Обвинител врши увид во куќата во Тетово, каде загинаа мајка и нејзините деца


Тетово, 25 јануари, 2018 - 10:55 (META) 

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Тетово врши увид во двокатната куќа на улица Гоце Делчев во Тетово, каде што ноќеска избувнал пожар при што, според првичните информации, настрадале жена и четири деца.

„Надлежниот обвинител во моментов е на местото на настанот и во соработка со увидната екипа од Полициската станица – Тетово и Противпожарната служба врши увид. Обвинителот повика тим за форензика од Скопје и екипа на ЕВН кои треба да помогнат во утврдување на околностите и причините за пожарот. Издадена е наредба за обдукција на пронајдените тела и се преземаат други дејствија неопходни за расветлување на случајот“, информираат од Обвинителство.


Починато лице пронајдено на булеварот Св. Климент Охридски во Скопје


Скопје, 26 февруари, 2017 - 13:37 (META) 

С.П. пријавил дека на булеварот Св. Климент Охридски, го пронашол починат В.М. (1947) од Скопје.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Увид на местото каде што е пронајден починатиот извршила екипа од СВР-Скопје.


Опожарени три објекти во центарот на Скопје


Скопје, 31 декември, 2016 - 14:12 (META) 

На 30 декември, околу 9.45 часот, во Скопје, на улица Мирче Мацан настанал пожар во барака, при што биле зафатени и целосно опожарени три објекти, од кои еден сопственост на ЈП „Улици и патишта“, сервис за плински уреди сопственост на С.Ѓ. и адвокатска канцеларија сопственост  на Р.Р.

Пожарот е изгаснат, а повредени лица нема.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје.


Од куќа во Прилеп украдени околу 30.000 евра


Прилеп, 10 декември, 2016 - 12:40 (META) 

Вчера во Прилеп, на улица Антон Панов, во куќа сопственост на Б.М. (41), непознат сторител со насилно влегување преку прозорецот од дневната соба на приземјето, извршил пребарување и во една од собите пронашол и одзел околу 800.000 денари, 13.000 евра и 3.000 швајцарски франци, по што го напуштил местото на настанот, стекнувајќи противправна имотна корист од околу 1.770.000 денари.

Увид извршила увидна екипа од полициската станица во Прилеп.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.