fbpx
Таг: економија

таг: економија

Азески: Економијата ќе издржи, нема сериозни пречки за проекциите

Во моментов, Стопанската комора нема никакви индиции дека има некое крупно нарушување во било кој сектор на македонската економија, но политичката криза треба ја решат тие што ја создале бидејќи бизнис-заедницата не е виновна за оваа состојба. Оваа порака денеска ја упати претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, кој смета дека бизнис-секторот, сепак, ќе издржи. На прашањето дали преодна влада би можела...

Груевски и Богов предупредуваат за „вознемиреност“ кај инвеститорите и кај компаниите

На синоќешниот собир „Македонија силна“, премиерот Никола Груевски истакна дека иако досега немаше посериозни штети за економијата, психолошката состојба по терористичкиот напад, како и изјавите на Заев дека „ќе паѓало крв“, почнале да ѝ прават проблем на македонската економија, особено во делот на извозот. - Се јави и вознемиреност кај странските инвеститори, исто како и кај домашните, но компаниите не треба да се...

ЕБРД: Македонската економија со пораст од 3,5 проценти

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) предвидува дека македонската економија годинава ќе има пораст од 3,5 проценти. Македонската економија, како што наведено во извештајот на ЕБОР за регионалните економски перспективи, продолжува да расте со најбрза стапка во регионот. Според ЕБОР, ризиците од намален пораст, главно, произлегуваат од внатрешните политички несогласувања. Неодамна, Народната банка излезе со проекција за пораст на македонската економија...

Богов: Ако потрае кризата, ќе страдаат инвестициите и потрошувачката

Гувернерот на НБРМ, Димитар Богов, изјави дека доколку потрае политичката криза, тоа ќе има негативен ефект врз макроекономските проекции, кои би оделе надолу, особено во делот на инвестициите и на личната потрошувачка. - Инвеститорите се воздржуваат од инвестиции во несигурен амбинет. Тие бараат стабилност, извесност и сигурност. Исто така, во еден несигурен амбиент, потрошувачката на граѓаните се одложува. Граѓаните би се...

Црвенковски и Ставрески се на иста линија за економската состојба

Поранешниот премиер и претседател, Бранко Црвенковски, гостувајќи во „Топ-тема“ на ТВ „Телма“, се осврна и на економската состојба во државата. Според Црвенковски, имаме неодржлив економско-финансиски систем, кој во еден момент „ќе експлодира како меур од сапуница“. - Имаме длабока економско-финансиска криза.Тоа што власта, со својата пропаганда и со лажните статистички податоци се обидува да создаде привид дека сме успешна економска земја, едноставно...

Ставрески: Политичката криза не е добра за стопанството

Политичката криза не е добра за стопанството на кое му треба стабилност и извесност. Ова денеска го изјави министерот за финансии, Зоран Ставрески, по презентацијата на Стратегијата за внатрешна финансиска контрола 2015- 2017. Тој додаде дека би било добро политичката криза што побргу да заврши за стопанството да ги оствари предвидените резултати. - Очекувам дека резултатите на стопанството засега нема да бидат...

СДСМ: Македонија ќе биде исфрлена од ЕЕЗ ако не го либерализира пазарот на струја

Македонија би можела да биде исклучена од Европската енергетска заедница доколку во следните два месеци не ја реализира меѓународната обврска за целосна либерализација на пазарот на струја, тврди опозициската партија СДСМ. „Бараме Владата веднаш да постапи во согласност со препораките од Европската енергетска заедница. Во спротивно, сите одговорни во Владата ќе се соочат со одговорност и за исклучувањето од ЕЕЗ...

Швајцарската економија трпи поради пресилниот франк

Сто дена по одлуката на Швајцарската банка да го крене курсот на франкот во однос на еврото, две третини од швајцарските компании ги прилагодија своите цени на променетиот курс, кој ѝ штети на швајцарската економија. Ова го покажува една анкета на консултантската куќа „Стауфен“, во која учествувале 86 швајцарски компании. Најголем дел од компаниите сè уште не го амортизирале ударот...

Богов: На долг рок, политичката криза ќе влијае негативно врз економијата

Гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, смета дека ако политичката криза во државата потрае, тоа ќе има негативни влијанија врз економијата на долг рок. „ На 7 или 8 мај ќе ги објавиме проекциите и ќе видиме дали ќе останеме на процените за пораст на економијата од 4,1 отсто. Ако ги земеме предвид случувањата во политика на домашен терен, кои...

Порастот на доларот добредојден за македонскиот извоз

Зајакнувањето на доларот во однос на еврото е промена која е добредојдена за компаниите чии цени се во евра, сметаат од Сојузот на стопански комори на Македонија. - Зајакнувањето на доларот во однос на еврото за земјите и за компаниите чии цени се во евра, ќе значи можност за зголемување на извозот во земјите каде што доларот е национално или општоприфатена...

Богов: Економијата во моментов е најсилната точка во земјата

Економијата во моментов во земјава е најсилната точка, смета гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Димитар Богов, и порачува дека во ваква политичка констелација, најмалку што треба е да се наруши нејзината стабилност. - Имаме макроекономска стабилност, стабилен курс на денарот, стабилност на банкарскиот сектор, ниска инфлација, економски пораст кој очекуваме годинава да го продолжи трендот од претходните години...

План од 1.000 милијарди евра за заживување на економијата во еврозоната

Европската централна банка (ЕЦБ) претстави план со кој се предвидува во наредните 19 месеци да бидат откупени државни и приватни обврзници во вредност поголема од 1.000 милијарди евра, што треба да помогне во заживувањето на економијата во еврозоната, соопшти денеска на прес-конференција во Франкфурт, претседателот на ЕЦБ, Марио Драги. Како што соопштил претседателот на ЕЦБ, проширената програма предвидува комбинирано месечно...

Ставрески: СБ и ЕБОР го потврдија успехот на економските политики на Владата

Мерките и политиките на Владата во капиталните инвестиции во буџетот, долгорочната политика за привлекување странски инвестиции и помошта за домашните фирми во изминатиот период, според вицепремиерот Зоран Ставрески, се клучни причини за постигнувањата на македонскиот економски пораст за минатата и перспективите за годинава истакнати во извштаите на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Светската банка (СБ). - Заедничката...

ЦЕБИ: Велика Британија ќе стане најсилна економија во ЕУ до 2030 година

Велика Британија до 2030 година ќе стане најсилна европска економија, престигнувајќи ја Германија, оценува Центарот за економски и бизнис-истражувања (ЦЕБИ) со седиште во Лондон. Во годишниот извештај, во кој се занимава со анализа на 30 најголеми економии на светот, ЦЕБИ оцени дека падот на популацијата и најверојатното слабеење на еврото неповолно ќе влијае врз економските перформанси на Германија, пренесуваат белгиските медиуми. Од...

ВМРО-НП: Во Македонија има два паралелни економски системи

„ВМРО – Народна партија со внимание ги следи настаните поврзани со најновиот предлог-закон на Владата, со кој ќе се оданочува хонорарниот труд. На жестоката реакција на работниците кои се засегнати од овој закон, министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, неуспешно се обиде да ја оправда одлуката на Владата“, се вели во денешната реакција на ВМРО-НП. Единствениот аргумент, стои...

Груевски и Туск разговарале за проблемот за името

Премиерот Никола Груевски, по средбата со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави дека Македонија може да смета на негова подршка. Туск се интересирал за реформите во земјата, а најголем дел од средбата минала во дискусија за причината на грчката блокада за почнување на пристапните преговори на Македонија со Унијата. -Неизбежно беше да е спомне главната пречка за започнување на...

Ставрески: Македонија е земја со најповолен даночен систем

Фирмите во Македонија што и понатаму ќе реинвестираат, и понатаму ќе имаат можност да не плаќаат данок на добивка, а тоа во Европа го има само кај нас и во Естонија. Тоа значи дека Македонија и понатаму е земја со најповолен даночен систем во тој дел, истакна министерот за финансии Зоран Ставрески, одговарајќи на новинарски прашања за повторната обврска за фирмите...

Груевски со владина делегација на бизнис-форум во Ријад

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, вчера заедно со владината делегација, во чиј состав се и потпретседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Ставревски, министерот за надворешни работи, Никола Поповски, министерот задолжен за привлекување странски инвестиции, Висар Фида, и заменик-министерот за економија, Христијан Делев, присуствуваа на бизнис-форумот што се одржа во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, на кој...

Груевски – Ал-Басам: Саудискиот фонд за развој подготвен за поддршка на инфраструктурни проекти

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, вчера, во рамките на посетата на Кралството Саудиска Арабија, во Ријад оствари средба со директорот на Саудискиот фонд за развој, Јусуф бин Ибрахим ал-Басам. Саудискиот фонд за развој е финансиран и основан од државата Саудиска Арабија и е насочен кон финансирање проекти чија цел е потикнување на развојот и унапредување на соработката. На...

Незири: Поголема поддршка на занаетчиството во наредниот период

Денеска министерот за економија, Беким Незири, се обрати на петтата по ред манифестација „Денови на занаетчиство во Република Македонија“, во организација на Занаетчиска комора на Република Македонија со поддршка на Министерството за економија. - Имајќи го предвид значењето на занаетчиството како стопанска гранка и заради обезбедување посигурен развој и заштита на интересите на занаетчиите, подобро економско опкружување и висококвалитетни обуки...

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...