fbpx
Таг: експлозија

таг: експлозија

Двајца загинати и 11 исчезнати во експлозија во рудник за јаглен во Колумбија

Најмалку две лица загинаа, а 11 се водат како исчезнати по експлозија во нелегален рудник за јаглен во Колумбија, соопштија локалните власти. Како што пренесуваат локалните медиуми, во експлозијата, која е последица на запалив гас, повредено е едно лице. Инцидентот се случил во централниот департмент Кундинамарка, на околу 90 километри од главниот град Богота.

Напад со автомобил бомба во Авганистан, најмалку 20 загинати

Авганистанските власти денеска соопштија дека најмалку 20 лица загинале, а десетици се повредени во експлозија на автомобил бомба пред банка во јужната авганистанска провинција Хелманда. Како што пренесуваат агенциите, по експлозијата, вооружени напаѓачи влегле во банката, по што дошло до престрелка со обезбедувањето. Според извештаите, меѓу жртвите има цивили и припадници на обезбедувањето на банката. Одговорноста за нападот сè уште не ја...

Експлозија во близина на воен објект на НАТО во Турција

Послаба експлозија одекна утринава во близина на воен објект на НАТО во провинцијата Измир, во западниот дел на Турција, објавија турските медиуми. Како што се наведува, во експлозијата е оштетен ѕид во близина на воен објект на НАТО, но во инцидентот никој не е повреден. Полицијата ја обезбедила областа и ја истражува причината за несреќата.

Еден повреден во експлозија на бомба во Тајланд

Едно лице е повредено во експлозија во главниот тајландски град Бангкок, предизвикана од т.н. пинг-понг бомба, скриена во пластична кеса, соопшти полицијата. - Пластичната кеса во која била сместена малата импровизирана експлозивна направа, била скриена во грмушка, а кога работниците од комунална хигиена ја собрале и ја отвориле, таа експлодирала – соопшти претставник на полицијата. Експлозијата се случила еден ден откако властите...

Експлозија во градинка во Кина – седум загинати и 59 повредени

Седум лица загинаа во експлозија во градинка во Фенгксиан во источната кинеска провинција Џиангсу, јавуваат кинеските медиуми. Полицијата сè уште нема официјално потврдено колку лице загинаа, но кинеските медиуми јавуваат дека освен седумте загинати, во експлозијата има и 59 повредени лица. Кинеската држвна телевизија „Си-си-ти-ви“ јави дека две лица загинале при самата експлозија, додека другите починале во болница. Агенцијата „Ксинхуа“ јави дека...

Осуммина загинати во експлозија во хемиска фабрика во Кина

Осум лица загинаа, а девет се повредени при експлозија и пожар што се случија во фабрика за хемикалии во источната кинеска провинција Шандонг. Несреќата била предизвикана од експлозија на танкер со течен гас на терминал за полнење во фабриката. Експлозијата запалила неколку цистерни со гориво во економската зона Линји. Околното подрачје е евакуирано. Сопственикот на фабриката е повреден и веднаш пренесен во...

Во експлозија, повреден поранешниот грчки премиер Пападимос

Поранешниот грчки премиер Лукас Пападимос е повреден во експлозија на писмо-бомба во неговиот автомобил во центарот на Атина. Поранешниот премиер е надвор од животна опасност. Експлозивниот материјал бил поставен во писмо адресирано до Пападимос и експлодирал при отворање, додека тој се возел низ градот. Во експлозијата се повредени Пападимос, неговиот возач и еден член на неговото обезбедување од грчката Народна...

ИД ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Манчестер

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Манчестер во кој загинаа 22 лица. Припадниците на терористичката организација на социјалните мрежи објавија видео запис во кој велат дека тие се одговорни за нападот. Во експлозијата за време на концертот на американската пејачка Ариана Гранде во Манчестер синоќа загинаа 22 лица, а повредени се 59. Полицијата соопшти дека експлозијата се третира како...

Најмалку 22 лица загинаа, а 59 се повредени во терористички напад во Манчестер

Најмалку 22 лица загинаа, меѓу кои и деца, а 59 се повредени во експлозија која се случи на завршување на концертот на пејачката Ариана Гранде во Манчестер, изјави шефот на полицијата Јан Хопкинс. Според него, полицијата е уверена дека напаѓачот кој ја активирал бомбата загинал во експлозијата и дека само тој го извршил нападот. Тој информираше дека напаѓачот носел импровизирана...

Дваесет лица се повредени во експлозија на бомба во болница на Тајланд

Најмалку 20 лица се повредени во експлозија на бомба во болница во Бангкок, соопштија денеска тајландските власти. Истражителите на местото на експлозијата пронашле остатоци од батерија и жици од експлозивна направа. Засега никој не ја презема одговорноста за експлозијата во воената болница, кој исто така е отворена и за цивили. - Имаше бомба. Пронајдовме делови кои се користени за изработка на...

Експлозија во центарот на Рим

Во центарот на Рим дојде до експлозија при која оштетен е еден автомобил, јавуваат светските агенции. Претставници на полицијата информираат дека нема повредени лица. До експлозијата дошло пред поштата, додека локалните медиуми наведуваат дека станува збор за писмо бомба. Во близина на местото на кое се случила експлозијата се наоѓа и претставништвото на Обединетите нации. Полицијата ги затворила околните улици и влезните...

Најмалку двајца загинати и седумдесетина затрупани во рудник во Иран

Најмалку двајца загинати, десетици повредени и седумдесетина затрупани рудари, е досегашниот епилог на експлозијата во рудник за јаглен во Североисточен Иран, јавуваат светските медиуми. Досега од рудникот Земестанјорт кај градот Азадсхар во провинцијата Голестан се извлечени 26 рудари, а десетици сè уште под земја. Според властите, дошло до екплозија на насобран метан. Неколку од спасувачите биле извлечени на површината откако почнале...

Девет лица загинале во експлозија на бомба во Пакистан

Најмлаку девет лица денеска загинале, меѓу кои две деца и две жени, во експлозија на бомба поставена на пат во северозападниот дел на Пакистан, јавуваат светските агенции, повикувајќи се на соопштение на локалните власти. Бомбата, која била поставена на пат недалеку од градот Годар, во племенската област Курам, била ативирана при поминувањето на минибусот, во кој се наоѓале жртвите. „Потврдено е...

Бомба фрлена на општинската зграда во Зрењанин

Засега непознато лице утрво околу 5.30 часот фрлило експолозивна направа на оштинската зграда во Зрењанин, јавуваат српските медиуми. Полицијата соопштува дека нема повредени во експлозијата, од која е искршена влезната врата на општината и оти работат на расветлување на сличајот.

Во експлозија во фабрика во Турција, 29 лица се повредени

Најмалку 29 работници се повредени во експлозија што денеска одекнала во текстилна фабрика во северозападниот турски град Черкези, јавува телевизијата „Си-ен-ен Турк“. Според информациите на телевизијата НТВ, експлозијата била последица на истекување токсични хемиски супстанции, а 29 работници се хоспитализирани. Во регионот се испратени противпожарни екипи, полиција и возила на брза помош.

Експлозија во турскиот град Дијарбакир

Повеќе лица се повредени од силна експлозија која денеска го потресе југоисточниот турски град Дијарбакир. Полицијата и возила на брзата помош се на местото во квартот Баглар, во кој се активни курдските сепаратисти. Засега не се знае причината за експлозијата. https://twitter.com/thevocaleurope/status/851711473462202368

Најмалку 15 лица загинаа а повеќе од 40 се повредени во црква во Египет

Најмалку 15 луѓе ги загубиле животите а над 40 се тешко повредени во експлозија во Коптската православна црква „Свети Ѓорѓи“ во Танта, Египет. Гратчето е близу Каиро, а коптските правослани христијани сочинуваат околу 10 отсто од 85 милионското население на Египет, потсетува египетската телевизија „Ал Арабија“. Телевизијата известува дека уште не се знае причината за експлозијата и потсетува дека Коптите...

Две девојчиња загинаа, четири лица се повредени при уривање куќа во Полска

Две девојчиња ги загубиле животите, а четири станари добиле повреди кога утрово се урнала голема куќа во Југозападна Полска, близу градот Вроцлав. Причината била неисправна инсталација за гас, известуваат полските медиуми. Експлозијата во местото Шведоџице била толку силна што објектот е речиси срамнет со земја. Бројката на жртви е сè уште непозната, оти повеќе од 20 пожарникари ги пребаруваат урнатините. Сè уште...

Еден повреден во експлозија во Русија

Во експлозија во близина на училиште во рускиот јужен град Ростов, едно лице е повредено, соопштија денеска локалните власти. Според последните информации, повреден е бездомник, а не работник на обезбедување, како што првично беше јавено. - Бездомникот го пронашол пакетот на улица околу 6.30 часот по локално време и одлучил да ја провери неговата содржина. Експлозијата се случила кога сакал да вклучи...

10 лица загинати, 47 повредени во експлозијата во метрото во Санкт Петербург

Десет лица загинаа, 47 се повредени, а 39 се хоспитализирани во експлозија во метрото во Санкт Петербург за која руските власти велат дека можно е да станува збор за тероризам. Детонацијата ја предизвикала импровизирана експлозивна направа наполнета со шрапнели, а била поставена во еден вагон на метрото помеѓу две седишта. Помеѓу повредените има и деца. Иако првично беше соопштено дека имало...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...