fbpx
Таг: екстерно тестирање

таг: екстерно тестирање

Ученици подгответе се, национално тестирање во училиштата од септември

Во новиот Закон за основно образование кое го изготвува Министерството за образование и наука (МОН), ќе биде вметнато и новото т.н. национално тестирање, кое заедно со другите измени и новини, ќе започне да се реализира од претстојниот септември. Ова тестирање е предвидено со програмата на Владата, како и во законот, чија примена се планира да започне од новата учебна...

Екстерното се укина, државното никако да почне

На почетокот на оваа учебна година, заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов најави дека државата ќе спроведе тестирање на државно ниво кое треба да ги замени екстерните тестови. Првото тримесечие од оваа учебна година измина, а сè уште е неизвесно од кога би почнало да се спроведува ова тестирање. Министерот Арбер Адеми досега не ја информирал подетално јавноста во врска...

Министерство за образование: Екстерното тестирање е укинато

Со објавувањето на трите закони за измена на законите за основното образование, за средното образование и за наставниците во основното и во средното образование во „Службен весник на Република Македонија“ бр.67 од 1 јуни 2017 година, екстерното тестирање во Македонија е укинато и нема да се спроведува, соопшти Министерството за образование и наука (МОН). „Сите почнати постапки во врска со...

Собранието го укина екстерното тестирање

Со 64 гласа „за“, ниту еден против или воздржан, попладнево на четвртата седница, Собранието на Република Македонија го укина екстерното тестирање. Беа направени измени на три закони - за основно образование, за средно образование и законот за во наставници во основното и во средното образование. Епилогот на гласањето беше аплауз во салата, во која отуствуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Како единствен претставник...

Собранието денеска ќе го укинува екстерното и ќе го продолжува мандатот на општините

Собранието за денеска има обемна програма за работа, бидејќи покрај изборот на собраниските комисии, ќе решава и за предлог-закони за да се продолжи мандатот на градоначалниците и на советите на општините, како и за укинување на екстерното тестирање. Продолжувањето на мандатите на општинските татковци и совети ќе се прави со предлог-закон за изменување и за дополнување на Изборниот законик по...

Дескоска за утре најави укинување на екстерното, Ристовски обвини за популизам

Првиот чекор во образованието го правиме со тоа што утре на дневен ред на седницата на Собранието ќе се најдат три закони со кои ќе биде укинато екстерното тестирање во основните и во средните училишта, изјави денеска на прес-конференција, кандидатката за нов министер за образование, Рената Дескоска, додавајќи дека за таа цел денеска е одблокирана работата на Собранието. - Заврши...

Лутфиу апелира пратениците по скратена постапка да го укинат екстерното тестирање

Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу апелираше пратениците што поскоро да го процесираат законот за укинување на екстерното тестирање, кои го подготвиле парламентарните групи на СДСМ и ДУИ. Ако не се стигне со роковите за укинување на екстерното тестирање, министерот Лутфиу советуваше да се почитуваат роковите за спроведување на овој начин на тестирање, кое до година според него...

Љутфиу вели дека годинава сепак ќе има екстерно тестирање

Министерот за образование и наука во заминување Пиштар Љутфиу изјави дека сепак, и на крајот на оваа учебна година ќе има екстерното тестирање иако мандатарот за состав на новата влада, Зоран Заев, најави дека екстерното тестирање ќе се укине веднаш штом Собранието почне да работи. -Силно верувам дека новата влада нема да донесе закон против граѓаните и учениците во Македонија,...

Ристовски: Укинувањето на екстерното не е реформа туку е антиреформа

Намерата на СДСМ да го укине екстерното тестирање не е реформа, туку антиреформа и претставува додворување на дел од родителите кои се третираат само како потенцијални гласачи, а не и како луѓе на кои државата треба да им обезбеди подобро образование за нивните деца и да бидат поуспешни во животот, изјави денеска Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ. - Екстерното тестирање е...

Укинување на екстерното – прв предлог на СДСМ до Собранието

Пратениците на СДСМ денеска до Собранието на Република Македонија ќе ги достават предлог-измените на Законите за основно и за средно образование за укинување на екстерното тестирање. Претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) и пратеник во Собранието, Стефан Богоев, на прес-конференција истакна дека очекуваат измените на законите да бидат донесени по скратена постапка и со тоа уште оваа година да...

Заев: Се надевам дека до 5 јуни ќе го укинеме екстерното тестирање

Ние ќе побрзаме со формирањето влада за да можеме пред 5 јуни, датумот на екстерното тестирање, со одлуки или со закон да го укинеме овој експеримент, кој се покажа како неуспешен, рече мандатарот за составување на новата влада, Зоран Заев, откако претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, му го врачи мандатот. - Ние ветивме укинување на екстерното тестирање, тоа ќе биде...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема право, ниту ќе има можност да го укине екстерното тестирање

СДСМ се обидува да зборува на тема образование, само да не спомене ни збор за прифаќањето на тиранската платформа, а кога имаше можност да направи нешто за образованието, зад себе остави хаос и една голема катастрофа, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на изјавата на Петар Атанасов од СДСМ. „Во време кога земјите во светот се натпреваруваат кој повеќе и побргу...

Атанасов: Овој јуни нема да има екстерно тестирање

Oвој јуни нема да биде најстресниот месец во годината за учениците, наставниците и за родителите, бидејќи новата влада уште на првата владина седница ќе го укине нелогичното екстерно тестирање, кое освен притисоци врз учениците и казни за наставниците, не донесе ништо добро, велат од СДСМ. Оттаму најавуваат крупни реформи во образованието, кои треба да обезбедат успешен модерен и европски образовен...

Почнува екстерното тестирање за 18.600 матуранти

Екстерното тестирање на 18.600 матуранти ќе се спроведе од денеска и ќе трае до петок, 3 февруари, информираше Државниот испитен центар (ДИЦ). Една недела пред тестирањето учениците добија информација за деновите на тестирање, а во петокот училиштата ги објавија и распоредите со предмети по кои учениците ќе бидат проверувани. Прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 7 февруари.

Утре почнува екстерното тестирање на 18.600 матуранти

Екстерното тестирање на 18.600 матуранти ќе се спроведе од утре (30 јануари) и ќе трае до 3 февруари, информираше Државниот испитен центар (ДИЦ). Една недела пред тестирањето учениците добија информација за деновите на тестирање, а во петокот училиштата ги објавија и распоредите со предмети по кои учениците ќе бидат проверувани. Прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 7 февруари.

ВМРО-ДПМНЕ: За потребата од екстерно тестирање знаеја и СДСМ и ЛДП кога беа власт

Потребата за екстерно тестирање е препознаена уште во периодот кога СДСМ и ЛДП беа на власт, односно во рамките на Националната програма за развој на образованието во Република Македонија ‎2005-2015, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение на Либерално-демократската партија. „Очигледно е дека за ЛДП, исто како и за СДСМ, воведувањето какви било реформи меѓу кои и образовните...

ЛДП: Со екстерното тестирање власта го продолжува насилството врз граѓаните

Со завршувањето на зимскиот распуст и почетокот на второто полугодие од оваа учебна година, продолжуваат фрустрации за околу 20.000 матуранти, за нивните родители и блиски поради екстерното тестирање, кое е „бесмислен каприц“ на власта на ВМРО-ДПМНЕ, велат од Либерално-демократската партија (ЛДП). Од партијата велат дека е нелогично само со прашања со заокружување, кои треба да се научат напамет, да се...

Завршува продолжениот зимски распуст, учениците од утре на настава

Завршува зимскиот распуст и од утре почнува второто полугодие од учебната 2016/2017 година за околу 270.000 ученици, од кои 188.000 основци и 80.000 средношколци. Зимскиот распуст беше продолжен за два дополнителни дена, односно 18 и 20 јануари, со одлука на Министерството за образование и наука, а по препорака на Комисијата за заразни болести и на Министерството за здравство, како превентивна...

Продолжувањето на распустот го пролонгира екстерното тестирање

Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар поради продолжување на зимскиот распуст за неколку дена го одложија полагањето на екстерното тестирање. Екстерната проверка за матурантите ќе се изврши од 30 јануари до 3 февруари. Минатата година екстерното тестирање за матурантите се одвиваше од 25 до 29 јануари. „Согласно одлуката за продолжување на зимскиот распуст, односно второто полугодие на учебната 2016/2017...

Атанасов: Состојбата во образованието е катастрофална

„Образованието во Македонија е во катастрофална состојба. Владата и министрите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ носеа лоши закони, остваруваа погрешни цели и трошеа многу пари на промашени проекти. Ја понижија просветата, особено со екстерното тестирање, кое, веднаш да кажам, ќе биде укинато“, изјави претседателот на комисијата за образование на СДСМ, Петар Атанасов. Тој додаде дека СДСМ ќе создаде образовен систем...

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...