fbpx
Таг: електронско плаќање

таг: електронско плаќање

Од 1 јули патарините во Македонија и Србија ќе може да се плаќаат со еден таг

Системот за заедничка електронска наплата на патарина на автопатите во Македонија и Србија ќе започне да се имплементира од 1 јули годинава, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта. Со овој потег, возачите веќе нема да треба да застануваат и да купуваат додатни уреди или картички во друга земја, туку со еден уред ќе можат да плаќаат патарина во...

Помалку трансакции на шалтер во банки, граѓаните сѐ повеќе користат платежни картички

И во третиот квартал на 2022 година граѓаните продолжиле сѐ повеќе да ги користат платежните картички од домашните издавачи за плаќање во трговијата во земјата, соопшти Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ). Ова довело до годишен раст кај вредноста и кај бројот на остварени трансакции преку платежни картички од 14,9 отсто и 8,5 отсто соодветно. НБРСМ информира дека годишниот...

ЕСМ обезбеди електронско плаќање на сметките за парно за скопјани

По двомесечната пауза, скопјани повторно ќе можат да ги плаќаат по електронски пат месечните сметки за парно греење. ЕСМ Снабдување со топлина воведе електронски систем за безбедно плаќање на фактурите за топлинска енергија на новата интернет-страница ЕСМ Снабдување (esm-snabduvanje.mk). „Воведувањето на новиот систем за електронско плаќање е резултат на определбата на ЕСМ Снабдување секогаш да им излегува во пресрет на...

За 200.000 бесплатни картички за патарини за српските туристи ќе издвоиме 2,8 милиони евра

Како што вети македонската влада уште за време на пристигнувањето на донираните вакцини против ковид-19 од Србија, државјаните на оваа соседна земја летово ќе бидат ослободени од плаќање патарина на македонските автопати. Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои информацијата изготвена од Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт и врски за начинот на кој ќе...

НБРСМ: Силен раст на електронската трговија и плаќањата на граѓаните на интернет на крајот од 2020 година

Плаќањата со платежни картички од страна на граѓаните во трговијата во земјата, во четвртиот квартал од 2020 година, забележаа значителен годишен раст кај вредноста и бројот на остварените трансакции од 34 отсто и 29 отсто, соодветно, информираат од Народната банка на РСМ. „Високиот годишен раст на бројот на плаќањата на граѓаните во трговијата е пред сè резултат на исклучителниот пораст...

Лани се работеше на изведба, годинава ќе се пуштаат нови патишта, роковите остануваат менлива категорија

Северна Македонија годинава очекува засилен развој на патната инфраструктура и пуштање во употреба на неколку нови патишта коишто се градеа во изминатите години. И покрај вообичаените доцнења кај изведбата на проектите од цел спектар на вообичаени проблеми што лани беше надополнет со ковид-19 пандемијата, во 2021 година подобрувањето на патната инфраструктура ќе биде особено видливо во источниот дел на...

НБРСМ: Ковид пандемијата ги зголеми плаќањата преку интернет за пет пати во однос на лани

Поради влијанието на пандемијата со ковид-19, кај граѓаните се сменија и навиките за начинот на плаќањата. Така, кај плаќањата со платежни картички во трговијата во земјата во третиот квартал од 2020 година има значителен годишен раст, и кај бројот, и кај вредноста на остварените трансакции, од 41 отсто и 42 отсто, соодветно. Притоа, забележлив е висок годишен раст на...

Ковид-19 ги намали за над 4,3 милиони евра приходите од патарина во третиот квартал

Пандемијата на ковид-19 негативно влијае врз приходите од патарина што ги остварува Јавното претпријатие за државни патишта. Во периодот јули-септември 2020 година од наплатата на патарина во земјава бил остварен вкупен промет од 9.790.479 евра, информираат за „Мета.мк“ од ЈП за државни патишта. Во идентичниот квартал минатата година, од патарините по сите основи биле инкасирани над 14,1 милиони евра,...

Повеќе од една година автопатот Миладиновци-Штип е единствен во земјава на кој не се наплаќа патарина

Автопатот Миладиновци-Штип е единствениот пат од највисока категорија во земјава на кој повеќе од една година не се наплаќа патарина од возачите. И покрај тоа што беше отворен за сообраќај на 5 јуни, а официјално пуштен во употреба на 6 јули 2019 година, до денешен ден на оваа автопатска делница долга 47 километри не профункционира ниту една од двете...

Корона вирусот во вториот квартал ги намали приходите од патарини за 40,7 отсто

Јавното претпријатие за државни патишта во вториот квартал од годинава регистрирало намалување на вкупниот остварен промет од патарини за 40,7 отсто, како и намалување од дури 51,75 отсто на бројот на наплатени возила во споредба периодот април-јуни 2019 година. Од ова претпријатие велат дека негативниот исход се должи на корона кризата, која доведе до вонредна ситуација во земјава, затворени...

Ковид-19 го зголеми плаќањето со картички, во март купувањето на интернет поголемо за 99 отсто

Во првиот квартал од годинава за 15,2 отсто се зголемиле плаќањата на физичките и на правните лица во земјава, со посредство на банките, преку кредитни трансфери и платежни картички, во споредба со истиот период минатата година. Истовремено, за 5,8 отсто се зголемила вредноста на остварените трансакции, соопшти Народната банка (НБРМ). Според НБРМ, во март граѓаните поинтензивно ги користеле платежните картички...

НБРМ: За една година за 29 отсто зголемен процентот на купувања преку интернет

Минатата година продолжи интензивниот раст на плаќањата во трговијата со платежни картички и зголемувањето изнесува 20,7 отсто, во споредба со 2018 година. Воедно, зголемен е бројот на трансакции на физичките места на продажба, за 20,4 отсто, но уште повеќе растеле плаќањата со картички на интернет, за 29 отсто повеќе во однос на 2018 година. Процентот на граѓаните кои купуваат преку...

Годинава треба да почне изградбата на патарините на автопатот Миладиновци – Штип

Воведувањето на електронската наплата на патарина на Коридорот 8 и изградбата на двете наплатни станици на автопатот Миладиновци - Штип ќе започне годинава. Распишаниот тендер за овие два проекта е во вредност од 13,7 милиони евра, при што во тек е евалуацијата на првата фаза од тендерската постапка, информираат за „Мета.мк“ од Јавното претпријатие за државни патишта. - Прелиминарно се...

Корона вирусот за 9,79 отсто ги намали приходите од патарина во периодот јануари-април

Пандемијата со корона вирусот и воведувањето на полицискиот час осетно ја намали наплатата на патарина во земјава. Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета.мк“ велат дека приходите од наплата на патарина во периодот јануари-април 2020 година се намалени за 9,79 отсто во споредба со истиот период од минатата година. Во првите два месеци од годинава е забележан раст на...

Билетот за едно возење се користи на дел од линиите, наскоро и апликација на ЈСП за мобилни

ЈСП - Скопје го пушти во функција билетот за едно возење на дел од линиите од скопскиот јавен превоз. Граѓаните кои патуваат кон Матка со автобус веќе можат да го купат електронскиот билет за едно возење, по цена од 50 денари. Од ова претпријатие за „Мета.мк“ велат дека се набавени 300.000 билети за едно возење, кои во многу скоро...

Рекордни 44,3 милиони евра од патарини во 2019 година (инфографик)

Јавното претпријатие за државни патишта лани успеало да собере рекорден надоместок од возачите за користењето на македонските автопати. Од патарина во 2019 година биле инкасирани над 44,3 милиони евра, односно за околу 9,1 отсто повеќе во споредба со претходната година. Наплатните станици во последниот квартал од 2019 година оствариле приход од над 10,1 милиони евра, додека најмногу средства биле...

Рекордни 13,7 милиони евра прибрани од патарините во јули, август и септември

Јавното претпријатие за државни патишта годинава ќе ја заврши со рекорден приход прибран од патарините. Во периодот јули - септември 2019 година од овој надоместок се инкасирани 13,7 милиони евра во буџетот на ова претпријатие, што е за 3,9 отсто повеќе во однос на истиот период од минатата година. За првите девет месеци од годинава, македонските патарини донеле вкупен приход...

Цел месец доцни воведувањето на билетот за едно возење во скопскиот јавен превоз

ЈСП - Скопје засега нема информација кога ќе започне употребата на новите хартиени билети за едно возење во јавниот превоз. Веќе еден месец доцни воведувањето на ветениот билет, заедно со ставањето во функција на новата мобилна апликација за јавниот превоз и можноста за надополнување на средства на картичката „Скопска“ од страна на самите граѓани. Од ЈСП - Скопје за „Мета.мк“...

Продадени над 11.600 картички и тагови за патарина, наскоро и пост – пејд плаќање

За период од четири месеци, возачите набавиле 11.615 М - карт и М - таг електронски уреди за плаќање патарина. Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета.мк“ информираат дека за еден месец треба да завршат консултациите со банките, по што ќе биде пуштено во функција и пост - пејд електронското плаќање на патарина. Во септември и октомври годинава биле...

Ноември дојде, хартиен билет за едно возење во скопскиот јавен превоз нема

И покрај тоа што градските власти ветија дека од 1 ноември ќе стартува користењето на хартиениот билет за едно возење, на оваа поволност граѓаните ќе мора да почекаат уште малку. Реализацијата на тендерот за хартиените билети, заедно со новата мобилна апликација за јавниот превоз и дополнителните валидатори во автобусите, сѐ уште се во тек на реализација. Од ЈСП - Скопје...

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...