fbpx
Таг: електрична енергија

таг: електрична енергија

Денеска во Владата јавно отворање на понудите за избор на Универзален снабдувач со струја

Комисијата за спроведување на постапка за избор на Универзален снабдувач со електрична енергија ќе изврши јавно отворање на понудите пристигнати на јавниот повик денеска во 15 часот во Медија центарот на Владата. Неофицијално, помеѓу заинтересираните компании за влез на пазарот со струја е и Грчката национална компанија за производство на струја ППЦ која неодамна ја купи компанијата ЕДС на вицепремиерот за економија,...

Анѓушев: Се надевам дека набрзо ќе се формира една регионална берза на електрична енергија

Македонија денеска, како актуелен претседавач, е домаќин на 16. состанок на Советот на министри на Енергетската заедница на која учествуваат премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши, кој претседава со Советот заедно со директорката за енергетска политика во Европската комисија, Меган Ричардс. Заев истакна дека мисијата на оваа заедница е да воспоставува стабилна регулаторна и пазарна...

Индустриското производство во првите осум месеци зголемено за 5,1 проценти

Индустриското производство во првите осум месеци од годината е зголемено за 5,1 проценти во однос на лани, објави Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2018 година, во однос на истиот месец лани бележи пораст од еден процент, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2,6 проценти, а во...

Владата ја почна постапката за универзален снабдувач со струја за домаќинствата

На вчерашната 83. седница, на која беше донесена и одлуката за кампањата за референдумот, Владата одобрила да почне постапката за избор на универзален снабдувач со електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи. Ќе се формира Комисија за спроведување на постапката за избор на универзален снабдувач, во која треба да има претставници на Кабинетот на премиерот, кабинетот на вицепремиерот за економски...

ЕЛЕМ продаде вишоци електрична енергија за 796.080 евра

ЕЛЕМ во текот на вчерашниот ден продаде вишоци електрична енергија во количина од 12.000 мегават часови, по просечна цена од 66.34 eвра за мегават час, информираат од таму. Вкупниот приход за компанијата од оваа продажба е 796.080 евра. „Продадените вишоци електрична енергија се за септември 2018 година. Ова е петта аукција за продажба на електрична енергија од почетокот на годинава.ЕЛЕМ...

ЕЛЕМ: Планирано исклучување на блок 3 во РЕК Битола

АД ЕЛЕМ информира дека РЕК Битола во текот на вечерта ќе изврши планирано исклучување на блок 3. „Причината за планираното исклучување е намалениот конзум на електрична енергија во овој период и добрата хидролошка состојба која овозможува производство од хидроелектраните, што дава можност овој период да се искористи за превентивна нега на блокот, отстранување на помали дефекти и за зајакнување на...

Најмногу дожд во Куманово и Скопје, поплавени куќи и прекини на струјата

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Куманово, 36 литри на метар квадратен и во Скопје - Петровец - 34 литри на метар квадратен, информираат од УХМР. Во Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје пристигнале дојави за поплавени објекти во скопските села Црешево и Стајковци. Невремето, во одредени делови од Скопје, предизвика проблеми и во одвивањето на сообраќајот, како и...

ЕЛЕМ објави тендер за купување на механизација за РЕК Битола

ЕЛЕМ денеска објави тендер за купување на помошна механизација за РЕК Битола, бидејќи ангажирањето механизација при ископот е еден од главните трошоци на компанијата, информираат од таму. - За таа услуга ЕЛЕМ постојано им плаќа на надворешни фирми, бидејќи сопствена механизација нема. Планираме за 41 милион евра да ја купиме целата потребна механизација и да копаат нашите работници. Со тоа...

МЕПСО ќе гради нов далекувод од Штип до Пробиштип

МЕПСО ќе инвестира 2,45 милиони евра во изградба на нов 110-киловолтен далекувод што ќе ги поврзува Штип и Пробиштип, информираат од компанијата. Генералниот директор на МЕПСО, Сашо Василевски и Ерион Муши, претставникот на конзорциумот изведувачи „Пинг гао груп“ од Кина и „Ндрекај“ од Албанија го потпишаа договорот за изградба на новиот далекувод. „Далекувод што ќе ги поврзе трансформаторските станици „Штип“ и...

Домашното бруто-производство на струја учествува со 75,4 проценти во потрошувачката

Во октомври годинава, потрошени се 564.378 мегават-часови електрична енергија, 23.802 милиони кубни метри природен гас, 407.265 тони јаглен и 86.884 тони нафтени продукти, објави Државниот завод за статистика. Домашното бруто-производство на електрична енергија учествува со 75,4 проценти во домашната бруто-потрошувачка, додека 96,9 проценти од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Јанева: Груевски е повикан за предистражна постапка за земање провизија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска беше повикан во Специјалното јавно обвинителство за финансиска истрага за земање провизија, што ја отворило СЈО за случај поврзан со електрична енергија, соопшти специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, во изјава за медиумите пред седиштето на СЈО. Таа, одговарајќи на новинарски парашања, рече дека станува збор за нов случај, кој не е поврзан со други претходни истраги,...

Домашното бруто-производство на струја учествува со 79,6 проценти во потрошувачката

Во август годинава, потрошени се 564.426 мегават-часови електрична енергија, 22.137 милиони кубни метри природен гас, 422.280 тони јаглен и 100.127 тони нафтени продукти, објави Државниот завод за статистика. Домашното бруто-производство на електрична енергија учествува со 79,6 проценти во домашната бруто-потрошувачка, додека 95,7 проценти од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Формирана работна група за реформските мерки во енергетиката

Владата на Република Македонија ја усвои информацијата за степенот на имплементација на реформските мерки во областа на енергетиката и донесе одлука за формирање работна група за реализација и за следење на активностите. Работната група, како што соопштија од владата, ќе ја сочинуваат претставници од канцеларијата на претседателот на Владата, кабинетот на заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања...

И БЕГ утре ќе пушти парно греење

Од утре почнува новата грејна сезона за потрошувачите кои се приклучени на системот на снабдување со топлинска енергија „Балкан енерџи“ во Скопје, информираат од компанијата. Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) дала одобрение за почеток на грејната сезона пред вообичаениот почеток на 15 октомври поради падот на температурата. „Почетокот на грејната сезона порано од вообичаено нема да донесе зголемување на авансните сметки што...

Извозот во првите осум месеци поголем за 13,2 проценти во однос на лани

Во периодот од јануари до август 2017 година, извозот изнесувал 3.530.976.000 долари и бележи пораст од 13,2 проценти во однос на истиот период од лани, објави Државниот завод за статистика. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4.777.516.000 долари, што е за 8,6 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит во првите осум месеци изнесува 1.246.540.000...

МЕПСО привремено го суспендира „ЕНГ сервис трејд“ од пазарот на електрична енергија

МЕПСО привремено ја суспендира компанијата „ЕНГ сервис трејд“ и таа од денеска до 1 ноември го губи правото да работи како снабдувач на пазарот за електрична енергија, соопштуваат од компанијата. Согласно со правилата за пазар на електрична енергија (ППЕЕ), како организатор на пазарот на електрична енергија, МЕПСО изрекува суспензија во услови кога компанијата не ги исполнува своите обврски, кои во...

ВМРО-ДПМНЕ: Барањето алиби за увоз на струја е погрешен потег

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Драган Миновски, за која од партијата велат дека е обид на Владата да се „испере за скандалозните тендери во ЕЛЕМ, кои ги добиваат фирмите на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев“. „Барањето алиби за увоз на електрична енергија со однапред познат увозник е погрешен потег. Доколку новото раководство на...

МЕПСО ќе го суспендира „ЕНГ сервис трејд“ ако не врати долг од 40 милиони денари

МЕПСО ќе ја суспендира компанијата за снабдување „ЕНГ сервис трејд“ од пазарот за електрична енергија доколку во одреден рок не го плати заостанатиот долг од речиси 40 милиони денари, соопшти денеска менаџментот на МЕПСО. Долгот што го има „ЕНГ сервис трејд“ е настанат како последица на преземена, но неплатена електрична енергија. Директорот на Операторот на пазар на електрична енергија, Симон Шутиноски,...

Индустриското производство во јули намалено за 2,2 проценти во однос на лани

Индустриското производство во јули цодинава во однос на истиот месец лани е намалено за 2,2 проценти, објави Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, во овој период индустриското производство во секторот рударство и вадење камен бележи опаѓање од 3,4 проценти, во секторот преработувачка индустрија бележи опаѓање од 2,6 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е...

Бектеши и Река разговарале за изградба на далноводот Битола – Елбасан

Проектот за изградба на далноводот Битола - Елбасан, кој се очекува да ја стабилизира и да ја зајакне дистрибутивната мрежа за електрична енергија, бил една од темите на разговор помеѓу министерот за економија, Крешник Бектеши, и амбасадорот на Албанија во Македонија, Фатос Река. Од Министерство за економија информираат дека двајцата соговорници се согласиле за продлабочување на меѓусебната соработка преку поголема трговска...

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...