fbpx
Таг: економија

таг: економија

Озборн: Британија е фискално стабилна

Британскиот министер за финансии, Џорџ Озборн, денеска соопшти дека никој не треба да се сомнева во фискалната стабилност на Велика Британија. – Британската економија може да се соочи со тоа што ја очекува. Државата ќе го активира член 50 кога ќе биде подготвена за тоа. Само Британија може да го активира членот 50. Според мене, ние треба да го направиме...

Гувернерот Богов смета дека Брексит нема да се одрази на девизниот курс

Курсот на денарот е стабилен, нема дилеми за инфлација, гарантираме дека нема да има потреси за извозниците - оцени гувернерот на Народна банка, Димитар Богов по повод излегувањето на Велика Британија од Европска Унија и можните реперкусии врз македонската економија. Според него, Македонија не може да влијае на глобалните движења, но она низ што ќе поминува економијата на Европската Унија ќе...

ММФ: Лондон и Брисел да обезбедат транзиција на новиот економски однос

Велика Британија и Европа треба да обезбедат непречена транзиција на новиот економски однос меѓу Лондон и ЕУ, порача денеска генералниот директор на ММФ, Кристин Лагард, и притоа побара да се објасни и процедурата и широките цели што ќе го насочуваат процесот. - Силно го поддржуваме ангажманот на Народната банка на Велика Британија и на Европската централна банка да обезбедат ликвидност на...

Меѓународен металуршки конгрес се одржува во Охрид

Домашни и странски претставници на научната јавност од 15 земји учествуваат на денешниот седми Меѓународен металуршки конгрес: „Металургијата, материјалите и заштитата на животната средина“, кој денеска почна во Охрид. Во согласност со програмата на конгресот, во организација на Здружението на металурзи на Македонија и на Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија, ќе се одржи тркалезна маса за металниот сектор на...

Светска банка ја намали прогнозата за пораст на глобалната економија

Светска банка ја намали прогнозата за пораст на светската економија за оваа година од 2,9 проценти, колку што прогнозираше во јануари, на 2,4 проценти. Во земјите на еврозоната се очекува пораст од 1,6 проценти, што е на исто ниво како и минатата година. Светска банка ја намали проекцијата за порастот на американската економија од 2,4 на 1,9 проценти. Како еден од главните...

Камерон: Нема контрола за мигрантите ако излеземе од ЕУ

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека контролата на мигрантската криза е можна само доколку Велика Британија остане во Европската Унија. Како што рече тој, целосно лудо е да се помисли дека контролата е можна со гласањето за напуштање на Унијата. Камерон додаде дека неговата идеја за смалување на бројот на мигранти на помалку од 100.000 може да се спроведе и со останување...

ОЕЦД: На светот му претстои нова економска криза предизвикана од ниската потрошувачка

Глобалната економија би можела да западне во замката на низок економски раст кој ќе ја загрози иднината на следните генерации, освен ако владите под итно не ја зголемат потрошувачката, предупреди денеска Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). - Без сеопфтана, кохерентна и заедничка акција, разочарувачкиот и успорен раст ќе трае, што значително ќе го отежне исполнувањето на ветувањето спрема...

Кучи: Политичката криза да се надмине за да не трпи економијата

Ако се земе предвид времетраењето на политичката криза во која се наоѓа Македонија и на тоа се додаде влијанието на остатоците од глобалната светска криза, но и мигрантската криза со која се соочува Европа, перформансите на домашната економија ќе претрпат удар. Неизвесноста кај деловните субјекти, и домашни и странски, влијае врз донесувањето одлуки за инвестиции, посебно капитални, врз бројот...

Зголемената продажба на автомобили во САД сигнал за подобри состојби во економијата

Малопродажбата на автомобили и на други производи во САД, во април забележа најголем пораст од 1,3 отсто во последната година, што укажува на зголемување на економскиот пораст по стагнацијата во првото тримесечје годинава. Продажбата на автомобили истиот месец се зголемила за 3,2 отсто, а прометот во продавниците забележал пораст од еден отсто, што е највисок од мај 2015 година. Интернет-продажбата се зголемила за...

ММФ: Излегувањето од ЕУ ќе ја загрози британската економија

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денеска предупреди дека излегувањето на Велика Британија од Европската Унија би имал „негативно и значајно влијание“ на економскиот пораст за земјата, а статусот на Лондон како глобален финансиски центар би можел да биде загрозен. Во редовниот извештај за состојбата на британската економија, ММФ наведува дека гласањето на референдумот за излез од ЕУ може да резултира со „долготраен...

ММФ: Корупцијата годишно „јаде“ два отсто од глобалната економија

Давањето мито вшмукува 1.500 до 2.000 милијарди долари годишно во светот, што ја нагризува економијата и ја влошува социјалната заштита за сиромашните, се наведува во најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за состојбите со корупцијата. Корупција, мито и другите облици на измами кои се заеднички и за сиромашните и за богатите земји, го ограничуваат економскиот пораст и ја поткопуваат политиката на...

НБРМ: Фундаментите на економијата се здрави

На редовната седница на Народна банка беше оценето дека нема потреба од дополнителни мерки, по зголемувањето на каматната стапка од 3,25 отсто на 4 отсто на почетокот на мај, како реакција на зголемената побарувачка на девизи и притисоците врз депозитната база на банките заради неекономски причини. - Економските фундаменти се здрави, без присуство на поголеми нерамнотежи во економијата. Притисоците на...

СДСМ: Груевски е директно одговорен за зголемувањето на каматните стапки

„Цели 10 години, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ја опустошуваат економијата и затоа кредитниот рејтинг на Македонија е опаднат за цели две нивоа. Груевски ја носи директната одговорност за зголемувањето на каматните стапки“, се вели во соопштението на СДСМ, а по повод зголемувањето на каматните стапки од страна на Народна банка. Во него се додава дека „каматната стапка на еврообврзницата издадена во 2009...

Венецуелскиот претседател ја зголеми минималната плата за 30 проценти

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, нареди на Меѓународниот ден на трудот да се зголеми минималната плата за 30 отсто, обидувајќи се на тој начин да ги намали последиците од високата инфлација и од економската стагнација во земјата. Минималната плата во Венецуела претходно е зголемена на 1 март и тоа за 25 отсто. Со новото зголемување, кое стапува на сила денеска, минималната заработувачка...

Груевски: Македонија ќе се врати на патот на ЕУ и на НАТО

„Народот застанува против виткањето „кичми“, против сценаријата за дестабилизација, против уривањето на мирот и на соживотот. Македонија е многу повеќе од ова. Сето ова ќе помине и на крајот сите ќе треба да се погледнеме во огледало, и ние кои сега сме со народот, а и тие кои се од другата страна. Историјата ќе суди за улогите, а народот ќе...

Градежништвото лани со најголем придонес во порастот на економијата

Домашната економија во 2015 година забележа пораст така што, во согласно со проценетите податоци, домашниот бруто-производ се зголеми за 3,7 отсто, што претставува речиси идентичен износ со 2014 година, објави Народна банка. - Во споредба со 2014 година, најзначајна промена во придонесот кон годишниот пораст имаше градежништвото, по што следуваа трговијата, транспортот и угостителството, додека новите капацитети ориентирани кон извозот и понатаму...

„Македонија 2025“: Политичките несогласувања се бариера и сопирачка на економскиот развој

Одборот на директори на платформата „Македонија 2025“ е длабоко загрижен поради продолжувањето на политичката криза и смета дека земјата не смее да го губи времето на политички несогласувања кои се бариера и сопирачка на економскиот развој. Од платформата велат дека кризата му штети на процесот на намалување на невработеноста, промовирањето на извозот и на привлекувањето странски инвестиции. - Сите политички фактори во земјата...

Компаниите полошо ја оценуваат економската состојба за годинава во споредба со лани

Компаниите членки на Македонско-германското стопанско здружение, состојбата во стопанството за 2016 година ја оценуваат како малку полоша во однос на минатата година. При оценување на клучните фактори, компаниите се жалат на дефицит на правна сигурност, политичка и социјална стабилност, борбата против корупцијата и криминалот, дисциплината при наплата на побарувањата и непредвидливоста во политиката од која се води стопанството. Проценката за општата...

Путин: Руската економија е во сива фаза

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска изјави дека руската економија во моментов е во сива фаза и дека државните резерви се доволни за следните четири годни. Путин изјави дека резервите на земјата се доволни за следните четири години ако средствата се трошат со сегашното темпо. Тој додаде дека оваа година се очекува помал пад на домашниот производ. Путин рече дека порастот на цената на храната е...

Економска стагнација и регрес ако потрае политичката криза

Бизнисмените бараат решавање на политичката криза и го повикуваат претседателот Ѓорге Иванов на неодложено време да ја повлече одлуката за аболиција и за помилување од кривично гонење. Тие велат дека не можат да бидат индиферентни и да не реагираат на непромислените политички одлуки со кои се загрозува владењето на правото, при што не може да се зборува за функционирање на...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...