fbpx
Таг: екстрадиција

таг: екстрадиција

СЈО бара да го преземе случајот за Зоран Божиновски поврзан со „Шпион“

Специјалното јавно обвинителство денеска испратило барање до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за преземање во своја надлежност на случајот против новинарот и сопственик на порталот „Буревесник“, Зоран Божиновски. „Ова Јавно обвинителство денеска достави барање до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, за доставување на предметот против лицето З.Б., кој неодамна беше...

Босанец обвинет за воени злосторства уапсен во Бразил

Бразилските власти вчера го уапсија 47-годишниот Никола Чераниќ кого властите во БИХ го гонат од 1992 година за извршени воени злосторства за време на војната во поранешна Југославија. Бразилското федерално обвинителство соопшти дека Чераниќ е уапсен во градот Индајатуба, на околу 45 километри северозападно од Сао Паоло. Интерпол и бразилските власти немаат повеќе детали за злосторствата за кои е обвинет Чераниќ,...

Одложена процедурата за азил за турските војници во Грција

Грчката служба за азил ги одложи за неколку недели интервјуата за азил за осумте турски војници што избегаа од Турција и слетаа во Александруполи по воениот удар против турскиот претседател. Денеска, пред службата се појавија првите двајца војници што требаше да имаат интервју и во придружба на адвокат побараа одложување за подобро да ги подготват своите искази за интервјуто за азил....

Ѓулен не верува дека САД ќе го екстрадираат во Турција

Фетулах Ѓулен, муслиманскиот свештеник и жесток противник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, оценува дека барањето на властите во Анкара тој да биде екстрадиран од САД поради неговата наводна вмешаност во неуспешниот обид за државен удар, е однапред осудено на неуспех, јавуваат светските агенции. Ѓулен претходно ги отфрли сите обвинувања на Анкара дека стои зад обидот за пуч во Турција. Тој...

Поднесено обвинение против Зоран Божиновски за шпионажа

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корпуција по спроведената истражна постапка, денеска до Основниот суд Скопје 1 поднело обвинителен акт против новинарот и сопственик на порталот „Буревесник“, Зоран Божиновски. Божиновски, како што информираат од Обвинителството, се товари за злосторничко здружување, шпоинажа и за уцена. Обвинителството, исто така, побарало судот да му го продолжи притворот на Божиновски. „Основното јавно обвинителство...

Турските војници се товарат за нелегален лет во Грција

Утре почнува судењето на турските војници во Александруполи. Грчкиот обвинител го смени обвинителниот акт и осумте војници кои со турскиот воен хеликоптер вчера слетаа во Грција и побараа азил, сега се товарат за нелегален лет во Грција. Како што пренесе грчката државна телевизија ЕРТ, исклучено е обвинувањето со кое војниците се товареа и за нарушување на односите меѓу Грција и...

Турските војници изведени пред обвинител во Александруполи, утре одат на судење

Осумте турски војници што побараа азил во Грција, во моментов се изведени пред обвинител во Александруполи. Во зависност од изјавите и од одлуката на обвинителството, војниците утре најверојатно ќе бидат изведени пред суд со обвинение дека нелегално влегле во државата и направиле обид за нарушување на меѓународните односи меѓу Грција и Турција. Хеликоптерот со кој слетаа во Грција вчера доцна вечерта...

Мексико одобри Ел Чапо да биде екстрадиран во САД

Мексиканската влада ја одобрила екстрадицијата на нарко-дилерот Хоакин Гузман Лореа, попознат како Ел Чапо на властите во САД, каде тој се бара за повеќе кривични дела, меѓу кои и за шверц и убиство. Адвокатите на Гузман, пренесува „Би-би-си“, најавиле дека ќе поднесат жалба на ваквата одлука, поради што се очекува екстрадицијата да се одолговлекува со месеци. Озлогласениот нарко-дилер беше фатен...

ЗНМ: Одлуката за екстрадиција на Божиновски е политички мотивирана

Здружението на новинари на Македонија изрази разочараност од одлуката на српските власти да го екстрадираат во Македонија новинарот Зоран Божиновски, обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и за уцена. Оттаму сметаат дека ваквата одлука е политички мотивирана и ќе предизвика сериозна штета врз слободата на медиумите не само во Македонија, туку и пошироко во регионот. „Со екстрадицијата, Србија свесно го изложува на...

Новинарот Зоран Божиновски уапсен во Нови Сад, се чека негова екстрадиција во земјава

Новинарот и сопственик на порталот „Буревесник“, Зоран Божиновски, денеска бил уапсен во Нови Сад, по налог на српското министерство за правда. Против него во ноември 2013 година беше издадена потерница како осомничен во случајот „Шпион“. Од македонското Министерство за правда за телевизијата „Телма“ потврдиле дека кај нив веќе стигнало решението за негова екстрадиција во земјава, но засега не е познат...

Белгискиот суд одлучи Абдеслам да ѝ биде испорачан на Франција

Белгискиот суд донесе одлука Салах Абдеслам, првоосомничен за терористичките напади во Париз од 13 ноември, минатата година, да биде екстрадиран во Франција, соопшти денеска белгискиот федерален обвинител. Неговиот адвокат претходно денеска соопшти дека Абдеслам сака Белгија да го испорача на Франција и дека има намера да соработува со француските власти. Белгискиот федерален обвинител изјави дека сега двете држави ќе го...

Салах Абдеслам сака да соработува со француските власти

Осомничениот за терористичките напади во Париз, Салах Абдеслам сака да соработува со француските власти, соопшти неговиот адвокат Седрик Маоси. Тој потврди дека Абдеслам сака Белгија да го испорача на Франција. Абдеслам е во притвор во Бриж од 18 март, а со истражните власти нема разговарано од самоубиствените напади на аеродромот и метро-станицата во Брисел, извршени на 22 март. Тој е поврзан и...

Србија се премислила за екстрадицијата на Даравелски

Српското министерство за правда го повлекло решението за екстрадиција на поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. - Вчера бевме известени дека барањето е прифатено, дека има решение и дека Даравелски ќе биде екстрадиран. Подоцна дојде информацијата дека српското министерство за правда го повлекло решението за екстрадиција - рече Спасовски. Одговарајќи на новинарско прашање за...

Абдеслам нема да се противи на неговата екстрадиција во Франција

Салах Абдеслам, еден од главните осомничени за терористичките напади во Париз од 13 ноември минатата година, нема да се противи и нема да поднесе жалба на неговата екстрадиција од Белгија во Франција, соопштил неговиот адвокат за француските медиуми, пренесува „Би-би-си“. Абдеслам беше уапсен во петокот минатата недела, во акција на белгиската и на француската полиција во Брисел. „Абдеслам сака да замине...

Косовскиот суд одлучил да нема екстрадиција на првообвинетите во „Монструм“

Основниот суд во Приштина на 29 октомври минатата година донел одлука со која не се дозволува екстрадиција на двајцата првообвинети за случајот „Монструм“, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, соопшти денеска Основниот суд Скопје 1. Како што информираат оттаму, Апелацискиот суд на Косово на 22 јануари годинава, ја одбил жалбата на Основното јавно обвинителство на Косово како неоснована и ја потврдил...

Екстрадиран македонски државјанин осомничен за настаните во Диво Насеље

Денеска од Република Србија е екстрадиран македонски државјанин oсомничен за терористичка организација и за тероризам поврзани со настаните во Диво Насеље, соопшти Основното јавно обивинителство. „Кон крајот на октомври минатата година, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја прошири истрагата во врска со кумановските настани од 9 и од 10 мај 2015 година. Врз основа на прибраните...

Франција екстрадираше Македонец за кого има меѓународна потерници речиси 20 години

Француските власти, вчера по две и пол години екстрадициска постапка, го испорачаа 43-годишниот Миле Х. За кого во 1996 година е распишана меѓународна потерница за издржување на 20-годишна затворска казна за убиство извршено во јуни 1993 година во Скопје. МВР соопшти дека во швајцарската полиција во февруари 2012 година го уапсила Миле Х., при што преку меѓународна полициска соработка...

Екстрадиран e Никола Константидис

Четириесет и тригодишниот Никола Константидис од Ресен, кој се бараше со меѓународна потерница распишана преку Бирото на Интерпол - Скопје, поради бегство од затворот „Идризово“, вчера е екстрадиран во Македонија, соопшти МВР. Константинидис, кој бил уапсен во Албанија, е осуден на повеќегодишна казна затвор поради сторено кривично дело поврзано со педофилија, полов напад на дете. Затвореникот е спроведен во затворот „Идризово“...

Екстрадиран осомничениот за двојното убиство во охридскиот локал „Император“

Албанските власти вчера, на граничниот премин Ќафасан, на македонската полиција ѝ го предале осомничениот за двојното убиство во охридскиот ресторан „Император“, кој по неколкумесечно бегство, кон средината на февруари оваа година беше уапсен во Албанија и до моментот на неговото спроведување во земјава, се наоѓаше во екстрадиционен притвор. Како што соопштуваат од МВР, осомничениот Б.П. (31), по преземањето од албанските...

Осомничен во случајот „Чекан“ екстрадиран од Хрватска

Министерството за внатрешни работи во соработка со хрватската полиција ја завршило екстрадицијата на Р.С. (40), еден од осомничените во случајот „Чекан“, а кој се товари за кривичните дела злосторничко здружување, изнуда, лихварство и за перење пари. Како што информираат од МВР, Р.С. на 10 јануари оваа година, бил уапсен на граничниот премин Бајаково, по распишана меѓународна потерница од Интерпол, по...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...