fbpx
Таг: Екатерина Захариева

таг: Екатерина Захариева

Бугарски медиуми: Остри реакции по средбата на дечиња од С.Македонија со бугарскиот претседател

Северна Македонија води истрага за средба на македонски деца со бугарски политичари, вклучително и со бугарскиот претседател Румен Радев, пренесува mediapool.bg. Истрагата почнала по пријава од СВР Битола до Обвинителството против ликовното студио „Мал Битолски Монмартр“, обелодени министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во текот на реализацијата на иницијативата „Отворен Кабинет“. Студиото носело деца неколкупати во Бугарија, вклучително и поради средби...

По изјавата на Пендаровски за руско влијание, Захариева возвраќа дека тој работел за Белград и Москва

Екатерина Захариева, поранешната бугарска министерка за надворешни работи (2017-2021) и актуелен претседател на Комисијата за надворешна политика во актуелниот состав на бугарскиот парламент во интервју за бугарската приватна новинска агенција БГНЕС обвини дека агресијата против „македонските Бугари“ се случува под толерантен поглед на властите во Република Северна Македонија, но и дека македонскиот претседател Стево Пендаровски не ги штити интересите...

Медиа Плус: Коментаторски текст полн епитети за „боженствено убавата“ министерка Захариева искористен за лекција до Бугарите

Вест за македонско – бугарските односи во контекст на ветувањето на Бугарија за преотстапување на вакцини за македонските граѓани, е искористена за пласирање на коментар на авторот, кој министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, ја опишува со зборовите „боженствено убава“, „грациозна“ и „гламурозна“. Авторот на текстот на интернет страната на телевизијата Канал 5, всушност преку овие епитети...

Пендаровски и МНР го осудија палењето на бугарското знаме на карневалот во Вевчани

Претседателот Стево Пендаровски го осуди чинот на палење на знамето на Бугарија на Вевчански карневал. „Палењето на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани е недопустливо и за осуда. Меѓу соседите е неопходно градење на доверба, разбирање и почитување,“ напиша тој на неговиот фејсбук-профил. Министерството за надворешни работи палењето на бугарското знаме го оцени како штетен по угледот...

Владата преку Инвестициската рамка за Западен Балкан на ЕУ ќе аплицира за нови грантови за пругата кон Бугарија

Од Секретаријатот за европски прашања (СЕП) велат дека земјава до февруари 2021 година ќе аплицира за нови грантови на повикот на Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ), меѓу кои и за железничкото поврзување со Бугарија, со што ќе се намали стапката на задолжување за овој капитален проект од инфраструктурата. Со ваквата иницијатива на македонската влада ќе бидат искористени можностите...

Вистиномер: Фотографијата со наводната Захариева – студентка, е лажна

Фотомонтажа со бугарска министерка за надворешни работи наводно од нејзините студентски денови кружи на повеќе профили на корисници на ФБ и на Твитер од земјава. Екатерина Захариева е прикажана во провокативна поза, полуоблечена, со што се создава импресија за нејзе врз основа на невистинита содржина — дезинформација, пишува „Вистиномер“. Пост објава на Фејсбук на страницата „Политички Циркус“ прикажува монтирана фотографија...

Захариева: Може да ја одобриме преговарачката рамка за Албанија, но не и за С. Македонија

Можеме да ја одобриме преговарачката рамка со Република Албанија, но Бугарија во оваа фаза не може да ја поддржи рамката за Северна Македонија, порача попладнево бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, по видео состанокот на Советот за општи работи на ЕУ. Иако Советот не може да донесе одлука во овој формат, односно може да го направи тоа кога физички...

Скопје и Софија заеднички ко-претседаваат со Берлинскиот процес, но Бугарија не попушта за блокадата

Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Екатерина Захариева денеска беа домаќини на состанокот на министрите за надворешни работи на Берлинскиот процес за Западен Балкан. По настанот што му претходеше на утрешниот Лидерски самит, нема новини во надминувањето на отворените прашања меѓу двете земји. Бугарската министерка Захариева и денеска потврди дека Софија е подготвена да...

Заев побара од лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски да се однесува одговорно во однос на отворените прашања со Бугарија

Откако вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во ТВ гостување изјави дека министерот за надворешни работи Бујар Османи од неговата бугарска колешка Екатерина Захариева добил ултиматум Северна Македонија да направи уставни измени, односно да се потпише договор меѓу земјава и Бугарија многу сличен на Преспанскиот договор со кој ќе се удоволи на бугарските претензии, премиерот Зоран Заев упати порака...

Заев: Можно е преговорите со ЕУ да не почнат во декември – предлозите од Софија се недобрососедски и неевропски

Предлозите од бугарска страна по средбите во петокот во Софија на македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи, според премиерот Зоран Заев, „ниту се добрососедство, ниту братско, најмалку европско“. Оваа оценка, која Заев ја изнесе по церемонијата на пуштање во работа на далноводот Неокази - Пробиштип, особено се однесува на разговорите на Османи со неговата бугарска колешка Екатерина Захариева,...

Борисов: Историјата да биде мост на пријателство, а не скршен мост по кој Македонија не може да премине

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Софија оствари средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов и со бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева. Борисов порача дека од Бугарија сме имале и ќе имаме најголема поддршка и треба да направиме така, историјата да биде мост на пријателство и блискост, а не скршен мост по кој Северна Македонија не...

Еврокомесарот Вархеји утре во Скопје, Османи во петок на средба со Захариева во Софија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска информираше за важните посети што ќе се одржат неделава, а се значајни за евроинтеграциските процеси на земјата. Тој ја најави утрешната посета на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на Скопје, која доаѓа по денешното објавување на Извештајот на Европската комисија за Северна Македонија и економскиот пакет за Западен Балкан. Османи најави дека веќе...

Македонија и Бугарија во следниот период ќе го интензивираат политичкиот дијалог на повеќе нивоа

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи остварил телефонски разговор со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева, информираат од МНР. „Двајцата министри се согласија за потребата од интензивирање на политичкиот дијалог на повеќе нивоа во претстојниот период. Османи ја потенцираше важноста која Северна Македонија ја придава на продлабочување на пријателските односи со соседна Бугарија, од заемен интерес за...

Захариева: Се надевам дека во март ќе има одлука за почеток на преговорите со ЕУ

Институт за демократија „Социетас Цивилис“ во соработка со Европскиот совет за надворешни односи канцеларија Софија, од 8 до 10 март го организираа третиот тинк тенк форум Западен Балкан со наслов „Стимулирање на стратешка автономија. Придонесот на Западен Балкан за заедничка европска иднина“. Форумот кој траеше три дена е дел од програмата на ко-претседателството на Македонија и Бугарија со Берлинскиот процес...

Можната блокада од Софија за Скопје за во ЕУ отстранета – заканите остануваат

Можноста од блокада за добивањето датум за преговори на Република Северна Македонија за пристапување во Европската унија, што ја одбележа неделата, е отстранета, но заканите од Софија за целиот процес на интеграција на земјата остануваат.  Ова е епилогот на една краткотрајна тензична ситуација која се создаде, се чини, со ништо предизвикана, а која е врзана со работата на комисиите на...

Захариева: Подобро е што Северна Македонија и Албанија не се разделени

Ќе биде историска грешка ако преговорите за присоединување на Северна Македонија и Албанија кон Европската Унија не почнат сега, но добро е што во моментот двете земји не се разделени, порача вчеравечер во изјава за бугарското радио „Хоризонт“ бугарската вицепремиерка и министер за надворешни работи Екатерина Захариева. Таа ваквата порака ја упати спроти заседанието на Европскиот совет, кој се одржува...

Бугарија го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Народното собрание на Република Бугарија утрово со 140 гласа „за“ и без воздржани и против го ратификуваше Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. На седницата присуствуваа претседателот на македонското собрание, Талат Џафери и вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија Екатераина Захариева која рече дека политика на проширување на НАТО се смета за еден од најуспешните...

Захариева: Не беше лесно, но донесовме одлука добра за целиот регион

Прв пат по 2015 година Советот на ЕУ синоќа донесе одлуки за проширување, кои значат огромен чекор за европската перспектива на Македонија и Албанија, изјави бугарската вицепремиерка и министер за надворешни работи, Екатерина Захариева, по состанокот во Луксембург на кој беше решено Скопје и Тирана да добијат условен датум за почеток на преговори за членство во ЕУ во јуни...

Захариева: Наредната недела зелено светло за преговори на Македонија со ЕУ

Вицепремиерката и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева изјави дека по постигнатиот договор за името Северна Македонија, Советот за општи прашања на ЕУ со кој таа претседава, во почетокот на наредната недела би можел да даде зелено светло за почеток на пристапните преговори со Скопје. – На состанокот на Советот ќе се расправа за темата проширување. Ако Советот...

Борисов и Захариева ги откажаа средбите со Иванов

Бугарскиот премиер Бојко Борисов одбил да се сретне со македонскиот претседател Ѓорге Иванов во закажаниот термин утре претпладне, а средбата ја откажала и бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, со образложение дека бугарската влада не сака да биде вмешана во внатрешнополитичките дебати во Скопје, јави бугарската агенција „Фокус Њус“. Потегот следи откако вчера претпладне Иванов по само...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...