СТЕП: Туристички пакети за природните и културни вредности на Македонија и Албанија


Тетово, 24 јануари, 2019 - 11:04 (META) 

На заеднички состанок во селото Јанче, партнерите во Проектот за зајакнување на иновативен туризам (СТЕП) ги договараа туристичките пакети што ќе се нудат заеднички во северозападна Македонија и во регионот Елбасан во Албанија.

Учесниците од Албанија на средбата во комплексот „Туто“ во живописното село во општина Маврово – Ростуше, кој исто така е член на мрежата на СТЕП, претставија неколку пакети со туристички содржини што се насочени кон запознавање со културните вредности и традиционалните дејности, како и за активен планински туризам.

Тие предвидуваат пакет за езерото Белши и Сеферан, со опција за кану, фотографирање, запознавање со традиционалната облека а сместувањето би било во Елбасан или Ѓинари.

Вториот пакет што се предвидува е „Виа егнација“, со посета на Пеќин, Елбасан, Ѓинар, со можност да продолжува во Македонија.

Третиот пакет е „Бањите на Елбасан“, а четвртиот пакет ги вклучува Грамш, кањонот Холта и посета на некои пештери.

Петтиот пакет на СТЕП го опфаќа националниот парк „Шебеник – Јабланица“, а се предвидуваат и велосипедски планински тури, за што се предложени 10 потенцијални патеки.

Последниот пакет е „Ден на летото“ во Елбасан.

Македонскиот дел од СТЕП презентираше неколку пакети, од кои првиот е за културните споменици на Полог. Следниот пакет ги опфаќа туристичките центри Попова Шапка и Маврово, со можностите за туризам во сите годишни времиња.

Интересен пакет, кој би можел да се спои со албанскиот е „Виа Егнација“ и запознавање со неговите остатоци.
Последниот пакет што е предвиден на територијата на Македонија е посети на пештерите и другите природни знаменитости во Полог.

Дополнително, разгледувани се можностите и за наменски пакети, како што се планинарење, потоа дегустација на сирења на Шар Планина и на Бистра, како и земјоделски туризам и параглајдерство, но и посебно скроени тури според желбите на посебните туристи.

По дефинирањето на пакетите, СТЕП во февруари ќе организира дводневни работилници за учесници од ресторани, хотели, туристички агенции, хостели и други сместувачки капацитети.

Целта на СТЕП е промовирање на енергичен туристички сектор кој ефикасно се прилагодува на потребите на домашните и меѓународните пазари и придонесува за забрзување на растот и стимулирање на отворањето нови работни места во прекуграничната туристичка зона помеѓу Македонија и Албанија. Проектот е финансиран од ЕУ, преку програмата ИПА2.

Проект-партнери се Фондацијата „Метаморфозис“, Центарот за регионален развој „Полог“ и Советот на Округот Елбасан.


Втор дел од средбите за иновативни туристички пакети во мрежата на СТЕП


Тетово, 21 декември, 2018 - 20:57 (META) 

Во Тетово се одржа вториот дел од заедничките состаноци за идентификување на потенцијална рамка за остатокот од пакетите за делот во Македонија, со учество на бизнисмени, невладини организации и институции кои се занимаваат со туризам во Македонија, На средбата учествуваа и гости од регионот Елбасан, Албанија, да ја видат поврзаноста на потенцијалните заеднички производи.

– Успехот може да биде само резултат на заедничка акција, притоа нудејќи квалитет во уникатните туристички пакети – рече Флорент Бајрами, координатор на проектот за зајакнување на иновативен туризам (СТЕП), финансиран од Европската унија.

Денешната средба, исто така, исфрли на виделина и некои други аспекти на туризмот, како што е можноста за пакет на историскиот пат Виа Игнација, со неговите споредни патишта за снабдување со стока и други ресурси.

Хасан Дражи, претставникот од Советот на округот Елбасан, беше воодушевен од можностите на планинскиот туризам кој го нуди овој регион и се надева дека еден од следните пакети ќе биде Шкумбини (Пена) – едно име, две реки, што ги карактеризира двете страни на границата.

Во прилог на можностите, учесниците исто така наведоа голем број проблеми, кои бараат институционален ангажман, за да се трасира што подобро патот за ефикасен туризам.

Останува во идниот период  да се спроведат неформални состаноци за да се даде почетна рамка за можните прекугранични туристички пакети.


Во Елбасан почна подготовката за заеднички туристички производи на членките на СТЕП


Елбасан, 17 декември, 2018 - 9:00 (META) 

Минатата недела на 13 и 14 декември во Елбасан во Албанија се одржа првиот состанок за подготовка на рамка за заеднички туристички производи на членките на мрежата СТЕП (Проект за зајакнување на иновативен туризам) со учесници од Албанија, кои ги претставуваат бизнисот, академските институции, невладини организации, локални и регионални власти и проектниот персонал.

Во работните сесии се дискутираше одредени географски региони со своите можности да бидат дел од потенцијалниот пакет, со посебен акцент на можностите за пакети кои ќе поминуват низ Белеш и неговите езера, во комбинација со градот Елбасан, познатите лиџи (бањи) на Елбасан, историската рута Виа Игнација, потоа туризам ориентиран кон специфични посети, како што се пакетите за посети на познатите пештери, планински туризам во заштитените подрачја од Либражд, како и комбинации на пакети со календар на настани низ целиот регион.

Вториот дел на овие заеднички состаноци треба да се оддржи во Тетово на 20 и 21 декември, со учество на лица од бизнис секторот, невладини организации и институции кои се занимаваат со туризам во Македонија, каде што ќе се идентификува рамката за остатокот од пакетот за делот од Македонија.

Целта на СТЕП е промовирање на енергичен туристички сектор кој ефикасно се прилагодува на потребите на домашните и меѓународните пазари и придонесува за забрзување на растот и стимулирање на отворањето нови работни места во прекуграничната туристичка зона помеѓу Македонија и Албанија.

Проектот е финансиран од Програмата за меѓугранична соработка на Европската Унија.

Проект-партнери се Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, Центарот за регионален развој „Полог“ и советот на Округот Елбасан.


СТЕП ќе развива заеднички туристички пакети за Полог и Елбасан


Тетово, 11 декември, 2018 - 16:20 (META) 

Проектот за зајакнување на иновативен туризам (СТЕП) почнувајќи од четврток, почнува со процесот на подготовка на туристички пакети кои би се реализирале во Полошкиот регион во Македонија и во регионот Елбасан во Албанија.

Во рамките на програмата на подготвителни состаноци за прекугранични пакети на услуги и искуства, првиот ќе се одржи в четврток и петок во Елбасан. Се очекува учесниците – бизниси, академици, невладини организации, локални и регионални власти, како и проектниот персонал од двете страни на границата да ја дефинираат рамката за заеднички туристички пакети кои би се реализирале заеднички во Македонија и во Албанија.

Основа ќе бидат производите и услугите што ги нудат членовите на мрежата на СТЕП, па доколку некои туристички капацитети од оваа мрежа вовеле нови услуги или производи, треба да ги достават до персоналот на СТЕП.

Пакетите што ќе се креираат ќе комбинираат превоз, сместување и храна и секогаш ќе вклучуваат локации и атракции од двете страни на границата меѓу Македонија и Албанија.

Ќе се дизајнираат имајќи предвид одредена област на интерес, како уметност, храна и вино, спорт, култура или земјоделство. Се планираат и пакети „Авантура“, кои ќе вклучуваат качување по карпи или планинарење, пешачење, скијање или возење велосипед.

Од СТЕП предвидуваат и тури со целосна придружба. „Тие честопати се добар избор за осамени патници или мали групи. Овој вид тури нуди чувство на сигурност или надминување на јазичните и културните пречки. Исто така, овие видови на тури често вклучуваат едукативен аспект, бидејќи придружувањето обезбедува локални, историски и културни знаење, знаење и  им нуди на туристите драгоцено искуство и значење за посетените места“, објаснуваат од СТЕП.

Целта на СТЕП е промовирање на енергичен туристички сектор кој ефикасно се прилагодува на потребите на домашните и меѓународните пазари и придонесува за забрзување на растот и стимулирање на отворањето нови работни места во прекуграничната туристичка зона помеѓу Македонија и Албанија. Проектот е финансиран од ЕУ, преку програмата ИПА2.

Проект-партнери се Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, Центарот за регионален развој „Полог“ и Советот на Округот Елбасан.


Онлајн апликација за членство во проектот за иновативен туризам (СТЕП)


Скопје, 15 ноември, 2018 - 10:50 (META) 

Заинтересираните туристички капацитети кои сакаат да станат дел од мрежата на Проектот за зајакнување на иновативен туризам (СТЕП), отсега тоа ќе може да го направат и електронски.

Тоа може да се стори со пополнување на овој електронски формулар, по што од СТЕП ќе контактираат со апликантот.

Целта на СТЕП е промовирање на енергичен туристички сектор кој ефикасно се прилагодува на потребите на домашните и меѓународните пазари и придонесува за забрзување на растот и стимулирање на отворањето нови работни места во прекуграничната туристичка зона помеѓу Македонија и Албанија. Проектот е финансиран од ЕУ, преку програмата ИПА2.

Проект-партнери се Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, Центарот за регионален развој „Полог“ и Советот на Округот Елбасан.


Заврши потпишувањето меморандуми за туристичка соработка на општините во Полог


Брвеница, 6 октомври, 2018 - 19:22 (META) 

Со потпишувањето на меморандумот за соработка меѓу Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и општина Врапчиште се затвори поглавјето на потпишување на меморандуми за соработка со девет општини вклучени во Полошкиот плански регион (Тетово, Гостивар, Желино, Боговиње, Теарце, Јегуновце, Врапчиште, Брвеница и Маврово – Ростуше).

Во согласност со меморандумот, Фондацијата „Метаморфозис“ се обврзува да ги промовира вредностите на сите потенцијални места и можности за развој на туризмот во регионот на Полог, додека споменатите општини ќе обезбедат информации, експертиза и искуство, и ќе ги охрабри малите и средните претпријатија и сите заинтересирани страни активно да придонесат за реализација на целите на проектот.

Исто така, од другата страна на границата, Советот на округот Елбасан потпиша идентичен меморандум за соработка со седумте општини во регионот Елбасан (Елбасан, Прењас, Либражд, Пеќин, Церик, Белш и Грамш).

До сега 73 субјекти (ресторани, хотели, туристички агенции), невладини организации, институции и поединци – потенцијални претприемачи, од двете страни на границата, одговорија позитивно на повикот да бидат дел од мрежата за зајакнување на иновативен туризам (СТЕП).

Меморандумот за соработка е со рок до 31 март 2020 година. Проектот е финансиран од програмата за прекугранична соработка на Европската Унија.


Се формира мрежа за иновативен туризам


Скопје, 14 мај, 2018 - 17:12 (META) 

Во рамките на проектот за зајакнување на иновативен туризам (СТЕП) денеска се одржа првата конститутивна седница на мрежата за проширување и унапредување на стратешкиот и координиран пристап до нови и стратешки пазари за извоз на туризам за туристички бизниси и за подобрена комуникација и соработка.

Учесници беа претставници мали и средни претпријатија, владини агенции на централно и на локално ниво, стопански комори, стартери и граѓани, како и невладини организации и медиуми.

На првиот состанок беа разгледани активностите кои ќе доведат до постигнување на резултатите од проектот.

Сите учесници се подготвени да бидат активен дел од мрежата. На средбата беа презентирани и позитивните искуства на некои нови компании и бизниси кои ќе бидат поттик за сите други потенцијални членови.

Утре ќе се одржи првата конститутивна седница во регионот на Елбасан.

Проектот за зајакнување на иновативен туризам (СТЕП) партнерски го спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, Центарот за регионален развој на Полог и Советот на округот Елбасан.


Општина Гостивар и „Метаморфозис“ потпишаа Меморандум за соработка за Проектот за зајакнување на иновативен туризам


Гостивар, 19 март, 2018 - 16:55 (META) 

Општина Гостивар и Фондацијата за интернет о и општество „Метаморфозис“, денеска потпишаа Меморандум за соработка за Проектот за зајакнување на иновативен туризам (СТЕП).

Меморандумот го потпишаа градоначалникот Арбен Таравари и извршниот директор на Фондацијата „Метаморфозис“, Бардил Јашари.

На свеченоста на потпишувањето присуствуваше и шефот на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар.

Целта на проектот е да се промовира енергичен туристички сектор кој ефикасно се прилагодува на потребите на домашните и меѓународните пазари и придонесува за забрзување на порастот и стимулирање на отворањето нови работни места во прекуграничната туристичка зона помеѓу Македонија и Албанија, поточно во подрачјето на Гостивар и Елбасан.

Со меморандумот Фондацијата „Метаморфозис“ со Заедницата за развој на полошкиот регион и Советот на Елбасан е превидено да ги промовираат вредностите на сите потенцијални места и можности за развој на туризмот во полошкиот регион.

Општината Гостивар ќе обезбеди информации, експертиза и искуство, како и ќе ги поттикне малите и средни претпријатија и сите заинтересирани страни активно да дадат придонес кон реализирање на целите на проектот.

Проектот е финансиран од Програмата за меѓугранична соработка на Европската Унија (ИПА 2).