fbpx
Таг: е-услуги

таг: е-услуги

Од денеска граѓаните на Македонија, Србија и Албанија со слободен пристап до пазарот на трудот во „Отворен Балкан“

Граѓаните на Македонија, Србија и Албанија од денеска можат да ја користат мерката Слободен пристап до пазарот на трудот во рамки на „Отворен Балкан“, соопштија од Владата. Мерката произлегува од меѓународните договори потпишани меѓу трите државни членки на иницијативата Отворен Балкан и има за цел да придонесе кон остварување на бариерите кои ја попречуваат трговијата и слободното движење на луѓето,...

Анализа на Метаморфозис: Потребна е национална стратегија за општински услуги и дигитализација

Новата анализа спроведенa од Фондација за интернет и општество „Метаморфозис“, со фокус на е-услугите што ги нудат општините во Р. С. Македонија, покажа дека е потребно да се креира национална стратегија за општински услуги и дигитализација, за да може сите, без оглед дали единицата е од град или село, да имаат ист дигитален напредок. Дури и со значајно унапредување за...

Бруцошите од денеска може да аплицираат за субвенциониран студентски оброк

Од денеска студентите во прва година – бруцошите и оние студенти што не запишале летен семестар може да аплицираат за субвенциониран студентски оброк. За оваа мерка може да се пријават сите студенти кои ги исполнуваат следниве услови: да се државјани на Република Северна Македонија, да се редовни студенти на додипломски студии на државните или приватните универзитети, да не се во...

Дигитализација на универзитетите: И годинава студентите губат нерви со хартиени индекси и со потврди

Дел од државните универзитети многу заостануваат во процесот на дигитализација, што резултира со тоа студентите да губат време и нерви за пријавување на семестар на студентски прашања на факултетите, плаќање во банки за било каква услуга од факултетите и чекање со часови за да се подигне документ од студентски прашања. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Државниот универзитет во Тетово...

По прашањата на Мета, МОН им исплати средства за оброк на студентите кои чекаа со месеци

После три месеци чекање и само една недела откако новинската агенција Мета.мк испрати прашања до Министерството за образование и наука (МОН), десетици студенти ги добија средствата за субвенциониран студентски оброк што државата им ги должеше од март. Електронскиот систем за аплицирање не го ажурира статусот на апликациите навремено кај сите студенти, но и покрај тоа, од МОН тврдат дека...

Само 6,5 отсто од барањата за изводи во 2022 година граѓаните ги пополниле во електронска форма [инфографик]

Само 6,5 отсто од барањата поднесени од граѓаните за издавање на извод од матична книга на родени, умрени или венчани се во електронска форма, додека останатите се поднесени лично, односно со физичко присуство. Од друга страна, има нагорен тренд кај бројот на граѓани кои закажуваат термин за издавање на лична карта или патна исправа преку електронскиот систем. Ова го...

Муртезани: Жените да излезат од комфорната зона ако ја сакаат науката и технологијата, ИТ има многу што да понуди

Северна Македонија напредува во својата дигитална трансформација, но не е на исто ниво со многу земји од ЕУ. Важно е организациите и владата да ги едуцираат граѓаните и да им ги обезбедат потребните алатки и ресурси за да им помогнат да ги разберат и усвојат дигиталните технологии. Жените да излезат од нивната комфорна зона и ако ја сакаат науката...

Бајдевски: Бројот на дигитални услуги достигна 227, активно се користи порталот за е-услуги

На порталот „е-услуги“ се објавени вкупно 917 услуги, а постојано се зголемува бројот на дигитални услуги кој сега изнесува 227, изјави заменик-министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски на панелот „ЕУ интеграции и реформски можности“ во рамки на годишната конференција „Година на нови можности“. Бајдевски истакна дека Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) континуирано работи за обезбедување модерна...

Најголем дел од средношколците за ученички стипендии аплицирале по електронски пат

Дигитализацијата при аплицирањето за ученички стипендии за учебната 2022/2023 година придонесе оваа година за првпат да нема долги колони ученици и родители, односно старатели да чекаат пред Министерството за да ги поднесат потребните документи, велат од Министерството за образование и наука (МОН). Министерот за образование Јетон Шаќири истакна дека најголем дел од пристигнатите апликации за ученички стипендии биле во електронска...

МОН: Системот за аплицирање за место во студентските домови е функционален

Студентски дом Гоце Делчев
Системот за електронско аплицирање за сместување во студентските домови е функционален, велат за „Мета.мк“ од Министерството за образование и наука (МОН), откако повеќе студенти се пожалија дека не можат да ги поднесат своите апликации. Студентите реагираат дека, веќе неколку денови, од отворањето на конкурсот, нивните обиди за аплицирање завршувале безуспешно, и покрај тоа што целосно ги пополниле апликациите и ги...

ДЕБАТА: Дигитализацијата ќе донесе придобивки за граѓаните, но бара дополнителен напор и средства

Дигитализацијата би донела огромна предност и за граѓаните и за транспарентноста и отчетноста на локалните власти, но за да се достигне потребното ниво ќе бидат потребни многу напори и пари. Во меѓувреме, треба да се продолжи со работа на процесот на „дигитализирање“ на општините под контрола на некаков „центар“, оти самостојните обиди не донесуваат многу корист. Ова се дел од...

Отворена 17-тата конференција е-општество.мк: Дигитализацијата да биде цел на општеството

Денеска започна меѓународната конференција е-општество.мк, која што годинава се одржува по 17-ти пат и ја третира темата „Демократијата во дигиталната ера: предизвици и можности“. На отворањето на е-општество.мк, свое обраќање имаа извршниот директор на Фондацијата Метаморфозис, Бардил Јашари, заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава Џулијан Васало, министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, претставникот на канцеларијата на УСАИД...

Судовите од денеска ќе издаваат потврда за неосудуваност по електронски пат

За подигањето на потврда за неосудуваност и слични документи во хартиена форма од денеска нема да биде потребно задолжително физичко присуство во надлежниот суд според местото на раѓање. Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за правда Бојан Маричиќ и претседателот на Основниот суд во Кавадарци, Лазар Нанев, денеска одржаа заедничка прес-конференција на која ги претставија резултатите од процесот на системска...

Шаќири: Наскоро стартува дигиталната идентификација на граѓаните и административците

По завршувањето на сите технички усогласувања, денеска со МастерКард (MasterCard) се договоривме да се заврши интеграцијата на дигиталната идентификација во порталот за е-услуги во најкус можен рок. Со ова, 150.000 граѓани ќе може да отвораат дигитален идентитет на порталот за е-услуги, кој е целосно сертифициран за електронска идентификација на високо ниво, вели министерот за информатичко општество и администрација Јетон...

Порталб: Со препорака на Владата, МИОА се откажа од документоматите

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) нема да инсталира документомати, односно апарати за издавање документи, туку ќе инвестира во порталот за електронски услуги и проектот со Македонски пошти, и во нивните филијали ќе се отворат „едно-шалтерски услуги“, известува Порталб.мк. Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири потврди за Порталб.мк дека по препораката на Меѓусекторската група за дигитализација, средствата за...

По доцнење од 4 месеци, апликацијата за електронска идентификација за вадење документи од мобилен не е готова

Република Северна Македонија станува една од првите земји во светот, каде целото население ќе има можност за електронски идентитет. Ова е ветување на повеќе владини органи од 7 февруари 2020 година, при потпишување на меморандумот за разбирање со „Мастер кард“, кога со Министерството за информатичко општество раководеше Дамјан Манчевски. Денес сме кон крајот на јули 2021 година и ова...

Регистрацијата на новороденчиња во Скопје повторно треба да ја прават родителите, болниците не ја даваат услугата

Недостатокот на дигитализација на услугите и неефикасноста на администрацијата непотребно го комплицираат животот на граѓаните на Северна Македонија, имајќи предвид дека тие трчаат од една до друга врата за да дојдат до документи, што во дигитализиран свет би ја завршиле целата работа по неколку кликнувања на Интернет. Порталб.мк одблиску ги следеше процедурите што треба да ги следи еден родител...

Истражување на Рурална коалиција: Околу 60 отсто од земјоделците преферираат издавање на услуги на шалтер

Недостаток на доверба во системот, недоволна транспарентност на софтверите за аплицирање, како и ниска дигитална и компјутерска писменост се најчестите пречки со кои се соочуваат земјоделците при дигитализирање на услугите поврзани со земјоделството. Над половината од земјоделците преферираат услуги на шалтер бидејќи немаат доверба во електронските услуги и нивната валидност. Ова го покажува истражувањето на Рурална коалиција за нивото...

На годинешната „е-Општество“ конференција дознајте повеќе за постоечките е-услуги во земјата и во регионот

Нема доволно познавање на Дигиталната агенда во Северна Македонија и уште помала е запознаеноста со достапните е-услуги кои ги нудат институтциите за граѓаните. Како сведоци на глобалната Ковид-19 пандемија, можеме да забележиме дека пристапување кон дигитална трансформација е повеќе од потребен чекор за подобро функционирање на едно општество и можеме да увидиме како владите низ светот, вклучително владите од...

Преку меморандум со „Мастеркард“, граѓаните во иднина полесно ќе добиваат е-услуги

Македонија станува една од првите земји во светот, каде целото население добива можност за електронски идентитет. Во владата денес беше потпишан меморандум за разбирање со „Мастеркард“, од министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски, министерката за финансии Нина Ангеловска и менаџерот на „Мастеркард“ за Бугарија, Северна Македонија, Албанија и Косово, Вања Манова, информираат од Министерството за финансии. - Во пракса, ова...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...