!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

Саемот за мебел почнува утре, ќе има 400 домашни и странски изложувачи


Скопјхе, 20 март, 2017 - 11:12 (META) 

Меѓународниот саем на мебел почнува утре и ќе трае до 26 март. На саемот ќе учествуваат 400 домашни и странски изложувачи, а се очекува да го посетат повеќе од 50.000 лица.

Во 11 хали ќе бидат претставени мебел и опрема за домаќинства, а една хала е наменета за машини и за репроматеријали за индустријата за производство на мебел.

Традиционално ќе се организира стручно оценување на пријавени експонати и ќе бидат доделени признанија на најдобрите учесници на саемот, во две категории, производители и трговци.

Има учесници од Србија, Хрватска, Грција, Италија, Босна и Херцеговина  и од Словенија.

Саемот ќе биде отворен од 10 до 20 часот, цената на влезницата е 100 денари, а за групни посети и за студенти чини 50 денари.


Двајца радовишани осомничени за оштетување експонати во локалитетот Баргала


Штип, 14 декември, 2015 - 15:38 (META) 

Секторот за внатрешни работи Штип поднел кривична пријава против две момчиња од Радовишко, осомничени дека на средината од ноември оштетиле 10 керамички садови во археолошкиот локалитет Баргала во Штип.

Како што информираат од полицијата, станува збор за Б.У. (19) од радовишкото село Али Коч и С.С. (18) од селото Парналија, исто така кај Радовиш, кои, според пријавата, се товарат за оштетување или уништување добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.

Според полицијата, осомничените на 10 ноември годинава, на археолошкиот локалитет Баргала во Штип, кој е под привремена заштита на културното наследство на Република Македонија, влегле во една од просториите на локалитетот и со употреба на физичка сила и на тврд предмет оштетиле 10 керамички садови питуси со што причиниле материјална штета од непроценлива вредност.


Оштетени 12 експонати во археолошкиот локалитет Баргала


Штип, 11 ноември, 2015 - 13:50 (META) 

Вчера од Заводот за заштита на споменици – Музеј Штип во полиција било пријавено дека на археолошкиот локалитет Баргала, непознат сторител оштетил 12 керамички садови кои биле поставени како експонати.

Екипа на Секторот за внатрешни работи Штип извршила увид на местото и работи на откривање на сторителот и на расчистување на случајот.


Украдени експонати од Спомен-куќата на Гоце Делчев во Битола


Битола, 9 април, 2015 - 12:23 (META) 

Вчера во битолската полиција била пријавена кражба на експонати од Музеј – Спомен-куќа на Гоце Делчев, на улицата Стево Патакот.

Според полицијата, кражбата се случила во периодот од 3 до 8 април, кога непознат сторител насилно, преку влезната врата, провалил во музејот и одзел дел од експонатите, односно четири пиштоли, две пушки, две турски сабји и еден турски јатаган.

Екипа на СВР Битола извршила увид на местото и презема марки за расчистување на случајот.