fbpx
Таг: економски раст

таг: економски раст

(АНАЛИЗА) Годишно ќе доспеваат долгови и по 1 милијарда евра – се размислува за предвремена отплата

Нови еврообврзници, заеми од меѓународни финансиски институции, задолжувања на домашен пазар, издавање на нови граѓански и зелени обврзници – сите опции се на маса како извори за финансирање на буџетскиот „минус“, пишува Порталб.мк. Во новата ревидирана Фискална стратегија 2023 -2028 година, усвоена во пакет со новиот Буџет 2024 се посочува и на можноста од предвремена отплата на дел од долговите...

(АНАЛИЗА) Економијата во изборната 2024: бавен економски раст, едноцифрена инфлација, буџетски популистички трошења

Новата 2024 година стартува со прелеани ризици од 2023 – битката со инфлацијата продолжува. Економскиот раст повторно под ризик и од внатрешни и од надворешни фактори, пишува Порталб.мк. Извесните „двојни“ избори дополнително ќе го „зачинат“ економскиот амбиент – државата ќе „истура“ пари, бизнисот воздржано ќе ја чека политичката постизборна разврска. Стари ризици и проблеми во новата 2024  Инфлацискиот притисок ќе „попушти“,...

Народна банка: Инфлацијата се намалува, на среден рок ќе се врати на 2 отсто

Инфлацијата и натаму ќе забавува, годишната стапка на инфлација во октомври била 3,5 отсто, а Народната банка очекува инфлацијата на среден рок да се врати на историскиот просек од 2 отсто. Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска денеска ги претстави најновите макроекономски проекции. „Проекциите за раст на економијата се совпаѓаат со априлските проекции, односно се очекува умерено забавување на економскиот...

ММФ: Инфлацијата годинава 9,2 отсто, догодина ќе се намали на 3,5 отсто

Инфлацијата во Македонија започна да забавува, помогнато од пониските цени на енергијата и храната, но и како резултат на затегнувањето на монетарната политика од Народната банка - ова се заклучоците на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) која престојува месецов во земјава. Според нивните очекувања, инфлацијата годинава ќе изнесува 9,2 отсто, а во 2024 година ќе се намали на 3,5...

Народна банка: Економскиот раст годинава 2,1 отсто, инфлацијата ќе се намали

Народната банка на РСМ (НБРСМ) проценува дека економскиот раст на Македонија годинава ќе изнесува 2,1 отсто, додека инфлацијата би се движела меѓу 8 и 9 отсто, до крајот на годинава. Проекциите за бруто-домашниот производ во наредните две години се непроменети, така што се очекува растот да изнесува 3,6 отсто во 2024 и 4 отсто во 2025 година. „Енергетската компонента во...

АНАЛИЗА Нови, ревидирани, прогнози – растот ќе забави, годинава треба да вратиме долг од 845 милиони евра

Забавување на економскиот раст, пониска инфлација во однос на лани, но повисока во однос на првичните прогнози за годинава, буџетското салдо со подлабока дупка... Ова се дел од новите проекции во ревидираната Стратегија за 2023-2025 година (со изгледи за 2027), пишува Порталб.мк.   Почетокот на преговорите со ЕУ – позитивен сигнал за инвеститорите Прогнозата за 4,5 отсто економски раст за оваа нова...

Новите макроекономски проекции на Народна банка за годинава и за 2023 полоши отколку претходните

Новите макроекономски проекции на Народната банка (НБ) за годинава и за 2023 година се полоши отколку истите направени во април годинава, соопшти гувернерката на НБ, Анита Ангеловска-Бежоска. И предвидената инфлација во новите проекции е поголема од таа прогнозирана во априлската сесија на макроекономски проекции. Општо земено, најновите оцени за растот на македонската економија се понеповолни во однос на априлскиот циклус...

Проекцијата на Народната банка за годинешната инфлација скокна од 2,2 на 3,1 проценти

Најавите за зголемување на процентот на инфлација се остварија на најновата седница на Советот на Народната банка, на која бил разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај за макроекономските проекции. Наместо досегашната проекција од 2,2 проценти, ревидирана е стапката на инфлација на 3,1 проценти до крајот на годинава, информираат од Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ). Тие велат дека инфлацијата...

Нова оптимистичка Фискална стратегија со прогнози за 5,4 отсто раст и невработеност од 8,6 отсто

Новата Фискална стратегија за периодот 2022 - 2024 година со проекции до 2026 година покажува навистина оптимистички прогнози за развојот на домашната економија. Така, се предвидуваат стапки на економски раст повисоки од 5 отсто, а невработеност од само 8,6 отсто. Исто така се предвидува дека просечната плата ќе расте со просечна стапка од околу 4 отсто, бруто-инвестициите ќе се...

Светска банка: Ризиците од пандемијата присутни, догодина економскиот раст на земјава ќе биде 3,5 отсто

Економската криза предизвикана од ковид пандемијата резултираше со просечен негативен раст на економиите во регионот од 3,4 проценти, а оваа година земјите на Западен Балкан се очекува да забележат просечен раст од 4,4 проценти. Тој се очекува да биде поумерен во 2022 и во 2023 година, околу 3,7 проценти, како резултат на штетите од пандемијата, кои и понатаму предизвикуваат...

Бесими: Проектираниот раст за годинава е 4,1 отсто, доколку се намали ковид кризата

Годинава ќе се направи редизајнирање на буџетската политика и на политиките насочени кон економско заздравување и забрзан раст-SmartER Growth Policies и враќање на економијата на преткризната патека, со раст во втората половина од 2022 година. Главна цел е на среден рок да се забрза економскиот раст од 2,6 отсто, колку што изнесувал просечно годишно во претходните десет години, на...

Светска банка за годинава предвидува пад на македонската економија од 4,1 отсто

Економија во земјава оваа година ќе забележи пад од 4,1 отсто, следната 2021 година ќе се врати на нивото на економски раст од 3,6 отсто, додека во 2022 година растот би изнесувал 3,5 отсто, во услови на очекувана зголемена потрошувачка, раст на приватните инвестиции и извозот. Ова го прогнозира Светската банка во извештајот објавен денеска, под наслов :„Економски извештај...

Промовирана Индустриска стратегија за раст на производствениот сектор

Денеска беше промовирана Индустриска стратегија која произлезе од проектот „Ревизија на индустриската политика 2009-2020“, финансиран од Делегацијата на ЕУ и имплементиран од Министерството за економија. Стратегијата, според министерот за економија Крешник Бектеши е во согласност со принципите на европските добри практики и е клучна економска основа на земјава во преговорите за пристапување со ЕУ. - Фокусот во Стратегијата е ставен на...

СДСМ: Порастот од 1,2 отсто во последниот квартал на 2017 е закрепнување на економијата

Порастот на Бруто домашниот производ (БДП) од 1,2 отсто во последното тромесечје од 2017 година ја потврдува исправноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ и е уште еден во низата показатели дека економијата се стабилизира и се движи во добар правец, порачува СДСМ. Во однос на обвинувањата за нула отсто на економскиот пораст што вчера ги искажа Трајко...

Славевски: Нема пораст, нема инвестиции – издишаа економските очекувања од СДСМ

Издишаните очекувања кај економските субјекти од новата власт предводена од СДСМ се гледаат преку непостоечкиот пораст на економијата, а дополително падот на бруто-инвестициите укажува дека и во следните години македонската економија ќе остварува ниски стапки на пораст, порача денеска Трајко Славевски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. - Во периодот кога вообичаено се очекува забрзување на порастот на економијата по...

СДСМ: Агенцијата „Фич“ ја потврди успешноста на реформите

Промената на изгледот на Македонија од негативен во позитивен од страна на меѓународната агенција за оценка на кредитниот рејтинг „Фич“, е потврда дека реформите на Владата, финансиската и економска стабилизација, како и економските мерки носат позитивни резултати, се вели во соопштението на СДСМ. Од таму додаваат дека „на подобрувањето на изгледот влијаеше политичката стабилизација, подобрувањто на меѓународната позиција на земјава, напредокот...

Извозот на компаниите од ТИР-зоните, лани изнесувал 2 милијарди евра

Вредноста на извозот на компаниите од ТИР-зоните, лани надмина 2 милијарди евра, што претставува пораст од 29,2 проценти во однос на остварениот извоз во 2016 година, информираат од Дирекцијата за ТИРЗ. ТИР-зоните за прв пат нудат еднакви и транспарентни услови за инвестирање и ги отвораат своите врати за домашните инвеститори. „По објавувањето на Планот за економски пораст забележан е зголемен интерес...

Светска банка препорачува Владата да ги одложи ад хок зголемувањата на пензиите

Поради долготрајната политичка криза, Светската банка во редовниот есенски извештај за Западен Балкан проектира економскиот пораст на Македонија до крајот на годината да изнесува 1,5 отсто. Проекцијата за порастот за следната година е 3,2 проценти, а за 2019 година - 3,9 проценти, со очекување да закрепнат инвестициите и потрошувачката. Светска банка наведува дека приоритет за Македонија е фискална консолидација со зголемено...

ЕУ ја подигна проекцијата за економскиот раст на еврозоната на највисоко ниво

Европската Унија денеска ја зголеми проекцијата за економскиот раст на еврозоната за 2017 година на највисоко ниво во последните 10 години. Европската комисија соопшти дека очекува економскиот раст годинава да биде 2,2 отсто, што е највисок од 2007 година, Претходната проценка беше на 1,7 отсто. Европската комисија исто така го подигна растот за следната година на 2,1 отсто од претходните 1,8...

Богов: Зголемувањето на акцизата нема да има голем директен ефект врз инфлацијата

Гувернерот на Народна банка, Димитар Богов, смета дека зголемувањето на акцизата на нафтата нема да има голем директен ефект врз инфлацијата следната година. Прашан за денешната одлука на Министерство за финансии за зголемување на акцизата на нафтата и на нафтените деривати за 3,54 денари, Богов рече дека направиле некои брзи проценки кои покажуваат дека директниот ефект нема да биде голем, а...

Светски ден на книгата: Расте поддршката од читателите за домашните автори

Светскиот ден на книгата, кој се слави секоја година на денешен ден, 23 април, претставува глобална прослава на пишаниот збор и цели да даде поддршка на писателите и на...