fbpx
Таг: Едвард Кукан

таг: Едвард Кукан

Брисел порачува: Најдете заедничка основа за формирање стабилна, цврста и одговорна влада

Тројцата европратеници и известувачи за Македонија, Едвард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл, заедно со еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, излегоа со заедничка изјава во која наведуваат дека изборите од 11 декември се важен чекор за надминување на политичката криза во Македонија. „Овој процес мора да продолжи за државата да се врати на патот на ЕУ-интеграциите. Нема време...

Европратениците порачаа да не се гледа СЈО како да зазема страна во изборите

Европарламентарците Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едвард Кукан денеска во Скопје, по средбите со политичките партии, граѓанскиот сектор и со Специјалното јавно обвинителство, изразија задоволство од подготовките за спроведување на изборите закажани за 11 декември, како и од изборната атмосфера. - Средбите со партиите покажаа дека тие се подготвени за фер и транспаретни избори, кои ќе се одржат во атмосфера...

Бриселската тројка на средби со Катица Јанева и со партиите

Тројцата известувачи на Европарламентот за напредокот на Македонија, европратениците Кнут Флекенштајн, Едвард Кукан и Иво Вајгл, утринава пристигнаа во Скопје и ги почнаа средбите со македонските претставници, при што разговараа за подготовката за изборите и за текот на изборната кампања. Европратениците во моментов имаат средба со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, а потоа е предвидено да имаат средба со лидерот на...

Вајгл, Кукан и Флекенштајн утре ќе ја скенираат ситуацијата во Македонија

Известувачите на Европскиот парламент за напредокот на Македонија, европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, утре ќе допатуваат во Скопје. Бриселската тројка за време на посетата ќе направи скенирање на ситуацијата во земјата пред претстојните парламентарни избори, закажани за 11 декември. Тројцата европратеници ќе направат и анализа на подготовките, како и на досегашната изборна кампања. Европратениците денот ќе го почнат со...

Јанева и СЈО се повлекоа од камерите, a не ги коментираат ни изјавите на ЕК, Хан и на Кукан

Специјалното јавно обвинителство не ги коментира изјавите на еврокомесарот Јоханес Хан и наодите од извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, во делот за работата на СЈО, како и изјавите на европратеникот Едвард Кукан. Од СЈО во средата побаравме, но не добивме коментар на изјавите и на извештајот, а вчера откако се јавивме во службата за односи со јавноста,...

Кукан за „Мета“: СЈО независно да си ја врши работата во предвидениот мандат

Известувачите за Македонија, во изменет состав, со Кнут Флекенштајн на местото на Ричард Ховит, будно го следат развојот на настаните во земјата кои водат кон избори и засега нема никаков развој на други сценарија, оцени за „Мета“ известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Едвард Кукан. - Специјалното јавно обвинителство треба да биде независно во вршењето на својата работа. Имаше одредени...

Кукан: Се надевам дека СЈО ќе ја добие поддршката и почитта од институциите

Европратеникот Едуард Кукан денеска за „Мета“ изрази надеж дека Специјалното јавно обвинителство ќе ја добие поддршката од демократските институции и од политичарите во Македонија. - Целосно ја поддржувам независноста на Специјалното јавно обвинителство во рамките на Договорот од Пржино. Се надевам дека оваа институција ќе донесе правда за случаите што се појавија за време на политичката криза во Македонија. Исто така,...

Хан и европратениците Ховит, Вајгл и Кукан во Стразбур разговарале за Македонија

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, денеска во Стразбур се сретнал со тројцата европратеници Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан, со кои разговарал за политичката состојба во Македонија. По средбата, на својот твитер-профил Хан потсети на потребата од веродостојни избори. „Стразбур: Добар разговор со Ричард Ховит, Иво Вајл и со Едвард Кукан за развојот на настаните во Скопје. Веродостојни избори се клучот за...

Европратениците ги повикаа партиите да работат одговорно и во интерес на државата

Европратениците Ричард Ховит, Едвард Кукан и Иво Вајгл, посредници на Договорот од Пржино, денеска го поздравија постигнатиот договор меѓу четирите главни политички партии за продолжување на имплементацијата на Договорот и на обврските преземени на 20 јули годинава, кои вклучуваат и подобрување на медиумската ситуација во земјата, како и согласноста предвремените парламентарни избори да се одржат на 11 декември годинава. -...

Вајгл, Кукан и Ховит повикаа на одговорност на лидерите во интерес на граѓаните

Тројцата европарламентарци Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан кои посредуваа во постигнувањето на Договорот од Пржино денеска во заедничка изјава ја изразија својата загриженост поради неуспехот на четирите партии во земјава да постигнат заедничко решение за надминување на политичката криза, што, како што велат, води кон целосно распаѓање на Договорот. „Длабоко сме загрижени поради тоа што неодамнешниот дијалог меѓу...

Брисел: Следуваат сериозни последици, поддршка за мирните протести и за невладините организации

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, и европратениците Ричард Ховит, Едвард Кукан и Иво Вајгл денеска изразија жалење што лидерската средба со челниците на четирите најголеми партии во Македонија утре нема да се одржи во Виена. - Како еврокомесар и посредници од Европскиот парламент, жалиме што лидерската средба, планирана за 22 април во Виена, нема да се одржи....

ЕУ испратила покани до партиите за нова лидерска средба во Виена

Делегацијата на Европската Унија во Скопје испратила покани до политичките партии за лидерска средба планирана за петок во Виена, потврдија за „Мета“ од делегацијата. Европратениците Ричард Ховид, Евдард Кукан и Иво Вајгл ги повикале четворицата лидери, потписници на Договорот од Пржино, в петок да се сретнат во Виена. На средбата, според најавите, поканет е и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан,...

Брисел потврдува: Лидерска средба ќе има, но не се знае кога и каде

Европската комисија засега не потврдува дали политичките лидери в петок во Виена ќе имаат средба со тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит и со еврокомесарот за проширување, Јонаес Хан. - Не можеме да го потврдиме состанокот, но секако комесарот Хан е во постојан контакт со политичките лидери во земјата, европратениците и со Делегацијата на ЕУ и со...

Вајгл, Ховит и Кукан: Одлуката на Иванов ја загрозува стабилноста на Македонија

Европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, кои посредуваа во разговорите меѓу политичките партии од кои произлезе Договорот од Пржино, денеска изразија длабока загриженост поради развојот на настаните во Скопје. Тие ги повикаа главните политички партии да работат заедно во интерес на граѓаните на државата и да се вратат на својата посветеност на тоа што е договорено со Договорот...

Итна средба на Хан со Вајгл, Ховит и со Кукан за Македонија

Еврокомесарот за добрососедска политика и за проширување, Јоханес Хан, утрово има итна средба со посредниците од Договорот од Пржино, европратениците Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан, по вчерашната одлука на претседателот Ѓорге Иванов да ги прекине судските процеси против политичките лидери. Информацијата за средбата ја соопшти Ховит, кој на „Твитер“, покрај фотографијата од средбата, напиша дека наскоро ќе следува...

Вајгл, Ховит и Кукан го поздравија новиот датум за избори

Европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, кои беа медијатори за постигнување на Договорот од Пржино, по разговорите со партиите во Скопје, го поздравија гласањето на Собранието да постави нов датум за одржување на парламентарните избори на 5 јуни 2016, но инсистираат договорот на сите партии да остане од суштинско значење и да се исполнат сите елементи со кои...

Ховит, Кукан и Вајгл жалат што политичките партии не нашле консензус

Европскиот парламент инсистира сите политички партии да останат посветени на исполнување на сите аспекти од Договорот од Пржино, изјави за „Мета“ европратеникот Ричард Ховит, еден од тројцата медијаторите кои денеска се сретнаа со политичките партии пред истекот на синоќешниот краен рок. - Жалиме за пропуштената можност да се најде консензус меѓу сите партии. Се надеваме дека проблемот за кој денеска...

Ахмети: Сите партии треба да учествуваат во носењето на вечерашната одлука во Собранието

Сите потписници на Договорот од Пржино треба да учествуваат во усвојувањето на вечерашната одлука во Собранието, порача лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со европратениците, Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан. Според Ахмети, би било грешка да се донесе одлука без учество на сите страни. - Секако, и во овој случај, фанатично го браневме Договорот во интерес на неговото...

Тачи: Македонија да остане на патот кон Европа и НАТО

ДПА ќе продолжи да дава придонес во овие критични моменти Македонија да не го напушти патот кон Европа и НАТО, изјавил лидерот на ДПА, Мендух Тачи, по средбата со тројцата европратеници, Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан. - Жал ми е што и пред европратениците и пред јавноста денеска уште еднаш се потврди мојата скептичност од пред осум месеци...

Ховит, Вајгл и Кукан ќе го спасуваат Договорот од Пржино

Тројцата европратеници Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан денеска ќе се обидат да ги приближат ставовите меѓу владејачката партија и опозицијата за датумот на изборите. Тие вчера допатуваа во Скопје, а денеска ќе имаат средби со политичките партии потиписнички на Договорот од Пржино. Засега нема информации дали европратениците ќе имаат и заедничка средба со лидерите на политичките партии. Европратениците, заедно со...

Мета факт: Го нема ветениот нов електронски дневник, наставниците го користат стариот

Одговорните во Министерството за образование и наука (МОН) најавија дека од минатиот септември, односно од учебната 2023/2024 година, ќе биде пуштен во употреба нов електронски дневник, со кој требаше...