fbpx
Таг: Екатерина Захариева

таг: Екатерина Захариева

Захариева: Се надеваме дека името Северна Македонија не носи територијални претензии

Се потпираме на гаранциите дека со името Република Северна Македонија нема територијални претензии, кои што ги дава Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, порача денеска бугарската министерка за надворешни работи и вицепремиерка, Екатерина Захариева. Давајќи изјава за новинарите пред почетокот на денешната седница на Комисијата за надворешна политика на бугарскиот парламент, Захариева го поздрави чекорот на Македонија и Грција за...

Могерини и Захариева оптимисти за датумот за преговори и за решение на спорот за името

Високата преставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини и министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, која е актуелен претседавач со Советот на ЕУ, се оптимисти дека во јуни Македонија и Албанија ќе добијат датум за почетокот на преговорите за членство во Европската Унија. - Она што е многу важно за Стратегијата на ЕК за Западен...

Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија стапи во сила

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Никола Димитров и Екатерина Захариева, во присуство на премиерот Бојко Борисов, ги разменија ратификационите документи на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и го потпишаа Протоколот за нивната размена, со што Договорот стапи во сила, информираа од МНР. - Мислам дека со овој пример, во кој за неколку месеци успеавме еден...

Димитров од утре во Бугарија на средби со Борисов, Радев и Захариева

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, од утре до 16 февруари ќе престојува во работна посета на Бугарија, соопшти Министерството за надворешни работи. За време на посетата е предвидено тој да има средби со бугарскиот претседател Румен Радев, премиерот Бојко Борисов и со министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева. „Во рамки на билатералната средба со министерката Захариева, која е закажана за утре,...

Захариева: Да ги оставиме Атина и Скопје да ги водат преговорите

Се радувам што има напредок во преговорите меѓу Атина и Скопје, изјави денеска министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева во Софија одговарајќи на новинарско прашање во врска со спорот за името, пренесува бугарската новинска агенција „БТА“. - Тоа е билатерално прашање и да ги оставиме Атина и Скопје да ги водат преговорите со посредство на Обединетите нации (ОН)...

Захариева: Реално е очекувањето преговорите со Македонија да почнат до јули

Мислам дека е многу реално преговорите со Македонија да започнат за време на бугарското претседавање со ЕУ и, секако да го видиме извештајот во кој ќе биде вклучен и акциониот план 3-6-9 и кој е поврзан со реформите во администрацијата, разузнавачката служба и судскиот систем. Ние ќе бидеме среќни и целосно ќе го поддржиме тој развој, исто и за...

Захариева: Реално е Македонија годинава да добие покана за преговорите за членство во ЕУ

Реално е да се очекува Македонија оваа година да добие покана за почеток на преговорите за членство во Европската Унија, изјави за радиото „Дарик“ бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева. Таа сепак спомна два услова: напредок на преговорите за името на земјата и на планот на реформите. Захариева напомена дека Македонија има статус на кандидат за членство во ЕУ уште...

Македонија и Западен Балкан ќе бидат приоритет на бугарското претседавање со ЕУ

Главен приоритет на Бугарија за време на претседавањето со Европската Унија (ЕУ) ќе биде Западен Балкан и поддршка на европската перспектива на регионот, изјавила бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, на средбата во Софија со генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС), Горан Свилановиќ. Бугарија ќе продолжи со поддршка на зајакнување на соработката меѓу ЕУ и регионот низ...

Захариева: Договорот со Македонија следната недела на ратификација во бугарското собрание

Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија следната недела треба да влезе во постапка за ратификација во бугарското Народно собрание, изјавила денеска министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, пренесуваат софиските медиуми. Ова Захарива го соопштила на денешната дискусија на тема „Европската интеграција, регионалната соработка и поврзаноста на земјите од Западен Балкан - придонесот на бугарското претседателство (со ЕУ)“,...

Захариева: Спроведете ги реформите поради граѓаните, не само поради членството во ЕУ

„Стабилноста и просперитетот на Западен Балкан е долгогодишен надворешно-политички приоритет на Бугарија и ќе биде во фокусот на бугарското претседателство со ЕУ. Апелот до нашите пријатели е: Спроведете ги реформите поради вашите граѓани, не само поради идното членство во ЕУ“, истакна министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите...

Хојт Ји: Договорот меѓу Македонија и Бугарија е важен за целиот регион

„Го поздравувам Договорот за пријателство, добрососедство и за соработка со Република Македонија. Тој е важен за народите на Република Бугарија и на Република Македонија, но и за целиот регион“. Ова го изјавил заменик-помошникот државен секретар на САД, Хојт Брајан Ји, на средбата со бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, во рамките на Бледскиот стратешки форум во Словенија,...

Димитров – Захариева: Владите имаат капацитет да решаваат отворени прашања

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, и бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, попладнево констатираа дека денешното потпишување на Договорот за пријателство, добрососедство и за соработка меѓу двете земји ќе отвори нови перспективи за односите и за соработката меѓу двете држави. Министрите, како што се вели во соопштението од македонското МНР, изразиле задоволство што владите на двете држави практично покажале...

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараат итна и јавна седница за договорот со Бугарија

Пратениците од Коалицијата за подобра Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе поднесат барање за свикување итна и отворена за јавноста седница на Собранието на Република Македонија, за разгледување на договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија, изјави денеска пратеникот Антонио Милошоски, на прес-конференција во Собранието. Барањето, како што рече Милошоски, доаѓа по денешната изјава на министерката за надворешни работи на Бугарија,...

Захариева: Бугарија нема да преговара за измени на текстот од договорот со Македонија

Бугарија нема намера да води нови преговори за текстот на договорот за добрососедство со Македонија, изјави вицепремиерката и шефица на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева, додавајќи дека текстот е финализиран. –  Договорот е важна нова страница во односите меѓу двете земји, но по потпишувањето останува да се заврши уште многу работа. Договорот ќе биде потпишан на македонски јазик, според Уставот на...

Македонија и Бугарија постигнаа основа за компромис за договорот за добрососедство

Постигната беше основа за компромис за договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија, следната фаза се консултации и внатрешни процедури, објави бугарското МНР по консултациите што викендов во Софија ги одржаа шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, и неговата бугарска колешка Екатерина Захареива. „Делегации од Министерството за надворешни работи на Република Бугарија и од Министерството за надворешни работи на Република Македонија, предводени...

Захариева: Никој не ја негира историјата на Македонија, ниту на Бугарија

Бугарија со признавањето на македонската држава, го признава и македонскиот јазик во согласност со Уставот на Република Македонија, изјави шефицата на бугарската дипломатија и вицепремиерка, Екатерина Захариева, додавајќи дека не гледа ништо спорно со признавањето на македонскиот јазик. Таа во интервјуто за бугарската национална телевизија БТВ вели дека посетата на високо ниво на премиерот Зоран Заев и на македонските министри...

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...