fbpx
Таг: електрични автомобили

таг: електрични автомобили

Се раскинува договорот за фабриката за електрични автомобили во Тетово

Тетово, сепак, засега нема да стане дом на фабриката за производство на електрични автомобили „е.Го“. Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), како застапник на Владата во договорот за доделување на државна помош со компанијата, вчера информираше дека договорот се раскинува. Се запира и секоја постапка предвидена за доделување на јавни средства. Од ТИРЗ рекоа дека запирањето на државната помош...

„Пинг-понг“ со одговорноста за изградба на фабриката за електрични автомобили во Тетово

На фабриката за електрични автомобили „Некст.Е.Го“ во Тетово не ѝ се гледа крајот, иако камен темелникот за истата беше фрлен пред година и пол. Работите на терен се влечкаат. За ова, надлежните институции изгледа не се грижат многу - не кажуваат каде е заглавена оваа постапка, а одговорноста ја префрлуваат едни на други, додека некои други и молчат, пишува...

Градскиот совет Ќосето го постави кај Ист Гејт, други одлуки не можат да донесат

Нова редица од деструктивни одлуки донесоа денеска советниците во Советот на град Скопје. Набавката на еколошки автобуси за ЈСП-Скопје не се изгласа, исто како што не помина ниту одлуката за изградба на брзиот автобуски систем - БРТ во Скопје. Не поминаа ниту предложените измени кај субвенциите што треба да се издвојат за јавните претпријатија во 2024 година, а ретко...

Европа преплавена од кинески електрични автомобили, бројките и во иднина ќе растат

Во Европа ќе порасне увозот на автомобили од Кина, кои се „апсолутно конкурентни не само по цена, туку и по технологија“, проценуваат стручњаците од Техничкиот универзитет во Кемниц, пишува германската новинска агенција ДПА.  Годинава се проценува дека ќе бидат увезени 600.000 возила, а во 2025 година бројката би пораснала и до 1,1 милион, вели експертот од институтот за автомобили во...

Вистиномер: Државата нема да инвестира 100 милиони евра за фабриката во Тетово

Постот  шири невистини дека  државата со свои 100 милиони евра ќе ја прави фабриката за електрични автомобили во Тетово. Според  тоа што беше официјално соопштено, сè уште не се знае точно колку пари ќе даде државата за инвестицијата вредна 130 милиони евра. Тоа ќе зависи од многу услови, но, сумата нема да биде повеќе од 35 отсто од целокупната...

Покрај во Македонија, e-go ја започна изградбата на фабрика за електрични возила и во Бугарија

Само неколку дена откако во ТИРЗ Тетово беше поставен камен-темелникот за новата фабрика за електрични автомобили од марката e-go, германската компанија денеска соопшти дека започнала изведба и на новата фабрика за електрични автомобили во бугарскиот град Ловеч, јавува Дневник.бг. Новата фабрика ќе биде лоцирана до бившиот завод „Балкан“ во Ловеч, каде во минатото се произведувале автомобили. Изградбата на новата фабрика...

Во ТИРЗ Тетово потпишан договорот за државна помош за производство на електричните автомобили НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ

Владата на Република Северна Македонија, застапувана и претставувана од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“, денеска во ТИРЗ Тетово потпишаа договор за државна помош за нова инвестиција, која предвидува целосно производство на електрични автомобили e.GO, соопшти владината служба за информирање. Како што беше кажано на церемонијата, на која беше ставен камен-темелник за идната фабрика,, се очекува германската...

Електричните возила e-go ќе се произведуваат во Тетово

Владата на денешната седница донесе Одлука за давање согласност на Договорот за доделување на државна помош склучен помеѓу Владата на Република Северна Македонија, застапувана и претставувана од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ”. Со мултимилионска инвестиција од НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ СЕ, Ахен, Германија во ТИРЗ Тетово е планирано да се произведуваат електричните возила e-go, со што ќе се отворат...

Британските научници тврдат: Потребни ни се пресвртни точки за да се справиме со климатските промени

Воведените субвенции и масовното пуштањето во употреба на енергетски објекти брзо ги намалија трошоците за производство на енергија од сонцето и ветерот, исто како што масовното прифаќање на електричните автомобили се забрзува и доведува до нивно поевтинување. На светот му се потребни вакви пресвртни точки за да може да се справи со климатските промени, тврдат британските научници што ги...

За првпат во историјата, во Европа електричните автомобили повеќе продавани од дизелашите

Во Европа во текот на декември 2021 година се продадени повеќе електрични автомобили во споредба со дизелашите, пишува Фајненшел Тајмс. Станува збор за историски резултат, којшто е силно поддржан од субвенции од владите и законските ограничувања за возилата што испуштаат штетни материи во воздухот. Повеќе од една петтина од продадените автомобили во 18 европски земји, вклучувајќи го и Обединетото Кралство,...

Такси компанија од Париз ги исклучи од сообраќај возилата на „Тесла“ поради сообраќајка

Најголемата такси компанија во Париз „Г7“ ги исклучи од сообраќај автомобилите од марката „Тесла модел 3“ откако во саботата едно од нивните возила учествуваше во сообраќајна несреќа, јавува весникот „Гардијан“. Во сообраќајката едно лице го загуби животот, а 20 лица биле повредени. Обвинителството во Париз отвори истрага за несреќата, додека такси компанијата објави дека ќе прекине со користење на...

Новите домови во Англија од догодина ќе мора да имаат полначи за електрични автомобили

електричен автомобил
Новоизградените домови и згради во Англија со закон ќе бидат обврзани да инсталираат полначи за електрични возила почнувајќи од следната година, најави премиерот Борис Џонсон, а пренесе „Би-би-си“. Новиот закон ги опфаќа и новоизградените супермаркети, објектите на компании и зградите кои ќе подлежат на големо реновирање. Со ова, британските власти очекуваат секоја година да бидат инсталирани до 145.000 полначи за...

За електричните автомобили и хибридите не секаде има бесплатен паркинг во земјава

Сопствениците на електрични и хибридни возила во земјава не секаде може да го остварат правото на бесплатен паркинг. Иако овие возила имаат минимално учество во загадувањето на воздухот, општинските власти имаат различни аршини во однос на давањето поволности за нив. Инаку, токму транспортот се наоѓа на второто место помеѓу главните причинители на аерозагадувањето во македонските градови. „Мета.мк“ ги контактираше по...

„Тесла“ ќе го отвори првиот продажен салон во Хрватска

Најголемиот светски производител на електрични автомобили „Тесла Моторс“, наскоро во Хрватска ќе го отвори првиот продажен салон во земјата, известува „Јутарњи лист“. Откако во ноември минатата година во загрепскиот трговски центар „Avenue Mall“ го отвори својот прв изложбен салон, наскоро во „Загрепчанка“ ќе се отвори и првиот комплетен продажен салон во Хрватска. Во салонскиот простор во склоп на некогаш највисокиот облакодер...

Од 2035 година ЕУ воведува данок на CO2 и забранува продажба на возила со дизел и бензински мотори

Европската комисија минатата недела го усвои пакетот од предлог закони што ќе предизвикаат намалување на емисијата на стакленички гасови на ниво на ЕУ за 55 проценти до 2030 година, споредено со емисиите од 1990 година. Предлозите се однесуваат на климатските промени, енергетиката, користењето на земјиштето и земјоделството, транспортот и политиката на оданочувањето, се наведува во официјалното соопштение на Европската...

Увозот на електрични автомобили во последните четири години во земјава рамен на статистичка грешка [инфографик]

Сите зборуваат за електрични автомобили во земјава, но ретко кој вози еден таков автомобил по македонските патишта. Според податоците до кои дојде „Мета.мк“ од Царинската управа, во Македонија досега биле увезени 3.345 хибридни автомобили и само 134 електрични автомобили. Учеството на новите и половните електрични автомобили што се увезени во земјава од 2017 до 2020 година е само 0,1...

Продажбата на електрични возила во светот лани била зголемена за 43 отсто

Глобален пресврт во продажбата на електрични автомобили во светот може да се очекува наскоро, заедно со падот на цените на батериите за овие возила. Во 2020 година продажбата на електрични возила на меѓународно ниво се зголемила за 43 отсто, пишува „Гардијан“.  Најдалеку во купувањето на електрични автомобили лани отиде Норвешка, каде уделот на овие возила во продажбата на нови автомобили...

Норвешка урива рекорди, лани 54,3 отсто од продадените автомобили биле електрични

Норвешка е првата земја во светот која што успеа во текот на една година да продаде повеќе електрични автомобили во споредба со возилата што сообраќаат на бензин, дизел и хибридни возила заедно. Лани дури 54,3 отсто од сите продадени автомобили во Норвешка биле на електричен погон на батерии, што претставува светски рекорд и претставува зголемување на уделот на електричните...

Наместо стимулирање на набавка нови возила и премин на плин на половните, државата презема спротивни мерки

Не постојат субвенции за граѓаните за набавка на електрични или хибридни возила во државниот буџет за 2021 година, средствата за субвенционирање за вградувањето на уреди за плин во старите возила се проектирани на само 210.000 евра за наредните 12 месеци, еколошките налепници за возилата не профункционираа ниту оваа зимска сезона, а не постои ниту рок кога би се вовеле...

Хонда нема да продава бензин и дизел-возила во Европа после 2022 година

Honda Хонда
Јапонскиот производител на автомобили „Хонда“ (Honda Motor Company) има за цел да ги исфрли од продажба моторите со внатрешно согорување од Европа до крајот на 2022 година, потврди потпретседателот на компанијата, Јан Хауелс. „Хонда“ уште минатата година соопшти дека започнува со електрификација на возилата, со што најави дека ги остава бензин и дизел – моторите во минатото. Овие возила јапонската...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...