците ги понудија во четири од петте одвоени пакети, се повисоки од сумата штo ЕЛЕМ...

Заев за случајот „Фероинвест“: Покрај законите, важен е и етичкиот однос

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, денеска не одговори на новинарско прашање дали ќе се повлече од сопствеништвото на неговите компании, во кои се и фирмата „Фероинвест“ која учествува на државен тендер на компанијата ЕЛЕМ и на компанијата ЕДС,, еден од најголемите трговци со струја. - Стојам тука исправен пред вас и пред јавноста да ги разјаснам политиките на Владата....

ЕЛЕМ минатата година за плати и за хонорари потрошиле 56,8 милиони евра

Премиерот и министрите денеска расправаа за затекнатата состојбата во АД „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) во периодот од почетокот на оваа година до 1 август, соопшти владината прес-служба. Според анализа што била доставена до Владата, производството на електрична енергија во ЕЛЕМ е во континуирано опаѓање, додека потрошувачката на јаглен и на мазут, по произведен мегават електрична енергија, е во постојан пораст. Според Владата,...

Анѓушев: „Трансмет“ порано наплаќала по 144 денари за ископ, а овој тендер го добила за 44

Фирмата „Трансмет“ на Сеад Кочан која го доби тендерот на ЕЛЕМ за ископ на јаловина во РЕК Битола, наплаќала и до 144 денари по ископ на 1 гигаџул, а сега компанијата е подготвена да ја врши истата услуга за 44 денари, соопшти денеска вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев. -Најбитното прашање кое што треба да се одговори е, зошто...

Василевски и Зиков ќе го водат МЕПСО, Миновски нов директор на ЕЛЕМ

Сашо Василесвки е назначен за директор на МЕПСО, Љупчо Зиков за директор на финансии и комерција на таа комопанија, а Драган Миновски е новиот директор на АД ЕЛЕМ, одлучи вчера Владата. Сашо Василевски е дипломиран правник кој од 2006 до 2008 беше заменик-министер за правда, од 2008 до 2010 година бил член во Комисијата за полагање правосуден испит, а од...

ЕЛЕМ нема скриени, ниту заостанати долгови кон стопанството, велат од компанијата

АД ЕЛЕМ нема скриени, ниту заостанати долгови кон стопанството, односно кон економските субјекти со кои има воспоставено деловни односи, се вели во реакцијата на компанијата, откако вчера Министерството за финансии го објави долгот на државните институции, а за ЕЛЕМ посочи дека должи 641 милион денари. „Акционерското друштво во државна сопственост ги испрати бараните податоци до Министерството за финансии со пресек заклучно...

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...