fbpx
Таг: експлозив

таг: експлозив

ЕУРОПОЛ: 37 уапсени, сузбиена балканска криминална група трговци на дрога и оружје

Вкупно 37 осомничени, меѓу кои и водачот на криминална банда која тргувала со оружје и со дрога, босански државјанин, кој е веќе в затвор и се смета за личност од висок ризик, се уапсени во координирана меѓународна операција, соопшти ЕУРОПОЛ. Балканската криминална организација е сузбиена во серија синхронизирани рации спроведени на 24 мај во Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Холандија,...

Силни експлозии го погодија попладнево Бејрут, има мртви и повредени

Главниот град на Либан, Бејрут попладнево го погодија силни експлозии, од кои има мртви и загинати. Либанските здравствени и безбедносни власти јавуваат за најмалку 10 загинати и најмалку 400 повредени лица. Експлозиите се случиле во пристанишниот дел на град, а првичните информации говорат дека најпрво се случила експлозија на нитрат или експлозив во депото на пристаништето, по што следувала...

Застареното ракетно гориво од скопско Волково транспортирано во Србија

Владата го решила проблемот со уште една горлива еколошка точка во главниот град. Неколкуте тони застарено ракетно гориво за градобијни ракети и друг експлозивен материјал лоциран меѓу Ново Село и Волково во Скопје, се транспортирани во Србија, информираат од владината прес - служба. Станува збор за голема количина опасни и експлозивни ствари што се сместени во кругот на поранешната компанија...

Спречен терористички напад во Франција

Во Франција минатата недела бил спречен можен терористички напад. Уапсен бил 33 годишен маж од Париз, за кого има сомнение дека се подготвувал да изврши терористички напад. Тој е уапсен во вторникот во јужниот град Ним, а во неговиот дом е откриен арсенал од експлозивни материјали. Станува збор за прво вакво сомнение во Франција од почетокот на новата годината. Во минатата...

Грчките служби фатиле 410 тони експлозив наменети за Либија

Грчката крајбрежна стража спречила транспорт на 410 тони експлозив во брод што го пресретнале кај островот Крит. Сандаците со експлозив се пронајдени на брод што пловел кон Либија под танзаниско знаме, а биле натоварени во турското пристаниште Мерсин, јавија грчките медиуми. Приведени се 8 членови на екипажот. Бродот пловел кон Мисрата.

Маж со експлозив држи 11 заложници во пошта во Харков

Маж за кого се верува дека е вооружен со експлозив држи девет возрасни лица и две деца како заложници во пошта во градот Харков, во североисточниот дел на Украина, соопшти полицијата, јавуваат светските агенции. Неидентификуваниот маж не изнел некакви барања. Тој, како што пренесуваат агенциите, се однесува мирно и комуницира со полицијата, која го блокираше подрачјето околу поштата. „Мажот во...

Арачиновец уапсен пред Врховниот суд, околу појасот носел прачки налик на експлозив

Припадниците на полицијата што денеска го обезбедуваа судскиот комплекс додека траеше изрекувањето на пресудите за случајот „Диво Насеље“, уапсија педесет и седумгодишен жител на Арачиново со иницијали И.И., кој околу појасот имал четири прачки кои личеле на експлозив. Како што потврдуваат од МВР, осомничениот е одведен во полициската станица во Центaр, каде со него се разговара. Прачките ќе бидат предадени на вештачење...

Илјадници луѓе евакуирани во Москва поради дојави за подметнати бомби

Повеќе од 20.000 лица денеска биле евакуирани од трговските центри, железничките станици, театри и од универзитети во Москва поради речиси симултани дојави дека на повеќе места во градот е поставен експлозив, јавуваат светските агенции. Иако се претпоставува дека станува збор за лажни дојави, полициски специјалци со кучиња трагачи ги пребаруваат местата. Според информациите на агенциите, досега биле пребарани пет локации,...

Појасите со експлозиви на петтемина терористи од Камбрилс биле лажни

Појасите, што ги носеа петтемина ликвидирани терористи во Камбрилс биле лажни, изјави каталонскиот премиер Карлес Пуџдемон за локалното радио. Синоќа пет лица со автомобил ауди прегазија луѓе во летувалиштето Камбрилс во обид да го повторат нападот од Барселона од вчера попладне. Полицијата ги ликвидира терористите во Камбрилс, кои повредија петмина граѓани и еден полицаец.

Пукање и полициска потера по возило со експлозив во Брисел

Бриселската полиција пукала во возило во квартот Моленбек и повикала единица за деминирање откако возач им соопштил дека во автомобилот има експлозив. Белгиското федерално обвинителство и локалната полиција засега не се достапни за коментар. Локалните медиуми јавуваат дека полициската потера по возилото завршила откако возачот заглавил во сообраќајниот метеж во Брисел. Дел од медиумите јавуваат дека станува збор за возило со германски...

Напаѓач со автомобил полн со експлозив удрил во полициско возило во Париз

Француската полиција ја евакуираше познатата париска авенија Елисејски полиња откако напаѓач со автомобил удри во полициско возило. Автомобилот на напаѓачот потоа се запалил, а тој починал од повредите, потврди министерот за внатрешни работи на Франција. Антитерористичка единица ја презеде истрагата, а инцидентот се третира како терористички чин. Во автомобилот е пронајден „калашников“, пиштол и димни бомби. Во автомобилот имало и поголемо количество експлозив. Полицијата на...

Во Германија уапсени две лица со 155 килограми експлозив

Германската полиција во местото Лаутеркен пронашла 155 килограми експлозив, поради што уапсила две лица. Против двете лица на возраст од 18 и 24 години ќе бидат поднесени обвиненија поради поседување експлозив и поради подготвување терористички напад. Државното обвинителство ги проверува информациите според кои осомничените имаат врска со терористичката група „Олд скул сосајети“. Се смета дека таа терористичка организација е разбиена откако...

Четири лица уапсени во Русија поради планирање терористички напади

Руската федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека уапсила четири лица, осомничени за планирање терористички напади во Москва, јавуваат светските агенции. Уапсените, како што било наведено во соопштението, се државјани на Молдавија и на Таџикистан. Тие планирале со импровизирани експлозивни направи да изведат серија напади, со кои, според ФСБ, требало да управува еден од водачите на Исламска држава, чија...

Одбележани 15 години од убиството во „Бриони“ кај селото Челопек

Денеска се одбележа петнаесетгодишнината од грозоморното убиство на Боге Илиевски и на Светислав Трпковски од Челопек. Двајцата вработени во мотелот „Бриони“ беа свирепо убиени на денешен ден, додека дежураа на ноќната смена во мотелот. Беа врзани за еден од столбовите на објектот и со експлозив разнесени во воздух. Петнаесетгодишнината се одбележа со помен парастос на православните гробишта во Челопек и...

Лажна тревога во Милано, метрото повторно во функција

Подземната железница во Милано повторно почна да сообраќа, по краткиот прекин кој следуваше откако на станица во центарот на градот беше пронајден сомнителен пакет. Истрагата покажала дека пакетот не содржи експлозив, соопшти миланската служба за јавен превоз. Сообраќајот претходно беше целосно во прекин, а централната метро-станица беше евакуирана додека стручни лица за експлозив го прегледувале сомнителниот пакет, кој содржел батерија и...

Во Ница пронајден уште еден камион со експлозив

Француските специјални сили на автопат во близина на Ница пронашле уште еден камион полн со експлозив, јавуваат локалните медиуми. Специјалците го деактивирале експлозивот, а поради тоа евакуирани се две станбени згради. Како што јавуваат светските медиуми, камионот бил паркиран неколку стотини метри од стан кој бил мета на рација, по терористичкиот напад кој се случи во четвртокот вечерта, во кој загинаа 84...

Запленети три тони експлозив во Турција

Турската полиција пронашла три тони експлозив во минибус во источнотурскиот округот Мардин, јавува весникот „Хуриет“. Се претпоставува дека експлозивот бил наменет за Работничката партија на Курдистан (ППК). Весникот јавува дека полициска патрола, која вршела рутинска контрола, се обидела да го запре минибусот во градот Јешили, но возачот одбил да застане. Полицијата отворила оган кон возилото, стрелајќи во тркалата на возилото. Минибусот и...

Ослободени поголем дел од патниците од киднапираниот авион

Речиси сите патниците од киднапираниот египетски авион на „Египет Ер“ се ослободени, освен седумтемина членови на екипажот и четворица странци, јавуваат светските медиуми. Патнички авион беше киднапиран од засегна непознато лице, јавува „Би-би-си“. Киднаперот го принудил екипажот да го приземји авионот на аеродромот во Ларнака на јужниот брег од грчкиот дел на Кипар. Според информациите, станува збор за авион од тимот „Ербас А320“ на летот МС181,...

Маж се разнесе со експлозив во слаткарница во центарот на Белград

Денеска, околу 12.30 часот, маж на 50-годишна возраст се разнел со експлозив во слаткарница во центарот на Белград. Во инцидентот нема повредени. Според неофицијалните информации што ги објавија српските медиуми, самоубиецот влегол во слаткарницата „Петковиќ“, лоцирана на аголот од улиците Таковска и Илија Гарашанин, ги истерал гостите надвор и на вработените во слаткарницата им ја покажал бомбата што ја носел...

Турција: Деактивиран експлозив во Дијарбакир

Турските експерти деактивирале експлозивна направа која била поставена во автомобил во близина на владина зграда на југоистокот на Турција, соопштија неименувани безбедносни извори. Возилото е пронајдено во градот Хани, во курдскиот регион на провинцијата Дијарбакир. Засега не се познати детали.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...