fbpx
Таг: експресен пат

таг: експресен пат

Ковачевски на пуштањето на патот Крива Паланка – Деве Баир „искара“ двајца бугарски премиери

На денешното свечено пуштање во употреба на реконструираната и рехабилитирана патна делница Крива Паланка - Деве Баир, македонскиот премиер во заминување Димитар Ковачевски ги искритикува поранешниот и сегашниот премиер на Бугарија, Кирил Петков и Николај Денков дека не ги завршиле своите обврски за подобро сообраќајно поврзување на Северна Македонија и Бугарија. Делницата Крива Паланка- Деве Баир од државниот пат А2...

Уште не се гледа крајот на експресниот пат Градско – Прилеп

Изградбата на овој експресен пат долг 33,5 километри започна пред седум години, во време на мандатот на претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Очекувањата на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски експресниот пат Градско – Прилеп да биде изграден најдоцна до средината на 2023 година, не се остварија. Експресниот пат не е завршен, а на овој патен правец сè...

Целосно пуштен во употреба експресниот пат Штип – Кочани

Делницата Крупиште – Кочани  во должина од 13,7 километри денеска беше пуштена за сообраќај со што целосно се заокружи изградбата на експресниот пат Штип - Кочани што се одвиваше во две фази. Претходно, во 2020 година, беше пуштен делот од експресниот пат од Штип до Крупиште со должина од 14,3 километри. На пуштањето на делницата во употреба присуствуваа премиерот Димитар...

Ковачевски најави скоро пуштање во употреба на експресниот пат Крупиште-Кочани

Делницата Крупиште - Кочани, која е втора фаза од изградбата на експресниот пат Штип - Кочани е 96% изведена и наскоро ќе биде готова и ставена во функција, порача премиерот Димитар Ковачевски денеска, по посетата на градежните работи за новиот пат. Тој беше придружуван од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавно претпријатие за државни...

Скапо го враќаме кредитот за изградба на автопатите, Кина остана во земјава да гради и со европски пари

Северна Македонија зеде кредит од кинеската Ексим банка за изградба на автопатите Кичево - Охрид и Миладиновци - Штип, при што во моментов скапо ги враќа ратите од кредитот поради рекордното зајакнување на американскиот долар во однос на македонскиот денар. Во меѓувреме, по повеќе од осум години и шест месеци од почетокот на градежните работи, автопатот Кичево - Охрид...

Вистиномер: Веќе четири години како се гради експресниот пат Ранковце – Крива Паланка

Ветувањето за изградба на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка е во тек на реализација. Овој патен правец, како дел од Паневропскиот коридор 8, се наоѓа меѓу стратешките приоритети и високо нa агендата во многу изборни програми на политичките партии и на досегашните влади, но неговата изградба постојано се пролонгираше. Договорот за заемот од Светска банка за изградба на овој експресен...

Заврши изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш

Под времен режим на сообраќај, но пуштен во функција пред рокот за завршување на градежните работи. Новиот експресен пат Штип-Радовиш граѓаните веќе можат да го користат при патувањата. Оваа патна делница е поврзана со автопатот Миладиновци-Штип и на граѓаните од југоисточните делови од земјава значително им го намалува времето на патување и безбедноста во сообраќајот додека патуваат кон Скопје. Министерот...

Бочварски: Обиколницата Штип од утре ќе биде во употреба

Штип доби нова модерна обиколница, како дел од експресниот пат Штип - Радовиш, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, извршија увид на изградената обиколница. Тие најавија дека од утре попладне обиколницата ќе биде пуштена за сообраќај за сите возила. Обиколницата е во должина од 6 километри, коловозот...

Кинески „Синохидро“ и австриски „Штрабаг“ ја презедоа изградбата на патот Градско-Прилеп

По подолготрајниот застој и проблеми, продолжува изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп на патниот Коридор 10д. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми денеска извршија увид во градежните работи. Првата фаза од Градско до Дреново е со должина од 15,5 километри и вредност од 24,7 милиони евра. До сега се изградени...

По три години изградба, пуштена во употреба првата фаза од експресниот пат Штип-Радовиш

Првата фаза од експресниот пат Штип-Радовиш во должина од околу 23,5 километри денеска беше пуштена во употреба. По три години од почетокот на градежните работи, премиерот Зоран Заев заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и шефот на Европската банка за обнова и развој во Македонија, Андри Аранитаси, присуствуваа на отворање на патот, кој се градеше на...

Кинески „Синохидро“ и австриски „Страбаг“ ќе го довршуваат експресниот пат Градско-Прилеп

Претстојново лето ќе продолжи изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп, каде што месеци наназад не се одвиваа никакви градежни работи поради тоа што претходните компании-изведувачи ја напуштија трасата и ги оставија делниците недовршени. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешната прес-конференција информираше дека за најновите активности околу продолжување на изградбата на овој експресен пат. Австриската компанија „Страбаг АГ“ е...

Италијанците си заминаа, се бара нов изведувач за довршување на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка

Откако со италијанската компанија „Тирена Скави“ е прекинат договорот, за довршување на изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка на патниот Коридор 8 се бара нов изведувач. Јавното претпријатие за државни патишта го објави меѓународниот тендер за избор на изведувач што ќе ја догради првата подделница од Длабочица до Чатал со должина од 15,5 километри. Тендерската документација е достапна на...

По две години застој, пролетва треба да продолжи изградбата на првата фаза од патот Градско-Прилеп

Наредните денови треба да се потпише договорот со најповолниот изведувач што треба да ја доврши изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп на кракот Д од Коридорот 10. Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета.мк“ информираат дека до крајот на март годинава треба да се избере компанијата-изведувач. Извештајот од евалуациите на понудите е испратен до Европската банка за обнова и...

Втората фаза од изградбата на експресниот пат Штип-Кочани ќе биде готова до крајот на годинава

До крајот на 2021 година ќе може да се вози по целосната траса на експресниот пат Штип-Кочани. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми денеска извршија увид во изградбата на втората фаза од експресниот пат, на потегот од селото Крупиште до Кочани. Втората фаза од експресниот пат е со должина...

Лани се работеше на изведба, годинава ќе се пуштаат нови патишта, роковите остануваат менлива категорија

Северна Македонија годинава очекува засилен развој на патната инфраструктура и пуштање во употреба на неколку нови патишта коишто се градеа во изминатите години. И покрај вообичаените доцнења кај изведбата на проектите од цел спектар на вообичаени проблеми што лани беше надополнет со ковид-19 пандемијата, во 2021 година подобрувањето на патната инфраструктура ќе биде особено видливо во источниот дел на...

Експресниот пат Градско-Прилеп на Коридор-10 ќе продолжи да се гради, надминат е застојот

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната посета на општина Прилеп најави дека се надминати проблемите со изведувачите на новиот експресен пат Градско-Прилеп. Тој рече дека проблемите се решени и со почетокот на претстојната градежна сезона ќе започне силно темпо на изградба на овој експресен пат што се наоѓа на кракот Д од Коридорот-10. „Сакам да информирам дека...

ЕУ нуди средства за железница, владата повеќе сака да гради патишта

Европската комисија во Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан во делот за нашата земја посочува дека ќе ја финансира изградбата на нова и надградбата на постојната железничка инфраструктура. Во финансискиот пакет вреден 9 милијарди евра, кој за земјите од Западен Балкан ќе бидат достапни преку ИПА III фондовите, но и преку дополнителни грантови и кредити што би ги добиле наредниве...

ЕБОР го објави тендерот за доградба на првата фаза од експресниот пат Градско-Прилеп

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го објави тендерот за довршување на изградбата на првата фаза од експресниот пат Градско-Прилеп. Меѓународниот тендер ги повикува градежните компании да достават понуди најдоцна до 3 ноември за изведба на делницата меѓу Фаришката и Дреновската клисура во должина од 10 километри. Изведбата на градежните работи се очекува да започне во декември 2020...

Пуштен во сообраќај експресниот пат Штип – Крупиште долг 14,3 километри

Јавното претпријатие за државни патишта информира дека делницата Штип - Крупиште од вчера е пуштена за сообраќај, со задолжително почитување на одобрениот времен режим и поставената патна сообраќајна сигнализација. Станува збор за прва фаза од изградбата на експресниот пат Штип - Кочани, која е долга 14,3 километри и за чија изградба се издвоија 20,2 милиони евра. Идната максимална брзина на...

Партиите пред избори редат ветувања за бројни инфраструктурни проекти

Двете најголеми политички партии во земјава со слични ветувања за развој на инфраструктурата во наредните четири години, доколку тие го добијат мандатот од граѓаните за да формираат влада. Коалициите „Можеме“ на СДСМ и „Обнова за Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ ставаат акцент на развојот на патната инфраструктура и транспорт, а во позадина се ставени железничката инфраструктура и сообраќај, велосипедскиот превоз и...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...