fbpx
Таг: Еко свест

таг: Еко свест

„Еко свест“ бара да прекине изградбата на мали хидроцентрали на Шар Планина

Институциите не го почитуваат ветувањето да се забрани изградба на мали хидроцентрали во заштитените подрачја, со што се нанесува штета на природата и на здравјето на луѓето, а за тоа некој мора да поднесе одговорност, реагираат од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко свест“. Реакцијата следува по информациите од управата на Националниот парк „Шар Планина“ дека минатата...

Вардар е една од последните реки со делумно слободен тек во Европа која мора да добие заштита

Вардар е една од последните реки во Европа кои имаат во некој свој дел слободен тек. Долното течение на нашата најголема река, која ја опфаќа и Демиркаписката клисура е еден од највредните природни резервати во земјата. Таа е Емералд подрачје кое треба да ужива заштита заради богатството на биодиверзитетот и важна област за птиците - IBA локација, особено за...

За енергетска ефикасност повеќе се зборува, но слабо се применува

Една куќа од 45 квадратни метри која нема изолација и се затоплува со печка со дрва, доколку спроведе неколку мерки за енергетска ефикасност како што се изолација на ѕидовите, нов покрив, нови прозорци и инсталирање на топлинска пумпа, потрошувачката на енергија и емисиите на загадувачки гасови може да ги намали за три пати. Сепак, овие инвестиции се превисоки за...

Иницијативата „Заедно за реките“ ќе заштити 13 диви реки во Југоисточна Европа, меѓу нив и долниот тек на Вардар

Тринаесет реки од Југоисточна Европа ќе бидат заштитени во рамките на регионалната иницијатива „Заедно за реките“ – United for rivers, што беше претставена во Карловац, Хрватска. Под водство на The Nature Conservancy и шест партнерски организации од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Северна Македонија и Србија ќе бидат заштитени природните, социјалните и културните вредности на околу 400 километри...

Има правни можности да се раскинат концесиите за мали хидроцентрали во Маврово, треба само да се применат

Македонските закони даваат правни можности за раскинување на концесиите за мали хидроцентрали во националниот парк „Маврово“. Сите механизми и законските решенија со кои може да се окончаат овие договори се содржани во правната анализа која ја подготви Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко Свест“ во соработка со проф. Игор Камбовски. Тие ќе бидат презентирани пред сите институции...

Фотонапонски централи и ветерници треба да се градат само на деградирано земјиште

Фотонапонски централи и ветерни паркови можат да се изградат на камењари и неплодно земјиште без поголема вредност за природата и живиот свет, кои во земјава ги има на повеќе локации. На нив може да се постават обновливи извори на енергија, кои можат да задоволат и двојно поголема потреба за струја од сегашната, покажува истражувањето направено од Македонската академија на...

Коалиција за клима: Закони не се менуваат поради проект, туку поради заштита на животната средина

Коалицијата за клима бара законите кои се од областа на животната средина и на климатските промени да се носат во редовна постапка, бидејќи на тој начин ќе се овозможат јавни и стручни расправи на кои ќе се анализираат сите влијанија од предложените законски изменувања. За екологистите, менувањето на Законот за шуми и Законот за минерални суровини во скратена постапка е...

Законот за климатска акција со нови обврски за институциите, но и давачки за индустријата

Нацрт-законот за климатска акција предвидува нови обврски за државните органи и за локалните самоуправи, кои дополнително ќе го нагласат слабиот капацитет на институциите во земјава. Законот, повеќе се осврнува на намалување на емисиите, а многу помалку на адаптацијата, што е неопходен процес во земја со степен на ранливост како нашата. Освен нови обврски за институциите, со законот се воведува...

Државата не дава пари за заштитените подрачја што самата ги прогласува

Националните паркови немаат континуирано државно финансирање, иако Законот за природа јасно го предвидува тоа, ниту пак општините имаат доволно капацитети за да управуваат со заштитените подрачја на нивната територија. Во земјава од пред две години има четири национални паркови, откако Шар Планина беше прогласен како прв од осамостојувањето на државата. Со него и со прогласувањето на Малешево и Осогово,...

„Еко свест“ ќе ги истражува штетите од каскадите по сливот на Пчиња

Центарот за истражување и информирање на животната средина „Еко-свест“ ќе работи на научно истражување во сливот на реката Пчиња, преку кое треба да се дојде до одговори колку се потребни или колку се штетни каскадите кои се градат во реките како застарени механизми за заштита од поплави и за формирање рибници. Како што информираат од организацијата, за време на теренските...

Живиот свет во реките на кои има мали хидроцентрали е поважен од бизнис интересот на концесионерите

Да се укинат три планирани мали хидроцентрали во Националниот парк „Маврово“ - Жировница 5 и 6 и Рибничка 7, но и да се преземат мерки за зачувување на реките каде што веќе се изградени вакви енергетски објекти, апелираат од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко свест“. Од организацијата неодамна упатија писмо до претседателот Стево Пендаровски и до...

На изложбата „Каде реката текла, пак ќе тече“, документирано уништувањето на реките со малите хидроцентрали

Фотографии и видео есеи, кои се дел од изложбата „Каде реката текла, пак ќе тече“, се сведоците на големото уништување на десетици речни корита во недопрена природа со изградбата на мали хидроцентрали. На изложбата, која е организирана од „Еко свест“ во соработка со КСП Центар- Јадро, може да се видат дела на тројца автори, Ивана Самандова, Филип Лафазановски и...

Клисурата Демир Капија шест децении е споменик на природата, но нема никаква заштита

Клисурата Демир Капија повеќе од шеесет години е споменик на природата, но во овој период ниту еднаш не бил донесен ниту план за управување, ниту, пак бил определен управувач. Граѓанската организација „Еко свест“ отпочнува иницијатива за репрогласување на овој локалитет како споменик на природата од трета категорија, исто како и Матка, според новиот закон за природа, за да можат...

Реките ни се богатство, а ги уништуваме без никаква заштита, апелираат научници и екологисти

Македонските реки да се вклучат во Емералд мрежата и на тој начин да добијат вистинска заштита, апелираат од организацијата „Еко свест“. Барањето за зачувување на речното богатство деновиве беше упатено од група на научници и невладини организациии од 11 земји, меѓу кои и земјите од Западен Балкан, потписници на Бернската конвенција. Тие објавија листа на 88 реки со кои...

Екологистите револтирани: Бадијала се заштитуваат подрачја ако бизнис интересите и понатаму се пред природата

Патишта, хидроцентрали, фотоволтаични централи, скијачки центри и бројни други легални и нелегални градби, се планираат и се изведуваат во заштитените подрачја и го загрозуваат биодиверзитетот што се обидуваме да го одбраниме. Граѓанските активисти од „Еко свест“ реагираат дека државните институции од една страна прогласуваат заштитени подрачја, а од друга страна планираат проекти кои директно ги загрозуваат и уништуваат природните...

Апел до Пендаровски и Ковачевски: Да не се дозволат нови мали хидроцентрали во Маврово

Граѓанските организации „Еко свест“ и „Фронт 21/42“ денеска побараа Претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски да се заложат за раскинување на договорите за концесии за трите планирани мали хидроцентрали во Националниот парк „Маврово“, Жировница 5 и 6 и Рибничка 7 и на тој начин да се испочитуваат меѓународните договори, коишто се обврска и за Македонија. Комитетот на Бернската Конвенција...

„Еко свест“: Изградба на обновливи извори на енергија на деградирано земјиште за излез од енергетската криза

Пет локации во земјава со деградираното земјиште може да се искористат за изградба на капацитети за производство на енергија од обновливи извори, кои ќе имаат потенцијал да заменат голем дел од електраните на фосилни горива. Ова е едно од решенијата на еколошката организација „Еко свест“, како одговор на прашањето за надминување на енергетската криза во земјата. Екологистите сметаат дека решението...

Данокот на јаглерод е предвиден во новиот Закон за климатска акција

Намалување на јаглеродните емисии кои придонесуваат за климатските промени преку оданочување на користењето на фосилни горива во производството, е идејата на данокот на јаглерод што ги чека и македонските компании кои извезуваат во Европската Унија. Претставниците на земјите-членки веќе го потпишаа воведувањето на механизмот за прекугранично оданочување на јаглеродните емисии. Новиот договор е централен дел од стратегијата на Унијата...

Јагленот не е решение за енергетската криза, туку инвестициите во обновливи извори

Државата не се справува со енергетската криза на правилен начин, а враќањето на јагленот и маутот за производство на енергија ќе остават големи последици на животната средина и здравјето на луѓето. Од граѓанската организација „Еко свест“ денеска апелираа земјава да почне сериозно да инвестира во обновливи извори на енергија, со што ќе ги испочитува меѓународните обврски кои ги преземала,...

Екологистите бараат скопските топлани да не работат со дизел оти воздухот и без тоа е загаден

Еколошките организации не се согласуваат во скопските топлани да се експериментира со дизел гориво. Екологистите реагираат на информациите од АД ЕСМ за тестирање на нови мотори со дизел гориво во топланите Исток и Запад во Скопје по 15 ноември и ги оценуваат како несериозни и непотребни во услови кога природниот гас е опција како енергенс за овие топлани. „Објавата дека...

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...